Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Дезинформација е дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми. – Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката, изјавил Адеми за „Слободен печат“, во врска со пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активната политика по изборите. Според информациите на медиумот ...
ОВЕН (21. 3 – 20. 4) Месечината во деветтата куќа бара максимален труд кога станува збор за договори со партнери од странство или некакво стручно усовршување. Средба со некој на чии шарм тешко ќе останете рамнодушни. Главоболка. БИК (21. 4 – 21. 5) Со Месецот во куќата на финансии, парите доаѓаат преку бизнис со лица кои живеат во странство. Ви пречи што некој што ви се допаѓа е премногу таинствен. Конфликт или расправија со брачен или ...
Цените на вообичаената кошничка за домаќинства во грчките супермаркети и понатаму се пониски во споредба со Франција, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Германија и Романија, додека Грција бележи најголема даночна оптовареност од ДДВ меѓу седумте анализирани земји, покажуваат резултатите од истражувањето на грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА). Во истражувањето биле споредени цените во ...
Албанскиот премиер Еди Рама за време на престојот во Лондон нагласи дека Албанија никогаш нема да прифати формирање центри за враќање на мигранти на нејзина територија, пренесува Клан Косово. Шефот на албанската влада во интервју за Би-Би-Си објасни дека, иако има посебен договор со Италија за третман на барателите на азил, Албанија никогаш нема да прифати формирање центри за враќање на нејзина територија. „Тоа беше уникатен договор со ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец, кој ќе достигне над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а ...
Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за ...
Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година стапува во сила викендов. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. ...
Со огромната победа на 19-ти октомври, граѓаните направија вистински избор, гласаа за работа, перспектива и иднина. Гласаа за нови улици, нови булевари, мостови и клучки, гласаа за нови градинки, училишта, гласаа за нови паркинг места, нови катни гаражи, гласаа за континуираната поддршка од локалните самоуправи кон граѓаните, преку субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, полагање на возачки испити и за поддршка на ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски истакнува дека време е културата да ги соедини минатото и иднината во интерес на сите луѓе. -„Скупи” ќе добие нова културна сцена, Скопското Кале ќе биде збогатено со нови културни сцени и содржини, запоставениот простор околу Аквадуктот ќе биде облагороден исто така со нови културни содржини. Доаѓа време кога сите ќе живееме подобро, вели Ѓорѓиевски. Им порача на ...
Три често скриени „маани“ што повеќето од нас ги имаат – дури и ако не ги признаваме јавно. Овие маани не се катастрофални, но можат да влијаат на нашите односи, самодоверба и начинот на кој другите нè перцепираат. Перфекционизам скриен зад продуктивноста Многу луѓе ја користат работата и постојаната активност како начин да ги сокријат своите несигурности. Кога правите нешто совршено, се очекува никогаш да не направите грешка – па затоа ...
„Сивиот развод“ станува сè почест Дали некогаш сте слушнале за „сив развод“? Овој термин се однесува на развод на постари парови, обично во нивните педесетти години или подоцна, од различни причини. Додека помладите парови често се разведуваат поради неверство, злоупотреба, финансиски проблеми или недостаток на искуство во долгорочни врски, постарите парови имаат тенденција да се разведуваат поради широк спектар на проблеми што се акумулирале ...
За првпат во историјата, комарци се најдени на Исланд. Имено, три единки од видот „Culiseta annulata“ се откриени овој месец, од страна на Бјорн Хјалтасон во неговата градина во Општината Кјос во западен Исланд, кој за „Исланд монитор“ (Iceland Monitor) изјави дека никогаш порано не видел вакви инсекти. – Веднаш можев да кажам дека ова е нешто што никогаш порано не сум го видел, рече Хјалтасон за првата најдена единка. Од 16 до 18 октомври, ...
Скорпија Кога се спомнува одмазда, Шкорпијата секогаш е на прво место. Нејзиниот интензитет и емоционална длабочина значат дека ништо не заборава – а уште помалку простува. Ако ја повредите, нема веднаш да реагира. Ќе чека трпеливо, ќе дозволи да помислите дека сè е заборавено… а потоа ќе ви покаже дека со неа нема игра. Јарец Јарците не се класични осветници. Тие не губат време на ситни препирки, но никогаш не забораваат кој ги потценил. ...
Лекувањето на британскиот крал Чарлс III од рак се покажа како многу покомплицирано отколку што јавноста претпоставуваше, објавува RadarOnline. Како што е наведено во написите, поради влошената здравствена состојба на монархот, принцот Вилијам веќе презеде голем дел од кралските должности и сè повеќе влегува во улогата на иден владетел. На кралот Чарлс III му беше дијагностицирана малигна болест во февруари 2024 година, по што започна ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Израел не е протекторат на САД. – Ние не сме протекторат на САД. Израел е тој што одлучува за својата безбедност, наведе Нетанјаху. Претходно, Венс изјави дека разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа ќе бидат „многу тешки задачи“. -Пред нас е многу, многу тешка задача, да го разоружаме Хамас и да ја обновиме Газа, да го ...
