Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Штип, 20 јули 2026 (МИА) – Во финална фаза е изградбата на Спортскиот рекрекреативен центар (СРЦ) „Џекосон“-Штип, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот Иван Јорданов. Посочи дека Штип добива нов современ спортски храм во самиот центар на градот, а како што рече „нешто кое е потреба со години наназад во градот“. -Морам да потенцирам дека она кое што се планира во деновите и неделите кои следуваат да се заврши во овој ...
Гостивар, 20 јули, 2026 (МИА) - Три лица, кои се на раководни функции во ЈП „Комуналец“ во Гостивар, предмалку се приведени од страна полицијата. Информацијата ја потврдија и од претпријатието и од локалната самоуправа. Засега се знае дека полицијата ги привела директорката на претпријатието, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и одговорниот за водовод, Вадедин Дервиши. Според првичните информации, тоа е направено по наредба на ...
Куманово, 20 јули 2026 (МИА) - Општина Куманово доби ново противпожарно возило со капацитет од девет илјади (9.000) литри вода, донација од аеродромот во Инсбрук, Австрија, обезбедена преку долгогодишната соработка помеѓу Општина Куманово и покраината Тирол, соопшти денеска градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. Со донацијата, Територијалната противпожарна единица Куманово го доби седмото противпожарно возило, со што ...
Кочани, 20 јули 2026 (МИA) - Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска престојуваше во работна посета на Општина Кочани, каде со градоначалникот Владко Грозданов разговараше за реализацијата на инфраструктурните проекти, регионалниот развој, прекуграничната соработка и идните инвестиции. На средбата беше направен преглед на реализацијата на најзначајните капитални проекти. Во изјавата по средбата, градоначалникот Грозданов ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Безбедна е водата за пиење во Скопје, покажале денешните резултати од испитувањата. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје попладнево информираа за дневните мониторинг - активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. - Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, се земени 43 примероци од водоводната мрежа на град ...
Прилеп, 20 јули 2026 (МИА) - Дваесет и третото издание на Пивофест во Прилеп заврши успешно, без ниту еден регистриран инцидент и со рекордна посетеност, оцени прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Тој истакна дека сите три фестивалски дена поминале во позитивна и весела атмосфера, а според првичните проценки, фестивалот привлекол двојно повеќе посетители во однос на претходните години. -Ги постигнавме сите цели за изведувањето на ...
Лос Анџелес, 17 јули 2026 (МИА) - Мет Дејмон откри дека морал „да прекрши големо семејно правило“ при снимањето на новиот филм на Кристофер Нолан, „Одисеја“ (The Odyssey). Во новото интервју глумецот зборуваше и за напорното снимање на филмот, за коешто вели дека било едно од најисцрпувачките искуства во неговата кариера. Американскиот глумец, кој има четири деца со сопругата Лусијана Баросо, призна дека долгото снимање било предизвикувачко и ...
Вашинтон, 17 јули 2026 (МИА) - „Дали сте за куќа што исчезнува под земја по закана од пожар или торнадо? Токму таа е куќа на иднината“, тврди американската компанија Хајбертек хоумс. Развивме технологија која прави куќата да се спушти под земја веднаш по климатска закана. Свесни сме дека сето ова звучи како филмска сцена, но е вистина, велат од компанијата. На прв поглед, куќата изгледа нормално, но изградена е со посебен механизам кој ...
Вашинтон, 17 јули 2026 (МИА) - „Американскиот авиопревозник „Јунајтед ерлајнс воведува новитет во својата економска класа „Economy Plus“, редови без средно седиште. На негово место ќе се постави заедничка масичка, со што патниците ќе добијат повеќе простор и поголема удобност“, напиша Еуроњуз. Во март беше најавено и воведување на концептот „удобен ред“ кој треба да биде достапен од 2027 година. Оваа опција ќе им овозможи на патниците во ...
Тирана, 19 јули 2026 (МИА) - Вкупно 350 лежалки исчезнале пред две години преку ноќ од рекреативниот комплекс „Onde Chiare“ на Виа Фенули, во италијанскиот град Реџо Емилија, кои според тамошната полиција „ биле украдени од непознати лица“. -Една година подоцна, минатото лето, лежалките изненадувачки се „појавија“, сè уште со видливо лого „Onde Chiare“, на плажа на објект на познатото одморалште „’Ртот Родон“, карпест полуостров на ...
