Еден црн и еден белоглав мршојадец угинале викендов во близина на Кавадарци, информираа од Македонското еколошко друштво. Двете птици се пренесени на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје на понатамошни лабораториски анализи преку кои ќе треба да се утврдат причините за угинувањето. Од МЕД велат дека еден од мршојадците имал ГПС-локатор кои го следеле од бугарскиот Фонд за дива флора и фауна, благодарение на што е утврдена локацијата ...
Македонското еколошко друштво информира дека по пријавување од Фондот за дива флора и фауна од Бугарија, викендов на терен констатирале, заедно со претставници на ОВР Кавадарци, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина и на Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, дека се пцовисани еден црн и еден белоглав мршојадец, на висорамнината Витачево, во атарот на селото Гарниково,. – Еден од ...

