ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. „Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови. Во фокусот на работната средба беа производните резултати, реализацијата на планот за ...

„Спортот и инвестирањето во здравјето и развојот на младите, повторно е дел од врвните национални приоритетии и тоа го прави токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи Владата, започна силното вложување во капитални инвестиции и спортска инфраструктура. Се реализираа отпочнатите и незавршени проекти, се отпочнаа многу нови и се прават ...

Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри, вели Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа. Уште поскандалозно е ...

Управата за јавни приходи генерираше 863.100 Годишни даночни пријави (ГДП) кои се достапни преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk. Од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот за плаќање, соопшти ...

Општина Чаир денес ја претстави програмата на првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, кој ќе се одржи од 23 до 26 јули во автентичниот амбиент на Старата скопска чаршија. Фестивалот претставува нова културна иницијатива на Општина Чаир, создадена со цел воспоставување нова уметничка традиција што ќе ја афирмира класичната музика, ќе ја зајакне меѓународната културна соработка и ќе го промовира богатото историско и културно ...

СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс, велат од Левица. „Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницираше координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик. Наместо одговорна и достоинствена реакција и воопшто став ...

Најголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата, истакна денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со месеци, додава тој, се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, СДС, Левица и ДУИ избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски ...

Од Општина Карпош информираат дека инспекциските служби на општината имаат преземено акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. Оваа иницијатива, додаваат од таму, произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви ...

Во текот на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за ...

Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде ...

„СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада. Иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот законик е ...

„Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ. „Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250мм. на улица Мкедонска Косовска Бригада 23А позади зградите на Аквадукт, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел корисниците на улицата Македонска Косовска Бригада од бензинската пумпа Мак Петрол до подвозникот Шуто Оризари, улицата 11, касарната Илинден, трговскит центар Поинт. Текстот Без вода денеска дел од улицата Македонска Косовска ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вчера вечер го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Како што информираат од ДЗС, гранатата била пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на ...

Собранието утре со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат разрешени и избрани нови министри во осум ресори. Ова е прва реконструкција на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Според предложените кадровски решенија: – Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство. Тој доаѓа од директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што треба да биде ...

Управата на ООУ „Гоце Делчев“ од Виница информира дека спортските игралишта во рамки на училиштето биле мета на вандализам, при што е причинета материјална штета на заедничкиот имот. Од училиштето соопштија дека сторителите се малолетни лица кои се јасно снимени од системот за видеонадзор, а снимките, како што наведуваат, ги документираат настаните од повеќе агли. По инцидентот е формирана комисија која ќе изврши проценка на настанатата ...

Љубителите на традиционалното пеливанство и народните обичаи на 19 јули ќе имаат можност да бидат дел од уште едно издание на манифестацијата „Свадба на Газда Мумин“, која ќе се одржи на аеродромот Плачковица со почеток во 11:00 часот. Настанот ќе понуди возбудливи пеливански борби, дружење, музика, храна и пијалаци, а организаторите најавуваат вистински спектакл за сите посетители. Посебен мотив за натпреварувачите е и богат награден фонд. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, ...

Реката Брегалница е официјално доделена на користење под концесија во период од 12 години. Според информациите, концесијата е доделена на штипското Здружение на спортски риболовци „Брегалнички рибар“, кое во наредниот период ќе биде задолжено за стопанисување со рибниот фонд и грижата за реката во рамки на своите законски надлежности. Со добивањето на концесијата, здружението ќе има обврска да спроведува активности за заштита и унапредување ...

Во две одделни постапки спроведени во текот на ноќта, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Берово лишиле од слобода две лица по пријави за физички напади и семејно насилство. Во Штип, околу 01:45 часот, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.С. (30) од Штип, откако претходно било пријавено дека физички ја нападнал својата 24-годишна партнерка. Во одделен случај, во 00:05 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле ...

Третолигашот ФК Ржаничино продолжува да го гради тимот со кој сака да се бори за највисок пласман во новата сезона. Клубот денеска и официјално го претстави искусниот фудбалер Метин Ќерими како свое ново засилување, испраќајќи јасна порака дека амбициите се насочени кон самиот врв на табелата. Во својата објава, од Ржаничино истакнуваат дека кога целта е првото место, компромиси нема, а токму затоа се одлучиле за фудбалер со докажан квалитет ...

Третолигашот БВК Коњаре го направи еден од најважните потези во пресрет на новата сезона, откако официјално го претстави новиот шеф на стручниот штаб. Нов предводник на тимот е Алиса Виши, кој ќе ја има задачата да го одведе клубот до посакуваната цел – пласман во Втората македонска фудбалска лига. Од клубот порачаа дека амбициите се јасни и дека за остварување на целта бил потребен тренер со победнички менталитет и лидерски квалитети. Пред ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Црвениот крст на Град Скопје го претстави тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и проектот за функционирање на Планинската спасителна служба на Водно и обезбедување спасителни интервенции на подрачјето на Кањон Матка. „Присуствувавме и на симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови, каде обучените спасители и парамедици ја демонстрираа ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ започнале со санација на дефект на водоводна цевка на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „Лукоил“. Станува збор за оштетување на водоводна цевка Ф600, кое настанало при градежни активности пред три години. Ѓорѓиевски наведува дека досега дефектот бил решаван со привремени интервенции, поради што проблемот повторно се ...

СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните и покрај сите понижувања не успеаја да го испорачаат тоа што ...

Караванот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Битола. Во рамки на панел-дискусијата, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите. „Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба ...

„Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана“, кажа денеска на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа оцени дека наместо напредок кон Европската Унија, земјата, според неа, ќе остане да чека додека другите држави од регионот продолжуваат напред. Обвини дека причината за таквата политика не е недоверба кон европските вредности, туку ...

„Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик“, кажа денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, по подолг период постоела реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Тој посочи дека со месеци политичките партии учествувале во разговори, усогласувале текстови и доставувале предлози, но ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
3.85
22%
1013
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
37%
1014
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.37
38%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
5.17
31%
1014
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.69
28%
1015
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
2.68
42%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.71
40%
1011
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.7
20%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.87
20%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
31%
1016
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 36ᴼ
1.79
29%
1015
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
8.17
57%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3279

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Платина

52855.83

Паладиум

40381.34

Цинк

0.00

Бакар

13.08

Кобалт

56.29

Родиум

265243.66

Калај

54.92

Иридиум

252383.36

Злато

129943.67

Рутениум

53852.50

Сребро

1853.71

Алуминиум

3.19