Бродот на Ambassador Cruise Line, со 1.233 патници, од кои повеќето биле Британци или Ирци, пристигнал во Бордо во вторникот. Еден 90 годишен патник починал, а околу 50 лица покажале симптоми на вирусот, соопштија француските здравствени власти. Норовирус е заразен вирус што предизвикува воспаление на желудникот и цревата, состојба позната како гастроентеритис. Се шири многу лесно преку контаминирана храна или вода директен контакт со ...

Недостигот од медицински сестри со години е сериозен проблем во македонското здравство кој е посебно изразен во помалите градови и во селата каде што амбуланти и болници сè потешко успеваат да задржат кадар. По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на медицинските сестри, во изјава за Мета, претставници на здруженијата на медицински сестри предупредуваат дека ниските плати и лошите услови за работа ги приморуваат сестрите да ја напуштаат ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно работела на предлог-законот за игрите на среќа, со кој, меѓу другото, се предвидува дислоцирање на казината и обложувалниците од училиштата. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека законот бил ветен и дека при неговата подготовка биле земени предвид повеќе параметри поврзани со оваа индустрија. „Ние го ветуваме тој закон и работевме на него многу внимателно, имајќи ги ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со неверување ја примил информацијата дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја стопирало истрагата за набавката на мазут, предмет во кој е опфатен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање за време на пуштање во употреба реконструираниот дел од болницата ГОБ „8-ми Септември“, Мицкоски рече дека бил шокиран од ваквата одлука, но оцени дека ...

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), членка на мрежата на Европскиот граѓански форум (ЕЦФ) и автор на поглавјето за Западен Балкан, денеска учествува на официјалното претставување на годишниот Извештај за граѓанскиот простор во Европскиот парламент во Брисел. Поглавјето посветено на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) открива загрижувачки тренд на влошување на ...

Поранешен извршен директор во приватен затворски изведувач ќе биде новиот лидер на агенцијата во центарот на агресивните напори за депортација на претседателот Доналд Трамп, пренесува Политико. Министерството за внатрешна безбедност во вторник соопшти дека Дејвид Вентурела, кој ги надгледуваше договорите за центрите за притвор во агенцијата, ќе биде вршител на должноста директор на Одделот за имиграција и царина. Тој го заменува Тод Лионс, ...

Студенти сместени во Студентски дом „Гоце Делчев“ се жалат на појава на стаорци, немање топла вода и проблеми со функционирањето на лифтовите во објектот, објави Студентарија.мк на социјалните мрежи. Според студентите, стаорци веќе се појавилe и на повисоките катови од блокот и велат дека со сопствени средства купиле лепак против глувци и го поставиле во собите, во обид самите да се справат со проблемот. Освен проблемот со стаорците, ...

Првата заедничка воена вежба меѓу Србија и НАТО започна во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“ во близина на Бујановац, во која до 23 мај се ангажирани околу 600 припадници на српските вооружени сили и вооружените сили на Италија, Романија и Турција, пренесува Српискиот Н1. Тактичката вежба наречена „НАТО – Србија“ е организирана од Командата на копнените сили и Командата на здружените сили на НАТО од Неапол, соопшти Министерството за ...

Посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина оваа недела, со висок ризик, е историска можност за двете најголеми економии во светот да ги преформулираат своите трговски односи и тонот на нивното соперништво. Но, за да стигнат до таму, тој и кинескиот лидер Си Џинпинг мора да се справат со сложени тензии, почнувајќи од технологијата, трговијата, ретките минерали и Тајван, во дводневните состаноци кои сега се исто така длабоко ...

Министерството за внатрешни работи информира дека го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип, кој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип. „Со судска наредба ...

Волк, кој бил припитомен и чуван како миленик, синоќа бил заловен во скопската населба Козле. Волкот во моментов е во Зоолошката градина, каде што ќе биде згрижен и каде што ќе живее во иднина, откако ќе го помине периодот во карантин под здравствен надзор од стручни лица. „Вечерва во населбата Козле беше забележан волк кој бил чуван како домашен миленик и на себе имаше синџир и каивче. По пријава од загрижени граѓани, на местото ...

