Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ги поддржа украинскиот премиер Виктор Орбан и неговата јапонска колешка Санае Такаичи. Поддршката од Трамп е пред изборите во Унгарија и во Јапонија. – Односите помеѓу Унгарија и САД достигнаа ново ниво на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан, објави Трамп на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social). Парламентарните ...

Рајан Раут, обвинет за обид за атентат врз Доналд Трамп во 2024 година, вчера беше осуден на доживотен затвор. 59-годишниот Раут беше прогласен за виновен од порота во септември по пет точки од обвинението, вклучително и обид за убиство, откако се застапуваше сам на судењето. Судијката на американскиот окружен суд, Ајлин Канон, ја изрече казната во Форт Пирс, Флорида. Обвинителите препорачаа доживотен затвор, а Раут побара од судијата ...

Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија. На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија што започнала на ТикТок. Образложението на владата беше дека тоа е „поради содржината ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто – мото сојузот на Македонија. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, со задржување на снег на коловозот на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци и тоа до 80 метри на патот Штип – Неготино кај Серта, до 50 метри во Крушево, до 100 метри на ...

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ. Во согласност со прифатениот предлог, како што нагласуваат, синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ во текот на денешниот ден се изјаснуваат дали се за зголемување на своите плати за 40 проценти. – По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот ...

Двојните аршини на СДС и Филипче се потврдија, од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот „Безбеден град”. Сведоци бевме дека на протестите активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници, и дивееја низ градовите за да возат без возачки дозволи. Ваков начин на изразување на протест, ние ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во ...

На 05.02.2026 во 16:00 часот на ул.„Таше Милошевски” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено” со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без важечка возачка дозвола. Возилото било одземено. На ...

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од која се очекува да обезбеди поквалитетна академска едукација и да ја поттикне научно – истражувачката дејност во државата. Денес на прес конференција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ги ...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Централниот комитет (ЦК), на која ќе се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња. Во интервју за ...

Заокруживме уште една значајна посета што отвора нови можности за продлабочување на политичката, економската и трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните, напиша на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Во видео изјава, Муцунски истакнува дека е потпишан Меморандум за разбирање, како ...

На 05.02.2026 во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за ...

Овен Фокусот се префрла навнатре. Може да почувствувате потреба да се повлечете и да ги средите мислите без притисок од надвор. Денес не мора сè да биде јасно. Оставете простор за одмор и не се форсирајте со одлуки што бараат рационална прецизност. Бик Комуникацијата со пријателите и групите станува помека и поискрена. Денес е лесно да понудите поддршка, но внимавајте да не преземете премногу туѓи емоции. Балансот меѓу давање и зачувување на ...

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе ...

Град Скопје нема да дозволи да се продолжат практиките од минатото со кои биле системски уништувани јавни претпријатија, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој откри дека во тек е акција во која се откриваат низа недоследности кај правни субјекти како загуба од 1,5 милиони евра во Комунална хигиена поради невпишани површини за наплата на ѓубретарина и големи загуби во Водовод и Канализација поради, како што вели, сериозни злоупотреби со ...

Гледачите забележаа еден детаљ во анимираната ситком серија „Симпсонови“ – постоењето на остров во сопственост на осудениот педофил Џефри Епштајн. Во епизодата од 12-та сезона „The Computer Wore Menace Shoes“, која се емитуваше во 2000 година, Хомер создава веб-страница за ширење озборувања и лажни вести под псевдонимот г-дин Х. Меѓу теориите на заговор на Хомер е и референцата за „лудаци на островот“, што гледачите ја протолкуваа како ...

Главоболките, заморот, сува кожа и постојаниот глад можат да бидат знаци дека не пиете доволно вода. Ова се симптоми на дехидрација кои често ги игнорираме. Главоболките, заморот, сува кожа и темната урина се најчестите знаци на блага дехидратација. Чувството на глад, проблемите со концентрацијата и запекот често се резултат на недоволно пиење вода, а не на други проблеми. Дури и мала промена во вашата дневна хидратација може брзо да ја ...

Туширањето на повеќето луѓе им е дел од утринската рутина, додека други најмногу сакаат да се опуштат под млаз вода по работа. Но, колку често всушност треба да се тушираме – дали е доволно туширање на секои два до три дена или секојдневното миење е неопходно? Лекарката Елизабет Гордон Спрат рекла дека одговорот зависи од возраста, пренесе „Unilad“. Зошто туширањето е важно? Д-р Гордон Спрат најпрво објаснила зошто хигиената е важна. Во ...

Кога луѓето прашуваат кој е „најмоќниот“ љубовен пар во хороскопот, често очекуваат приказна за романса, големи гестови и видлива страст. Но астролошката моќ во љубовта ретко изгледа спектакуларно однадвор. Таа повеќе личи на стабилност под притисок, на способност да се издржат кризи, тишини и промени без врската да се распадне. Од таа перспектива, комбинацијата Скорпија и Јарец се издвојува како една од најцврстите и најиздржливите. Ова е ...

