Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Во рамки на комисиската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, пратениците од Левица образложија повеќе амандмани насочени кон зголемување на инвестициите во спортот, културата, јавниот сервис и заштитата на културното наследство. Левица предложи зголемување на средствата за Планинарската федерација и Федерацијата на алпинисти на Македонија, посочувајќи дека земјата располага со долгогодишна традиција, клубови со повеќе од ...
Стотици граѓани во Гостивар, меѓу кои и деца, со гадење, повраќање и дијареа, побарале лекарска помош во изминативе денови. Постојат сомневања дека водата од Вруток е загадена со отпадни води. Во расветлување на случајот се вклучи и обвинителството. „По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење“, соопштија кусо од обвинителството. Полицијата, исто така, презема итни мерки ...
Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците, изјави Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училишен ден. За разлика од претходните седум години, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, денес над ...
Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан. Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години, изјави Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Како што рече, податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од граѓаните имаат плата под месечниот просек, односно под просечната плата во земјата. Дури половина, рече Цветановски, 50% ...
Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на ...
Ова не е правна држава. Ова е контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој е над законот, а кој ќе биде прогонуван, обвини Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес конференција. Кузеска потенцираше дека по ослободителната пресуда за Никола Груевски и враќањето на криминално стекнатиот имот на ВМРО и „Бела палата“, ослободувањето на Драган Павловиќ Латас е уште една потврда дека ...
Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. „Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни ...
Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок. „Особено ме радува што уште еден простор во нашата општина добива целосно нов лик и станува центар за собирање на младите и љубителите на спортот“, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. „Новата спортска зона е лоцирана во населбата 11 Октомври Бараки, во непосредна близина на Паркот на шахот. Калистеник паркот се простира на површина од 380 квадратни ...
„Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен исход. Тоа е логистички успешно завршена операција, чиј краен резултат беше познат уште пред да биде прочитан диспозитивот“, реагираат од партијата Левица за пресудата за „Талир 2“. „Државниот јавен обвинител Ненад Савески, во еден од своите први потези на функцијата, ги повлече овластувањата на обвинителката која ...
Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека се превземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање ...
„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби, а секојдневното коалицирање со негирачи на независноста на Косово, негирачи на геноцидот во Сребреница и релативизатори на Охридскиот рамковен договор да го претставуваат како нормалност“, реагира потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи на соопштението на Влен. „Според оваа логика, ...
Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...
На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Вашингтон учествуваше на министерска конференција посветена на заканите од подемот на политичкиот тероризам. На конференцијата, високи претставници од повеќе од шеесет држави разговараа за унапредување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со ...
„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ „Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да ...
„Со денови ДУИ изнесува неосновани обвинувања против нас, обидувајќи се да нѐ етикетира со лажниот наратив за „српскиот свет“. Но, пропагандата исчезнува во моментот кога ќе се соочи со официјални документи“, велат од Влен. „Официјалното соопштение на Претседателството на Србија, по средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи, сеопштиот губитник Бујар Османи, јасно покажува дека меѓу темите на ...
„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори“, велат од СДСМ. „Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада? Ако навистина сакаше Техничка влада во нова форма , ...
Две од трите главни американски телевизиски мрежи и CNN не го емитуваа обраќањето на претседателот Доналд Трамп во ударниот термин во четврток на своите примарни платформи, ризикувајќи го гневот на администрацијата која наметна невиден притисок врз американските медиуми. Говорот се фокусираше на безбедноста на изборите, четири месеци пред клучните меѓуизбори. За време на својот говор, Трамп рече дека мрежите што не го емитуваа неговото ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм. на улица Сречко Пужалка 60 А со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Сречко Пужалка и Товарник, општина Гази Баба Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности. Текстот Без вода денеска делови од Гази Баба е превземен од МАКФАКС. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека ...
„Христијан Мицкоски денес се фали со унапредување на соработката со НАТО. Тимчо Муцунски во Брисел изјави дека НАТО е „феноменална работа“ бидејќи покрај безбедноста на граѓаните, обезбедува и сигурност за странските инвеститори. Сепак, граѓаните не смеат да заборават дека до вчера ВМРО-ОКГ беше остро против влезот во НАТО“, велат од СДСМ. „Истиот тој Мицкоски и неговата партија се противеа на членството во НАТО, исто како што денес се ...
„Христијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните, нарекувајќи ги ‘талог на општеството’, ‘мекотели’, ‘коленичари’, ‘медиокритети’. Ова не се изјави на обичен политичар, туку на премиер кој ги навредува сопствените граѓани. Но, Мицкоски не се извинува. Напротив, продолжува да ги навредува граѓаните и со своите постапки“, велат од СДСМ. „Мицкоски, заедно со својот прв човек и пратеник на Вучиќ – Иван Стоилковиќ, пцуе и ги навредува ...
Претседателката и врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер. Сиљановска-Давкова посочи дека посетата на генералот Бројер е уште една потврда за посветеноста на НАТО кон регионалната стабилност. Според неа, сојузништвото со Германија овозможува изградба на отпорен и интероперабилен одбранбен систем. За генералот ...
Градот повторно се обединува околу една хумана мисија, да и подаде рака на Верица, мајка, сопруга и храбра жена која веќе со месеци ја води најтешката битка во својот живот. Во тек е хуманитарна акција за собирање донации, со цел да се обезбедат средства за нејзиното понатамошно лекување, рехабилитација и неопходната медицинска нега. На 24 мај, животот на Верица засекогаш се промени. Во трагичен несреќен случај таа се здоби со тешки ...
Почна асфалтирањето на улицата „Драги Крупишки“, која ги поврзува населбите Дузлак и Света Недела во Штип. Претходно на оваа улица се работеше на промена на старата и несоодветна водоводна мрежа, која со години предизвикуваше чести дефекти и проблеми со водоснабдувањето. По завршувањето на работите со водоводната линија, започна и асфалтирањето на улицата. Како што рече штипскиот градоначалник Иван Јорданв, активностите поврзани со ...
Со низа проблеми се соочуваат оризопроизводителите од Општина Чешиново-Облешево, кои велат дека неизвесноста за иднината на оваа земјоделска гранка станува се поголема. Проблеми со наводнувањето, недостигот на заштитни средства и ниската откупна цена, според нив, го доведуваат во прашање опстанокот на оризот. Производителите алармираат дека трошоците се повисоки од приходите, а се повеќе млади се откажуваат од земјоделството и заминуваат ...
Нови жаришта на овча сипаница во каменичко, светиниколско, делчевско и кумановско – болеста зема се поголем замав во истокот од државата. Само во претходните два дена, односно на 14 и 15 јули се потврдени пет нови случаи во одгледувалишта на овци и кози – во Сопот, Малино, Саса, Косевица и Цера. Со новите случаи, бројот на жаришта од појавувањето на болеста кон крајот на јануари достигна 17. Заразата зафати повеќе од 2.700 животни, а ...
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека барањето на ФК ВАРДАР за одложување на натпреварот од 1. коло на Прва МФЛ за сезоната 2026/2027 не е прифатено. Календарот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ и Купот на Македонија за сезоната 2026/27 е веќе усвоен од органите на ФФМ и поради специфичниот распоред на натпреварите, не постои можност за негово дополнително менување. Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем ...
Јадат ли штипјани лесна храна, која им е омилена и знаат ли понекогаш да се почестат со тешка храна дури во текот на најголемите жештини? Иако лекарите препорачуваат полесна храна и повеќе течности, сепак граѓаните велат дека понекогаш знаат да отстапат од нив. Едни затоа што немаат доволно време, а други поради уживање во лично задоволство. Но и едните и другите се децидни дека треба да се почитуваат мислењата и препораките на стручните ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од активните доброволни противпожарни друштва во државата денеска официјално се приклучија во системот на Дирекцијата за заштита и спасување за справување со пожарите. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истакна дека доброволците ќе имаат значајна улога во националниот систем за гаснење пожари и најави подобра организација, опрема и законска поддршка. Според него, во текот на летната сезона секојдневно ќе ...
ВМРО-ОКГ и нивните портпароли повторно се обидуваат да создадат вештачка афера за да го одвлечат вниманието од вистинските проблеми, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да зборуваат за економскиот колапс, за блокираниот европски пат и за ослободувањето на криминалци како Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, тие сега се фокусираат на законски отпис на стари долгови во ЈП ПОЦ. Обвинувањата се неосновани и тенденциозни. ...