Синдромот на полицистични јајници (PCOS – polycystic ovary syndrome) се преименува во полиендокрин метаболен оваријален синдром (PMOS – polyendocrine metabolic ovarian syndrome), со цел да се исправи заблудата дека станува збор исклучиво за гинеколошка болест која создава цисти на јајниците, пренесува „Гардијан“. „Станува збор за сложена состојба која може различно да ги засега жените, но симптомите најчесто започнуваат во доцната ...

Две национални агенции кои се борат против корупцијата во Украина го именуваа поранешниот началник на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски како официјално осомничен во голема истрага за корупција. Тие во вторник изјавија дека украинскиот лидер не е под сомнение во случајот, пренесува Асошиејтед Прес. Андриј Јермак е осомничен во наводна шема за перење пари од 460 милиони гривни (10,5 милиони долари), објавија агенциите доцна во ...

Градоначалничката на град во јужна Калифорнија поднесе оставка откако Министерството за правда на САД ја обвини за дејствување како нелегален агент на Кина, пренесува Би-Би-Си. 58-годишната Ајлин Ванг – градоначалничка на Аркадија – се согласи да се изјасни за виновна по обвинението за кривично дело, а Градскиот совет на Аркадија соопшти дека таа поднесе оставка од функцијата. Ванг може да се соочи со казна до 10 години затвор. Нејзините ...

Две национални агенции кои се борат против корупцијата во Украина го именуваа поранешниот началник на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски како официјално осомничен во голема истрага за корупција. Тие во вторник изјавија дека украинскиот лидер не е под сомнение во случајот, пренесува Асошиејтед Прес. Андриј Јермак е осомничен во наводна шема за перење пари од 460 милиони гривни (10,5 милиони долари), објавија агенциите доцна во ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Подгорица порача дека Западен Балкан е од големо стратешко значење за алијансата. Тој укажа на постоењето актери, кои се обидуваат да го повлечат регионот назад и да го дестабилизираат нагласувајќи дека НАТО ќе се спротивстави на таквите намери. „Знаеме дека постојат актери што се обидуваат да го повлечат Западен Балкан назад, да го нарушат напредокот и да го дестабилизираат регионот. НАТО е ...

Се враќаат блокадите на планината Кожуф, во одбрана на реката Дошница на која и се заканува изградба на мала хидроцентрала. Граѓанските организации кои минатата година со месеци кампуваа на патот што води кон реката, објавија дека дозволата за градба на малата хидроцентрала е продолжена, заради што тие повторно се враќаат на блокадите. „Знаеме и дека се подготвува внесување на механизација со обезбедување, но Дошница е наша и нема сила што ќе ...

„Владата цени дека пократкиот пат за членството во ЕУ има предизвици, кои најчесто се понижувачки. И затоа сметаме дека ќе одиме по потешкиот пат, но тоа место ќе го заслужиме со квалитет и со испорака. И тој потежок пат има своја цена. Достоинството нема цена и затоа велам нема пократок пат“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на Самитот 2026, што се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување ...

„Македонија само во патна инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет до шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5 до 6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8“, изјави денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски посочи дека двата аеродрома, Скопскиот и Охридскиот, кои ...

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Д. од Скопје, откако, според информациите на МВР, пукал во воздух со сигнален пиштол од автомобил во движење на подрачјето на општина Аеродром. Инцидентот се случил на 11 мај, околу 16:20 часот, кога осомничениот од патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. бил извршен службен разговор, а полицијата од него одзела ...

Во заедничка и координирана акција на македонското и српското Министерство за внатрешни работи, Криминалистичката полиција, Службата за сузбивање на криминалот, како и Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во Скопје е уапсено лице со иницијали С. М. (42), за кое постојат сомнежи дека планирало извршување на тешки кривични дела. Според информациите од српското МВР, уапсениот е член на организирана криминална група и илегално влегол во ...