Летниот пинџур е брз за подготовка, свеж и многу вкусен традиционален македонски специјалитет, во комбинација со бело сирење и препечен леб преубаво, а може и како прилог со друго јадење. Состојки: 2 модри патлиџани 2 црвени домати 1/2 кг пиперки( црвени или зелени) масло 3 чешниња лук магдонос Подготовка: Распоредете ги доматите, модриот патлиџан и пиперките во плех за печење, ставете ги во загреана рерна и печете додека не омекнат. ...
Лос Анџелес, 20 јули 2026 (МИА) - Публиката на стадионот „Метлајф“ во американската сојузна држава Њу Џерси, но и ширум целиот свет имаше можност да ужива во настапот на светските музички ѕвезди Шакира и Џастин Бибер, кои беа дел од шоуто на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал. Колумбиската ѕвезда, која зад себе има бројни големи меѓународни настапи, уште еднаш покажа зошто ја сметаат за една од најпопуларните ...
Токио, 20 јули 2026 (МИА) – Градоначалничката на јапонскиот град Јавате, Шоко Кавата е прва жена, која извршува локална функција, а користи породилно отсуство. Согласно јапонските закони, на вработените жени во градската управа им се загарантирани 16 недели породилно отсуство, но не постоеше протокол за градоначалничките. - Се изненадив кога дознав дека сум прва градоначалничка. која користи породилно отсуство. Тоа покажува дека досега немало ...
Скопје, 19 јули 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството. -Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник - виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 и ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство - соопшти директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференцијата во Владата. - Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно - да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - „Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода, во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја заврши денешната седница на која членовите разгледуваа и одлучуваа по вкупно 66 предмети. Меѓу предметите што беа разгледани е и предмет што се однесува на наводи за незаконито постапување на службени лица во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој при одобрување барање за финансиска поддршка од ИПАРД програмата 2021-2027, за ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на САД, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда (МП) и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата, како што соопшти МП, се разговарало за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство издаде наредба за забрана за користење на водата во Гостивар, што подразбира целосна забрана, и до моментот додека нема други насоки, Институтот за јавно здравје исто така се држи до овој став - соопшти на денешната прес-конференција во Владата директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, одговарајќи на новинарски прашања дали водата во Гостивар е безбедна за ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - За надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде што е прогласена локална епидемија, Владата од денеска обезбедува по 50.000 литри вода за пиење дневно за населението, а Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги заврши анализите, кои во текот на денот ќе ги предаде на Јавното обвинителство. Дистрибуцијата на водата се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Директорот ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Состанок на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулска конвенција се одржа денеска во просториите на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со состанокот претседавал министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, а присуствувал и ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Недостигот на судии-поротници и потребата од зголемување на нивните надоместоци биле во фокусот на разговорите меѓу Министерството за правда, претставници на Основниот кривичен суд Скопје и судиите-поротници. Како што соопштуваат од Министерството за правда, министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда, Ален Деребан оствариле работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - По повеќегодишен застој предизвикан од нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин Поток“ денес се одвива со засилена динамика. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека веднаш по преземањето на функцијата биле преземени конкретни чекори за надминување на долгогодишните пречки и за продолжување на реализацијата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект, пишува во денешното ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - За денеска е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на кој ќе се разговара за продажните и набавните цени на основните производи. Како што рече во четвртокот министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по седницата на Економско-социјалниот совет, контролите што ги спроведе Државниот пазарен инспекторат на над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Земјоделците редовно да ги наводнуваат посевите, да ја следат евентуалната појава на болести и штетници и да ги почитуваат препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите на УХМР. Според нив, сите активности кои се итни, треба да се извршуваат рано наутро или приквечер. -Изминатава седмица имавме сончево и топло време со повремени врнежи од дожд на некои места. Топлото време доведува до ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 метри квартатни, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 83 873,00 денари. Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалоци - 25.012 денари. бак/са/ Фото: МИА архива Скопје, 20 јули 2026 (МИА) ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија. Како што изјави заменик-министерот за економија Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемување на цените, не е исклучено да се ...
Скопје 20 јули 2026 (МИА) - Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период, му порача денеска Занаетчиската комора на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Ристески одржа состанок со претставниците на Комората, на кој стана збор за мерките од Оперативниот ...