Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Во периодот од 01.01.2026-31.01.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 15.943 издадени платни налози, 3.683 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 74 лица, од кои 67 за ...
На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, скопско, од заталкано зрно било повредено ...
„Денес ја одржуваме конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно застанува цврсто, системски и бескомпромисно против криминалот и корупцијата. Оваа Влада ја започна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои ...
Владата го објави годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година кој започнува масивни инвестиции од над 5,7 милијарди евра во производство и складирање на електрична енергија. Министерката Сања Божиновска, денеска на прес-конференција појасни дека планот вклучува реализација на 67 нови енергетски објекти за производство на електрична енергија со моќност од најмалку 1 мегават, со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 мегавати ...
ОВЕН Денеска ќе бидете во добро расположение, бидејќи луѓето од вашето опкружување ќе ви обрнат поголемо внимание. Можно е да се пројавите на некој начин или едноставно да се истакнете и да бидете забележани. Денот е одличен за забави и секаков вид занимација, лесно ќе станете аниматорот во друштвото. БИК Денеска, благодарение на соработката со луѓето од вашето опкружување, работите ќе одат во добра насока. Инвестирајте во разговори и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег во крајните западни делови, каде ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од -6 до 0 степени, а дневните од 0 до 9 степени Целзиусови. Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од променлив правец. Во следните денови наместа ќе има услови за слаби ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП Водовод и канализација. Секторот за санитарна контрола во периодот од 26 до 30 јануари 2026 година земал 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП Водовод и канализација. Секторот за санитарна ...
Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната ...
На 01.02.2026 во 14:05 часот во село Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Е.Н.(33) од истото село. Тој бил баран по наредба од Основен суд Тетово за издржување на затворска казна во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување казната. На 01.02.2026 во ...
На 01.02.2026 во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Г.(22) од с.Ношпал, битолско. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 километри на час, каде што брзината е ограничена на 60 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...
Дознајте што точно вашиот датум на раѓање кажува за вас од перспектива на нумеролошката астрологија. Ако ги погледнете карактеристиките по ден во месецот, од 1-ви до 31-ви во месецот, тогаш повеќе не зборуваме за класичен хороскоп, туку за нумеролошка астрологија – систем кој го толкува денот на раѓање како симбол на личноста, внатрешните мотиви и начинот на кој човекот се однесува во светот. Тука се зема предвид бројот на денови, а не знакот ...
Бик За вас оваа недела носи чувство дека нешто конечно се придвижува по долг период на чекање. Со Уран кој тргнува директно во вашиот знак, се отвора простор за олеснување, јасност и конкретен напредок — особено околу стабилноста, финансиите и личните избори. Она што сте го граделе трпеливо и одговорно сега почнува да дава резултати. Неделата ви носи чувство дека повторно стоите цврсто на своја почва и дека имате право да одберете поинаку од ...
ОВЕН Работа – Вие сте еден од знаците на кои Фербоар им носи голема пресвртница, бидејќи Сатурн и Нептун влегуваат во вашиот знак . Првата половина од февруари ќе ви биде полесна на сите полиња, додека Сатурн ќе почне да создава судбоносни околности од 14 февруари. Ретроградниот Меркур во Риби на 26 февруари најмногу ќе го погоди вашето работно поле, затоа внимавајте на погрешни проценки и одлуки. Љубов – Во љубовта, пријателската поддршка ќе ...
Помалку од една десетина од Европејците, во просек 9,8 проценти, признаваат дека користат генеративна вештачка интелигенција за формални образовни цели во 2025 година. Лидери во употребата на вештачка интелигенција во образованието се Шведска, Малта, Данска, Шпанија и Естонија. Унгарците се на дното на листата, по нив следуваат Романците, Полјаците, Бугарите и Германците. Европската Унија продолжува да инвестира во нови мерки за поддршка на ...
Во време на пандемија од коронавирус, но исто така и сезонски респираторни заболувања, ние се грижиме повеќе за здравјето од кога било досега. Сепак, без оглед на сето тоа, секогаш е вистинско време да се зајакне имунитетот со природно масло и да се внесат витамини и минерали. Затоа се повеќе се зборува за црниот ким, бидејќи овие семиња имаат многу корисни состојки – тиамин, ниацин, фолна киселина, железо, калциум, бета каротен. Научниците ...
Додека мажите обично можат да доживеат само еден оргазам во сексот, жените можат да доживеат повеќе. Понекогаш можете да слушнете луѓе како се шегуваат за тоа колку трае некој во кревет, обично мажите се натпреваруваат во тоа. Но, колку според жените треба да трае сексот е комплексно прашање затоа што комбинира многу претпоставки за тоа што е вклучено во сексот, колку се важни оргазмите и како всушност функционира женскиот оргазам, како што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата. – Не сум ги видел документите лично, но некои многу важни луѓе ми кажаа дека тие не само што ме ослободуваат, туку покажуваат спротивно од она што радикалната левица и другите го очекуваа, им рече Трамп на новинарите во ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека Европска Унија планира да ја прими Украина до 2027 година за Киев да има пристап до следниот седумгодишен буџет на ЕУ. -Тие сакаат да ја примат Украина во 2027 година затоа што сакаат да ѝ дадат пари од буџетот, од седумгодишниот европски буџет почнувајќи од 2028 година, што значи дека овие пари ќе бидат земени од нас, земјите од Централна Европа, наведе Орбан. Тој додаде дека „постои временски ...
