Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Предлог законот за спроведување на проектот „Скопје - Европска престолнина за 2028 година“ ќе се разгледува кога ќе се создадат услови за тоа, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на пратеничката група на партијата, Никола Мицевски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Тој беше прашан за коментар за симнувањето од дневен ред на Законот за прогласување на Скопје - Европска ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Собранието ја донесе одлуката за објавување јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопшти дека на одржаната вонредна координација со координаторите на пратеничките групи е донесена одлука да се повлече предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје - европска престолнина за 2028 година“ од дневниот ред на 119. седница. Собранието ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Одличната билатерална соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и реформските процеси, биле потврдени на денешната средба на министерот за правда, Јетон Шасивари со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер. На средбата, како што посочуваат од кабинетот на Шасивари, било оценето дека Германија е еден од најзначајните партнери на Министерството ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Собранието денеска во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“. Во текот на расправата за збор во однос на предлогот се јави пратеникот Сали Мурати од Европски фронт, кој забележа дека има административни грешки во биографијата на Дика Георгивска и побара процедурално и формално, во име на ...
Вашингтон, 24 јули 2026 (МИА) - Во првата половина од 2026 година Холивуд се соочи со големи финансиски загуби поради филмските неуспеси. На петто место се најде филмот „Меланија“. Автобиографијата оствари заработка од околу 16,7 милиони долари, со буџет од 40 милиони долари. Филмот беше претставен во над 20 земји, но со мал интерес од публиката. Веднаш под него е „Невестата“, во режија на Меги Џиленхол, со Џеси Бакли и Кристијан Бејл во ...
Мадрид, 27 јули 2026 (МИА) - Се поголем број туристички места ширум светот се залагаат за ограничување на масовниот туризам. Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ („Menys Turisme, Més Vida“), под слоганот „Мајорка на работ на издржливоста“ вчера протестираше поради преголемата посетеност на шпанскиот остров. Околу 25.000 граѓани се собраа на плоштадот „Пласа де Еспања“ изразувајќи незадоволство од сè поголемиот туристички притисок врз ...
Оваа свежа и кремаста салата од цвекло е вистинско освежување на трпезата. Одличен избор е како прилог кон месо, риба или како лесен оброк во топлите денови. Состојки: 1 кг цвекло 1 главица кромид 100 г мајонез 400 г кисела павлака 2 мали лажички сенф сол по вкус мелен црн бибер по вкус Подготовка: Цвеклото добро измијте го и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки. Кромидот ситно исечкајте го и внимателно ...
Вашингтон, 27 јули 2026 (МИА) - Според процените на филмското студио објавени вчера, филмот „Одисеја“ продолжува да привлекува внимание од публиката и во вториот викенд од прикажувањето во кината во САД, со заработка од 87 милиони долари. Во режија на Кристофер Нолан, филмот забележа пад од само 30 отсто во однос на првиот викенд од прикажувањето. „Одисеја“ досега е со заработка од околу 639,6 милиони долари, во светски рамки. Значителен дел ...
Вашинтон, 27 јули 2026 (МИА) - По кибер-нападот на филмскиот фестивал „Трајбека“, на интернет можат да се најдат приватни телефони и е-пошти на многу холивудски ѕвезди, меѓу кои и Анџелина Џоли и Роберт де Ниро. Базите содржеле околу 666.000 податоци од 2019 до 2026 година, поврзани со годишниот филмски фестивал „Трајбека“, во Њујорк. Најголем дел од базите содржеле маркетиншки материјали. Меѓу имињата се и режисерите Мартин Скорсезе, Џорџ ...
Берлин, 27 јули 2026 (МИА) - Германскиот мултинационален автопроизводител „Бе-ем-ве“ (BMW) повлекува вкупно 744.234 возила ширум цел свет, поради дефект на стартерот што може да предизвика пожар. Повлекувањето опфаќа 42.300 автомобили во Германија, соопшти Германскиот федерален орган за моторен транспорт (KБA). Ова е трето големо повлекување од ваков вид за краток временски период, но причината е поразлична од претходните. Овојпат причината е ...
Бирмингем, 27 јули 2026 (МИА) - Спиралниот диск на Млечниот Пат можеби претрпел промена во ориентацијата по праисторискиот судир, по што се чини веројатно дека многу од неговите ѕвезди, а можеби дури и Сонцето, во минатото се движеле по патеки коишто биле значително различни од денешните. Според истражување на Универзитетот Дарам во Обединетото Кралство, ова го покажуваат суперкомпјутерските симулации, чии резултати истражувачите ги ...
Рим, 27 јули 2026 (МИА) - Актерката Никол Кидман повторно го привлече вниманието на јавноста откако беше видена во друштво на бизнисменот Мајкл Рајнштајн, за време на одморот во италијанскиот град Портофино.Тие биле фотографирани како заедно уживаат покрај базенот, во луксузниот хотел Белмонд Сплендидо. Фотографиите сведочат за блискиот однос меѓу нив. Кидман и Рајнштајн претходно биле фотографирани додека разговараат пред хотелската соба на ...
Копенхаген, 27 јули 2026 (МИА) - Неделава, на тврдината Спотруп во Данска се одржува Светското првенство во средновековни борби, на кое ќе учествуваат речиси 600 натпреварувачи од 30 земји. Станува збор за мешани боречки вештини во организација на Меѓународната федерација за средновековни борби. За првпат овој настан беше организиран во 2014 година, во Шпанија. Натпреварувачите настапуваат во целосни оклопи, користејќи мечеви, секири и ...
