
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



За Hisense, водечки светски производител на апарати за домаќинство и електроника, 2024 година значеше уште една година на можности за испорака на одлична технологија до клиентите низ целиот свет. Во 2024 година Hisense со амбициозна цел одигра одлучувачка улога во бизнисот на телевизори. Неговата полувековна традиција во областа на производството на телевизори ја прави компанијата втор најголем производител на телевизори во светот и процесот на ...
OnePlus Watch 2 е еден од поинтересните паметни часовници со Wear OS. Тоа е благодарение на пристапот со два чипсета, кој му овозможува да постигне импресивно долг век на батеријата. Со приближувањето на неговата прва годишнина, започнаа да се појавуваат гласини за неговиот наследник. Се чини дека во 2025 година, OnePlus може да се одлучи да воведе и Pro модел во линијата Watch 3. Android Authority откри траги во кодот на OHealth за OnePlus ...
Поткастот “Научно докажано” на нутриционистот Сашко Дрвошански е новото место каде може да се добијат корисни едукативни и научно докажани информации поврзани со нашето здравје. Тоа е особено важно со доаѓање на празничната атмосфера, прославите, забавите, уживањето кои се дел од секојдневието, а алкохолот е во центарот на вниманието. За да се разјаснат вистините и митовите за алкохолот Сашко Дрвошански ги анализира во својот поткаст ефектите ...
Nvidia планира да лансира компактни компјутери за хуманоидни роботи во текот на 2025 година, насочувајќи се кон глобалниот пазар на производители на роботи. Nvidia стана гигант во областа на хардверот за вештачка интелигенција благодарение на своите напредни AI процесори, кои се неприкосновени во оваа индустрија. Затоа, често се поставува прашањето што е следно за овој ИТ гигант кој буквално „експлодираше“ годинава и стана една од највредните ...
Истражувачите од Google користат Android телефони за мапирање на јоносферата и подобрување на прецизноста на навигациските системи. Мапирањето на јоносферата е клучно за подобрување на точноста на навигациските системи, но постојните методи имаат значајни ограничувања. Земските GNSS станици обезбедуваат детални мапи за вкупната содржина на електрони (TEC) во јоносферата, но нивната покриеност е нерамномерна, оставајќи големи празнини во ...
Европската вселенска агенција и сателитскиот оператор Telesat први во светот ја тестираа 5G конекцијата што директно го поврзува комуникацискиот сателит во ниска орбита со земјаните предаватели и приемници. Лабораторијата за 5G и 6G комуникациски технологии на Европската вселенска агенција, која се наоѓа во Европскиот центар за вселенски истражувања и технологии (ESTEC) во Холандија, успешно воспостави 5G врска со сателитот LEO 3, управуван од ...
Целосно редизајнирана верзија на Magic Mouse со контроли на допир и глас ќе пристигне во 2026 година, тврди корејски „дојавувач“. Надоврзувајќи се на неодамнешниот извештај на Марк Гурман од Bloomberg, корејскиот агрегатор за вести за Apple, познат како „yeux1122“, вели дека следната генерација на Magic Mouse ќе има нов, поергономски дизајн што ќе ги адресира долгогодишните забелешки, вклучително и локацијата на портот за полнење. „Идната ...
Мерките ќе бидат во сила низ целиот свет до Нова година и се однесуваат на изнајмување од една до три ноќи. Интернет платформата за краткорочно изнајмување сместување Airbnb користи вештачка интелигенција за да препознае и спречи изнајмување за целите на новогодишните прослави. Платформата соопшти дека вовела мерки засновани на машинско учење кои препознаваат и блокираат резервации за сместување со висок ризик. Технологијата ја снима должината ...
Истражувачите веруваат дека можеби ја решиле мистеријата за Олтарскиот камен на Стоунхенџ, што укажува на тоа дека енигматичниот мегалит е изграден како дел од обид да се заштити идентитетот на неолитска Британија за време на период на зголемена имиграција од Европа. Со изградбата на споменикот од колосални камења оддалечени стотици километри, креаторите на древниот споменик можеби се надевале дека ќе ја обединат нацијата, но на крајот не ...
Компанијата Vivo во 2025 година планира да претстави хедсет за мешана реалност, кој ќе биде конкурент на хедсетот Vision Pro на Apple, и покрај слабите продажни резултати на овој уред. Новиот MR хедсет се очекува во септември или октомври како прототип, а наводно ќе има функции кои ќе ги надминат оние што ги нуди Vision Pro. Ова е позитивно, но до тогаш Vision Pro ќе биде присутен на пазарот повеќе од една и пол година, што не е идеално за ...
