Во однос на платформата на екс-функционерите на СДСМ, кои минатата недела оддржаа дебата со наслов „Разговори за иднината 12.05“, Извршниот одбор на СДСМ синоќа донесе заклучок јавно да ги повика на дебата во партијата сите поединци или групи – да дискутираат заедно, за како што велат, борбата против криминалната власт на премиерот Христијаан Мицкоски. Извршниот одбор, како што се наведува во соопштението по партискиот состанок, оцени дека ...

„На вчерашната седница Извршниот одбор на СДСМ дискутираше за повеќе актуелни теми“, велат од партијата. „ИО изрази сериозна загриженост за лошата економска состојба во земјата и влошениот животен стандард на граѓаните, во Буџетот нема пари, власта трупа нови долгови и со ребалансот состојбата со долговите се влошува. СДСМ ќе продолжи да се бори против погрешните економски и криминални политики на владата на Мицкоски, во интерес на граѓаните ...