„Вулфештајн“ (Wolfenstein 3D) беше пукачка игра во прво лице што го започна самиот „FPS“ (First Person Shooter) жанр уште во ерата на првите компјутери, и играта се фокусираше тематски на херој којшто се бори против нерпијатели коишто се „Нацисти“ со огнени оружја. Дополнително имаше и употреба на ладни оружја подоцна во серијалот. Вулфенштајн се развиваше како франшиза доста долго преку годиниве и во деведесетите доби свои најмодерни верзии ...

Сумираните податоци за финансиското работење на јавните претпријатија и акционерски друштва формирани и контролирани од централната власт, покажуваат дека вкупниот финансиски резултат на 29 државни фирми, ЈП и АД е во позитивна зона, но на квартално ниво добивката е намалена за скоро трипати. Дел од поголемите ЈП, кои вработуваат најмногу луѓе и натаму се борат со загуби. Според пресметката, 17 од вкупно 29 државни АД и ЈП имаат негативен ...

Светски познатиот Диџеј од Франција, Дејвид Гета, повторно доаѓа во Македонија по 10 години од неговиот последен концертен настап што беше во Скопје. Дејвид Гета ќе настапи со неговиот нов сет на денот посветен на 35 години независност на Македонија, на Градскиот стадион во Скопје, во организациска поддршка на „Авалон продукција“. Влезот како што најавија организаторите, ќе биде целосно бесплатен за сите посетители. Серијата настани посветени ...

Пешак почина откако вчера бил удрен од товарно возило на регионалниот пат Прилеп-Градско, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 11 мај во 18:05 часот во ОВР Кавадарци. На регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка и со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Р.Ј. од Кавадарци, удрило во 89-годишниот пешак К.Ѓ. од општина ...

По спроведена едногодишна истражна постапка, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) донесе наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по ...

Министрите за надворешни работи на Европската унија постигнаа договор за нови санкции насочени кон насилните израелски доселеници на окупираниот Западен Брег, како и кон водечките личности на Хамас, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. Пакетот санкции, кој е насочен кон тројца доселеници и четири доселенички организации чии идентитети сè уште не се јавно објавени, беше блокиран со месеци од претходната унгарска влада, ...

Елон Маск, директорот на Епл, Тим Кук, Лари Калп од ГЕ Аероспејс и Кели Ортберг од Боинг ќе му се придружи на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата посета на Кина оваа недела, изјави официјален претставник на Белата куќа за Ројтерс. Меѓу другите учесници се Дина Пауел Мекормик од Мета, Лари Финк од Блек Рок, Стивен Шварцман од Блекстон, Санџај Мехротра од Микрон, Мајкл Мибах од Мастеркард и Рајан МекИнерни од Виза, изјави ...

Надежите за мировен договор за Иран драстично се намалија откако денеска американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот со Иран „се одржува во живот“, бидејќи Техеран го отфрли предлогот на САД за прекин на конфликтот и се држеше до листата барања што американскиот претседател ги опиша како „ѓубре“. Иран повика на прекин на војната на сите фронтови, вклучително и Либан, каде што сојузникот на САД Израел се бори против ...

За утврдување на проблемите во училиштата и спроведување соодветни мерки ќе има лиценцирање на психолози, најави Министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Министерката ќе побара од Комората на психолози да организираат дополнителни обуки за психолозите, бидејќи како што рече таа, некои студирале по стара, а некои по нова програма. Јаневска ја посочи педофилијата кај наставниците како најсериозен проблем за кој се преземаат мерки за ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
50%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
40%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1022
weather icon

Софија

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1022
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
5.6
42%
1021
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 21ᴼ
4.12
72%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
47%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
31%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
3.13
44%
1022
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 23ᴼ
1.54
27%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
8.09
100%
1019
Currency

61.525

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Родиум

280515.26

Калај

56.26

Платина

55942.30

Кобалт

56.29

Паладиум

43178.45

Сребро

2106.74

Алуминиум

3.31

Рутениум

53852.50

Злато

141408.63

Бакар

13.17

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36