Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на јужната полутопка ќе настапи зимата. Денеска е летниот солстициј – астрономски момент што го означува почетокот на најжешката годишна сезона и долгодневицата, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. На ...
Следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар. Како штп соопшти УХМР, процесите локално ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Post Views: 2 јуни 21, 2026 Следува период на променливо облачно и нестабилно ...
На денот на летната долгодневица, рано утрово министерот за култура и туризам Зоран Љутков присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа книжевна вечер посветена на современата македонска книжевност и на авторите Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков. КИЦ-Загреб соопшти дека публиката имала можност непосредно да се запознае со книжевните патишта на авторите, нивните творечки искуства и размислувања поврзани со креативниот книжевен процес. -Разговорот го водеше реномираната преведувачка, книжевна промоторка ...
Зоран Ѓоргиев, публицист и истражувач од Битола ја промовира книгата „Приказните од Широк сокак“, во која е фокусиран на куќите на главната битолска улица и старите битолски фамилии чии судбини, како што посочува авторот Ѓоргиев, се вткаени во Широк сокак. На промотивниот настан во Битола, авторот Ѓоргиев истакна дека Широк сокак отсекогаш бил повеќе од улица, тоа е место каде се среќавале генерации, каде се раѓале љубови и пријателства, каде ...
Репрезентацијата на Мароко ја постигна првата победа на Мундијалот откако ноќеска ја совлада Шкотска со 1:0. Со триумфот Мароко има четири бодови и оваа репрезентација е пред пласман во следната рунда. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 2.минута, а стрелец беше Исмаел Саибари. Селекцијата на Мароко беше и подобриот тим и упати повеќе удари кон противничкиот гол. Мароко во последното коло од групата Ц ќе игра против аутсајдерот ...
Фудбалерите на Бразил ја постигнаа првата победа на Мундијалот откако ноќеска го совладаа тимот на Хаити со 3:0. „Кариоките“ одиграа квалитетно прво полувреме и заслужено стигнаа до победата. Бразил со двата гола на Матеус Куња во 23.минута и 36.минута дојде до водство од 2:0, а стрелец на третиот гол беше Винисиус во 45+3 минута. Бразил со трите бода се изедначи на табелата со Мароко со по 4 бодови, Шкотска има 3, а Хаити е последен без бод. ...
Репрезентацијата на Парагвај направи подвиг на Светското првенство откако утрово во дуелот од 2.коло од групата Д ја победија Турција со 1:0, а целото второ полувреме играа со игра десет играчи. Со трите бодови Парагвај добива шанса за пласман во следната рунда, додека Турција нема шанси за пласман во следната фаза. Парагвај поведе во 2.минута со голот на Матиас Галарза и предноста успешно ја чуваше, иако во 45+3 минута продолжи со играч ...
Репрезентацијата на Турција има уште само еден натпревар на Светското првенство и го завршува настапот на Мундијалот. Клучно за елиминацијата на Турција беше поразот утрово од Парагвај со 1:0. Италијанскиот тренер на клупата на Турција, Винченцо Монтела смета дека среќата не беше на нивна страна, имаа голем број на шутеви на двата натпревара, но не постигнаа гол. – Навистина жалам, многу сме разочарани. Очекувањата на нашата нација беа ...
Прва победа на Мундијалот оствари репрезентацијата на Бразил со триумфот над Хаити од 3:0. Но, во таборот на „кариоките“ продолжува проблемот со повредите. По Нејмар, кој наверојатно ќе биде достапен дури за следната фаза, на дуелот со Хаити се повреди Рафиња. Во 40.минута селекторот Карло Анчелоти го извади од игра и на негово место влезе Рајан. Настапот на Рафиња беше неизвесен против Хаити, поради повредата од дуелот со Мароко. Почувствува ...