Владата на САД одобри продажба на оружје за Израел во вредност од речиси 6,7 милијарди долари. Тоа вклучува нови напаѓачки хеликоптери и оклопни возила, според Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста на САД (DSCA). Планираните договори со Израел вклучуваат 30 напаѓачки хеликоптери Apache и сродна опрема во вредност од нешто помалку од 3,8 милијарди долари, 3.250 лесни тактички возила Joint Light Tactical Vehicle за 1,98 милијарди ...
Во една од многуте новообјавени е-пораки, осудениот педофил Џефри Епштајн – кој беше пронајден обесен во својата ќелија во 2019 година додека чекаше судење за трговија со луѓе – наведува дека Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, основачот и поранешен директор на Мајкрософт и коосновач на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, се заразил со сексуално пренослива болест откако спиел со млади Русинки, објавува британскиот „Телеграф“. На 18 ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Загреб разговараа за проширувањето на Европската Унија, при што Пленковиќ истакна дека земјите од Југоисточна Европа не смеат да бидат запоставени ниту изложени на влијанието на „други глобални актери“. Пленковиќ и Мерц одржаа билатерална средба на маргините на неформалниот состанок на Европската народна партија (ЕПП), кој вчера и денеска се одржа во хрватската ...
Измамата најчесто се шири преку профили кои се претставуваат како официјални дистрибутери на популарната онлајн-платформа Temu. Во објавите се тврди дека компанијата започнала специјална програма за распределба на наводно „непреземени“ или „заборавени“ пакети кои останале во магацините. Како доказ, се користат манипулирани или преземени фотографии од магацини преполни со електронска опрема, со цел да се создаде впечаток на легитимност. Од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста да ја обезбеди безбедноста на Киев и другите украински градови за време на екстремниот зимски период. „Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери да ни помогнат да ги заштитиме животите. Ви благодарам, претседателе Трамп. Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите ...
Русија нема информации за тоа какви безбедносни гаранции договориле САД и Украина, изјави за новинарите рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС. – Не знаеме за какви гаранции се договориле, но, судејќи по сè, станува збор за гаранции за истиот украински режим кој води русофобна, неонацистичка политика, истакна министерот. Лавров додаде дека Москва ќе ги разгледува „реалните предлози за Украина и нема да се ...
Астрономите открија нова планета со големина на Земјата, на околу 146 светлосни години оддалеченост, за којашто науката проценува дека има 50 отсто шанси да се наоѓа во погодната за живеење зона на својата ѕвезда, велат истражувачите. Планетата, наречена „ХД 137010 б“ (HD 137010 b), орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето и се проценува дека е околу шест насто поголема од Земјата, објави „Гардијан“. Истражувањето, првично објавено во ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој треба да се повлече од функцијата на крајот на оваа година, уште еднаш даде јасна поддршка за тоа жена да го наследи на позицијата. – Мислам дека очигледно е време за Обединетите нации да имаат жена на своето чело, рече Гутереш синоќа на својата традиционална новогодишна прес-конференција во Њујорк. „Немам никаков сомнеж во тоа“, додаде тој. Гутереш е на чело на ОН од 2017 година, а вториот и ...
ФБИ го презеде раководењето со истрагата за смртта на Алекс Прети, жител на Минеаполис, кој беше фатално застрелан од агенти на Агенцијата за имиграција и царинска контрола (ICE) и Царинската и гранична заштита, соопштија американските власти. Министерството за внатрешна безбедност првично најави дека сопствената единица за внатрешни истраги ќе го води случајот, но подоцна беше објавено дека Федералното биро за истраги (ФБИ) ќе го преземе ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков изјави дека се чекаат препораките од УНЕСКО за Охрид и Окридскиот Регион откако заедно Албанија е пратен извештај во седиштето на оваа организација на ОН. На новинарско прашање на прес-конференција посветена на резултатите од годишните конкурси за проекти во култуата во 2026 и што ќе се преземе за заштита на Охридскиот Регион како културно наследство во опасност, Љутков одговори дека тој наследил ...
Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници, но дека ќе мора да се согласат да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор којшто, како што кажа, е збунувачки и за него ќе треба да се преговара. – Јас сум секогаш подготвен за средба. Апсолутно можеме да договориме средба и немаше потреба од никакви јавни коментари поврзани со оваа ...