
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Споредувајќи ги цените за сместување, дневните трошоци за храна и пијалоци, локалниот превоз и основните активности на популарните сончеви дестинации низ Европа, ова се трите најевтини дестинации за оваа сезона. Како „Travel Off Path“ ги откри најисплатливите дестинации за одмор во Европа во 2025 година? Тие не се потпираа на еден извештај. Тимот спроведе сеопфатна анализа, споредувајќи ги цените за сместување, дневните трошоци за храна и ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија сака да ја задржи Украина надвор од Европската унија бидејќи, како што рече, членството на Украина во ЕУ би значело дека земјата „ќе ги апсорбира сите пари на Унгарија“. Во интервју за јавното радио, Орбан рече дека западните лидери одлучиле да постигнат договор со Украина за одржување на армија од околу еден милион војници, чии трошоци ќе ги покриваат европските земји, пренесе МТИ. Унгарскиот ...
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон доби деветто дете. Неговата сопруга Кери Симонс на свет донесе девојче, како што потврди самата на социјалните мрежи, пренесува британски „Мирор“. Двојката има три деца (два сина и ќерка). Негова прва сопруга беше Марина Вилер и со неа има четири деца: ќерките Лара и Касија, синовите Мајло и Теодор. Со втората сопруга Хелен Мекинтаер, тој ја има ќерката Стефани. И со третата сопруга Кери Симонс, ...
Инвеститор во криптовалути е изведен пред суд откако беше уапсен под сомнение за киднапирање и мачење на италијански студент во куќа на Менхетн, објавија американските медиуми. Џон Волц (37) беше обвинет во Кривичниот суд во Њујорк во 9 часот наутро по локално време за киднапирање за откуп, напад, лажно затворање и други обвиненија, покажуваат судските документи. Во врска со случајот исто така е уапсена 24-годишната Беатрис Фолчи беше, објави ...
Уште 303 заробени руски војници денеска се разменети за 303 припадници на украинската армија, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Во согласност со Договорот од Истанбул, од 23 мај до денеска руската и украинската страна извршија размена по формулата 1.000 за 1.000, се посочува во соопштението од руското МО. Првата фаза од размената на воените заробеници беше во петокот, кога беа разменети по 390 заробеници, а вчера Русија и Украина ...
Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични ...
Овен Овој петок ве исполнува со неверојатна енергија за нови потфати, драги Овни. Ѕвездите ве поттикнуваат да не ги одложувате важните разговори и храбро да ги изразите своите амбиции. Во љубовта, очекувајте неочекувано покажување страст од вашиот партнер. Финансиски, бидете внимателни со импулсивните купувања, но не плашете се да инвестирате во себе. Бик Петокот ви испраќа сигнали за стабилност и раст, но бара трпение и мудрост. Интересна ...
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на јужна Хрватска во близина на Дубровник во текот на ноќта, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил во 00:52 часот на длабочина од 1 километар, 73 км западно од Подгорица и 20 км од Требиње. Потоа, следеа два послаби земјотреси со јачина од 1,5 и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Денеска – 23 мај 2025 година, Сиљановска-Давкова ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. На 24 мај, сабота, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, ...
На 23.05.2025 во 02.40 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишиле од слобода Х.П.(71). При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Штип е сопрено патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно ...
Почитувани припадници на влашката заедница, На 23 мај 1905 година, пред 120 години, со декретот на султанот Абдул Хамид Втори се прифати вистината за Власите како посебен, автохтон народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори. Освен што овозможи отворање на училишта на влашки јазик во рамките на Отоманската Империја, овој чин одигра клучна улога за влашката преродба. Не случајно, во 1991 година, токму ...
На 23.05.2025 во 04.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35) од село Глишиќ, кавадаречко. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта. А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Како што информираат од УХМР, попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне до 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен ...
Потпишан Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. Стратешко партнерство со Обединетото Кралство е чекор плус, кој ќе ја доведе Македонија на ново ниво на развој. Потпишувањето на ...
Премиерот Христијан Мицкоски од свое лично име и од името на Владата испрати честитка по повод Националниот ден на Власите 23 мај. Порача дека Влашката заедница има значајна улога во градењето и развојот на Македонија. -И во историска и во општествена смисла тие се лојален дел од развојот и постоењето на државата. Денес Власите активно учествуваат кон трансформирање на државата, нешто за коешто се обврзавме пред граѓаните. Преку заедничка ...
Кога сме млади фантазираме да ја најдеме нашата сродна душа за да живееме „среќно до крајот на животот“, но реалноста е дека бракот е напорна работа. Кога во сето ова ќе ги вклучиме децата, бракот станува уште поголем предизвик. Затоа, партнерите мора да се грижат за негување на нивниот личен однос, како и за односот со своите деца. Понекогаш тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Но, терапевтката Ванеса Морган сподели неколку совети ...