Со воведувањето на eKitStore Xtreme 200E серијата, Huawei поставува нови стандарди за односот помеѓу цената и перформансите во сегментот на M.2 PCIe 4.0 SSD уреди. Huawei влезе на пазарот на SSD уреди со серијата eKitStore Xtreme 200E, која нуди импресивни перформанси базирани на PCIe 4.0 интерфејс по неверојатна цена од само 32 долари за модел со капацитет од 1 TB. Оваа цена предизвика вистински потрес во SSD индустријата, поставувајќи нови ...
Првиот кинески длабокоморски мултифункционален истражувачки брод развиен во ова аземја официјално стапи во употреба. Станува збор за брод со име Tansuo-3, кој го започна својот работен век во градот Санја во провинцијата Хаинан. Бродот се приклучува на постојната кинеска флота на мразокршачи која ги вклучува Xuelong, Xuelong 2 и Jidi, од кои сите припаѓаат на Министерството за природни ресурси. Бродот ќе започне со изведување на истражувачки ...
Во последно време, корпоративната структура на OpenAI предизвика бројни дискусии и дебати во јавноста и внатре во организацијата, што го наведе раководството да донесе клучни одлуки и да најави нов правец за развој на компанијата и непрофитната лабораторија. Комплексната приказна за OpenAI, кој започна како непрофитна лабораторија за вештачка интелигенција, а потоа прерасна во компанија со профитни цели, би можела да се расплете во текот на ...
На денот кога го прослави јубилејниот 80. роденден, Стопанска банка ги објави добитниците на нови 11 грантови за асоцијации на лица со пречки во развојот како дел од шестото издание на општествено-одговорната кампања „Сонуваме.Менуваме“. Оваа долгогодишна кампања на Банката е наменета за подигнување на јавната свест за поголема инклузија на лицата со попреченост и градење подобро општество за сите. Доделените грантови се во вкупна вредност од ...
Денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ беше одбележан почетокот на одбројувањето од 200 дена до стартот на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ Скопје 2025, кој во јули следната година ќе се одржи во Македонија. Настанот го собра најдоброто од младинската спортска сцена во Македонија, најавувајќи ја возбудата што ќе следи во наредните месеци. Од денеска започнува ново поглавје во подготовките за еден од најпрестижните ...
CR450 треба да стане најбрзиот комерцијален воз на светот кога ќе биде дел од мрежата на кинеските брзи железници, која сега се протега на повеќе од 47.000 километри. Возот CR450, именуван според неговата максимална тестна брзина од 450 километри на час, е дизајниран за комерцијална употреба со брзина од 400 км/ч, во споредба со моментално најбрзите кинески возови од серијата CR400, кои сообраќаат со брзина од 350 км/ч на главните железнички ...
Популарниот видео сервис YouTube тестира ново лебдечко копче наречено Play Something, кое ќе избере видео за корисникот. Копчето беше забележано во апликацијата YouTube за уреди со Android, како лебди над долната лента на апликацијата. Кога корисникот ќе го допре, ова копче избира видео за корисникот и го репродуцира. Исто како и претходните верзии на функцијата, кои YouTube претходно ги тестираше, новото копче, наводно, го користи ...
LG не го чекаше саемот CES во Лас Вегас за да ја претстави својата нова линија гејминг монитори. Понудата за 2025 година ја предводи UltraGear OLED Bendable гејминг м, за кој LG тврди дека е „првиот флексибилен OLED екран со резолуција 5K2K“. Станува збор за 45-инчен монитор со експанзивна резолуција од 5.120×2.160 пиксели, што значи дека корисникот има ист број вертикални пиксели како и типичен 4K екран, но со многу пошироко платно за играње. ...
Откако американската вселенска агенција NASA објави дека сондата Parker се приближила до Сонцето поблиску од било кое летало, пристигнаа нови информации за овој подвиг. Со одредено исчекување, NASA конечно доби повратен сигнал од леталото, што исто така значи дека е во добра состојба и без проблем си ја врши работата. „Лабораторијата за применета физика „Џонс Хопкинс“ (АПЛ) во Лорел го прими сигналот кратко пред полноќ во ноќта на 26 декември. ...
Instagram Stories се најдобриот начин за корисниците на Instagram да знаат што прават нивните пријатели. Сепак, овие приказни траат само 24 часа, така што има големи шанси некои од нив да се пропуштат. Откако ќе истече таквата содржина, нема начин да ги прегледате Stories. Сепак, Instagram работи на решение во форма на функцијата Story Highlights. Според TechCrunch, Instagram работи на функција која на корисниците ќе им прикажува содржини на ...
