Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Европската Унија предложи клауд сервисите на компаниите Амазон и Мајкрософт да бидат опфатени со строгите правила од Законот за дигитални пазари. Тоа би ги подложило најголемите светски даватели на услуги за компјутерска обработка во облак (cloud computing) на дополнителни регулаторни обврски, пренесе Ројтерс. Од нашата мрежа Монтела повика на почит кон турската репрезентација и се надева… 20 минути kontra.mk Покетино ги објави ротациите за ...
Од први јули треба да стартува проширувањето на позитивната листа на лекови со антикоагулантна терапија, односно лекови против згрутчување на крвта, а неколку месеци подоцна Фондот за здравство планира да воведе современ бронходилататор. -Проширување на позитивната листа, со антикоагулансите ќе стартуваме сега а во втората половина на годината ќе ја прошириме со овој најсовремен бронходилататор, оти има процедури кои мора да се заштитат, нема ...
„Како е можно волци со денови или недели да копаат дупки без тоа да биде забележано? Како е можно во објект во кој се чуваат диви и потенцијално опасни животни да нема елементарен надзор и безбедносни протоколи? Како е можно да се овозможи доволно време и простор за да бидат убиени повеќе животни, без навремена реакција, без интервенција, без соодветна седација и контрола на ситуацијата? Кој ја презема одговорноста? Кој ќе одговори за ...
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за сторено продолжено кривично дело во врска со кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и правно лице од Прилеп за продолжено кривично дело во врска со „фалсификување или уништување деловни книги“. Првопријавениот во својство на финансов директор во АД ...
Со воведување на електронскиот рецепт за лекови за акутни заболувања од Фондот за здравствено осигурување очекуваат да се намали злоуптребата при препишување и подигнување на лекови кои ги покрива државата. Сашо Клековски, директор на ФЗО, рече дека чекаат од Министерството за здравство да ги донесат протоколите со кои ситемот од Фондот ќе се поврзе со тој од Министерството и ќе се овозможи издавање на електронски рецепт. Тој појасни дека ...
На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР Скопје, А.А.(42) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир биле опожарени неговото патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.М.. Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р.. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска, на третата Меѓународна конференција за обнова на Украина во Гдањск, ги критикуваше пред сè европските лидери дека зборуваат за обнова и помош за Украина во војната со Русија, а немаат волја да разговараат за она што е поважно – дека повеќе оружје значи и повеќе убивање и дека првенствено треба веднаш да се договори примирје, а потоа и мир. „Војната не е виртуелна. Таа е морничаво реална. Значи уништени ...
Францускиот претседател Емануел Макрон објави на социјалните мрежи драматична видеоснимка од упадот на француските маринци на нафтениот танкер „Деливер“ (Deliver), за кој се сомнева дека е дел од руската „флота во сенка“ со која Москва ги заобиколува западните санкции. „Француската морнарица во вторникот го пресретна танкерот Деливер додека поминуваше покрај брегот на Сицилија, кршејќи го поморското право“, напиша Макрон во објавата на ...
Подмладокот на Левица, Црвена младина реагираше на посетата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој присуствувал на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, посветен на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и управувањето со кризни ситуации. Од младината на опозициската партија велат дека додека Скопје се дави во ѓубре, додека граѓаните со часови чекаат јавен превоз кој никогаш не доаѓа, а градот тоне ...
Германецот Јорг Хескенс го советува српскиот претседател Александар Вучиќ веќе 13 години, а го плаќа германската влада. Тој во голема мера се фокусира на заштитата на германските економски интереси во Србија, објави денеска Балканската истражувачка мрежа (БИРН), врз основа на истражувањето за ангажманот на Хескенс, спроведено во соработка со „Дер Шпигел“. Истражувањето на БИРН и на германскиот магазин е фокусирано на документацијата што БИРН ...
