Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6151 издадени платни налози, 1573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување ...
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот. Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија. Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете ...
Овен Огнениот тригон денес работи целосно во ваша корист, полнејќи ве со речиси неисцрпна енергија. Со Марс во вашиот сектор на патување и филозофија, вашата жед за нови хоризонти е незаситна. Сепак, директниот Нептун ве поттикнува да престанете да се лажете себеси за траумите од минатото или скриениот страв. Денес е време да се ослободите од тоа. Дејствувајте со тресок, но проверете ги фактите. Бик Месечината во Лав го осветлува вашиот ...
Најниска температута од -4 степени утрово е измерена во Берово и Битола, -2 во Тетово и Струмица, -1 во Скопје, Прилеп, Демир Капија и Гевгелија, а највисоки плус четири степени се регистрирани во Ѓуриште, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Досега ...
Речиси 40 проценти од студентите на холандските универзитети и универзитети за применети науки заостануваат во своите студии, при што стресот, депресијата и другите проблеми со менталното здравје се главните фактори, покажаа резултатите од новото истражување на најголемата холандска студентска организација Interstedelijk Studentenoverleg (ISO). Анкетата, во која учествувале 7.542 студенти, покажа дека 37 проценти пријавиле доцнење во ...
Во радиус од 1.600 километри, таа е целосно опкружена со океан, без соседни земји. Оваа земја се наоѓа во Тихиот Океан и е поделена на два главни острови. Нејзината површина достигнува 270.000 квадратни километри, има 5 милиони жители. Oваа земја има 30 милиони овци, во просек 6 овци по лице. Можете да возите половина час низ огромни полиња без да сретнете никого. Не само тоа, туку во радиус од само неколку десетици километри можете да видите ...
Продолжни кабли се наоѓаат во речиси секое домаќинство, но нивната неправилна употреба може да претставува сериозна опасност од пожар. Експертот за енергетска ефикасност, Гордон Волис, од Your NRG, предупредува дека апаратите со голема моќност никогаш не треба да се вклучуваат во продолжни кабли, без оглед на практичноста. -Продолжните кабли имаат свое место во домот, но важно е да се разберат нивните ограничувања. Тие се дизајнирани за ...
Во секоја врска или пријателство, секогаш има луѓе што не умеат да сакаат гласно, но сакаат длабоко. Понекогаш, нивната грижа изгледа како тишина, како двоумење, како премногу мислење пред секој чекор. Во психологијата често се говори за ваквите динамики. Според Д-р Стивен Хејс, „луѓето најмногу избегнуваат токму она што им е најважно, затоа што таму лежат и најдлабоките ризици.“ Некои од вас што го читаат ова сигурно се препознаваат: кога ...
Американскиот глумец Леонардо ди Каприо смета дека вештачката интелигенција не може да биде уметност, затоа што „ѝ недостасува човечност“, како што нагласи во новото интервју во „Тајм“. На 8 декември, списанието и уредниците го прогласија актерот за „Уметник на годината“, па во придружното интервју, тој се осврна и на јавната дебата за употребата на ВИ во филмот. Имено, иако „Оскаровецот“ гледа потенцијал во технологијата како „алатка за ...
Кафето може да ја намали ефикасноста на антибиотиците – еве зошто треба да бидете внимателни. Многумина од нас не можат да замислат утро без шолја кафе, но ново истражување предупредува дека овој популарен пијалок може да се меша во ефикасноста на одредени антибиотици. Кафето е еден од најомилените пијалоци во светот и дел од утринскиот ритуал на милиони луѓе. Познато е по своите бројни придобивки: го стимулира срцето, го поддржува здравјето ...
Украина и нејзините партнери работат на три клучни документи што ја формираат основата на тековните дипломатски напори за завршување на војната со Русија, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. Планот вклучува рамковен мировен договор, безбедносни гаранции и реконструкција на земјата, пишува Киев Индепендент. Зеленски им објасни на новинарите дека главниот рамковен план сега вклучува 20 точки, откако преговарачите отфрлија некои од ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп не се согласија за предложениот пакет за финансиска помош од 20 милијарди долари, но ветија дека ќе започнат разговори за нова форма на финансиска соработка, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Унгарскиот министер за надворешни работи реагираше на интервјуто на Трамп, кое беше емитувано претходно денеска од порталот „Политико“ со ...
