Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Водоводните системи не треба да ги обезбедува ниту армијата ниту полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамките на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите што ѝ се пропишани во согласност со регулативата - изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде што ги презентира најновите ...

Кавадарци, 27 јули 2026 (МИА) - Кавадарчанец бил лишен од слобода по две пријави за закани и напад со предмет, му биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. - Вчера во 13:00 часот во село Крњево, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода кавадарчанецот Г.Т.(32), постапувајќи по две пријави. Според пријавеното, во близина на село Крњево, тој застанал пред ...

10 дена - МИА - +3

Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - На 26/27.07.2026 во 13:20 часот во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.М.(19), Л.А.(23), З.Б.(51), Ш.Б.(51), И.В.(45), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. СВР Тетово поднесе кривична пријава против ...

Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Од тетовскиот Клинички центар во Секторот за внатрешни работи - Тетово синоќа во 20:30 часот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од овој град. - Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З., на возраст од 61 година од Тетово, ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, што го управувал наназад, при ...

Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Притвор бил одреден за словенечки државјанин, кој ја нападнал неговата девојката за време на престој во Охрид. Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера пред казино во градот, полициски службеници од СВР - Охрид го лишиле од слобода К.Г., на возраст од 28 години од Словенија. Тие постапиле по претходна пријава дека, во станот во кој престојувале во Охрид, тој агресивно се однесувал и ...

Куманово, 27 јули 2026 (МИА) - Просториите што ги користи културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово се оштетени, а на ѕидовите се испишани графити, објави денеска министерот за локална самоуправа и лидер на ДПСМ, Иван Стоиљковиќ. Случајот е пријавен во СВР Куманово, од каде информираат дека се преземаат мерки за негово расчистување. Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоиљковиќ, преку ...

Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. Како што информираат од ОЈО, во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, ...

Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од ОЈО, ...

Велес, 27 јули 2026 (МИА) - СВР Велес до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 59-годишниот Ј.А. од село Горно Јаболчиште, Општина Чашка, поранешен директор на ООУ „Лирија“ поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став од Кривичниот законик. Ј.А., во својство на директор во општинско основно училиште во 2023 година постапил спротивно на ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи утрово информира за 59 санкции во акциска контрола на возачи на мотоцикли и електрични тротинети во Кочани и Виница, додека три лица биле лишени од слобода. - Вчера во периодот од 17 до 22 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на ...

10 дена - МИА

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - На 27/28.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х.П.(47, А.Ј.(41), Б.Н.(28), А.Б.(18), 17-годишник, сите од Скопје и Е.Ј.(28) од с.Идризово, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.О.(42) и ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде што времето на чекање е 15-ина минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува приспособена ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија утрово од Царинската управа на Република Северна Македонија. - Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ревизија на Комисијата за заштита на конкуренцијата. - Извршивме ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Комисија за заштита на конкуренцијата на сметка на основниот буџет (637) за 2024 година. Со извршената ревизија изразивме мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметка на ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата, со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. - Со денешниот ден во Гостивар има 109 нови први контакти, бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим, соопштија ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни теста од испитаните примероци. Ова денеска го изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека, според прописите, не постои техничка вода и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија. - Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Во државата годинава регистрирани се четири случаи на маларија, три на денга и еден на зика - информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој повторно упати повик при патување да се следат препораките за вакцинирање и профилакса од Светската здравствена организација. Од осумте случаи на западнонилска треска, за кои Министерството за здравство информира вчера, шест лица се на Клиниката за инфективни ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска извршија увид во реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во општината, меѓу кои реконструкцијата на улицата 9, изградбата на новиот стадион, како и новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“. Како што информира градоначалникот на општина ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Во 19:50 часот синоќа на улицата „Димитар Влахов“ во градот, полициски службеници од СВР - Скопје го лишија од слобода Е.Ј., 18-годишен скопјанец, затоа што кај него бил пронајден и одземен пиштол „Валтер“, како и рамка, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. бд/вг/ Фото: МИА архива Скопје, 28 јули 2026 ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Има план во врска со онкологијата и дел од него е сè што е во таблетарна форма да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките. Минатата година беа префрлени два лека за рак на дојката од болницата во аптеките и неколку илјади пациентки веќе немаат потреба да одат на Клиниката за онкологија. Сега се анализира и за терапиите за простатата да може да се направи префрлање од болница во ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати ...

Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Владата донесе Одлука со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензациските фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. Се активираат расположливи средства од постојната кредитна линија и слободни средства со кои управува Развојната банка. Вкупниот ...

Скопје, 14 јули 2026 (МИА) Рената ПЕПЕЉУГОСКА Премногу ниските, но и премногу високите вредности на кортизол (хормон на стресот) може да доведат до негативни здравствени последици. Долготрајната изложеност на стрес може да ја наруши неговата природна регулација. За одржување нормално ниво на кортизол и заштита на ендокриниот систем најважно е да се влијае на: регулирањето на стресот (спиењето), правилната исхрана и умерениот тип вежбање, вели ...

Скопје, 22 јули 2026 (МИА) Блаже ДАРУДОВ Исхраната е само дел од превенцијата против остеопороза. Потребни се редовно пешачење, вежби со оптоварување и вежби за сила и рамнотежа, одржување нормална телесна тежина, престанок на пушењето и ограничување на алкохолот. Ова го истакна во интервју за МИА проф. д-р Игор Мерџаноски, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно ...

Скопје, 23 јули 2026, (МИА) - Успеа да го направи она што многумина го сметаа за невозможно во 21 век - ја врати поезијата на голема врата полнејќи ги салите на целиот Балкан со својата препознатлива едиција „Поезија на животот“, во чии рамки има објавено неколку збирки поезија: „Низ животот со душа (Kroz život dušom) - неговата прва книга, 2020, „Победа над себе“ (Pobeda sebe), „Благодарен“ (Zahvalan), „Капут“ (Kaput), Prava ljubav... ...

Скопје, 25 јули 2026 (МИА) Ангела РАЈЧЕВСКА За многумина што живеат далеку од родното место, враќањето дома не секогаш значи и повторно припаѓање. Токму тоа чувство на отуѓеност и потрага по идентитет го истражува режисерот Меглен Анжиќ Трпков во краткометражниот филм „Мртви корења“, инспириран од народната приказна за Силјан Штркот. Во интервју за МИА, тој вели дека во мигот кога човек ќе го напушти домот, засекогаш се менува, барем во очите ...

Скопје, 26 јули 2026 (МИА) - Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ние и понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото иако тоа се берзански производи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и се уште остануваме земја која е со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Ако е потребно ќе реагираме онака како што ...

Скопје, 26 јули 2026 (МИА) – Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат ...

Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет, а со кои ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
3.5
36%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
0.45
60%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
3.11
59%
1019
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
1.42
37%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.87
39%
1013
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
80%
1020
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
1.49
26%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.18
36%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
49%
1011
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
48%
1019
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
1.09
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Кобалт

56.29

Бакар

13.23

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Сребро

2044.16

Платина

56038.75

Злато

139576.04

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Калај

56.36