Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Два воза се судрија утрово во Хрватска, меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци. Во судирот учествувале товарен воз на HŽ Cargo и патнички воз на HŽ Putnički prijevoz. Според последните информации од хрватското Министерство за здравство, повредени се 20 лица, од кои шест потешко, а 14 полесно. Во патничкиот воз во моментот на несреќата имало околу 20 патници. Во Општата болница во Бјеловар биле згрижени седум ...
СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во услови на намалени водни ресурси и недостиг на електрична енергија ваквите инвестиции може да создадат дополнителен притисок врз водоснабдувањето и енергетскиот систем. На прес-конференција, Кети Штерјова од СДСМ рече дека Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува и дека во повеќе населени места ...
Тренерот Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го потврди ставот на клубот за иднината на Хулијан Алварез, ставајќи крај на шпекулациите за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач. Иако Алварез изрази желба да замине ова лето, клубот е решен да го задржи во „Метрополитано“, пишува „Goal.com“. Барселона покажа најголем интерес за Алварез, а Реал Мадрид, Арсенал и Пари Сен Жермен беа споменати и како можни дестинации. „Ситуацијата е многу ...
Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако клубовите и играчот се согласија за сите услови, 24-годишниот напаѓач не ги помина лекарските прегледи, поради што Лајпциг се откажа од договорот вреден 25 милиони евра. По извонредната минатата сезона во Хофенхајм, се очекуваше Аслани да го смени клубот ова лето. Се споменуваше можноста за трансфер во Барселона, ...
Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, се обратија пред медиумите по средбите во Палатата Србија во Белград, каде што украинскиот претседател престојува во прва официјална посета. Вучиќ порача дека Србија ја поддржува Повелбата на Обединетите нации и територијалниот интегритет на сите земји членки, вклучително и на Украина. „Што се однесува до нас, ќе продолжиме да водиме таква принципиелна политика и по ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не верува оти војната во Украина брзо ќе заврши. Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград, Вучиќ рече дека Србија и Украина не разговарале за каква било воена соработка, пренесе „Еуроњуз“. „Ние денес не разговаравме за каква било воена соработка. Што ќе биде кога ќе заврши војната, тоа е друга работа. А што се однесува до ...
Преговорите меѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен околу трансферот на Бредли Баркола не напреднаа далеку. Вдпечаток е дека тие нема да бидат успешни. Ливерпул испрати понуда вредна 115 милиони евра, но Пари Сен Жермен бара 150 милион, без бонуси. „Скај Спорт“, објави дека двата клуба имале прелиминарни разговори за трансферот на Бредли Баркола, но дека разликата во износот на пари што Ливерпул е подготвен да го понуди и оној што го бара Пари Сен ...
Арсенал извиси за потписот на Винисиус Жуниор, па спортскиот директор Андреа Берта веќе наде нова цел. Англискиот првак е заинтересиран за Кенан Јилдиз, кој наводно е подготвен да побара да го напушти Јувентус. Турскиот интернационалец стана приоритет за тренерот Микел Артета откако пропадна можноста за доведување на Винисиус Жуниор, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид. Информациите дека турскиот репрезентативец сака да ја продолжи ...
Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови. „Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, ...
Барселона и Ливерпул постигнаа договор за едногодишна позајмица на уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо. Високиот стопер е член на Барса седум години, за „блауграна“ одигра над 200 натпревари во сите натпреварувања. Станува збор за играч кој официјално е капитен на каталонскиот клуб. Ливерпул ќе има опција да го откупи договорот на 27-годишниот стопер. Се веруваше дека Араухо ќе остане во Барса по исклучително тешката сезона во која ...
Британски „Телеграф“ објавуви бомбастична ексклузива под наслов „Љубовницата на Џани Инфантино платена со пари од УЕФА“. „Телеграф“ тврди дека добил докази дека пари од УЕФА и биле исплатени на наводната љубовница на Џани Инфантино додека тој бил генерален секретар на Европската фудбалска унија (УЕФА). Станува збор за шестцифрена сума. Неименуваната жена ги добила парите по наводна афера со Инфантина додека тој бил генерален секретар на ...
Социјалдемократскиот сојуз и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Ефимов. „Тој практично со ...
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се потсети на еден од најтешките порази во неговата кариера, елиминацијата од Хуан Мартин дел Потро во првото коло на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Тој призна дека овој неуспех толку многу го погодил што почнал да се сомнева во сопствените способности. Ѓоковиќ пристигна во Рио како прв тенисер во светот и во моментот кога беше на врвот на својата кариера. Неколку недели ...
Социјалдемократската младина (СДММ) бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага поради, како што тврди, неовластено изнесување и објавување податоци од документи на Полициската станица Струмица, поврзани со настаните во Ново Село. На прес-конференција, Христијан Ефтимов од СДММ обвини дека ВМРО на прес-конференција објавило податоци од полициски документи до кои, според него, партијата немала право на пристап и кои се воделе како ...
Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 15 часот во Europe House Struga со разговор со Никола Ристановски, каде публиката и авторите ќе имаат шанса да зборуваат на тема „Дали ги поставуваме вистинските прашања?“ и да ги анализираат филмовите од програмата Студенти во фокус. Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. ...
Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денес положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак. На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа поставена од припадници на УЧК. Во нападот беа убиени Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован ...
Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, при што се повредени шест лица, а повеќе од 50.000 објекти останаа без електрична енергија. Кина во меѓувреме затвори пристаништа и го прекина траектниот сообраќај во пресрет на очекуваното пристигнување на тајфунот на нејзиниот источен брег. Пет постари лица се повредени на Окинава, од кои три паднале поради силниот ветер, додека уште едно лице е повредено во префектурата ...
Украински дронови рано утрово погодија две големи руски рафинерии за нафта – Сизрањ во Самарската област и Илски во Краснодарскиот крај. Во двата објекта избувнале пожари. Во рафинеријата во Сизрањ избувнал пожар од големи размери, откако локалните жители пријавиле десетина експлозии меѓу 3:50 и 4:30 часот. Над постројката се издигнал густ црн чад. ❗️Large-scale fire at the oil refinery in 🇷🇺Syzran. At least three hits on the plant. ...
Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија“, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас, велат од Влен преку соопштение. „На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори. Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува? Во меѓувреме, прашина фаќа и прашањето ...
Кај повеќе од 240 луѓе низ Европа годинава е потврдено дека се заразени со вирусот Западен Нил, според неделниот извештај што во петокот го објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). ЕЦДЦ наведува дека 139 случаи се регистрирани во Италија, а 61 во Грција. Другите случаи на зараза се регистрирани во Шпанија, каде што има 17, додека во Македонија забележана е бројката од 13 лица. Според последните информации со кои ...
Многумина веруваат дека датумот на раѓање носи одредена симболика и може да открие нешто за карактерот, личноста и животниот пат. Во нумерологијата особено се издвојуваат броевите 3, 6 и 9, за кои се верува дека носат посебна енергија и се поврзуваат со среќа, можности и личен потенцијал. Според нумеролошките толкувања, тука спаѓаат луѓето родени на: 3, 12 и 21 – број 3 6, 15 и 24 – број 6 9, 18 и 27 – број 9 Бројот 3 се поврзува со ...
Бројот на загинати мигранти по масовниот обид за влез во шпанската енклава Сеута пред една недела се искачи на 96, од кои 82 на шпанската, а 14 на мароканската страна, објави шпанската телевизија РТВЕ, повикувајќи се на официјални податоци. Мароканското здружение за човекови права проценува дека вкупно 141 лице загинало ако се вклучи и обидот за влез во Мелиља, втората шпанска енклава во северна Африка. Директорот на Институтот за судска ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лицата со кои се појавил за време на неодамнешните случувања во Ново Село, тврдејќи дека меѓу нив има лица со правосилни пресуди за насилство и кривични дела поврзани со наркотични средства. Од владејачката партија реагираат на тоа што Филипче овие лица ги нарекол „деца на Македонија“ и тврдат дека СДСМ се обидел да предизвика инцидент и од него да извлече политичка ...
Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина. „Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски престојува во Белград, каде што денеска ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. Двајцата лидери разговарале во неколку наврати во изминатите години, но ова е прва официјална посета на украински претседател на Србија по неколку години. Зеленски вчера околу 18 часот пристигнал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде што го пречекала министерката за рударство и енергетика Дубравка ...
Шпанија од полноќ ќе воведе привремени гранични контроли за патниците кои по воздушен и поморски пат пристигнуваат од Италија, со што дополнително ескалира спорот меѓу двете членки на Европската Унија поради мигрантската криза во Сеута. Контролите ќе траат до 7 септември, освен ако околностите во меѓувреме не се променат. Шпанските власти ќе ги проверуваат пасошите, државјанството и, кога е потребно, визите на патниците кои пристигнуваат од ...
Американски претставник соопшти дека е постигнат напредок во преговорите со Иран, што наскоро би можело да овозможи повторно отворање на Ормутскиот Теснец и обновување на вообичаениот поморски транспорт на нафта, пренесува Ројтерс. Американскиот претставник, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека Вашингтон наскоро очекува договор меѓу Иран и Оман за контролата на стратешкиот поморски пат. Таквиот договор се смета за клучен и за ...
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од ...
Американските разузнавачки служби проценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин во следните неколку години би можел да се обиде да ја тестира решителноста на НАТО со ограничен напад врз некоја од земјите членки, објавуваат Си-ен-ен и „Волстрит журнал“. Во проценките се разгледуваат повеќе можни сценарија – од кибернапади и хибридни операции до помал воен упад со кој Москва би се обидела да го тестира единството на Алијансата и ...
СДСМ денеска повторно побара реакција од Обвинителството во врска со состојбата со водата во Гостивар, обвинувајќи ги надлежните институции и власта дека давале контрадикторни информации за нејзината исправност и безбедност. Од опозициската партија се повикуваат на изјави на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, според кои во водата биле утврдени „многу различни бактерии и вируси“, и прашуваат за уверувањата дека ...