Лос Анџелес, 28 јули 2026 (МИА) - Иако канабисот често се смета за средство за ублажување на стресот, новите наводи од американскиот Државен универзитет во Орегон посочуваат дека редовната употреба може да има спротивен ефект. Научниците поподробно ја разгледаа врската меѓу канабисот и стресот откако и претходни истражувања покажуваа дека марихуаната може да ги зголеми, наместо да ги намали нивоата на стрес, објави „Сајенс алерт“ (Science ...
Вашингтон, 28 јули 2026 (МИА) - Ќерката на Том Круз, Сури го смени презимето во Ноел. Станува збор за средното име на нејзината мајка, Кејти Холмс. Круз и Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури продолжи да живее со мајка ѝ. Наводно, таткото и ќерката немаат близок однос. Сепак и двајцата остануваат воздржани од коментари. Сури Круз моментално студира музички театар на универзитетот „Карнеги Мелон. Нејзината одлука привлече големо ...
Минхен, 28 јули 2026 (МИА) - Автомобилската компанија „Мерцедес-Бенц“ официјално го претстави своето подобрено луксузно камперско комбе „Марко Поло“. Опишано од германскиот автопроизводител како „паметен придружник за луксузни патувања и во секојдневниот живот“, комбето има нов алуминиумски подвижен двоен покрив. Сега тој обезбедува приближно 370 мм простор за глава во задниот дел, што е за 100 мм повеќе од неговиот претходник. Меѓу другите ...
Токио, 28 јули 2026 (МИА) - Преку апликацијата „Токио енмусуби“, 265 двојки стапиле во брак. Апликацијата помага да дознаеме колку си одговараме со партнерот. Ваквата мерка беше воведена во 2024 година во Токио, со цел да се зголеми наталитетот во Јапонија. Направената статистика покажува дека околу 70 отсто од луѓето заинтересирани за брак, не преземаат иницијатива да најдат партнер. Платформата е достапна само за лица кои навистина сакаат ...
Токио, 28 јули 2026 (МИА) - Одлуката на компанијата „Сони“, да ги повлече од производство дисковите за новите „плејстејшн“ игри, би можело сериозно да влијае врз глобалниот пазар за стари видеоигри, чија вредност во моментов се проценува околу 7,2 милијарди долари, се наведува во соопштението на истражувачката куќа „Дејтаинтел“. Според анализите на пазарот, веќе користените игри, до 2034 година би можеле да достигнат вредност од околу 13,8 ...
Скопје, 24 јули 2026 (МИА) - Кога ќе успееме да ги научиме луѓето како да имаат здрава цревна бариера, ќе имаме многу помалку болести и многу помалку карциноми - порачува српскиот гастроентеролог, интернист и онколог проф. д-р Дино Тарабар. Тарабар истакнува дека исхраната, пробиотиците и секојдневните животни навики имаат клучно влијание врз цревниот микробиом, а со тоа и врз целокупното здравје на човекот. Според него, сè повеќе научни ...
Скопје, 24 јули 2026 (МИА) - Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.7.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица што првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден - соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на ...
Скопје, 24 јули 2026 (МИА) - Според информациите добиени од експертските тимови кои работат на терен, се очекува граѓаните на Гостивар кон крајот на оваа недела да добијат техничка вода, а кон крајот на следната седмица и вода за пиење, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. Во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител, таа информира дека ИЈЗ во изминатите денови два пати има излезено на терен во ...
Тетово, 25 јули 2026 (МИА) - Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. -Денеска имаме состојба од 80 новопријавени пациенти што е ...
Скопје, 27 јули 2026 Во историјата на секој народ постојат личности чиешто значење не се ограничува само на времето во кое живееле, личности чиешто дело продолжува да трае низ вековите и чиешто духовно наследство продолжува да го обликува животот на поколенијата. Таков е свети Климент Охридски – нашиот велик светител и просветител, пастир и проповедник, книготворец и песнотворец, и достоен продолжител на светите рамноапостолни браќа Кирил и ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Со дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот за 2026 година за кој се води расправа во Собранието, според пратениците од владејачката коалиција, продолжуваат заложбите за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики што веќе даваат резултати и придонесуваат за поволни економски текови, а крајната цел е раст на економијата и подобар животен стандард на граѓаните и создавање ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен - се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот ...
Скопје, 26 јули 2026 (МИА) - Осум лица кај кои полицијата пронашла дрога се лишени од слобода на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие. - На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста ...
Скопје, 26 јули 2026 (МИА) - Превентивна активност „Алкохолот и воланот не се добар пар“ е спроведена денеска во близина на наплатните станици Желино и Тетово, при што на возачите на моторни возила учесници во сообраќајот им биле поделени летоци со информативно - едукативна содржина изготвени од Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за бебзедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. - Целта е ...
Радовиш, 26 јули 2026 (МИА) - По четири часа Територијалната противпожарна единица Радовиш го изгасна пожарот кој денеска избувнал во атарот меѓу селото Бучим и истоимениот рудник, информираа радовишките пожарникари. Според ТППЕ Радовиш, пожарот бил пријавен во 13:10 часот, а пожарникарите го гаснеле со две противпожарни возила и пет пожарникари. -Поради големиот ризик на пожарот и близината на огнот кој се ширеше заради ветерот, кој што ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на пакувана вода - информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски. Според него, сè уште нема потврда во согласност со мерењата дека може да се користи за пиење ниту, ...