Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, оствари средба со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани, на која беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи. На средбата беше оценето дека односите меѓу двете држави се на високо ниво, а посебен акцент беше ставен на ...
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода вкупно 18 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од приведените, 11 лица управувале возило без возачка дозвола, од кои пет во Скопје, три во Гостивар и по едно во Тетово, Кичево и Прилеп. Покрај тоа, шестмина возачи биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. По еден таков случај се ...
Во текот на изминатото деноноќие Министерството за внатрешни работи евидентирало девет случаи на семејно насилство на повеќе локации низ државата. Во пет случаи сторителите биле лишени од слобода, додека со три лица бил извршен службен разговор. Во Куманово бил приведен 32-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом. Во Тетово, полицијата лишила од слобода 62-годишен маж, кој, според пријавата на неговите ...
Граната од Втората светска војна била пронајдена вчера при ископ на земја за изградба на објект на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Министертството за внатрешни работи соопшти дека за гранатата вчера во 12 часот во полиција пријавил Н.И., по што бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје и било констатирано дека се работи за граната која потекнувала од Втората светска војна. -Известена е Дирекцијата за заштита и ...
Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти. -Но, и покрај тоа што станува ...
Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и поранешен премиер на земјата, Виктор Орбан, денеска ја обвини владата на партијата Тиса дека ја води земјата кон диктатура, по контроверзноста предизвикана од изјавите на поранешниот претседател Јанош Адер за планираната замена на државните функционери. Орбан на Фејсбук изјави дека Адер се залага за владеење на правото и оцени дека реакциите што следеа по неговите изјави покажуваат „агресија, ...
Полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акција во гостиварското село Здуње, при што беа пронајдени околу 116 грама хашиш, а едно лице е лишено од слобода. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 4 јули, врз основа на претходно обезбедени оперативни сознанија и судска наредба од Основниот суд во Гостивар, бил извршен претрес во објект што го користел С.Б. (63). За време на претресот, во дворот била пронајдена кеса со ...
Украина во текот на ноќта нападна неколку трафостаници во Крим, како резултат на што полуостровот што се наоѓа под руска окупација остана без електрична енергија, објавија каналите на социјалните мрежи. Цели на украинскиот ноќен напад беа трафостаниците Бахчисарај и Жимино, објавено е на каналот на Телеграм Ексиленова Плус. Проукраинскиот канал Кримски ветер претходно извести за прекини во снабдувањето со електрична енергија низ Крим како ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 21-годишниот С.Б. од Скопје, кој е осомничен за обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријавила дека на 3 јули на подрачјето на Шуто Оризари, осомничениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка. Во пријавата било наведено и дека пред околу шест месеци ...
Вкупно 160 пожарникари, поддржани од 52 противпожарни возила, пет копнени екипи, два авиона и два хеликоптери, остануваат на местото на настанот во Ореокастро, предградие на градот. Пожарот што уништи два индустриски погони и предизвика евакуација на три села и еден дом за нега во близина на Солун преку ноќ е во голема мера локализиран и повеќе нема активен фронт, пренесува Грчкиот Екатимирини. Вкупно 160 пожарникари, поддржани од 52 ...
Гужвите на граничните премини кон Грција го достигнуваат својот врв овој викенд, а најкритичната ситуација во е на главниот премин Евзони, каде што колоната возила буквално се спојува со македонската страна од границата. Според последните информации, кои ги споделуваат туристите на социјалните мрежи, чекањето за влез во Грција преку Евзони во моментов е околу еден час и 40 минути. Ситуацијата не е подобра ни на алтернативниот премин Дојран, ...
Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за учебната 2026/2027 година. Со оваа одлука, по пауза од 26 години, повторно се враќа средното полициско образование во земјата. Новата генерација ќе се школува под мотото „Облечи ја униформата со гордост!“, а наставата ќе се реализира во рамки на Полициската академија во Идризово, каде учениците ...
Златан Ибрахимовиќ, кој работи како стручен консултант на телевизијата „Фокс“, ја пофали француската репрезентација која извојува тешка победа со 1:0 против Парагвај. Апсолутниот фаворит едвај ја „скрши“ јужноамериканската селекција со гол од пенал во 70-та минута. 44-годишникот објасни дека на избраниците на Дидие Дешан им било тешко поради грубоста на Парагвајците. I love a good defensive display. The real reason people are mad at ...
Можните измени во пензискиот систем, меѓу кои и евентуално продолжување на работниот век, ќе зависат од анализите што ги подготвуваат Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка. Дури по нивното завршување Владата ќе одлучи дали ќе има промени во правилата за пензионирање. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека во моментов не е донесена никаква одлука и дека најнапред ќе бидат разгледани препораките на ...
Арсенал се согласи да го продаде Леандро Тросард во Бешикташ по Светското првенство, тврдат англиските и турските медиуми. Белгискиот интернационалец е подготвен да го заврши својот три и полгодишен престој на стадионот „Емирати“ и се приближува кон трансфер во турската Суперлига вреден 20 милиони евра, пишува „Трансфермаркт“. Според „Атлетик“, Бешикташ веднаш ќе му плати на Арсенал 18 милиони евра, а износот со бонуси би можел да се зголеми ...
Фудбалерите на Франција го победија Парагвај со минимални 1:0. „Триколорите“ вложија многу труд воФиладелфија, а единствениот стрелец беше Килијан Мбапе од пенал во 70-та минута. Со овој гол, Мбапе стигна до вкупно 19 гола на Светските првенства во ист број одиграни натпревари, па сега е само еден гол подалеку од Лионел Меси во трката за најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Уште поимпресивен е фактот дека од Светското ...