Шведска преговара за продажба на меѓу 100 и 150 борбени авиони „Сааб ЈАС Грипен“ на Украина, изјави денеска премиерот Улф Кристерсон по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски рече дека Украина има намера да ги воведе и да почне да ги користи „Грипен“ веќе од следната година. -За нашата армија, „Грипен“ се приоритет, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со Кристерсон. Двајцата лидери го посетија Линкопинг, ...
За Украина е неприфатлива каква и да било идеја за отстапување на дел од својата територија на Русија, бидејќи тоа е прашање што го засега нејзиниот суверенитет, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференцијата по неговото денешно учество на Самиотот на ЕУ во Брисел. Изјавата на Зеленски беше одговор на новинарско прашање во врака со информациите дека врз Украина се врши притисок да се согласи на „размена на територии“ ...
Цачи Ханегби, советник за национална безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска соопшти дека премиерот го разрешил и дека оваа одлука стапила на сила веднаш. „Тајмс од Израел“ пренесе дека Ханегби, долгогодишен член на партијата Ликуд и поранешен министер уште од 1990-тите, наводно се спротивставил на планот на Нетанјаху во текот на летото да се започне со копнена офанзива врз Газа, како и на неуспешниот обид за убиство на ...
Унгарија има намера да ја оспори одлуката на Советот на Европската Унија за забрана за испорака на руски гас пред Европскиот суд на правдата, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Сијарто истакна дека Унгарија ги смета за нелегални постапките на Советот на ЕУ бидејќи одлуката не е донесена едногласно, туку со квалификувано мнозинство, што се објаснува со проценката дека станува збор за трговија, а не за санкции. Поради ...
Консензусот во одлучувањето повеќе нема смисла доколку сакаме поефикасна улога на ЕУ, чии стратешки императив повеќе од кога било досега е проширувањето и обезбедувањето поголема и посилна Унија, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето во Европскиот парламент на дебата „Институционални последици од преговорите за проширување на ЕУ’. – Долгогодишен, конзистентен и добро познат став на Комисијата е дека е време да се ...
Француските власти го зголемија нивото на тревога поради ширење на птичји грип од средно на високо, и побараа од живинарските фарми низ целата земја да ја чуваат живината во затворен простор, предупредувајќи дека Европа се соочува со сезонска епидемија на болеста. – Уредбата со која се наредува зголемување на нивото на тревога од средно на високо е издадена по докази за инфекција меѓу дивите птици преселници во Европа, вклучително и Франција, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека неговите сојузници на Блиски Исток се подготвени на негово барање да испратат војници во Појасот Газа, ако Хамас не престане со кршење на договорот за прекин на огнот. – Голем број од нашите сега главни сојузници на Блиски Исток и околните области експлицитно и цврсто ме информираа дека би ја поздравиле можноста, на мое барање, да влезат со сила во Газа и да го коригираат Хамас доколку ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс кој денеска пристигна во Израел и зборуваше за постигнатото примирје меѓу Хамас и Израел, вечерва изјави дека верува оти тоа ќе се одржи. Потпретседателот рече дека „секој има улога“ во однос на тоа кои земји ќе придонесат со мировни сили во Газа, но дека одлуката на крајот е на премиерот Бенјамин Нетанјаху. „Она што го видовме минатата недела ми дава голема надеж дека примирјето ќе се одржи. Со оглед на ...
На една недела пред гласањето на парламентарните избори во Холандија, десничарскиот популист Герт Вилдерс останува јасен фаворит, покажува најновата анкета на јавното мислење пренесува ДПА. Репрезентативната анкета на Институтот Вериан за ТВ-програмата EenVandaag предвидува дека Партијата за слободата (PVV) на Вилдерс ќе освои 34 од 150-те места во парламентот, што ја прави убедливо најсилната партија – како што беше на последните избори пред ...
Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден го заврши циклусот на радиотерапија за агресивен рак на простата и покажува охрабрувачки знаци на напредок, објавија денеска американските медиуми. Портпаролката на Бајден, Кели Скали, потврди за Си-Би-Ес Њуз дека поранешниот претседател, кој следниот месец ќе наполни 83 години, вчера завршил неколкунеделна радиотерапија во Центарот за радиологија и онкологија Пен во Филаделфија во процесот на ...
Јапонскиот министер за трговија Јоџи Муто изјави дека Токио во однос на увозот на руски енергенси ќе дејствува врз основа на националниот интерес и во координација со меѓународната заедница. Министерот за финансии на САД, Скот Бесант минатата недела му пренел на јапонскиот министер за финансии Кацунобу Като дека администрацијата на Доналд Трамп очекува Јапонија да престане да увезува руски енергенси. – Од инвазијата на Украина, Јапонија ...
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата одговорно тврди дека сите одлуки предложени од страна на Арсовска до Советот врзани со Комунална хигиена се прифатени и гласани од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Апелираме да каже која одлука врзана со тековното работење на Комунална хигиена не е изгласана од советниците? Тезата на Арсовска дека овој проблем е намерно создаден е површна, неточна ...
Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, а на „ГП“ Блаце околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува ...
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод 23. Октомври – Ден на македонската револуционерна борба упатува честитка на македонските граѓани. Целата честитка од министерот Мисајловски до граѓаните во продолжение: „Почитувани граѓани, Денешниот ден нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. Искрата разгорена токму на овој ден во 1893 година ја претвори македонската мисла во движење и ...