Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Педесет и осумгодишна жена од село во општина Градско била измамена за 240.000 денари, откако по телефонски повик од лице кое се претставило како лекар ја убедило дека нејзината ќерка итно треба да биде оперирана во велешката болница. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера на 14.05.2026 во СВР Велес. Според пријавата, жената добила телефонски повик од непознато лице кое се претставило како лекар од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот соопшти дека Абу Билал ал-Минуки, втор човек во глобалната хиерархија на ИСИС, бил убиен во операција спроведена од американските и нигериските сили, јавува Ројтерс. „Вечерва, по моја наредба, храбрите американски сили и Вооружените сили на Нигерија беспрекорно изведоа внимателно планирана и многу сложена мисија за елиминирање на најактивниот терорист во светот од бојното поле. Абу Билал ...
Управата за јавни приходи известува дека во првите четири месеци од 2026 година кај над 40 отсто од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП). Контролите се реализирани врз основа на пријави од граѓани преку линијата 198, интерни анализи на УЈП и координација со други надлежни институции. „Кај 395 субјекти се констатирани неправилности согласно ЗРГП. Загрижува фактот што ...
Александра Кираца, в.д. диекторката на Американската гимназија Скопје и Бардил Јашари, извршниот директор на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на дигиталната писменост, сајбер безбедноста и безбедното користење на интернет кај младите. Со меморандумот е предвидена реализација на едукативни работилници и обуки за учениците, насочени кон препознавање и спречување на ...
Најмалку 24 лица, меѓу кои и три деца, се пријавени како убиени во вчерашните руски напади врз Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Гардијан. Ажурирањето на бројот на жртви дојде по ноќните операции за пребарување и спасување. „Русите практично срушија цел дел од зградата со својата ракета“, рече претседателот Зеленски по посетата на местото во Киев. Украинското министерство за надворешни работи изјави дека тоа е ...
Комисија „Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни оперативни процедури за дијагностика на овој вирус. Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби располага со соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоматологија карактеристична за инфекција со хантавирус – андес варијанта, односно има соодветни услови за интензивна нега, ...
Академскиот пленум од Србија остро го осудува насилството пред Правниот факултет во Белград, каде што животот на постар граѓанин беше загрозен за време на мирен собир. Ова е последица на политика во која сторителите се заштитени, жртвите се понижени, а институциите молчат. Одговорноста за оваа атмосфера лежи на име и презиме: Александар Вучиќ. Со помилувањата на претходните сторители, Вучиќ испрати јасна порака дека насилството врз студентите ...
Основното јавно обвинителство Битола ќе спроведе истражна постапка против мажот кој си ја уби сопругата во Битола. За 33-годишникот постои основано сомнение дека извршил кривично дело, убиство при вршење семејно насилство, односно дека ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. „Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото трпение со Иран е исцрпено и дека во разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг се согласил дека на Исламската република не може да ѝ се дозволи да има нуклеарно оружје и дека мора повторно да го отвори Ормускиот теснец. „Решевме многу различни проблеми што другите луѓе не би можеле да ги решат“, рече Трамп во петокот откако се сретна со Си во Пекинг на вториот ден од ...
САД одобрија околу 10 кинески фирми да го купат вториот најмоќен чип за вештачка интелигенција на Енвидиа, Х200, но досега не е извршена ниту една испорака, изјавија три лица запознаени со ова прашање, оставајќи голем технолошки договор во неизвесност, бидејќи извршниот директор Јенсен Хуанг бара пробив во Кина оваа недела. Влоговите се значајни, што покажува како технолошкото соперништво меѓу САД и Кина сега ја попречува дури и одобрената ...
Мрежата за заштита од дискриминација денеска го осуди новиот фемицид што се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож и предупреди дека ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените. Според граѓанските организации, загрижувачкиот пораст на фемициди и случаи на семејно и родово базирано насилство во 2026 година покажува дека институционалната заштита е недоволна, а ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски побара поддршка од опозицијата за усвојување на клучните закони поврзани со европските реформи, нагласувајќи дека без договор во Собранието нема да може целосно да се реализира пристапот до европските средства. Според него, меѓу најважните прашања се измените на Изборниот законик и реформите во правосудството, за кои е неопходно пошироко политичко усогласување и двотретинска поддршка. „Пред се, ...
СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т.. „По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт. Врз основа и на други сознанија и ...
Министерството за здравство, преку интерна комисија, како и уште една меѓународна комисија составена од доктори кардиолози, откри дека кај 9 од 13 пациенти непотребно биле направени операции и интервенции на срце, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција. Направена е анализа на кардиолошките интервенции кои беа предмет на стручна проверка, за тоа дали одлуките за нивното здравје се носат врз основа на ...
Ова е последна шанса за проектот за регионалната депонија во Свети Николе да успее, бидејќи, како што поминува времето се губат средствата од ИПА, а се зголемува националното учество што значи дека овојпат мора да се склучи договорот, велат од Министерството за животна средина. Во моментов во тек е постапката за евалуација на компаниите кои се пријавиле на јавниот повик за избор на фирма што ќе треба да ја гради првата регионална депонија по ...