Circle to Search станува достапен на сè повеќе паметни телефони, а сега можат да го користат и сопствениците на некои од моделите на Nothing. Функцијата на Google за полесно пребарување, Circle to Search, која првпат беше претставена на почетокот на годината со Galaxy S24, сега е достапна на следниtе модели на Nothing: Phone (2), Phone (2a) и Phone (2a) Plus. Корисниците на овие модели на Nothing можат да ја активираат функцијата Circle to ...
Samsung следниот месец ќе го претстави својот најмоќен паметен телефон досега, моделот Galaxy S25 Ultra, кој, според сè, ќе биде единствениот на пазарот со Gorilla Glass Armor 2 од Corning. Моделот Samsung Galaxy S24 Ultra моментално е единствениот мобилен телефон со Gorilla Glass Armor. Освен што нуди напредна заштита од пукање и гребнатини, овој Gorilla Glass се истакнува и со антирефлексивен слој, што го прави S24 Ultra телефонот со најмалку ...
Galaxy Z Flip7 може да биде првиот смартфон со преклопен екран од Samsung со Exynos чипсет. Ова ќе биде голема промена за компанијата, која досега користеше исклучиво Snapdragon чипови од Qualcomm. Веќе е познато дека Samsung го подготвува Exynos 2500, но се верува дека овој чипсет веројатно нема да се појави во Galaxy S25 серијата. Ова се должи на наводите за недоволна продуктивност во производството. Сега, според извештајот на The Elec, Galaxy ...
Следната генерација на Samsung QD-OLED панели би можела да достигне неверојатна осветленост, правејќи ги уште поконкурентни во споредба со LCD технологијата. По повеќе од една деценија отпор кон OLED технологијата, Samsung во 2022 година ги претстави своите први QD-OLED телевизори. Иако оваа технологија се истакна со подлабоки бои и попрецизни бели тонови во споредба со WRGB-OLED панелите на LG Display, осветленоста на QD-OLED телевизорите сè ...
Истражувачи во САД успешно телепортирале квантна состојба на светлина преку 30 километри оптички кабел со активен интернет сообраќај, отворајќи врати за иднината на квантните мрежи. Научниците од САД постигнаа значаен успех телепортирајќи квантна состојба на светлина преку 30 километри оптички влакна преполни со интернет сообраќај. Овој подвиг, кој некогаш се сметаше за невозможен, претставува клучен чекор кон развојот на квантно поврзани ...
Канадскиот производител на маски и футроли за паметни телефони dbrand објави фотографии од моделот Galaxy S25. Објавените фотографии индиректно го потврдуваат дизајнот и приближниот датум на лансирање на новата Galaxy S25 серија. Дизајнот на телефоните останува главно сличен на претходната генерација, со суптилни промени. Најголемите промени се забележуваат кај моделот Galaxy S25 Ultra, кој доаѓа со позаоблени агли и порамен рам од двете страни, ...
Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија во понеделник, 30 декември отвора нова продажна локација овој пат во Скопје Сити Мол. По овој повод, за сите кои ќе го посетат новото продажно место на денот на отворањето МТЕЛ подготви супер изненадувања. „Навистина сме среќни што ја прошируваме нашата продажна мрежа со нова локација во Сити мол и им ги доближуваме уште повеќе нашите понуди и услуги на корисниците. По тој ...
Почнаа да се појавуваат првите детали за следните смартфони на Nothing, кои откриваат дека може да донесат значајни промени. Деталите доаѓаат од Android Authority, кои успеале да откријат интересни информации за Nothing Phone 3a, Phone 3a Plus и CMF Phone 2 во кодот на последната верзија на платформата Nothing OS 3.0. Во софтверот се пронајдени кодни имиња asteroids, asteroids_plus и galaga, кои најверојатно се однесуваат на очекуваните ...
ProArt PZ13 е многу лесен и компактен 2-во-1 уред кој има лесна тастатура што се поврзува магнетски со таблет-делот. Клучни елементи на овој уред со мала тежина се OLED екран и Snapdragon процесор. Asus ProArt е разновидна серија лаптопи наменета првенствено за креативни професионалци. Додека 16-инчните модели се фокусираат на моќен хардвер, Asus го претстави PZ13 моделот, кој нуди лесен уред што може да се користи како таблет или лаптоп и доаѓа ...
Од сабота, 28 декември 2024 година, сите мали и средни преносни електронски уреди што се продаваат во Европската Унија мора да бидат компатибилни со USB-C портовите. На потрошувачите во ЕУ повеќе нема да им требаат различни полначи за нивните мобилни телефони, таблет компјутери, камери, слушалки, конзоли за игри и други уреди, бидејќи портите за полнење USB Type-C стануваат стандард за мобилни гаџети. Во 2022 година, Европскиот парламент и ...