Репрезентацијата на Парагвај оствари голем успех со победата од 1:0 против Турција, но на овој натпревар беше покажан и црвен картон за победничката екипа. Тоа е првиот црвен картон по примена на новите правила. Мигуел Алмирон беше исклучен во финишот на првиот дел поради покривање на устата за време на разговор со противникот. Од ВАР собата судијата Иван Бартон беше повикан и откако ја прегледа снимката ја изрече соодветната казна. Така на ...
Репрезентацијата на САД, домаќин на Светското првенство стартуваше со две победи (Парагвај и Австралија) и со максимален ефект е обезбедено првото место во Д групата. Американците две победи на стартот немаат од првото Светско првенство во 1930 година. По триумфот над Австралија од 2:0, каде поради повреда не настапи нивниот најдобар играч, Кристијан Пулишиќ, селекторот на САД Маурисио Покетино истакна, дека сите фудбалери ако се подготвени – ...
Репрезентативецот на Мароко Исмаел Саибари испиша историја како прв репрезентативец на Мароко што постигнал гол на два последователни натпревари. Тој по нешто повеќе од една минута или запишано како гол во 2.минута ја затресе мрежата на Шкотска откако ја искористи асистенцијата на Брахим Дијаз. Саибари беше стрелец и на првиот дуел на Мароко против Бразил (1:1). – Ова е најдобриот момент во мојата кариера. Играњето за својата земја на ...
Францускиот тренер Ерве Ренар ја прифати поканата на Фудбалската федерација на Тунис да го наследи Сабри Ламуши по стартниот пораз. Но, тој најверојатно нема да остане на оваа функција по Мундијалот и може да се случи за два натпревара да му бидат исплатени 30.000 евра, доколку Тунис биде елиминиран. Тој ќе ја предводи репрезентацијата на дуелите со Јапонија и Холандија од групата. Барем засега Ренар нема договор со Тунижаните за продолжување ...
Бразилскиот репрезентативец ја напушта Европа и прави трансфер во САД. Касемиро по завршувањето на Мундијалот ќе го носи дресот на Интер Мајами, откако договорот со Манчестер Јунајтед му истече. Трансферот е очекуван особено што и додека беше член на Манчестер Јунајтед во последната сезона често беше поврзуван со трансфер во екипата каде настапува Лионел Меси. Касемиро би требало да биде соодветна замена за Бускетс, кој замина во пензија ...
Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува ...
Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните ...
На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, додека девет се целосно изгаснати. Како што соопшти ЦУК, целосно изгаснати се пожарите во: Општина Сарај, кај селото Грчец, во близина на вилите од викенд-населбата, каде горела ниска вегетација; во Општина Бутел, во Визбегово, каде гореле дива депонија ...
Во рамки на 15. фестивал „Балкански музички плоштад“ (Balkan Music Square) викендов во Охрид ќе се одржат две концертни вечери во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, за кои влезот за посетители е слободен. Како што соопшти организаторот на фестивалот, продуцентската куќа „Трето уво“, вечер ќе настапи Елена Христова од „Баклава“, а потоа групата „ВИС Билјана“ од Охрид. Фестивалот утре ќе биде затворен со концерт на ...
Најновото издание на „БитФест“ почна со спектакл и овации за актерите и музичарите кои синоќа во големата сала на НУ Центар за култура во Битола го изведоа мјузиклот „Као, какао“. Љубовната приказна напишана од Венко Андоновски, инспирарана од музиката на Влатко Стефановски, а во режија на Дејан Пројковски, битолската публика ја награди со долготраен аплауз, заеднички пеејќи ги познатите хитови „Чукни во дрво“, „Мамурни луѓе“, „Калабалак“…и ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре на изгрејсонце на Археоастрономската опсерваторија Кокино ќе присуствува на настанот „Летна долгодневица 2026 на Кокино“. Настанот се организира по повод летната долгодневица – денот кога Сонцето го достигнува својот највисок годишен пат и го означува најдолгиот ден во годината. Како што соопшти Министерството за култура и туризам, посетителите ќе имаат можност да го проследат изгрејсонцето на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на прием во Gрчката амбасада, организиран по повод изведбата на „Кармина Бурана“ од оркестарот на нашата Филхармонија, заедно со музичари од Државниот симфониски оркестар од Солун и Софиската филхармонија. Во пресрет на вечерашниот концерт, како што објави претседателката на Фејсбук, ја почувствував позитивната енергија и ентузијазмот што ги обединуваат уметниците од трите ...
артијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), поднесе официјално барање до Специјалната парламентарна комисија за административно-територијална реформа при Собранието на Република Албанија. Со овој документ, потпишан од претседателот на партијата Васил Стерјовски, како што самиот вели, јасно се дефинираат црвените линии и клучните барања на македонското национално малцинство во пресрет на најавените ...
Почна изградба на нова градинка „Пролет 2“ во населба Козле во општина Карпош, инвестиција на Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади. На поставувањето камен-темелник присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека со изградбата на објектот ќе бидат обезбедени современи услови за децата, а тоа е, рече, „наш врвен приоритет во Општина Карпош“. -Секој еден ваков почеток претставува голем успех, во ...
Српскиот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ е пред враќање во грчкиот тим Панатинаикос, каде имаше успешна работа во минатото. Според информациите од Атина, Обрадовиќ денеска е во Атина на разговори со сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос. Доколку се случи Обрадовиќ да постигне договор со Панатинаикос тоа ќе значи враќање по 14 години на местото каде имаше одлични резултати. Обрадовиќ на клупата на Панатинаикос беше од 1999 до 2012 ...
Репрезентативецот на Холандија и досегашен член на Брајтон Јан Пол Ван Хеке е нов играч на премиерлигашот Тотенхем, соопштија од клубот. 26-годишниот играч потпиша договор, а Тотенхем ќе треба на Брајтон да му исплати 60 милиони евра, пренесува Скај спорт. – Голема е честа да се игра за Тотенхем. Го познавам тренерот и се радувам што повторно ќе соработуваме. Мики Ван де Вен ми кажа многу работи за клубот и едвај чекам да стартувам. ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип Дејан Мираковски и градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов, попладнево на прес-конференција ја информираа јавноста дека од учебната 2026-2027 година почнува оптимизацијата и стратегијата за развој на образованието. Јорданов информираше дека првиот чекор со носењето на одлука е поврзана со основното образование и на денешната седница на ...
Македонската одбојкарска репрезентација ја постигна третата победа во Европската лига оваа сезона откако вечерва во дуелот од 5.коло го совлада Косово со 3:0 во сетови (25:12; 25:19 и 27:25). Со овој триумф македонскиот тим ја потврди фаворитската улога во овој натпревар. Првиот сет македонските одбојкари го добија на убедлив начин со 25:12, а во вториот беше 25:19. Сепак во третиот имаше многу повеќе неизвесност. Противникот имаше постојано ...
Голманот на германската репрезентација објави дека по Мундијалот ќе се повлече од репрезентацијата. Искусниот голман не беше дел од националниот тим за време на квалификациите, но сепак одлучи да брани на Светското првенство. Ноер бранеше на првиот натпревар против Куросао, а во најавата на натпреварот со Брегот на Слоновата коска најави дека ги игра последните натпревари за репрезентацијата. Ова е мој последен турнир, не планирам да ...
Фудбалската федерација на Иран вторпат побара од ФИФА да им се овозможи два дена присуство на територија на САД (Лос Анџелес) како екипата би имала подобра подготовка за следниот дуел. Но, и ова барање на Иранците е одбиено, исто како и пред дуелот со Нов Зелнад. САД им дозволија на Иранците само 24 часа претстој на нивна територија и потоа веднаш (што е можно побрзо) да се вратат во нивниот камп во Тихуана, Мексико. Натпреварот Иран – ...