Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион, со што скопскиот аеродром се вброи меѓу првите бази на „Визер“. Додавањето уште еден авион во базата во Скопје значи повеќе дестинации и поголем број на френвенции на летови. Благодарение на дополнителниот авион, беа отворени две нови линии до Палермо и Алгеро, авиолинии чии први летови беа реализирани на 15 и 18 јули. Ова, според ...
21 јули 2026 Врз основа на анализата на Завршната сметка на Буџетот за 2025 година, Фискалниот совет издаде стручен извештај кој укажува на сериозни предизвици во македонските јавни финансии: пониска реализација на приходите и расходите, висок буџетски дефицит, јавен д олг на раб на законскиот лимит и скриени доспеани обврски од над 700 милиони евра, се наведува во соопштението од Фискален совет на Република Северна Македонија, што МИА го ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје со седми авион, што според Владата и ТАВ Македонија претставува значаен чекор за натамошен развој на воздушниот сообраќај, зголемување на поврзаноста на земјата и раст на бројот на патници. - Визер ја проширува својата база во Скопје. Седми авион ќе биде дел од базата на Виз ер во Скопје. Ова е големо достигнување и нешто со што многу ...
Делчево, 21 јули 2026 (МИА) – Во Делчево 44 правни субјекти аплицирале за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ од Оперативниот план за вработување, со што е предвидено вработување на 65 невработени лица. На државно ниво, пак, за мерката досега се пријавиле над 1.400 компании, а евидентирани се повеќе од 1.700 апликации од невработени лица, беше истакнато на денешниот Информативен ден организиран од Министерството за економија и ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Висока бизнис-делегација од Индија, составена од претставници на двете најголеми стопански комори ASSOCHAM и FICCI, како и од сопственици и директори на водечки индиски компании, денес ја посети ТИРЗ Скопје, каде што беа презентирани инвестициските можности во земјата, условите за работа во технолошко-индустриските развојни зони и потенцијалите за продлабочување на економската соработка и привлекување нови ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, која во текот на денот ќе одржи две седници. На дневен ред на дел од ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По церемонија во Кабинетот на претседателката, ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на претседателките. Индиската претседателка ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјата. По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба по што ќе бидат одржани пленарен состанок на македонската и на индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Посетата на претседателката на Индија, Друпади Мурму, е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на билатералната соработка - напиша на „Фејсбук“ претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со индиската колешка во Вила Водно. - Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија кој престојува во официјална посета на македонската држава. Разговаравме за ...
Гостивар, 21 јули 2026 (МИА) - Со неколку пакети помош денеска посетивме повеќе семејства на социјално загрозени категории граѓани, постари луѓе, пензионери и тоа ќе продолжиме да го правиме и во следните денови - изјави денеска од Гостивар претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој истакна дека посетата на Гостивар нема цел да го политизира прашањето, како што од ВМРО-ДПМНЕ сакале да ги обвинат, туку, како што рече, имале цел да им помогнат ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Преземање активности за подигнување на билатералните односи на уште повисоко ниво од сегашното, можноста за отворање резидентна Амбасада на Индија во земјата, но и зајакнување на економската соработка - биле дел од темите на кои денеска во Скопје разговарале претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзината индиска колешка Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Ова е прва ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Како земја членка на НАТО, чија стратешка цел е членството во Европската Унија, нашата геостратешка положба ни овозможува да водиме повеќедимензионална надворешна политика. Настојуваме да ги продлабочуваме постојните партнерства, но и да градиме нови со земји што ја споделуваат нашата определба за мир, развој и меѓународна соработка. Индија во овој видокруг зазема особено значајно место - порача денеска ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Претседателката на Индија, Друпади Мурму, е сигурна дека нејзината посета на земјата ќе отвори ново поглавје во билатералните односи и ќе ги зацврсти партнерствата меѓу Македонија и Индија, но дека ќе ги подигне и на едно повисоко ниво. Вели дека со посетата биле потврдени пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. - Имавме многу продуктивен состанок со вашата ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Министерот за одбрана, Владо Мисајловски упати благодарност до амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, и до одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз, за нивниот професионализам, посветеност и значаен личен придонес во унапредувањето на партнерството и пријателството меѓу нашите две земји, со што успешно го заокружија својот мандат. -Во изминатиот период заеднички работевме на продлабочување на ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Демократијата не е само систем на владеење, туку заедничка вредност и уверување што ги обединува Индија и Северна Македонија - истакна попладнево претседателката на Република Индија Друпади Мурму во обраќање пред пратениците во Собранието. - Гледајќи ја денес оваа пленарна сала, се потсетувам дека вистинскиот пулс на една држава чука токму во нејзиниот Парламент. Демократијата не е само систем на владеење. Таа е ...