Министерството за надворешни работи без одговор на прашањето на „Локално“ дали прави истрага како протекол документот за патувањето на сопругата и синот на премиерт Христијан Мицкоски во бугарскиот скијачки центар Папмпорово од 6-ти јануари годинава, откако бугарското министерство за надворешни работи вчера демантирање дека од кај нив протекла дипломатската нота. На прашањето на „Локално“, дали дипломатската нота протекла од македонска ...
Градската организација на Либерално-демократската партија – Скопје бара брза реакција од Зоолошката градина, Град Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и сите надлежни институции, по последната случка во саботата, со бегство на бели волци од кафезот кои изеле 4 кенгури и неколку ему птици. Оттаму потсетуваат дека Зоолошката градина ја следат несреќни случаи уште од почетокот на мандатот на претходната градоначалничка Данела Арсовска. ...
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, побара јавно информација до каде е предметот против Висар Ганиу околу дивоградбите за кои таа доставила обемна документација во Јавното обвинителство. Според неа, Ганиу легализирал објекти врз основа на фалсификувани документи на кои биле наведени лажни потврди и дозволи, со непостоечки броеви во архивата на Град Скопје. Иако од нејзината пријава поминала една година, според ...
За одлуката на Уставниот суд да ја укине Одлуката на Совет на Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година, за преименување на имињата на улиците, плоштадите, мостовите и други објекти во градот и барањето за „дејугословенизација“ на топонимите, пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче порача дека премиерот Христијан Мицкоски и Владата треба да ги поканите општините и градоначалниците и да покренат иницијатива. Според Снопче, ...
Пратениците на Европскиот парламент упатија денеска итен повик до Европската комисија и до Делегацијата на Европската Унија во Србија веднаш и одлучно да интервенираат за да ги заштитат активистите, новинарите и студентите кои во моментов се изложени на брутална одмазда од државата поради изнесување на вистината, пренесува порталот Савремена политика. По студентските протести на 15 март 2025 година во Белград, стотици граѓани храбро сведочеа ...
Водечката криптовалута изгуби повеќе од четири отсто од вредноста, додека одливот на капитал од биткоин ЕТФ-фондовите и неизвесноста околу регулативата дополнително го притискаат пазарот. Биткоинот падна на најниското ниво од октомври 2024 година, под влијание на повлекувањето на технолошките акции и продолжувањето на негативниот тренд на пазарот на криптовалути. Неговата цена падна за повеќе од четири отсто, на 59.548 долари, додека во текот ...
Ребалансот на Буџетот повторно ја отвори дебатата за начинот на кој се трошат јавните пари и за ефектите што тие ги имаат врз економскиот раст. Економистите предупредуваат дека зголемувањето на расходите само по себе не гарантира подобри економски резултати доколку не е проследено со повисока реализација на капиталните инвестиции и реформи кои ќе ја зголемат продуктивноста на економијата. Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски за ...
Цената на нафтата од типот „Брент“ падна под нивото на кое беше пред почетокот на војната со Иран, бидејќи бранот задржана нафта почна да излегува од Заливот. Ова ги натера трговците да го занемарат ризикот од можни последователни потреси од кризата. Меѓународната референтна цена на нафтата „Брент“ падна во четвртокот за 1,5 отсто, на 72,57 долари за барел, додека цената на нафтата „WTI“ падна за 1,18 отсто, на 69,51 долари за барел. ...
Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од ветувањатa не исполнивте, го повика денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, Христијан Мицкоски во македонското Собрание. „Вашиот резултат после 2 години е една голема нула, нула за реформи, за сголемување на платите, за мерки за младите, за поддршка на земјоделците, нула за Европскиот пат. И сега моето прашање е просто, едноставно, кој е ...
Владата подготвува законски измени со кои ќе се овозможи и стимулира изградба на дата-центри во Македонија, со цел привлекување нови инвестиции, отворање работни места и раст на економијата. Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, со кои државата ќе создаде услови за развој на современи дата центри, во согласност со глобалните трендови поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Истакнуваат ...
