Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се случил само два дена откако на аеродромот Лајпциг/Хале беше пронајден дрон со експлозив. Безбедносниот надзор во базата на Бундесверот забележа два дрона околу 22 часот во четвртокот. Нивното присуство беше потврдено, по што воената полиција беше испратена на терен. Германската армија соопшти дека ...
Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше на неодамна одржаното Светско првенство, го напушта Атлетико по само една сезона. За клубот што го тренира неговиот сонародник Диего Симеоне, одигра 40 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола. Алмада, кој игра на позицијата офанзивен играч од средниот ред, а доколку е потребно и ...
Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени таму. Толпата нетрпеливо го чекаше познатиот фудбалер и неговата партнерка Џорџина Родригез, пишува Jornal da Madeira. Венчавка навистина се одржуваше во катедралата, но наскоро се појавија сомнежи дека младенците, сепак, не се Роналдо и Џорџина. Додека наводната церемонија требаше да се одржи, Џорџина ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Македонскиот државјанин кој се повреди на одмор во Кушадаси безбедно е пренесен во Скопје, информира Министерството за здравство. Тој се здобил со сериозна повреда на ’рбетниот мозок е безбедно транспортиран од Турција и примен на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ „Пациентот се здобил со повредата при несреќен случај на тобоган, за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси. На 23 јули му била извршена хируршка интервенција во ...
Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Велика Британија, 12-та од овогодинешното Мото ГП првенство. Шпанецот со оовј триумф стави крај на доминацијата на Дукати во спринтот во Силверстоун. Мартин го забележа својот трет триумф во саботните трки оваа сезона. Мартин водеше од почетокот до крајот, а Аи Огура од Тракхаус беше најблиску до него, задоцни две секунди. На третото скалило на подиумот ...
Бразилецот Бруно Гимараеш е нов играч на Арсенал, објави англискиот шампион. Фудбалерот од средниот ред им се придружи на „Топџиите“ од Њукасл. Арсенал за овој трансфер издвои 87,5 милиони евра. Гимараеш (28) ја започна својата професионална кариера во 2015 година во бразилскиот Аудакс, а две години подоцна се пресели во Атлетико Параненсе. Со тој клуб освои четири трофеи и се стекна со статус на еден од најталентираните бразилски играчи од ...
Хорхе Меси, таткото на Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст. Таткото на Лионел Меси и долгогодишен менаџер почина синоќа во 22 часот во санаториум во Росарио, Аргентина, објавува „Infobae“. Тој имаше 68 години и долго време се бореше со болеста. Хорхе Меси беше сопруг на Селија Кукучитини и татко на четири деца Лионел, Родриго, Матијас и Марија Сол. Тој одигра важна улога во развојот на кариерата на својот најпознат син и со години се ...
Три „Ер трактори“ се вклучија во гаснење на пожарот на територијата на општина Сопиште, зад Водно. Дирекцијата за заштита и спасување објави видеа од акцијата. „Дејство на противпожарните авиони на ДЗС,’Еер трактор’ врз пожарот во Општина Сопиште, под јужната страна на планината Водно кај Скопје“, стои во описот на видеата. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека денеска низ земјата има пет пожари, но дека ниту еден од нив нема ...
Екстремно ниските нивоа на водата на Дунав во Унгарија открија остатоци од пароброд и мотор од Втората светска војна. Продолжената суша и високите температури го спуштија Дунав на исклучително ниско ниво. Според официјалните податоци од Унгарската хидролошка служба, нивото на водата кај Баја денес било околу 16 сантиметри под нултата точка на водомерот, што е рекордно ниско ниво. Минусот не ја означува длабочината на реката, туку висината на ...
Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ја променат својата политика кон Техеран и не ги исполнат шесте ирански барања, изјави Мохамад Багер Золгхадр, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Золгхадр рече дека Вашингтон мора да „го корегира своето однесување“ пред Иран да дозволи нормална пловидба во една од најважните светски бродски линии за нафта и гас. Барањата вклучуваат крај на заканите ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека во Србија треба да се отвори нова фабрика за дронови, кон средината на септември, што ќе се реализира во соработка со Израел. „Србија ќе отвори фабрика за дронови, но со Израелците“, рече Вучиќ денеска на заедничката прес-конференција по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Палатата на Србија. Според него, се очекува фабриката да се отвори околу 15 или 20 септември. ...
