Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Фудбалерите на Арсенал го победија Ковентри со 3:0 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата. За прв пат, „топџиите“ одиграа натпревар на стадионот „Емирати“ како актуелни шампиони на Англија, а одбраната на тронот ја започнаа со сигурна и убедлива победа. Головите за тимот на Микел Артета ги постигнаа Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Едегор. Ковентри се врати во елитата по 25 години и храбро влезе во играта, но Арсенал брзо ја ...
Физичката активност е еден од клучните фактори на кои можеме да влијаеме за да го намалиме ризикот од хипертензија, што значи дека редовното вежбање може да ни помогне подобро да го контролираме притисокот. Одењето и трчањето се меѓу наједноставните начини за зголемување на нивото на активност бидејќи не бараат многу опрема и можат да се практикуваат речиси насекаде. Но, кој од двата е подобар за регулирање на високиот крвен притисок, пишува ...
Претседателот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, денес на Икс напиша дека Соединетите Американски Држави покажаа дека не го разбираат јазикот на дипломатијата. Тој додаде дека САД ниту ќе ги укинат санкциите, ниту ќе ослободат ирански средства, ниту ќе го прекинат „морското пиратство“. Азизи заклучи дека „историјата ќе покаже дека јазикот на силата ќе ги принуди“ САД не само да ...
Агрумите како што се портокалите, лимоните, мандарините и грејпфрутот не се само сочни и освежителни, туку содржат и малку калории и се богати со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси. Поради сето ова, тие можат да бидат одличен дел од балансирана исхрана. Редовната консумација на агруми може да има голем број позитивни ефекти врз телото, пишува Health.com. Тие се добар извор на влакна На возрасните генерално им се препорачува да ...
Венко Филипче се врати од одмор на милионската јахта во Паљури со неговиот ментор, Зоран Заев. И во Скопје, како по договор неговиот, на Заев и на Али Ахмети аргат, Ислам Абази го затвори предметот за 19 модуларни болници набавени за време на ковид кризата, од кои во тетовската избувна пожар што за две минути ја проголта цела со 14 македонски граѓани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Но, Филипче да не се грижи, тоа што нивниот слуга во ...
Централниот дел на Медитеранот е под влијание на циклон над Џеновскиот Залив, кој носи бури и обилни врнежи од дожд на Апенинскиот Полуостров, Алпите и северозападниот дел од регионот. Италија е веќе на удар на многу обилни врнежи од дожд и силни грмотевици. Делови од Италија се исто така под влијание на суперцелуларни бури. Бурите и обилнита врнежи од дожд од северна Италија сега се движат кон југ, а Рим исто така ќе биде погоден од ...
Северна Македонија и претходно го има видено ова сценарио: премиери кои, опиени од власта, мислеле дека најлесниот начин да ја покажат својата сила е да удираат по Албанците, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Денес, како што додава, Мицкоски чекори по истиот пат. „Удари врз албанскиот јазик. Релативизирање на Бадентер. Слабеење на правичната и соодветна застапеност. А пред сето ова, ВЛЕН молчи. Наполеон почна да губи ...
Британски „Тајмс“ објави обемен текст за српскиот претседател Александар Вучиќ, неговиот балансирачки чин меѓу Москва и Брисел, како и за сè посилното студентско протестно движење, кое според анкетите на јавното мислење има поголема поддршка од властите. „Како средновековен крал што прима петиции, Александар Вучиќ, претседателот на Србија, стоеше на главниот плоштад во едно мало гратче на југозападот од земјата, додека локалните жители ...
Дисциплинската комисија на ФИФА изрече жестоки казни за инцидентите што се случија по завршувањето на финалниот меч на Светското првенство, меѓу Шпанија и Аргентина (1:0). Најлошо помина Аргентинецот Леандро Паредес, кој беше суспендиран на дури 10 репрезентативни натпревари, додека неговиот соиграч Науел Молина доби забрана за играње на седум натпревари. Паредес и Молина ќе мора да платат казна од по 77.000 евра за учество во инцидентите. ...
Јаник Синер потврди дека нема да игра на претстојниот Ју-ес Опен, поради проблем со десното колено. Италијанецот минатата сезона ја освои титулата. Синер се обиде да се подготви за последниот Гренд слем турнир во сезоната и тренираше во Монте Карло во изминатите неколку дена, но тој и неговиот тим проценија дека сè уште не е подготвен да се врати на терените. Италијанецот ја објави одлуката преку социјалните мрежи. „Иако работев напорно со ...
Англискиот репрезентативец Езри Конса е нов играч на Арсенал, објави денес клубот од Лондон. Конса потпиша четиригодишен договор со Арсенал, а клубот и плати 60 милиони евра на Астон Вила за неговиот трансфер, објави „Скај Спортс“. „Исклучително сум возбуден. Привилегија е да бидам тука и едвај чекам да почнам. Сакам да продолжам да победувам, сакам да победувам и токму затоа сум тука. Ова е горд момент за мене и моето семејство, ќе играм ...
На граничниот премин „Табановце“ уапсен е странски државјанин откако било утврдено дека со своето „порше“ возел со брзина од 168 километри на час, иако максимално дозволената брзина била 80 километри на час. Според МВР, денеска (21.08.2026) во 13:15 часот, на граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не го поддржа барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Киев да му се дозволи да ја користи сателитската комуникациска мрежа „Старлинк“ надвор од територијата на Украина, објави британскиот „Фајненшл тајмс“. Според весникот, за време на разговорот во Овалната соба, Трамп не дал јасен одговор на барањето на Зеленски, но, како што е наведено, очигледно е дека тој не го поддржал тој план. ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Формула 1 во Зандворт. Британецот го извози најбрзиот круг во квалификациите за спринт со време од 1:11.567 и за само 41 илјадити дел од секундата го надмина својот сонародник Ландо Норис од Мекларен. Третото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој беше само 55 илјадити дел од секундата зад Расел. Колку неизвесни беа квалификациите најдобро ...