Во акциска контрола спроведена на 4 јули од 17:00 до 23:00 часот на подрачјето на Штип, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи изрекоа вкупно 55 санкции за прекршоци и кривични дела. Контролата била насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитувале сообраќајните правила. Од вкупниот број санкции, најголем дел – 35, се ...
Екстремно високите температури што ја зафатија јужна Европа предизвикаа сериозни проблеми во повеќе земји, каде што пожарникарите со денови се борат со големи шумски пожари. Сушата и силниот ветер дополнително ја усложнуваат состојбата во Грција, Хрватска и Словенија, каде што опасноста од нови огнени жаришта останува многу висока. Најкритична е состојбата во Грција. Нов голем пожар вечерва се прошири во близина на Солун, поради што беа ...
СДСМ преку соопштение обвини дека, според нив, „ЗНАМ 2.0“ не е создадена за јавна дебата, туку со цел да ја ослаби партијата одвнатре. Од партијата велат дека изјавите на Игор Ивановски – Шема потврдиле дека платформата не била наменета за разговори за иднината на државата, туку за уривање на СДСМ. „Откако му пропадна ЗНАМ, сега Мицкоски со препакуван проект се обидува да го слабее СДСМ и јавната дебата, наместо за криминалот на власта, да ...
Објавено е петтото издание на Глобалниот индекс на пасоши, кој ги рангира земјите според слобода на патување, квалитет на живот и привлечност за инвестиции. Според најновите податоци на Global Citizen Solution, најмоќниот пасош во светот ѝ припаѓа на Шведска, која постигнала високи резултати во сите три категории – особено во квалитетот на живот и пристапот до странски пазари. Европа доминира на врвот Веднаш зад Шведска се наоѓаат ...
Нова европска анализа покажува дека Кипар има најдобар резултат, додека крајбрежните води генерално се почисти од реките и езерата. Европа и понатаму има голем број плажи, езера и реки со вода безбедна за капење, покажува најновиот извештај за квалитетот на водите за капење за 2025 година. Според анализата на европските институции, 96 проценти од контролираните места за капење во Европската Унија ги исполнуваат минималните стандарди за ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 07:30 часот утринава, на територијата на државата биле евидентирани вкупно 17 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, 16 од пожарите се целосно изгаснати, додека активен останува само еден. Станува збор за пожар во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што гори борова шума и ниска вегетација. Надлежните служби ја ...
Франција – Мароко е првата четвртфинална двојка на Светското првенство во фудбал. Французите, во Филаделфија, во осминафиналето, со многу мака славеа над Парагвај со 1.0 (0:0). Натпреварот имаше тек каков што се предвидуваше. Франција ја имаше топката, Парагвај оганизирано се бранеше и целосно ги исклучи од натпреварот главните француски ѕвезди. И покрај тоа што имаа речиси 80 отсто од поседот на топката, фрнацуските фудбалери не знаеја што ...
Репрезентацијата на Мароко прва избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Во првото осминафинале, Мароко ја победи Канада со 3:0 (0:0). Во следната рунда Мароканците ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Франција и Парагвај. Мароко, четвртопласиран на последниот Мундијал и официјално осма селекција на ФИФА листата, ја оправда фаворитската улога против ко-домаќинот на тековниот Мундијал, Канада. Меч винер беше ...
Пороен дожд утрово предизвика поплави во европскиот дел на Истанбул, додека азискиот брег не беше погоден, освен квартовите во близина на Босфор. Поплави имаше во централните делови на градот – Бешикташ, Шишли, Султангази и во историскиот кварт Фатих, каде се поплавени продавници. Поради надојдената вода сообраќајот се одвиваше отежнато, а подземните премини беа поплавени. Метеоролозите најавија грмотевици и обилни врнежи во западниот ...
Во саботата попладне, на Халкидики се одвиваше вистинска драма кога голем пожар избувна во Неа Каликратија, една од најпопуларните туристички области во близина на Касандра. Пожарот избувна на земјоделско земјиште во непосредна близина на населени места, поради што властите веднаш го активираа бројот за итни случаи 112 и наредија итна евакуација на населбите Ампелакија и Кипополи. Во борбата против пожарот беа вклучени силни противпожарни ...
Приемот по повод 4 јули и 250 годишнината од американската независност во амбасадата на САД помина синоќа помина со разговори и жива музика. На подиум за танцување можеше да се види и претседателката на државава Гордана Сиљановска Давкова. Меѓу присутните беше и премиерот Христијан Мицкоски. Амбасадата сподели видео на својата Фејсбук страна. „Додека денес ја славиме 250-годишнината од американската независност, се потсетуваме на вечер ...
Попладнево избувна пожар на територијата на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер-станицата, при што е зафатена борова шума, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според Ангелов, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип интервенира со целосниот расположлив капацитет во обид да се стави пожарот под контрола. -Пред малку изби тежок пожар на територијата на Општина Штип ...
Новинарката Роксана Беренис Гузман Рамирез е пронајдена мртва речиси еден месец откако беше киднапирана во мексиканската држава Веракруз. Нејзината приказна го обиколи светот бидејќи во моментот на киднапирањето успеала да сними дел од настанот со својот мобилен телефон, оставајќи потресен запис од последните моменти пред да исчезне. Мексиканските власти објавија дека осум лица, меѓу кои и четворица полицајци, се уапсени во врска со ...