Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а девет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и ...
Лидерот во генералниот пласман, возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Велика Британија. 19-годишниот Италијанец, претходно во текот на денот победи во спринт трката, до петатта пол позиција сезонава, дојде пред возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Кими Антонели, стигна до пол-позицијата со време од 1:28.111 минути, 175 илјадити пред Шарл Леклер во Ферари. Најблиску ...
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, одговори на критиките што ги добива од почетокот на Светското првенство, велејќи дека има само еден човек за кого верува дека е покомпетентен од него кога станува збор за фудбал. Бразил се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство со победа од 2:1 над Јапонија, а триумфот донекаде ги замолчи критиките што го следеа искусниот италијански стручњак од почетокот на турнирот. Иако „Селесао“ ...
Бранителката на титулата, Ига Швјонтек и втората на ВТА листата, Елена Рибакина, сензационално се елиминирани од третиот Гренд слем во сезоната, Вимблдон. Шампионката од минатата година, трета на ВТА листата, Шјонтек загуби од Александра Ијала. Тенисерката од Филипините (32. на ВТА листата), победи во два сета (7:6, 6:2) по повеќе од два часа игра. Филипинската тенисерка доминираше во вториот сет, но во првиот помина низ многу тешкотии, ...
Четириесет и петгодишен жител на Кратово е повреден при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 3 јули во 20:35 часот во ОВР Пробиштип, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Ј.К. (45) од Кратово. Четириесет и петгодишен жител на Кратово е повреден при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско, информира Министерството ...
Седумдесет и двегодишен жител на Радовиш е лишен од слобода откако полицијата утврдила дека со ловечка пушка усмртил куче на улица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 3 јули во 10:30 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Р.Л. (72) од Радовиш. Претходно било пријавено дека на 2 јули околу 22:00 часот на улицата „Благој Мучето“ се слушнал истрел од огнено оружје, по што на улицата било пронајдено ...
Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел, Мицкоски рече дека не сака јавно да ги посочува маркетите пред да се ...
Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници лишиле од слобода четворица возачи на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, двајца од приведените, во скопскиот и тетовскиот регион, управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека останатите двајца, во Скопје и Гостивар, биле затекнати како возат под дејство на алкохол. По ...
Петнаесетгодишно момче од Охрид се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, откако во него удрило патничко возило чиј возач го напуштил местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, несреќата се случила на 3 јули во 17:20 часот на крстосницата од булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Во неа учествувале велосипед управуван од 15-годишник од Охрид и патничко ...
Австралија ја поздрави нацрт-одлуката на УНЕСКО, со која Големиот корален гребен нема да биде впишан на листата на загрозени локалитети на светското наследство, и покрај последиците што климатските промени ги имаат врз овој природен бисер. Австралиската заменик-министерка за туризам, Нита Грин, оцени дека ваквата одлука претставува признание за континуираните напори на земјата во заштитата и управувањето со Големиот корален гребен. ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последното деноноќие биле евидентирани осум случаи на семејно насилство, при што седум лица биле лишени од слобода, а со еден малолетник бил извршен службен разговор. Во Струга бил приведен 46-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата мајка, додека во Скопје бил лишен од слобода 47-годишник, кој, според пријавата, физички ја нападнал својата партнерка. Во Велес, ...
Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е подметнат. Ангелов ...
Непознати сторители вчеравечер ги оштетиле влезни врати на спортската сала во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров и одземале два противпожарни апарати, кои потоа биле употребени во дворот на училиштето каде биле запалени учебници. Според информациите од МВР, вчера во 13:35 часот во СВР Скопје од училиштето било пријавено дека во временски период од 04:00 до 05:00 часот на 03.07.2026 со употреба на физичка сила биле оштетени ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на затворен базен во Основното училиште „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. Според него, со доградбата на училиштето ќе се подобрат условите за учениците и ќе се зголеми квалитетот на животот на жителите од овој дел на Радишани. „Со овие проекти полека, но сигурно обезбедуваме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ државата. Тоа значи ...
На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска, информира директорот на клиниката Фадил Цана. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. -Нивната здравствена состојба внимателно се следи – информира Цана. Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку ...
Во екот на настаните на Светското првенство, во САД, Мексико и Канада, од Истанбул пристигна сензационална информација. Капитенот на Норвешка и Арсенал, Мартин Едегард ја прифатил понудата од шампионот на Турција, Галатасарај. Според информациите што доаѓаат од Истанбул, 27-годишниот играч од средниот ред ги прифатил условите, а неговиот менаџер веќе се ракувал со претставниците на турскиот клуб и наскоро трансферот ќе биде официјализран. ...