На социјалните мрежи се појави снимка од спонтаната изведба на Јаков Јозиновиќ и Нина Бадриќ на хитот на Оливер Драгојевиќ „Прати ме кроз снове“ од ресторан на Корчула, Хрватска. Спонтаниот настап следеше по повеќедневниот настан „Trag u beskraju“, кој се одржа на неколку локации и оваа година собра бројни домашни изведувачи во родниот град на познатиот музичар. View this post on Instagram A post shared by Konoba Bata (@restoranbata) На ...
Додека многу познати личности се потпираат на лекови за слабеење, холивудскиот актер Џон Гудман постигна трансформација на телото на сосема поинаков начин. Неодамнешна фотографија на Инстаграм предизвика бројни реакции бидејќи 74-годишниот актер изгледа речиси непрепознатливо. Гудман не го припишува својот успех на популарните лекови како Оземпик, туку на низа одлуки за начинот на живот поврзани со исхраната и здравјето. Фотографија со ...
Луис Хамилтон објави серија фотографии со Ким Кардашијан и покажа досега невидени моменти од нивната врска. Возачот на Формула 1 сподели галерија од фотографии од нивниот одмор и дружење на Инстаграм, а Ким се појавува на неколку од нив. Нејзините деца, пријатели и членови на семејството беа со нив. 41-годишниот Хамилтон кратко напиша со објавата: „Одмор, закрепнување, полнење батерии 🔋🔋🔋“. На една фотографија, 45-годишната Кардашијан е ...
Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи, објави премиерот, Христијан Мицкоски, на 25-годишнината од убиството на војниците кај Карпалак. „Дваесет и пет години подоцна, времето не ја избриша болката, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби. „Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на ...
Полицијата приведе едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско „На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, ...
Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, велат од ДУИ. „Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците. Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли, а надлежните институции ...
Вчера во Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопед во движење испукало повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото. При увидот биле констатирани оштетувања на металната дворна врата, фасадата на куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко возило „бмв“. Од местото биле подигнати шест проектили за вештачење. Полицијата презема мерки за расчистување ...
Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Марко Симоновски“ во Гостивар, патничко моторно возило јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во осумгодишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава против А.Т., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, кој бил вработен како помлад полицаец во Полициската станица Центар при СВР Скопје, на 24 мај 2026 година околу 02:53 часот, во ...
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор. Во 12:00 часот во село Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Г.С.(45) од село Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а на 6 август околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачјето помеѓу селата ...
На 7 август во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, по претходна пријава за запуштање и малтретирање на дете. Полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи Велес извршиле увид во домот каде престојувале двајцата со нивните пет малолетни деца. При увидот било констатирано дека во домот немало основни услови за живот и одгледување на ...
На 7 август во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.К.(40) од село во велешко, по пријава дека во домот физички ја нападнал својата 29-годишна вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а Х.К. бил задржан во полициска станица. За случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 7 ...
Пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка меѓу две групи, при што бил употребен и нож. Со убодни рани се здобиле Е.М.(20) и А.Р.(20), двајцата од село Камењане. „По преземените мерки, на 8 август во 01:25 часот во Клиничката болница Тетово бил лишен од слобода А.Р.(20). Пет минути подоцна, во 01:30 часот, во СВР Тетово сами се пријавиле Х.Ш.(22) од село Ново Село и А.Б.(23) од село Горно ...
Синоќа во полицијата било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар, при што била зафатена жива ограда од куќа и било оштетено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Со повреди поради вдишување чад се здобил М.Д.(41) од Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје ...
Полицијата го приведе Р.К.(49) од Охрид. „Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко и сестра, настанала расправија помеѓу него и неговиот 44-годишен брат, по што тој со стаклен предмет ја нападнал сопругата на брат му, а откако влегле во возилото, останатите членови на семејството му кажале дека извадил пиштол и барале да си оди побрзо. По целосно документирање на случајот против него ќе биде ...
Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(46) од овој град, по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот. С.Ѓ. бил однесен во полициска станица, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен на викенд-отсуство, соопшти МВР. По целосното документирање ...
Во 10:05 часот меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци, се случил судир на товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ Патнички превоз. Шест патници се потешко, а 14 полесно повредени, дознава Хина од хрватското Министерство за здравство. Во патничкиот воз во моментот на судирот имало околу 20 патници. На терен се полицијата и итната медицинска помош. Пругата е затворена за сообраќај. Копривничко-крижевскиот жупан ...