Скопје, 20 јули 2026 Во мојата долгогодишна кариера речиси секогаш сум имал контакт со дипломатијата. Неколку констатации за Министерството за надворешни работи ми беа неспорни: 1. дека се работи за професионална институција; 2. дека има суштинска улога во државата; 3. дека е министерство со најдобра соработка со Комората. Но, исто така, воочив и определени слабости: 1. кадровски (наметнување нестручни надворешни лица); 2. смешно глумење ...
Скопје, 20 јули 2026 ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство. Затоа, доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го минира ...
20 јули 2026 - Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата - рече Наташа Поповиќ, членка на извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција, што МИА ја објавува интегрално. Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на ...
20 јули 2026 - Неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврди вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, а таа е колку полошо за Македонија, толку подобро за нив - рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција што МИА ја објавува интегрално. Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сами ...
20 јули 2026 - Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем. Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал - рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција, којашто ...
20 јули 2026 - По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти - рече ...
Скопје, 20 јули 2026 Секој ден е нов ценовен шок за граѓаните. Горивата повторно поскапуваат, што значи и ново поскапување на цените на храната, превозот и на останатите производи. Ова е нов удар врз семејните буџети откако цените веќе се до плафон - вели Кети Штерјова од СДСМ во изјава за медиумите што МИА ја пренесува интегрално. Со недели Мицкоски не носи мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Сега најавува само намалување на ...
Скопје, 20 јули 2026 - Според податоците на ССМ, потрошувачката кошничка за јули 2026 година изнесува 68.500 денари. Само за храна и пијалаци четиричлено семејство троши над 25.000 денари месечно. Ако се додаде и кирија за стан од 60 квадратни метри, потребните средства се искачуваат на 83.873 денари, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Ова е реалната слика на економијата под ВМРО-ОКГ. Минималната плата и понатаму ...
20 јули 2026 Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот билборд на влезот во градот, пишува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Граѓаните имаат право да знаат: • Како оваа фирма ја добила работата? • Дали е спроведена јавна набавка? • Колку е платено за графичкото решение и за поставувањето на билбордот? • Дали Град Скопје ...
Скопје, 20 јули 2026 - Мицкоски вели дека локалната власт во Гостивар треба да поднесе морална одговорност за труењето. Ова е уште еден обид за бегство од одговорност. Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за ...
Скопје, 20 јули 2026 Она што се случи минатата недела со Законот за правична и соодветна застапеност и она што се случува сега со законите за високото образование не се два одделни случаи. Тие се дел од истата практика на прекршување на Деловникот на Собранието, стои во соопштението од прес - конференцијата на Арта Биљали Зендели од ДУИ, што МИА го објавува интегрално. Откако не успеа преку процедурални манипулации да го протурка Законот за ...
Скопје, 20 јули 2026 - Христијан Мицкоски повторно зборува за „добри времиња кои се пред нас“. Ова е истата приказна која ја слушаме веќе две години - секогаш „наскоро“, секогаш „пред нас“, а никогаш не доаѓаат, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Еве што всушност се случува: За инвестициите: Мицкоски тврди дека инвестициите почнуваат да се реализираат. Реалноста е дека странските инвестиции се намалени за над 60 ...
Скопје, 20 јули 2026 - На СДС и Филипче не им е до заштита на здравјето на граѓаните, туку како да добијат политички поен плус, затоа ја злоупотребуваат ситуацијата во Гостивар, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. СДС со очајни соопштенија се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Гостивар за дневнополитички поени, наместо да дозволат институциите да си ја вршат работата, да се произнесат и да се утврдат ...
20 јули 2026 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино остро реагира на ставовите на МААК во врска со случајот со советникот Љубе Темелков. Ставовите во соопштението се само обид да се претстави како жртва недоличното однесување на советник на кое јавноста со месеци сведочи следејќи ги седниците на Советот - сe вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално. Ние како ОК Неготино јасно укажуваме дека никој не беше ...
Гостивар, 20 јули, 2026 (МИА) - Кризниот штаб е активиран и ќе има телефонски број на кој граѓаните може да се обратат за помош и снабдување со вода за пиење, се дел од мерките што Општина Гостивар ќе ги спроведува од денес. Ова го соопошти градоначалникот Ваљбон Лимани денеска на прес-конференција во Гостивар. Вонредна седница ќе има општинскиот Совет во попладневните часови. - На мој предлог веќе е активиран кризниот штаб од нашата Општина ...