
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Приведено лице барано по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и 20 дена На 27.05.2025 во 12 часот на ул. „Јордан Мијалков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Г. (46) од Скопје. За него имало распишано две централни потерници по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за вкупна затворска казна од една година, 11 месеци и 20 дена за сторени кривични дела во врска со член 297 и ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи според член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот во селото Батинци полициски службеници пронашле оружје и поголемо количество ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која од вчера престојува во работна посета на Република Казахстан, денеска ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова утре ќе се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот форум „Астана 2025“, која ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт ...
Настинката и алергијата имаат речиси идентични симптоми, но важно е да се направи разлика навреме. Еден симптом е клучен за тоа. Денес, кога се соочуваме со разни респираторни заболувања, честопати постои забуна во разликувањето на симптомите што нè мачат. Дали е само минлива настинка или нешто повеќе – е прашање што ги мачи многумина. Како можеме да ги разликуваме симптомите на настинка од симптомите на алергиско кивање – тоа се затнат нос, ...
Американскиот технолошки гигант „Мета“ може да ги користи објавите на Фејсбук и Инстаграм од германски и други корисници на ЕУ за полнење податоци кај својот софтвер за вештачка интелигенција (ВИ) – „Мета АИ“, како што рокот за можноста за отфрлање на таа опција за корисниците истекува денеска. Компанијата планира да ја анализира целата јавна содржина што ја споделуваат возрасните корисници низ ЕУ за да ги подобри своите ВИ-модели, освен ако ...
Со кого не би започнале љубовна врска, ниту пак би излегле на состанок? Според истражување спроведено врз 2000 луѓе од страна на „OnePoll“, 42% од сите испитаници изјавиле дека веруваат во астрологијата за да утврдат дали се компатибилни со својот партнер. Па така, колку пати сте чуле дека некој едноставно не одговара со одреден хороскопски или дека со личностите родени во одреден хороскопски знак си одговараат најмногу? Еве колкав процент од ...
Стрелец Стрелците се луѓе кои не сакаат да бидат врзани за некое место или личност. Тие ретко вистински се за вљубуваат и тешко им е да замислат дека остатокот од животот ќе го поминат со една личност. Стрелците обично ја изјаснуваат својата љубов само кон најблиските членови на семејството и не се отвораат толку лесно пред своите партнери. Близнаци Близнаците не сакаат да бидат приврзани за некого, и не се особено романтични, па изјавата за ...
Во текот на 2024 година Германија депортирала 20.100 лица, а во првиот квартал од оваа година 6.151 лице. Ова се податоци од одговор на сојузната влада од прашање на опозициската партија Левица. Најголем дел од лицата депортирани се од следниве држави, Турција(502), Грузија(454), Франција(333), Шпанија(325) и Србија(291). Новата влада составена од ЦДУ, ЦСУ и СПД најави дека има план за се поголема депортација. Тие се на критика на Левицата за ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц при денешната посета на Литванија изјави дека Германија и нејзините партнери се одлучни да ја бранат целата територија на НАТО. – Заедно со нашите партнери сме решени да ја браниме територијата на Алијансата од каква било агресија. Безбедноста на нашите балтички сојузници е и наша безбедност, наведе Мерц. Тој потенцира дека е потребно да се зајакнат европските одбранбени капацитети на долг рок и да се прошири ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека безбедноста во израелските амбасади ширум светот ќе биде засилена, откако двајца вработени во израелската амбасада беа убиени во пукање пред настан во Еврејскиот музеј во Вашингтон. Во соопштение од неговиот кабинет, Нетанјаху вели дека е „шокиран од ужасното антисемитско убиство“, додавајќи дека бил информиран за деталите од израелскиот амбасадор во САД и од американската јавна обвинителка Пем ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата царинска политика е насочена кон промовирање на домашното производство на тенкови и технолошки производи, а не на патики, чорапи и маици. Во изјава за новинарите пред да се качи во претседателскиот авион во Њу Џерси, Трамп рече дека се согласува со изјавата на американскиот секретар за финансии Скот Бесант од 29 април дека на САД не им е нужно потребен „бум во текстилната ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека претпоставува дека членовите на Алијансата ќе се согласат за време на самитот во Хаг следниот месец – за издвојување за одбрана од пет проценти од бруто домашниот производ (БДП). „Претпоставувам дека во Хаг ќе се согласиме за повисоката цел за трошоци за одбрана од пет проценти“, рече Руте на состанокот на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон. Тој рече дека трошоците за одбрана ...
Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Тој посочи дека цврсто се посветени на евроинтеграциите, но сепак влегувањето во ЕУ како полноправна членка да биде на достоинствен начин. Стојаноски порача дека оваа власт е отворена за дијалог и соработка и дека се бори за успех и признавање на Македонија, и дома и на меѓународната сцена. „Ние на изборите нашиот план соодветно го кажавме и ...
После сериозните инвестиции во образованието, преку реформски закони, до инфраструктурни подобрувања и покачувања на платите, следува нова мерка во образованието која сега фокус става на науката. Конечно, со денешната одлука на Владата за усвојување на измената на Програмата за научно – истражувачка дејност за 2025 година за прв пат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни за сите државни универзитети, МАНУ и ...
По спроведена континуирана и темелна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против девет лица – припадници на организирана криминална група „Беланоца- Барон“. Во координација со органите на прогонот, обезбедени се обемни и релевантни докази врз основа на кои на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела извршени во период ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Казахстан каде што утре, 28 мај, среда, ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“. Во четврток, 29 мај, Сиљановска-Давкова ќе се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот форум „Астана 2025“, која ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев. Свои обраќања ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со ...
Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија денеска усвои два стратешки и суштински закони за иднината на дигиталното општество: новиот Закон за електронски комуникации и првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи (сајбер безбедност). Со ова се отвора ново поглавје во дигиталната трансформација на земјата и се поставуваат темелите за модерна, сигурна и транспарентна ...
Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје, соопшти Јавното обвинителство. На 24 мај обвинителството објави дека законските застапници на починатите преку исказите дадени пред јавен обвинител ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон. Исто ...
На средбите со граѓаните Филипче да им каже како ја стекнал златната виза за Дубаи и дали тој стои зад случајот Онкологија тежок 35 милиони евра. Кога Филипче одржува маалски средби, добро е да ги погледне граѓаните во очи и да им каже, како за седум години власт СДС ја остави државата на раб на банкрот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставовите на Филипче. „Како за седум години СДС систематски ја ограбуваше и уништуваше државата и безмилосно ...
Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за нелегален влез на мигранти. Воедно при контроли спречени се и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти, и паметни часовници. Во продолжение детали: -Службата за мобилни скенери спречи обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од земји од Блискиот Исток и Северна Африка. Мигрантите се откриени при детална контрола на двe ...
Нaјновите прогнози за летото 2025 година покажуваат динамичен модел на атмосферски движења над Европа. По раниот почеток со поизразени нарушувања на временските модели, средните и подоцнежните делови од летото во Европа ќе бидат со зголемен потенцијал за топлотни бранови. Метеоролошката служба „Свијр ведр Јуроп“ ја објави својата најнова главна прогноза за летото во Европа. Нестабилно време во последната недела од мај Во последната недела од мај ...
На 27.05.2025 во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода А.Р. (56) од Скопје. На регионалниот пат Р-1205 во сПишица, пробиштипско, тој управувал патничко возило „фолксфаген “ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 40 километри на час, во населено место. По целосно документирање на случајот против ...
ОВЕН Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе промени нешто што не сте го очекувале, па на крајот сето тоа може да ве збуни. Концентрирајте се на истражување на ситуацијата, особено ако тоа е работа и ако мислите дека нешто треба да биде поинаку. БИК Треба да избегнувате какви било групни финансиски потфати и би било идеално да се држите настрана од какви било ...
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево и потопло со умерена облачност. Попладне ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Советот на Собранискиот канал. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е амандманската расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование за кого поднесени се четири амандмани, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за средното ...
„Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и не чувствува одговорност за Онкологија. Венко Филипче не се грижи што беше најлошиот министер за здравство. Филипче не се грижи што додека бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра. ...
Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше Ангелов, по претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, тој е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи и од денес стапува на новата функција. Ангелов, како што информира ќе работи на обединување на ЦУК и на ДЗС во една институција, како стратешка заложба на Владата за воспоставување на современ и ...
На 26.05.2025 во 00.23 часот на патот Ресен- Битола, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Р.Н. (47) од с. Златари, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Н., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,89 промили алкохол во крвта. Р.Н. е исклучен од сообраќај и задржан во ...