Директорот за глобален фудбал во Ред Бул, Јирген Клоп, потврди дека преговара со Фудбалскиот сојуз на Германија (ДФБ). Германија во моментов е без селектор, откако Јулијан Нагелсман беше отпуштен по елиминацијата од Парагвај во 1/16 финалето на Светското првенство. „Можам да потврдам дека преговараме. Работите се случија брзо. Јулијан си замина и ДФБ бара нов тренер. И да, тие преговараат со мене“, изјави Клоп за германската телевизија ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја забележа својата прва спринт победа, славејќи во првата трка од Големата награда на Велика Британија, деветтата рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Младиот Италијанец славеше на „Силверстоун“ со две секунди предност пред Луис Хамилтон во Ферари, кој стартуваше од пол-позицијата, додека бранителот на титулата Ландо Норис со својот Мекларен заврши како трет. Бодови во спринтот на ...
Актуелниот вицешампион на Светското првенство, Франција, ќе биде без стандарниот играч од средниот ред Аурелијан Чуамени, во осминафиналната пресметка со Парагвај. Според француските медиуми, Чуамени, кој требаше да го одигра својот 50-ти натпревар за националниот, се повредил за време на тренингот. Се очекува францускиот селектор Дидие Дешан да го вклучи Ману Коне во почетниот состав наместо Чуамени. Добрата вест е дека играчот од средниот ...
По службениот разговор во полициска станица, тројцата осомничени кои избодеа дете во Ченто се пуштени на слобода. Според досегашните информации, барање за мерки против нив од Обвинителството, нема. Кривичната пријава која засега е поднесена е за насилство, а не за убиство во обид. СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје поради постоење основи на ...
Бурата не стивнува по натпреварот од првото елиминациско коло на Светското првенство помеѓу Португалија и Хрватска. Најмогу се зборува за судењето, поточно за одлуките што ги донесе главниот судија, Норвежанецот Еспен Ескас, со помош на Вар асистентот. Лидерот на судиите, легендарниот Пјерлуиџи Колина одлучи, дека Ескас повеќе нема да суди до крајот на првенството. Таа одлука е можен показател дека судиската организација не е задоволна од ...
Шпанија во мај ја посетиле околу 10,3 милиони странски туристи, што е за 9,5 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година и претставува нов рекорд за мај, соопшти Шпанскиот национален институт за статистика (ИНЕ). Најмногу туристи пристигнале од Велика Британија, речиси 2,2 милиони, што е зголемување од 6,1 отсто во споредба со мај минатата година. По неа следува Франција со околу 1,3 милиони посетители и раст од 11,1 отсто, како и ...
Дваесет и осумгодишен жител на Крива Паланка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на магистралниот пат кај селото Страцин, кратовско. Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена околу 00:10 часот, кога патничко возило „Опел Астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28), излетало од коловозот и удрило во бетонски заштитен ѕид. Возачот починал на местото на несреќата, а смртта ...
Фотографии на кои се гледа празна шише виски „Џејмисон“ на маса во Клиниката за инфективни болести и директорот д-р Фадил Цана пред него, отворија прашања дали е дозволено во здравствена установа да се внесува и консумира алкохол за време на прослава на вработени. Станува збор за одбележување на успешна одбрана на докторска дисертација на вработена, а фотографиите, се објавени на социјалните мрежи. „Стануваше збор за кратко пригодно ...
Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. Пожарот е ...
Премиерот Христијан Мицкоски со објава на социјалните мрежи соопшти дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со засилено темпо и, како што наведе, проектот влегува во својата завршна фаза. Според него, Владата постепено ги надминува најголемите предизвици што ги наследила при реализацијата на проектот, особено оние поврзани со свлечиштата и косините. „Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, а ...
При претрес во Македонски Брод полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера пронашле дрога и лишиле од слобода едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 20:45 часот во село Сланско, Македонски Брод, го лишиле од слобода Г.М. (42) од Скопје. -При претрес во домот во с.Сланско, по добиена наредба од Основен суд Кичево, била пронајдена марихуана, дробилка и дигитална ...
Трагично заврши потрагата по жител на Неготино кој вчера исчезнал додека бил на риболов, откако неговото безживотно тело беше пронајдено во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови. Од Центарот за управување со кризи информираа дека Регионалниот центар за управување со кризи – Велес добил известување за исчезнато лице во реката Вардар, по што на терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица од Неготино со седум ...
Од СДСМ преку соопштение оценуваат дека најавената реконструкција на Владата, за која Собранието треба да гласа на 13 јули, претставува обид за дополнителна концентрација на моќта во рацете на премиерот Христијан Мицкоски, а не вистинска реформа. Според партијата, промените во министерските ресори се само кадровски, додека политиките остануваат непроменети. „Она што се претставува како ‘освежување’ е всушност чист театар. Се менуваат ...