Британскиот премиер Кир Стармер го известил својот кабинет дека „влоговите остануваат високи“, но дека Велика Британија продолжува да работи со „сите свои партнери“ за да обезбеди мир во Украина, во момент кога Доналд Трамп го критикуваше неуспехот на европските лидери да стават крај на војната. Ова доаѓа откако Стармер беше домаќин на кризни разговори со европските сојузници за иднината на земјата, кои Трамп ги нарече „слаби“ лидери на ...
Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван, а нејзината безбедност гарантирана на долгорочен аспект при секаков мировен договор со Русија, изјавија денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Двајцата лидери на Европската Унија упатија иста порака на социјалните мрежи по состанокот во Брисел со украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави воведување на единствен правилник во САД за компании кои развиваат вештачка интелигенција (ВИ). На својата социјална мрежа „Трут соушал“ тој наведе дека оваа мерка е неопходна за САД да ја задржи глобалната предност во областа на ВИ. Трамп истакна дека вклучувањето на сите 50 американски сојузни држави во процесот на одобрување на регулативата би можело во почетокот да го успори развојот ...
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска оцени дека Брисел се подготвува за војна со Русија и дека веќе постои целен датум за влегување во војна – 2030 година. На својата Фејсбук страница, Орбан напиша дека целта на програмата за вооружување што ја покрена Брисел е Европската Унија да биде подготвена за војна до 2030 година, што е и целниот датум за забрзана процедура за членство на Украина во ЕУ, пренесува Хирадо. „Темни облаци се собираат ...
Програмата за животна средина при Обединетите нации (УНЕА) денеска ја започна својата седма сесија во Најроби со пленарна седница на која присуствуваа претставници на 193 земји-членки. УНЕА се состанува на секои две години во главниот град на Кенија, каде што е сместена Програмата за животна средина на ОН (УНЕП). Меѓу темите за дискусија е и борбата против еколошкиот криминал, вклучувајќи го и нелегалното сечење шуми во дождовните шуми, кое ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Даунинг стрит, каде одржува кризни разговори со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Стармер е домаќин на приватните разговори, кои се дел од засилените напори да се најде рамка за прекин на војната со Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го обвини Зеленски дека не го прочитал најновиот мировен ...
Албанската Влада официјално го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови за периодот 2026-2028, стратешки документ кој има за цел да ги подготви албанските институции да се справат со зголемените миграциски текови на територијата на земјата. Одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот а по предлог на министерот за внатрешни работи, додека нејзиното спроведување е доверено на Министерството за ...
Јас ги наведов сите причини од кои Владата се одлучи на ваков чекор, ценам дека граѓаните ова го поддржуваат и сметам дека најдобар показател за тоа е довербата од 2 процента која ја имаат и судството и обвинителството, што е буквално статистичка грешка. Ако сакаме правна држава, состојбите мора да ги подобриме, рече портпаролката на Владата Марија Митева коментирајќи ја денешната изјава на државниот јавен обвинител дека неговото разрешување ...
И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира, како по обичај, лажна слика, да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на Анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично. Така што, тука бевме да слушаме, ги слушнавме ставовите на родителите, тие коишто земаа збор. Ги слушнавме, ...
„Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција“. Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски, прашан за обвинувањата ...
По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, Министерството за образование и наука годинава исто така за прв пат ќе додели и 7 стипендии за втор и 5 стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот јазик. Конкурсите се веќе објавени. За стипендија за втор циклус на студии чиј износ е 9.000 денари и се доделува 9 месеци ...
Полициски службеници од СВР Струмица, вчера во 15:15 часот, уапсиле 22 годишен струмичанец, кој според пријавеното се сомничи дека на 7 овој месец ја нападнал неговата сопруга и притоа и нанел повреди, соопштија денеска од СВР Струмица. Според полициското соопштение, тој е задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе ...
На 08.12.2025 околу 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, кај клучка Илинден, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Ф.А., Е.А. и Н.А., сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка ...
Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена, а инвестициите во одбраната се приоритет, изјави денеска во Париз хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. „Европската безбедност е загрозена, а нарушени се и дел од темелите на трансатлантските односи“, рече Пленковиќ на предавање во Францускиот институт за меѓународни односи (IFRI), насловено „Европа на крстопат: Потврдување на суверенитетот во свет во промена“. Тој ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР ...
На 09.12.2025 во 03:57 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Г.(43) од Скопје. -Од пожарот оштетени биле гаража, како и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.А. (45) од Скопје и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(64) од Скопје, информира МВР. ...