Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со својот тим, денес изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, каде што интензивно се одвива доградбата на училиштето, како и во активностите за унапредување на системот за греење со топлински пумпи. Во рамките на доградбата се гради целосно нов дел од училиштето, кој ќе располага со шест нови училници и две помали канцеларии. Со реализацијата ...
Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. „Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело. Но кога сме кај одморите чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А. Венко е на ...
„ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната. Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува кажуваат многу повеќе од самофалбите што ги сервираат. Впрочем, нема потреба ни од посебни анализи, доволно е да се прашаат граѓаните дали ги чувствуваат вмровските економски успеси или ...
Додека граѓаните пет недела чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалрмантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени, изјави Кети Штерјова од СДСМ. „Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола. Пет недели Гостивар е отруен. Пет ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. „Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места ...
Штипскиот одбојкарски клуб Младост УГД продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, откако клубот кој се натпреварува во Првата лига ја продолжи соработката со Анастасија Петрушева и Стефанија Кипријановска. Петрушева игра на позицијата примач, а како што велат од клубот таа е подготовена за нови предизвици во новата сезона во дресот на Младост УГД. Кипријановска која е репрезентативка потекнува од школата на Младост УГД и ги има ...
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од третото коло на Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и термините за сите пет натпревари. Колото се отвара в петок со мечот меѓу Арсими и Башкими кој ќе се игра во Гостивар со почеток од 16:30 часот. Ова е дуел на две екипи кои ќе ги бараат првите бодови и првиот позитивен резултат во новата сезона, а Башкими во Гостивар оди со нов тренер односно Шабан Сулејмани. В сабота на програмата ...
Второлигашите Беласица и Пелистер мечевите на домашен терен од новата сезона ќе ги играат под рефлектори односно во вечерен термин. Битолачни веќе го закажаа мечот против дебитантот Камјани од првото коло за недела од 20 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Беласица пак најави додека дозволуваат временските услови мечевите ќе ги играат под рефлектори. На овој начин ќе се овозможи дел од натпреварите да се играат во далеку подобар ...
Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1.322 сообраќајни прекршоци, а 32 лица се уапсени за безобѕирно управување на возило. „Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале ...
По повод Меѓународниот ден на младите, младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“ преку герила акција во Скопје го изразува својот револт од, како што велат, сè поголемата присутност и нормализација на коцкањето и обложувањето во секојдневието на младите. „Казина, обложувалници, онлајн платформи и реклами што ветуваат „брза добивка“ се лесно достапни во ...
Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија, велат од ДУИ. Од таму наведуваат дека Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, велат од ДУИ, клучниот проблем е датумот. „Според неговото сопствено ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето“. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не претставуваат никаква посебна ...
Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода, велат од СДСМ. Обвинија дека премиерот ниту еднаш не отишол во Гостивар од појавата на епидемијата. „Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели ...
Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. ...
Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзеле, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар. Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми ...
Без струја денеска ќе останат делови од општините. Карпош и Петровец. „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 12.08.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 13.00 часот, во населба Момин Поток, поточно на ул.Калош Дани, фирмите Стил Железо,Синтекс, Европа 92.( општина Карпош ) · во периодот од 09.00 до 13.00 часот, објектот на ОУ Кочо Рацин во Петровец. ( општина Петровец ) · во ...
ФК Пелистер продолжува со засилувањето на составот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Битолскиот клуб официјално го потврди ангажманот на Кире Стојанов, 20-годишен фудбалер кој настапува на позицијата лево крило и во новата сезона ќе го носи зелено-белиот дрес. Стојанов е роден 2005 година, а негов матичен клуб е Брера Струмица. Во досегашната кариера има настапувано и за Беласица, каде што играше како позајмен фудбалер. ...
ФК Башкими 1947 има нов тренер. Кумановскиот прволигаш постигна договор со Шабан Сулејмани, кој во новата сезона ќе го предводи тимот од клупата. Сулејмани во Башкими пристигнува со богато тренерско искуство, а во последниот период беше дел од стручниот штаб на Работнички, каде ја извршуваше функцијата помошник-тренер. Новиот стратег на Башкими претходно работел и во Лирија од Призрен, со која придонел за пласманот на тимот во Суперлигата на ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Социјалдемократскиот сојуз и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста. Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата за знамето на настан по повод 35 години независност. „Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие ...
Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...
Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите: Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на ...
Демократската унија за интеграција на изборите за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији. „Со Аркин целиме кон поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за секое населено место и за секој граѓанин. Заедно, со поддршка од граѓаните, ќе работиме за подобра иднина на Брвеница. Веруваме дека Брвеница има голем потенцијал и заслужува ...
Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на обвинувањата дека нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче и дека под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје. „Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија која се поврзува со изворот ‘Рашче’, а со тоа се создава ...
Една од мерките од нашата изборна програма која веќе е реализирана е ослободувањето од плаќање комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Иако првично мерката беше наменета за лица до 29 години, по детална анализа и препознавање на реалните потреби на младите, ја зголемивме старосната граница до 35 години, со што опфаќаме уште повеќе семејства кои сакаат да го изградат ...
Вработените во МВР повторно остануваат без здравствено осигурување, па полициски службеници се враќаат од лекарски прегледи, дијагностички процедури, хемотерапија, па дури и операции. Додека власта се расфрла со милиони за „безбедноста“, набавки, опрема и НАТО-стандарди, повторно заборава на најважниот дел од безбедносниот систем – луѓето кои треба да ја обезбедуваат таа безбедност, велат од Левица. Според партијата, уште поскандалозно е што ...
Дали штипјани си блендираат со автомобилите кога ќе видат полиција како врши контрола на патот? На терен, повеќето одговорија дека да, кога ќе видат полиција, со светлатао им даваат знак на другите возачи да ја намалат брзината, со цел да не бидат казнети, но и да не дојде до несакана ситуација. Велат тоа е едно непишано правило меѓу возачите, ако едниот види полиција, ги предупредува и другите што доаѓаат. На тој начин, додаваат оти си ...
Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот“. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток, соопшти Министерството за здравство. ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ ќе бидат дел од музичката програма на годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада“. На 19 септември, на Градскиот стадион во Штип, тие ќе одржат заеднички концерт. Јованов и Мекиќ се автори и изведувачи кои оставија препознатлив белег на македонската музичка сцена, а штипската публика ќе има можност да ги слушне хитовите со кои одбележаа еден период од домашната музичка сцена. Со нивното најавување, музичката ...
Граѓаните сметаат дека заминувањето во странство е можност за поголема заработка, ново искуство и подобри услови за живот. Велат дека сакаат нивниот труд да биде повеќе ценет и соодветно платен, но и да пробаат како е да се живее и работи во друга земја. За едни, напуштањето на родниот крај е ризик кој вреди да се преземе за подобар живот и нова можност. За други, сигурноста, семејството и животот што го имаат тука се поважни од неизвесноста ...