
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Холандија од денеска почнува засилени гранични контроли, како што беше најавено на 11 ноември. Дополнителните гранични проверки се дел од ветувањето на новата десничарска влада за борба против трговијата со луѓе, илегалната имиграција и прекуграничниот криминал, објавија холандските медиуми. Претходно, Германија воведе гранични контроли, а Франција исто така почна да врши проверки. Проверките ќе ги врши Кралската воена полиција, која е одговорна ...
Агенцијата на Обединети нации за бегалци оцени дека ситуацијата во Сирија е „една од најголемите кризи со раселување во светот“. Се проценува дека во 2023 година околу 6,4 милиони Сиријци ја напуштиле земјата, од кои 5,1 милиони живеат во соседните земји – Египет, Ирак, Јордан, Либан и Турција. Во Турција сместени се 3,2 милиони Сиријци, во Либан 784.900, во Германија 705.000 и во Јордан речиси 650.000. Додека внатрешно раселени се 7,2 милиони ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека испратила свои експерти да им помогнат на здравствените власти во Демократска Република Конго да се истражи сè уште непозната болест која предизвика повеќе смртни случаи во оддалечен дел од земјата. Во соопштението се наведува дека експертите на СЗО се на пат кон Панзи во југозападната провинција Квангџу во Конго, каде што ќе ги достават потребните лекови и апаратура која ќе помогне ...
Игор Сечин, извршен директор на Роснефт, најголемата руска нафтена компанија, изјави дека глобалниот енергетски сектор е сцена на хибридна војна. – Најголемиот ривал на доларот ќе биде златото, кое човештвото го користело за платежни илјадници години, рече Сечин во говорот на 17-от Евроазиски економски форум, одржан во Рас Ал Хамија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Тој оцени дека светот влегол во процес во кој Соединетите Американски Држави ...
Црна Гора во првите десет месеци од годинава увезла стоки во вредност од 3,4 милијарди, а извезла седум пати помалку. – Во споредба со истиот период лани, годинава извозот е помал за 15 отсто, а увозот поголем за повеќе од шест отсто, објави Монстат. Растот на надворешнотрговскиот дефицит е негативна слика за црногорската економија, изјави економскиот аналитичар Мирза Мулешковиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ). – До октомври имавме само 14,1 ...
Хрватската Влада денеска одлучи пред католлички Божиќ на сите пензионери и корисници на државниот додаток за стари лица да им исплати еднократен додаток од 80 евра, за што ќе бидат осигурани околу 100 милиони евра, јави Хина. „Владата денеска е во позиција да донесе одлука за додаток во пресрет на Божик во висина од 80 евра за сите пензионери, над еден милион и 230.000 од нив.Сметаме дека ова е многу добро во моментов и дека на овој начин ќе ...
Kривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, перење пари…, информираат од МВР. Денеска (10.12.2024) беше спроведена координирана полициска акција под директно раководство на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција , при што се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Битола, Неготино, ...
Економскиот раст наредната година ќе биде 3,7 % на што го базираме ова, третиот квартал оваа година имаме раст на БДП од 3%, четвртиот квартал ќе го завршиме со уште поголем економски раст, а веќе ефектот ќе го видиме во првиот квартал од наредната година кога на сите ќе им стане јасно дека со почнувањето на имплементацијaта на капиталните инвестиции, со покачувањето на платите, со подобрувањето на бизнис климата, ќе отидеме зошто и не над овој ...
Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои: Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат. Нема да има исплата на 13та плата во сите органи на државната ...
Собранието попладнево на пленарна седница го заврши претресот по дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година. Според најавите, седницата треба да продолжи во 17:45 минути. Согласно проекциите, вкупните приходи во буџетот за 2025 година се планирани на ниво од 358,8 милијарди, додека расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, додека ...
На предлог на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски владата денес донела одлука за враќање на Мухаби Синани од позицијата Генерален конзул на државата во Њујорк, кој на оваа позиција беше испратен само неколку месеци пред парламентарните избори годинава. Станува збор за кадар близок на Бујар Османи, кој на негов предлог и спротивно на законите прописи, само неколку месеци пред изборите, со потпис на Артан Груби, кој тогаш претседавал ...
Најголемата балканска и регионалана ѕвезда Аца Лукас на големо се подготвува за скопскиот спектакл закажан за 25 декември во салата Борис Трајковски. Опремата за концертот веќе е на пат за Македонија, а како што најавуваат од продукцијата задолжена за настанот, Аца Лукас покрај големиот бенд и гостите, најавува и најсофистицирана аудио и видео опрема која ќе го надополни пред-новогодишниот амбиент. Тој пред македонската публика со својот ...
СВР Скопје ја информира јавноста дека поради одржување на протест, денеска (10.12.2024) со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчињски“ во Скопје. Исто така, со почеток од 16.00 часот, поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе ...
Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова денеска им порача на партиските лидери да се воздржуваат од коментари воочи одлуката на Уставниот суд по однос Законот за јазиците. -Како партиски, како лични, како субјективни одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментар. Најмалку е што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да си работи согласно Уставот и Деловникот, рече ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени. Според ...
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 22. седница, на чиј дневен ред се Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2025 година, како и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2025 година, по скратена постапка. На предложениот дневен ред се и одлуката за ...
Според неофицијални информации, станува збор за сомненија за сторени криминали од ексфункционери со рударско-енергетскиот комбинат. Голема полициска акција поврзана со тендери спроведувани од РЕК Битола се спроведува во Македонија. Претреси, одземање на документација, распити се само дел од дејствијата, кои неофицијално, ќе се преземат во текот на денешниот ден, а започнале од рано утринава. „Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ...