Играта Trash Goblin е видеоигра на бесплатна промоција на Epic Games што може да се земе уште денеска. Ова е видеоигра каде играте Гоблин Занаетчија со возрасна назнака 3+ но е забавна и за возрасни -и ги учи децата за важноста на рециклирањето предмети. Во самата игра играте мал гоблин занаетчија на кој му доаѓаат муштерии да им исчисти, реставрира, исполира и симплифицирано да комбинира предмети со приказна сместена во свет на Епска ...
Полициски службеници од СВР Битола уторво го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде ...
Куба се бори со прекини на електричната енергија кои создаваат катастрофални последици во целата земја, бидејќи ефективната блокада на нафта од страна на Соединетите Американски Држави ги исцрпе залихите на гориво. Но, оваа криза може да ја забрза и револуцијата на чиста енергија поддржана од Кина, која тивко се одвива во карипската нација. Куба во моментов спроведува една од најбрзите соларни револуции на планетата, со помош на Кина, според ...
Повисоките цени на билетите за авиони во Европа се „неизбежни“ поради високата цена на горивото вели шефот на Меѓународното здружение за воздушен транспорт. Иако некои авиокомпании неодамна ги намалија своите европски цени поради недостаток на побарувачка, Вили Волш рече дека нема начин авиокомпаниите да ги апсорбираат дополнителните трошоци со текот на времето. Тој за Би-Би-Си изјави дека сè уште постои загриженост дека авиокомпаниите во ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тајно ги посети Обединетите Арапски Емирати за време на израелско-американската војна со Иран, соопшти неговата канцеларија, но ОАЕ подоцна негираа дека се случила каква било посета. Нетанјаху се сретна со претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, на собир што „резултираше со историски пробив во односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати“, според израелското соопштение. Земјата од ...
Русија го нападна украинскиот главен град Киев и неколку други региони во масовен воздушен напад, соопштија официјални лица утрово, при што загинаа најмалку едно лице, а десетици беа ранети. Првиот комбиниран ракетен и беспилотен напад од крајот на краткиот прекин на огнот, постигнат со посредство на САД, се случи неколку часа откако Москва испушти стотици беспилотни летала во дневен напад во кој загинаа шест лица. Официјални лица од областа ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг смета дека трговските разговори со претседателот Доналд Трамп напредуваат на почетокот на дводневниот самит, но предупреди дека несогласувањето околу Тајван би можело да ги одведе односите во опасен пат. Коментарите на кинескиот лидер, објавени од официјалната новинска агенција Ксинхуа, ја поставија сцената за она што Трамп го опиша како можеби најголемиот самит досега по помпезниот прием во импозантната ...
По извршените проверки и консултации со домашни и странски експерти, од Зоолошката градина Скопје соопштија дека животното кое вчера беше уловено во населба Козле е сепак волк, а не куче или мешанец. Во текот на денот, во Зоолошката градина во Скопје пристигнале и сопствениците на кучето Сириус, од расата чехословачки волчјак, кое го барале веќе два месеци, при што на лице место потврдиле дека заловеното животно не е нивното куче, туку ...
Државниот јавен обвинител Ненад Савески потврди дека вчера за првпат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Од Обвинителството појаснуваат дека во разговорот не се дискутирале детали од конкретни предмети, вклучително и од истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. „Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на ...
Рафална пукотница одекна во среда навечер во филипинскиот Сенат, каде што властите се обидоа да уапсат сенатор кого го бара Меѓународниот кривичен суд по обвинение за злосторство против човештвото, соопштии на Асошиејтед Прес. Не беше веднаш јасно што ја предизвикало пукотницата или дали има повредени во салата на Сенатот, каде што сенаторот Роналд дела Роса остана под заштита на сојузнички сенатори додека филипинските власти се обидуваа да ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена во секое време да излезе на избори, но дека Владата останува фокусирана на реформската агенда и на испорака на резултати. Одговарајќи на новинарско прашање дали темата за предвремени парламентарни избори останува отворена и дали се разговара со политичките партии за евентуален термин, Мицкоски рече дека целта на Владата оваа година е да се фокусира на реформите. „Што се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во главниот град на Кина и беше пречекан со церемонија полна со помпезност и свеченост за почетокот на посета со високи влогови што носи глобални последици, бидејќи двете најголеми економии во светот ги обликуваат своите трговски односи. Разговори со високи влогови Трамп во Пекинг ќе се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг за да разговара за низа трнливи прашања, вклучувајќи ја технологијата, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата работи на решение за прашањето со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, по протестите што се одржаа пред неколку недели и најавата на студентите за нов протест на 18 мај. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека е уверен оти Владата наскоро ќе излезе со предлог-решение, кое, според него, ќе биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија и со ...
Агенцијата за храна и ветеринарство се уште нема официјална информација дали заловеното животно од скопската населба Козле е волк, куче или мешавина. Од институцијата ги демантираат информациите кои се споделуваат во јавноста дека не се работи за диво животно, туку за домашен миленик, куче, кое е чипирано и кое сопственикот бара да му биде вратено. Од АХВ велат дека денеска, во Зоолошката градина во Скопје ќе биде спроведен вонреден ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да ги коментира ставовите на Министерството за финансии околу најавениот ребаланс на буџетот и проекциите за инфлацијата, посочувајќи дека тие прашања треба да бидат упатени до министерката за финансии. Одговарајќи на новинарско прашање за критиките од економисти дека Владата брза со ребалансот и дека инфлацијата би можела да достигне околу 4,5 отсто, Мицкоски рече дека, според ...