Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Интервентни тимови, составени од ветеринари, ренџери од националните паркови, полицајци и други стручни лица, ќе се грижат за дивите животни, нивната безбедност, третманот ако се повредени, но и за безбедноста на луѓето од планинските места кои често доаѓаат во контакт со дивиот свет. Формирањето на овие тимови, го предвидува новиот закон за природа, кој министерот за животна средина Муамет Хоџа најави дека е поставен на единствениот ...
Странците во САД кои сакаат зелена карта ќе треба да заминат и да аплицираат во својата матична земја, објави администрацијата на Трамп, во изненадувачка промена на долгогодишната политика што сееше конфузија и загриженост кај групите за помош, адвокатите за имиграција и имигрантите, пренесува Гардијан. Повеќе од половина век, странските државјани со легален статус можеа да аплицираат и да го завршат целиот процес за постојан престој во ...
Најмалку 90 лица загинаа во експлозија во рудник за јаглен во северна Кина, пренесува Би-Би-Си. Експлозијата на гас се случи во рудникот за јаглен Лиушенју, управуван од групацијата Тонгжу, во покраината Шанкси. Стотина спасувачи се испратени на местото на настанот. Снимките од државните медиуми покажаа болничари кои носеа носилки на местото на настанот, а амбулантните возила се во позадина. Се вели дека повеќе од 100 лица се однесени во ...
На 3 јуни 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонија, ќе се отвори изложбата „Меѓу нас“ на Горан Костовски – Индог. Проектот произлегува од долгогодишното истражување на темата „Славење на животот“, започнато во 2011 година, и во оваа фаза ќе се фокусира на емпатијата, љубовта и колективната грижа како двигатели на подобра иднина. Преку илустрации, платна и графики, изложбата ја истражува ...
Директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, објави дека поднесува оставка до крајот од јуни, наведувајќи ја дијагнозата на рак кај нејзиниот сопруг, пренесува Си-Ен-Ен. „За жал, морам да ја поднесам мојата оставка, која стапува на сила на 30 јуни 2026 година“, напиша таа во писмо до претседателот Доналд Трамп. „На мојот сопруг, Абрахам, неодамна му беше дијагностицирана исклучително ретка форма на рак на коските. Тој се соочува со ...
Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ се вклучува во борба за зачувување на книгата во ерата на дигиталните алгоритми. По повод 24 Мај, денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, во Штип се одржа третото стручно советување на тема „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“. Настанот, организиран помеѓу Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, ...
Граѓанските организации, бараат од пратениците во Собранието да не ги поддржат предлог-измените на Законот за игри на среќа и забавни игри, каде според законското решение, граѓанските организации, националните инвалидски организации и Црвениот крст нема да можат да добиваат средства за работа со ранливи категории. Мрежата за заштита од дискриминација, Платформата за родова еднаквост, Македонската платформа против сиромаштија и Националната ...
Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт. Во февруари Министерството за транспорт објави јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси биле наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините. Понудата на унгарската ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. „Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...
Српските студенти во блокада за утре најавија протест во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“. Студентите ќе го повторат своето клучно барање до властите, распишување вонредни парламентарни избори и ќе најават некои понатамошни чекори. Местото на одржување на собирот во сабота ќе биде плоштадот Славија во Белград каде што се одржа огромен протест минатиот март. Тој протест заврши со ненадејно нарушување за кое експертите подоцна рекоа – а ...
Комисијата за одлучување при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), по прекршок утврдила неправилности кај дел од центрите кои откупуваат овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. Од Комисијата соопштуваат дека, во рамки на надлежностите согласно Законот за забрана на нефер трговски практики, бил извршен увид кај повеќе субјекти кои вршат снабдување со земјоделски и прехранбени производи, При контролите биле ...
Нафтените пазари би можеле да влезат во „црвената зона“ во јули и август, бидејќи залихите се намалуваат пред летната туристичка сезона, предупреди Фатих Бирол, извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (IEA) во четвртокот, пренесува Гардијан. Фатих Бирол изјави дека најважното решение за енергетскиот шок предизвикан од војната со Иран е целосно и безусловно отворање на Ормутскиот теснец. Говорејќи за лондонскиот тинк-тенк ...
Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера оствари средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. Во фокус на разговорот биле идните активности и иницијативи во областа на културата и туризмот. „Беше потврдено и претстојното потпишување Меморандум за соработка, чиј текст е веќе усогласен, меѓу Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Француската Република во ...
Интересот за поставување на соларни системи кај домаќинствата е голем, но високите почетни трошоци, сложените административни процедури и недоволната информираност остануваат главни пречки за поголемо учество на граѓаните. Можноста за граѓаните да станат просумери, или активни потрошувачи, кои ќе можат и да произведуваат, да складираат и да продаваат енергија е реална по донесувањето на новиот закон за енергетика, но недостасуваат законите за ...
Стотици луѓе во четврток протестираа пред парламентот на Ирска, изразувајќи гнев поради смртта на маж роден во Конго, кој починал откако бил совладан пред стоковна куќа во Даблин, во инцидент кој дел од јавноста го споредува со убиството на Џорџ Флојд во 2020 година. Ивс Сакила бил задржан од обезбедувањете на една од најфреквентните шопинг улици во главниот град минатиот петок, во врска со наводна кражба од продавница, соопшти полицијата. ...