Патниците што летаат за Турција кои ќе ги откопчаат безбедносните појаси и ќе излезат од седиштето пред слетувањето, сега се соочуваат со казни според новата регулатива издадена од Турската управа за цивилно воздухопловство. Новиот закон, кој стапи на сила на почетокот на мај, е обид да се влијае врз безбедноста, бидејќи е откриено дека голем број патници ги откопчуваат безбедносните појаси, стануваат и ги отвораат куферите пред авионот да ...
Изборот на зборови може да го открие карактерот на партнерот. Психолозите во таа смисла истакнуваат пет видови реченици на коишто треба да се обрне внимание доколку има сомнеж за нарцис во врската, т.е. личност која ќе направи сѐ за да го понижи другиот и да ја одржи контролата. Стручњаците велат дека таквата личност се грижи само за себе и секогаш постои нешто што го / ја издава. 1. „Мојaтa поранешнa девојка беше луда.“ Кога партнерот ќе почне ...
Студија на Европското здружение за кардиологија покажа дека земањето повеќе од три недели годишен одмор ќе ви помогне да живеете подолго. Студијата, која траела 40 години, го проучувала влијанието на здравите навики – вежбање, урамнотежена исхрана и откажување од пушење кај пушачите – врз долгорочниот ризик од развој на срцеви заболувања. На почетокот на студијата од 1974 година, 1.222 средовечни мажи биле поделени во две групи. Првата група ...
Меркур, планетата на логичното расудување, влегува во Близнаците на 26 мај и носи поволен период за Близнаците, Вагите и Водолиите. Меркур, планетата на комуникација, размислување, логика и информации, се чувствува исклучително добро во знакот Близнаци, бидејќи ова е еден од знаците со кои владее Меркур. Кога Меркур е во Близнаци, неговата енергија доаѓа до израз на најизразен начин – ова е местото каде интелектот, љубопитноста и изразувањето ...
Членките на Светската здравствена организација (СЗО) гласаа во корист на потенцијално револуционерен глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии. Во корист на предлогот гласаа 124 држави, откако Словачка побара гласање, иако нејзиниот премиер Роберт Фицо инсистираше неговата земја да се спротивстави на усвојувањето на договорот. Ниту една држава не гласаше против, додека 11 држави беа воздржани, вклучувајќи ги Полска, Израел, ...
Шефот на службата на ОН за хуманитарна помош, Том Флечер, синоќа предупреди дека ограничените испораки на помош, што неодамна беа дозволени да влезат во Појасот Газа, не се доволни. Флечер потврди дека Израел вчера им дозволил на неколку камиони да влезат во палестинската енклава. -Но, тоа е капка во морето од она што е итно потребно, изјави тој, нагласувајќи ја потребата од значително повеќе помош во Газа во следните денови. -Нè уверија дека ќе ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да се повлечат од териториите кои Русија ги анектираше. – Ако Русија постави услов нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сакаат примирје ниту крај на војната“, рече Зеленски вчера, откако американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот колега Владимир ...
Грција, Франција и Шпанија подготвија заеднички документ за расправа на јунскиот Совет на ЕУ, со кој се бара од Европската комисија да утврди минимална старост за пристап до социјалните медиуми на ниво на ЕУ и да воведе систем за проверка на возраста при пристапување до онлајн мрежите. Во документот подготвен од министрите задолжени за дигитални технологии на Грција, Франција и Шпанија се оценува дека „лошо дизајнираните дигитални производи и ...
Американската војска денеска соопшти дека нема планови да го прослави роденденот на претседателот Доналд Трамп на 14 јуни, кога тој ќе претседава и со дел од прославата по повод 250-годишнината од основањето на армијата. Трамп, кој тој ден ќе наполни 79 години, ќе игра голема улога во прославите, за време на кои војниците ќе се спуштат со падобран за да му подадат преклопено знаме. Војската, исто така, ќе одржи парада во Вашингтон. Парадата не ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово забрани увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради појава на птичји грип. Привремената забрана стапува во сила веднаш и е одговор на потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во бразилската сојузна држава Рио Гранде. Агенцијата наведува дека бразилските власти за појавата на птичји грип јавиле на 16 мај. – Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест, која ...
Честитки до Никушор Дан за победата на претседателските избори, но и надеж за дополнително зајакнување на односите меѓу Романија и Грција, објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина. -Топли честитки до Никушор Дан за победата на романските претседателски избори. Очекувам да работиме заедно за дополнително зајакнување на врските меѓу Грција и Романија за просперитет и стабилност на нашиот ...
По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, денеска под раководство на предметниот обвинител, полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на ...
На 21.05.2025 во 21.58 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Т.(52) од с.Долни Липовиќ, радовишко. При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,27 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше кус телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Во разговорот претседателот Зеленски ја информирал македонската претседателка за интензивните дипломатски напори насочени кон постигнување на договор за праведен мир во најскоро време. Сиљановска-Давкова изразила поддршка на напорите за крај на војната. Украинскиот претседател се заблагодарил за ...