Според астролошките прогнози, луѓето во хороскопскиот знак Риби би можеле да се соочат со најинтензивните емоционални бранови во текот на февруари. Бидејќи се исклучително чувствителни и интуитивни, Рибите лесно ја апсорбираат енергијата на околината, а февруари дополнително ја зајакнува нивната потреба за повлекување, размислување и емоционално преиспитување. Старите спомени, нерешените врски или чувството дека дале повеќе отколку што добиле ...

За многумина, утринската шолја топло домашно кафе е дел од нивната секојдневна рутина. Но, колку е добро да се консумира на празен стомак? Експертите предупредуваат дека оваа навика може лошо да влијае на нашите хормони. Нутриционистката Оливија Хедлунд, која редовно ги споделува своите совети и знаења со следбениците на социјалната мрежа TikTok, изјави дека консумирањето на овој пијалок на празен стомак може да го турне нашето тело во режим ...

Околу 1.000 станбени згради и натаму се без греење во Киев, каде работниците за поправка се исцрпени, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Моментално само во Киев работат повеќе од 200 екипи, а според Министерството за енергетика, нивниот број ќе се зголеми за да се обезбеди ротација на работниците. Луѓето се исцрпени“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по состанокот за ситуацијата во енергетскиот сектор, кој вчера ...

Папата Лав денеска ги повика лидерите на Русија и САД да го обноват Договорот за контрола на нуклеарното оружје (Нов СТАРТ), кој го ограничува бројот на стратешко нуклеарно оружје. Тој истакна дека ситуацијата во светот „бара да се стори сè што е можно за да се спречи нова трка во вооружување“. – Упатувам итен апел да не се дозволи овој инструмент да истече. Поитно е од кога било да се замени логиката на стравот и недовербата со заедничка ...

Британскиот премиер Киер Стармер изјави дека најновите руски напади врз украинската енергетска инфраструктура се „варварски“ и „особено изопачени“, откако Русија во понеделникот навечер изврши удари врз електрани и критична инфраструктура во Киев и други делови од Украина, во услови на температури до –20 степени Целзиусови, објави Би-Би-Си. Изјавата на Стармер следува по неговиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, неколку ...

Соединетите Американски Држави соопштија дека ѝ ги вратиле на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта, што беше дел од договорот постигнат меѓу Вашингтон и Каракас минатиот месец, изјави вчера американски функционер под услов да остане анонимен. Последните 200 милиони долари се префрлени на Венецуела, со што е завршен трансферот на средства. Функционерот рече дека Венецуела официјално го примила целиот износ ...

Првата дама на САД, Меланија Трамп, изјави денеска дека е во контакт со тимот на рускиот претседател Владимир Путин во обид да обезбеди враќање на повеќе украински деца од Русија. „Работам на тоа и сме во процес“, изјави Меланија пред новинарите во Белата куќа. „Се надевам дека многу брзо ќе имаме успех“, додаде таа. Првата дама на САД не сподели детали за разговорите меѓу нејзините претставници и тимот на Путин. Портпаролот на Источното ...

Во Франција обвинети се десет мажи за силување на петгодишно момче. Детето било силувано со помош на неговиот татко, кој исто така учествувал во насилството, соопшти Обвинителството во Лил. Обвинетите се на возраст од 29 до 50 години. Истрагата против нив почна на 15 февруари 2025 година, а злосторството врз детето било вршено во периодот од ноември 2024 до февруари 2025 година. Тие користеле дроги за зголемување на сексуалното задоволство, а ...

Русија не добила официјални пораки од Индија за одбивањето на испораките на руска нафта и има само јавни изјави за оваа тема – изјавија денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и рускиот вицепремиер Александар Новак коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, објавија руските медиуми. „Досега не сме слушнале никакви изјави од Њу Делхи за ова прашање“, рече Песков на брифинг кога беше прашан дали Индија одбива да ...

Ако некогаш сте размислувале да се пензионирате во странство, постојат голем број фактори што треба да се земат предвид. За среќа, годишниот извештај на International Living за најдобрите дестинации за пензионирање ги анализира клучните елементи – од трошоците за живот до леснотијата на преселба за иселениците. Меѓу најважните критериуми се визите, здравствената заштита и климата. По анализата на 195 земји, истражувањето ја именува Грција ...

Нашите односи со Турција се самостојни. Ќе имам можност да бидам во Анкара во наредните седмици и во никој случај не сметам, а мислам дека и Турција го дели тој став, дека ни е потребен некаков медијатор или посредник за да разговараме за прашања што ги засегаат двете земји, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. На прашањето дали го загрижуваат дискусиите дека со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
3.6
57%
1017
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
54%
1018
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.87
93%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
69%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
74%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
58%
1015
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
57%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07

Родиум

350443.14

Калај

43.90

Кобалт

66.14

Платина

60154.05

Паладиум

45911.27

Бакар

10.68

Алуминиум

3.18

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Иридиум

258288.78