Најмалку 101 милион луѓе во Европа, вклучувајќи повеќе од 50 милиони во Франција и 18 милиони во Германија, во некој момент во четвртокот ќе се соочат со температури повисоки од 35 степени Целзиусови, пренесува француската агенција „AFP“според сопствените пресметки. Вкупно се очекува максималните температури да надминат 30 степени за повеќе од 380 милиони луѓе во Европа (со исклучок на Турција), што претставува речиси две третини од ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска од Собранието ѝ порача на опозициската СДСМ дека „народот секогаш победувал и дека секогаш во историјата биле победувани сите кодоши и предавници“. Вели дека во моментов има многу „котиња од градови од денешна Македонија“. Според Мицкоски, секој трет човек планира да ја напушти Македонија затоа што, како што вели, „ ве гледа вас како уживате во Дубаи на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор“. ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се обиде да ги смири тензиите со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа во средата, користејќи комбинација од ласкање и благ отпор, тврдејќи дека случаите на неволноста на сојузниците да ја поддржат американската војна со Иран се ограничени на „изолирани случаи“, пренесува „Ројтерс“. Руте го посети Вашингтон за да се обиде да ги ублажи тензиите околу војната со Иран и американските закани за ...
Деновиве има мноштво посебни понуди за летување, но дури 21 отсто од Германците оваа година не можат да си го дозволат тоа. Бидејќи и летувањето стана поскапо за најмалку десетина отсто во споредба со минатата година, пишува „Дојче веле“. Кога ќе се погледнат плакатите во туристичките агенции, тешко е да се поверува дека некој во денешна Германија не може да си дозволи некоја од тие специјални или „ласт минут“ понуди: 350 до 400 евра за една ...
САД ја продолжија за уште една година националната вонредна состојба поврзана со Западниот Балкан, оценувајќи дека активностите кои ги загрозуваат мирот, стабилноста и демократското управување во регионот и понатаму претставуваат закана за американската национална безбедност и надворешна политика, пишува „Н1 Србија“. Во претседателскиот документ објавен на 24 јуни се наведува дека постапките на поединци и групи кои ги загрозуваат мирот, ...
„Фолксваген“ постигна договор за продажба на контролниот пакет удели во компанијата „Еверленс“, некогашна „МАН енерџи солушнс“, на американскиот инвестициски фонд „Бејн капитал“. Трансакцијата би требало на германскиот производител на автомобили да му донесе околу 7,4 милијарди евра, што е повеќе од понудите на другите заинтересирани фондови. Според договорот, „Бејн капитал“ ќе преземе 51 отсто од сопственоста, додека „Фолксваген“ ќе задржи ...
Ќе има голем отпор ако власта донесе одлука за отворање на рудникот Иловица во Општина Босилово , нема што друго да правиме освен да си ги браниме домовите, изјави за „Локално“, Стојан Велков од еколошкото здружение „Здрава котлина“. Тој појаснува дека по вчерашната информација од Владата дека Вишиот управен суд донел одлука и дека власта мора да постапува по судски одлуки, всушност Владата е таа што не постапила по судската одлука според ...
На 24.06.2026 околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 ...
На комисиска расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, го образложи амандманот поднесен од пратеничката група на Левица со кој се бараше забраната за рекламирање на коцкарниците да се прошири и на спортските клубови, културните и младинските настани, медиумите, интернет порталите, социјалните мрежи, како и на јавните личности и инфлуенсерите. „Да ја искористиме шансата да регулираме ...
Актерката Никола Пелц (29) случајно откри провокативни фотографии со сопругот Бруклин Бекам (27), со што ги разгоре приказните за кавгата во семејството Бекам. Ѕвездата од серијата „Бејтс мотел“ на Инстаграм ги откри интимните црно-бели фотографии од неа и Бруклин што висат на ѕидот од нивниот дом во Беверли Хилс. На фотографиите Никола позира топлес додека го прегрнува Бруклин. Иако објавувањето наводно е случајно, многумина го сметаат за ...