Куба претставува „закана за националната безбедност“ на САД, а шансите за постигнување мирен договор се „многу мали“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио, пренесува Би-Би-Си Њуз. Неговите коментари доаѓаат само еден ден откако САД покренаа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро за соборувањето на два авиона во 1996 година, при што загинале американски државјани. Рубио рече дека Вашингтон и натаму преферира ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе испратат уште 5.000 војници во Полска, една недела откако Пентагон го откажа планираното распоредување на 4.000 војници во земјата. На „Truth Social“, Трамп рече дека одлуката се темели на односот на САД со полскиот претседател Карол Навроцки, кого го поддржал за време на претседателските избори минатата година, објави Би-Би-Си. Американскиот претседател не даде дополнителни детали за тоа дали ...
„На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, информираат од Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ). Како што велат од ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека партијата ќе поднесе кривична пријава и интерпелација против претседателот на Собранието Африм Гаши, обвинувајќи го за континуирано кршење на Деловникот и злоупотреба на функцијата. На денешната прес-конференција, Филипче истакна дека станува збор за, како што рече, повторувачка пракса во работата на собраниското раководство, при што процедурите се спроведуваат спротивно на правилата и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара со тајванскиот лидер Лаи Чинг-Те за можна продажба на оружје, што би претставувало значително отстапување од традиционалната дипломатска практика, пренесува Би-Би-Си Њуз. Лидерите на САД и Тајван не разговарале директно од 1979 година, кога Вашингтон ги прекина официјалните односи со Тајван и ја призна владата во Пекинг. Но, САД со децении го поддржуваат Тајван и според закон се ...
Иран воведува повеќеслоен систем за контрола на преминот на бродовите низ Ормутскиот Теснец, додека државите се обидуваат да ги обноват енергетските текови нарушени од конфликтот. Соединетите Американски Држави предупредуваат дека не треба да се прифаќаат иранските механизми, но дел од бродовите и владите сепак избираат да соработуваат, прифаќајќи ризик за да обезбедат транзит, пренесува Ројтерс. Во деталниот текст на Ројтерс, составен од ...
Основното училишпте „Св. Кирил и Методиј“ во општина Центар, кое започнало со работа во далечната 1836 година, деновиве одбележува 190 години од своето постоење. Во Македонскиот културен центар, со пригодна свечена програма и во присуство на поранешни и сегашни вработени, ученици, родители беше одбележана годишнината од постоењето на најстарото училиште во земјата. Соња Кирковска, директорката на училиштето, во кое денеска учат 400 ученици и ...
Во скопското село Копаница вчера е пронајдена почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје. На лице место увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Скопје и екипи на СВР Скопје, по што е издадена наредба телото да биде дадено на обдукција. Надлежните служби, како што информираат од Обвинителството, преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот. Во близина на телото бил ...
Стотици луѓе се очекува да протестираат при отворањето на новиот американски конзулат во Нук, по изјавите на специјалниот пратеник на САД за Гренланд дека е време Вашингтон „повторно да го стави својот отпечаток“ врз арктичката територија, пренесува Гардијан. Посетата доаѓа откако американскиот специјален пратеник Џеф Ландри пристигна во Нук без покана, со делегација во која имало и лекар, што предизвика остри реакции откако тој изјави дека е ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изнесе нов предлог за забрзување на процесот на членство на Украина во Европската Унија, со кој земјата би добила делумен пристап уште на почетокот, пишува Euractiv, повикувајќи се на документ што го видел нивниот известувач. Според германскиот план, Украина првично би станала „асоцијативна членка“, статус што би ѝ овозможил учество на состаноците на лидерите и министрите на ЕУ, но без право на глас. „Немаме ...
Еропската комисија одобри нов пакет финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан во рамки на Планот за раст, при што Македонија ќе добие 65,7 милиони евра, Албанија 49 милиони евра, а Црна Гора 44,2 милиони евра. Поддршката од 65,7 милиони евра во рамки на Инструментот за реформи и раст, доаѓа откако Европската комисија позитивно ги оцени реформите што земјава ги спроведе во областа на образованието и дигиталната трансформација. Исплатата ...
Дезинформациите, странските информациски влијанија и злоупотребата на вештачката интелигенција стануваат сè поголем предизвик за демократските процеси во Европа. Поради тоа неопходно е земјите кандидатки за членство во ЕУ да бидат вклучени што е можно повеќе во Европскиот демократски штит. Ова беше истакнато на настанот насловен „Градење отпорност кон изборни манипулации со информации“ кој вклучуваше дијалог со засегнати страни и работилница ...
Странското мешање и манипулации со информации (ФИМИ) не секогаш се појавуваат како една лажна сторија или една погрешна објава, туку функционираат преку шеми, ја засилуваат недовербата и ги искористуваат поделбите. Дезинформациите ја ослабнуваат довербата во институциите, медиумите и демократските процеси и понекогаш целта не е да ги убедат граѓаните во еден наратив, туку да ги натераат да веруваат дека ништо не е вистина, на ништо не може да ...
Источна Турција беше погодена од земјотрес со магнитуда од 5,6 степени, соопштија службите за итни случаи на Турција. Според Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби, земјотресот го погоди округот Баталгази во покраината Малатја во 9 часот наутро, а длабочината беше 7 километри. Нема непосредни извештаи за штети, но телевизиските снимки покажаа дека училиштата се евакуираат, а жителите брзаат надвор. Турција се наоѓа ...
Вредноста на минималната синдикална кошничка за мај 2026 година во Македонија достигнува 68.743 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија. Ова претставува мало намалување од 54,00 денари во споредба со минатиот месец. Според објавените податоци, структурата на месечните трошоци за едно семејство вклучува најголемо учество за храна и пијалоци односно 25.475 денари или 37 отсто. Кога станува збор за трошоците за изнајмен стан од 60 ...