Денес имам чест и одговорност да зборувам за еден од најважните столбови на нашата демократија – локалната самоуправа. Таа претставува основа врз која се гради развојот на секоја заедница и мостот кој ги поврзува граѓаните со државните институции, изјави премиерот на Владата, Христијан Мицкоски. -Локалната самоуправа е срцето на локалниот развој. Таа е тука да ги препознае и задоволи потребите на секој граѓанин, да го унапреди животот во нашите ...
Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат локални владетели, ниту пак статисти во процесите, туку фактори за развој и решавање на проблемите. Ова го истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација во организација на Министерството за локална самоуправа, насловена „Кон одржлива локална самоуправа: предизвици, можности и стратегија за иднината“. – Ние ...
Овен Денеска ќе ве придружува силна енергија и решителност. Користете го ова за да ги завршите важните задачи. Внимавајте на комуникацијата со колегите, бидете тактични. Можни проблеми со ’рбетот. Бик Финансиите ќе бидат вашиот фокус. Можна е добра можност за дополнителни приходи, но размислете пред да донесете одлуки. Покажете повеќе разбирање во емотивните односи. Можеби вашиот партнер има премногу барања, но на вас останува да го поддржите. ...
Вага Вагите сочинуваат најмногу, дури 12 отсто од светските милијардери, благодарение на нивните дипломатски и преговарачки вештини. Знаат како да постигнат компромис и да се движат во сложени социјални ситуации, што може да им помогне во деловните преговори и склучувањето поволни договори. Тие се исклучително социјални и лесно воспоставуваат односи со луѓето. Нивните мрежни вештини можат да отворат врати за многу деловни можности и соработки ...
Постои еден подарок што секогаш им изгледа пригоден на мажите кога купуваат набрзина, но жените го мразат. При избор на подарок, најдобро е да изберете нешто лично и оригинално, но во отсуство на време и идеи, најлесно е да ја зграпчите првата работа што ќе ја најдете на полицата. Сепак, не правете го ова затоа што вашите партнери, мајки, тетки дури и вашите деца нема да го ценат тоа. Ви откриваме кој подарок, според мислењето на жените, е ...
Постојат луѓе кои работат дури и кога се болни, како и такви кои често велат дека се болни за да не работат, а има и такви кои наместо да настинат – користат некои други изговори за да не доаѓаат на работа. Податоците што шефовите ги „собирале“ во минатото, од нивните работници, навистина нè тераат да се запрашаме – кој можел да смисли такво нешто? Одговорот е: Многумина. Имено, истражувањето покажало дека околу 30 проценти од работниците се ...
Не е лесно да се дојде до милиони и милијарди долари на сметката, но освен знаење, вештини и среќа, треба да се „поклопат“ и некои други работи. На пример, каков тип на личност сте. Покрај тоа, секогаш можете да започнете одново и да прифатите навики кои водат до успех. Ако верувате во Бил Гејтс, Џеф Безос, Илон Маск, Ворен Бафет или Опра Винфри, со овие 5 „трикови“ можете да бидете на врвот на светот. 1. За почеток, никогаш не ги намалувајте ...
Тие добро се забавуваат и многу смеа е загарантирана! Астролозите велат дека на тоа има големо влијание хороскопскиот знак, а ова се петте најдуховити и најгенијални хороскопски знаци кои имаат сè – и хумор и интелигенција. Овен Тие се многу остроумни и размислуваат брзо. Тие секогаш ќе ве насмеат со некој паметен форум, па разговорот ќе се движи во насока за која другите не би ни помислувале. Близнаци Тие се неверојатно духовити и подеднакво ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави веста за паѓањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, наведувајќи дека конечно „паднала варварската држава“. Макрон на платформата Икс напиша дека Франција ќе остане посветена на безбедноста на сите народи на Блискиот Исток. „Варварската држава падна. Конечно. Му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст, за трпението. Во овој момент на неизвесност, им посакувам ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во врска со процесот што доведе до паѓање на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави дека ова е историски ден за Блискиот Исток. „Режимот на Асад е централната алка во иранската оска на злото – овој режим падна“, рече Нетанјаху за време на посетата на планината Бентал на границата на Израел со Сирија, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху тврди дека ова е директен резултат на нападите ...
Пентагон денеска соопшти дека САД ќе го задржат своето присуство во источниот дел на Сирија и ќе преземат соодветни чекори за да го спречат обновувањето на терористичката група „Исламска држава“. Заменик-помошникот на секретарот за одбрана за Блискиот Исток, Даниел Шапиро, повика на заштита на цивилите, особено на малцинствата и на почитување на меѓународното право, пренесува Скај Њуз. Американскиот амбасадор Роберт Вуд минатата недела изјави ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување дека ќе може да постигне договор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за заедничка стратегија за Украина, а тоа го изјави откако имале телефонски разговор. „Убеден сум дека можеме да развиеме заедничка стратегија за Украина. Мојот основен принцип останува дека ништо не може да се реши без да се вклучи украинскиот народ во тоа“, рече Шолц во интервју за медиумската група „Функе“. ...
Во борбите меѓу бунтовниците и сириските сили раселени се 280.000 луѓе од 27 ноември и брзото напредување на исламистичките групи во Сирија, објавија денеска Обединетите нации, изразувајќи стравувања дека бројката може да се искачи на 1,5 милиони. -Бројката што ја имаме е 280.000 луѓе заклучно со 27 ноември. Тоа е ажурирана бројка од синоќа. Не го вклучува бројот на луѓе кои избегаа од Либан за време на неодамнешната ескалација на борбите меѓу ...