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако таа земја издаде меѓународна потерница за апсење на Нетанјаху. Во соопштението од кабинетот на премиерот беше наведено дека Ердоган „сега се обидува да ја прошири својата агресија против Израел во Сирија“ и дека Израел нема да го толерира тоа. Објавата следеше по израелскиот напад врз сириска воздухопловна база, кој ...
Две ретки торнада вчера ги погодија Њујорк и Лонг Ајленд, додека силни бури зафатија делови од средноатлантскиот регион на Соединетите Американски Држави, предизвикувајќи прекини во сообраќајот на некои главни автопати. „Две пијавици, се појавија по должината на јужниот брег на Квинс, Њујорк и округот Насау, Лонг Ајленд, пред да се преселат во внатрешноста и да се развијат во торнада“, рече Џон Мареј, метеоролог од Националната метеоролошка ...
Најмалку шест лица се убиени, а околу 90 се повредени во напад со руски беспилотни летала врз трговски центар во Кривји Рог, град во централна Украина. Локалните власти потврдија дека меѓу ранетите во нападот врз родниот град на претседателот Володимир Зеленски има шест деца, пишува Ројтерс. Регионалниот гувернер Олександр Ханжа објави на апликацијата Телеграм дека 21 лице е во сериозна состојба, вклучувајќи и едно дете. Со објавата, тој ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри. Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку превземање одговорност и вежбање истрајност. Според неа, преку спортот се обликува и негува не само личниот, ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес изјави дека очекува соработката со американскиот претседател Доналд Трамп да биде полесна поради нивните слични политички ставови, но дека тоа не се случило на долг рок откако Трамп се сврте против неа поради нејзиното одбивање да ја поддржи војната на САД против Иран. „Јасно е дека мислев дека работите ќе бидат полесни со Доналд Трамп, со оглед на нашите заеднички ставови за имиграцијата и ...
Времето утре, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...
Иран денес предупреди дека секоја нова закана од САД ќе биде дочекана со „силен и разорно“ одговор, откако Вашингтон ги објави најстрогите санкции досега насочени кон понатамошно ослабување на иранскиот режим. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека деталите за новите мерки ќе бидат објавени во понеделник. Тој ги објави „најстрогите санкции во историјата“ и рече дека САД ќе се обидат економски да го изолираат Иран, ...
Министерството за правда на Турција побара израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде ставен на меѓународната листа на барани лица под обвинение за геноцид, објави денес турскиот министер за правда Акин Гурлек. Според него, потребната документација поврзана со барањето е доставена до Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи на Турција. Постапката се однесува на нападот во меѓународни води врз активистите ...
Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Фагерста во централна Шведска, соопштија локалните власти. „Примен е телефонски повик во врска со инцидент што е опасен по живот во училиште во Фагерста. Полицијата пристигна на местото на настанот и едно лице е приведено“, соопшти полицијата. Suède: plusieurs personnes blessées à coups d'épée dans un lycée, un suspect interpellé pic.twitter.com/y5W3alHj9k — BFM (@BFMTV) August ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13:00 часот регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 1 е под контрола, а 3 се изгаснати. Активни пожари – 6: Општина Прилеп: во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, гори ниска вегетација. Општина Студеничани: на потегот село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, пожарот зафаќа мешана ...
Два проекти во продукција на „Сестри и брат Митевски“ се во фокусот на годинашното издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума се натпреварува за „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, додека серијата „Мала Југославија“ на Теона Стругар Митевска и Соња Просенц ја освои Female Voices CineLink Award, награда за развој во вредност од 20.000 евра. „Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 17-то издание беше отворен на 20 август во Куршумли ан со традиционалниот поздрав со кромид в рака од екипата кон публиката, која објектот Куршумли ан го исполни до последно место. Пред почетокот на филмската програма се обратија Сара Ферро и Дарко Набаков во име на целата екипа на „МакеДокс“. „Од 20 до 27 август повторно сме заедно под мотото „Само сонот е стварност“. Можеби ...
Здравствените власти денес препорачаа дезинфекција на септичките јами како индивидуална мерка што жителите на подрачјата со прогласена епидемија на западнонилска трека можат да ја преземат. Во моментов во земјава нема таблета со која можат да го направат тоа, но министерот за здравство, Сашо Клековски, вели дека во следниот период ќе работат на тоа да се донесе и кај нас. „Една од работите што недостасува, што ја лоциравме во моментот и што ...
Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли Меил“ 9,54 милиони фунти (околу 11 милиони евра) откако го загубија спорот за приватност на Високиот суд. Меѓу тужителите се Сер Елтон Џон и актерката Лиз Харли, објавува BBC. Седумте тужители мора да ја платат сумата до 28 август. Ова е само почетна исплата, а вкупните судски трошоци што би можеле да ги направат би можеле да достигнат 34,5 милиони ...
СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, со тим, добра програма и конкретен план за иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. Тој најави дека веќе во текот на септември СДСМ ќе го претстави Мастер планот за Македонија, со што граѓаните ќе можат јасно да ја видат понудата на партијата. „Го кажав тоа неколку пати до сега, секогаш сме подготвени. И со тим, и со добра програма, ...
ВМРО – ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ. „Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го потсетуваме градоначалникот ...