Samsung детално ја објасни QD-OLED Penta Tandem технологијата, која носи околу 30% поголема осветленост и речиси двојно подолг работен век на OLED панелите. Samsung ги откри техничките детали за новата генерација QD-OLED панели што ќе се користат во неговиот flagship OLED телевизор за 2026 година, моделот S95H. Според наводите на компанијата, новите панели ќе бидат околу 30% посветли во однос на претходниот модел S95F, но уште позначајна ...

Google на 18 февруари ќе го претстави смартфонот Pixel 10a, а откако компанијата го откри неговиот дизајн, сега „протекоа“ и неговите спецификации и цени. Германскиот блог WinFuture тврди дека претстојниот Pixel 10a ќе биде речиси идентичен со моделот Pixel 9a, со тоа што екранот ќе биде заштитен со Gorilla Glass 7i наместо со Gorilla Glass 3 стакло, а Bluetooth 5.4 ќе биде заменет со Bluetooth 6. Pixel 10a ќе се полни побрзо, односно ќе ...

Новиот достапен iPhone од Apple наводно ќе биде лансиран подоцна овој месец, а според едно протекување најавата би можела да се случи на 19 февруари. Иако ништо официјално не е потврдено, јутјуберот Jon Prosser сподели видео кое наводно го прикажува првиот изглед на претстојниот iPhone 17e. Во видеото, iPhone 17e е прикажан со Dynamic Island и поддршка за MagSafe полнење. Сепак, повеќето неодамнешни протекувања и извештаи сугерираат дека ...

Анализата на примероците што ги пронајде роверот Curiosity во кратерот Гејл на Марс открива високи концентрации на сложени органски молекули, кои ги надминуваат вообичаените „неживи“ извори, отворајќи го прашањето за живот на Марс. Во март 2025 година беше објавено дека во примероците од карпи, анализирани од хемиската лабораторија на роверот Curiosity на Марс, се идентификувани заситени јаглеводороди – алкани. Станува збор за досега ...

Анимациите во One UI 9 за првпат го откриваат обликот на Wide Galaxy Z Fold моделот на Samsung и го потврдуваат поширокиот формат на преклопниот екран Развојот на системот One UI 9 донесе и прво навистина конкретно откритие поврзано со новиот преклопен телефон на компанијата Samsung. Во интерните анимации на системот се појавува телефон за кој досега само се шпекулираше во повеќе наврати: Samsung Wide Galaxy Z Fold, со што за првпат е можно ...

Обединетите нации најавија формирање независна научна панел-група за вештачка интелигенција (AI) која ќе го советува светот за опасностите и безбедносните предизвици поврзани со вештачката интелигенција, нагласувајќи ја потребата од меѓународен пристап со цел да се спречат штетни последици и потенцијално да се зголеми глобалната доверба во технологијата. Во момент кога вештачката интелигенција станува сè поголем дел од секојдневниот живот – ...

Microsoft потврди дека планира постепено да се оддалечи од ослонувањето на OpenAI и наместо тоа да развива сопствени напредни AI модели, додека истовремено инвестира во други партнери и ги гради сопствените капацитети. Microsoft потврди дека има намера да ја намали својата зависност од моделите на OpenAI, вклучувајќи го и ChatGPT, и да го засили развојот на сопствени AI системи, сигнализирајќи стратешка промена во односите со еден од своите ...

Samsung Galaxy Z Flip8 ќе биде првиот преклопен телефон со 2 nm Exynos 2600 чип и One UI 9 систем, со значителни подобрувања на CPU, GPU и NPU перформансите. Во рамки на One UI системските кодови и ознаки, откриени се првите конкретни траги за Samsung Galaxy Z Flip8, чиј интерен модел е означен како SM-F776U. Ваквите откритија традиционално укажуваат дека развојот на уредот е во напредна фаза и дека моментот на лансирање се приближува побрзо ...

Гледачите ширум светот се воодушевени од технолошките иновации во телевизиските преноси на Зимските олимписки игри во Милано Кортина 2026, каде што дроновите ги носат поблиску од кога било до снегот, мразот и акцијата. Откако беа отворени минатата недела, Зимските олимписки игри Milano Cortina 2026 го привлекоа вниманието на јавноста со своите напредни технолошки решенија во телевизиските преноси. За тоа се заслужни италијанските ...

Microsoft најавува враќање на познатата функција во Windows 11. Taskbar-от повторно ќе може да се поместува и прилагодува, по повеќегодишно незадоволство кај корисниците. Microsoft потврди дека во текот на 2026 година фокусот ќе биде ставен на сериозно унапредување на Windows 11, со цел да се решат проблемите на кои корисниците укажуваат уште од неговото лансирање. Според достапните информации, една од најважните промени ќе биде враќањето на ...

Дознајте како максимално да ја искористите вашата Samsung вградена рерна Модерните кујни се спој на елегантен дизајн и паметна технологија, апарати кои совршено се вклопуваат во просторот и природно се спојуваат со ентериерот. Но, вистинската паметна кујна е многу повеќе од само изглед. Рерните на “Самсунг“ (“Samsung”) нудат флексибилни опции за готвење, енергетска ефикасност и интуитивни функции кои го прават секојдневното подготвување на ...

Во секојдневието исполнето со обврски, желбата за брз, а сепак вкусен и квалитетен оброк е сѐ почеста. Токму затоа, готовите органски сосови од марката dmBio се практично решение за сите кои сакаат да подготват разновидни јадења за само неколку минути, без компромис со вкусот и квалитетот. dmBio веќе години наназад нуди богата палета на сертифицирани органски производи, создадени со внимателно одбрани состојки и произведени според најстрогите ...

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини ја информира јавноста дека во целост ги отфрла Правилникот и Водичот донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи дека истите се надвор од законските рамки и не се усогласени со реалноста на дигиталниот простор. Според ставот на инфлуенсерите, предложените акти не нудат системско решение за транспарентноста и одговорноста во интернет ...

iPhone 18 Pro носи уедначена задна страна, помал Dynamic Island и нови бои, со можна замена на досегашната портокалова нијанса. Apple оваа есен ќе ги претстави iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, а според досегашните информации, новата генерација нема да донесе само хардверски подобрувања, туку и три јасни промени во дизајнот. Фокусот е ставен на визуелно уедначување на куќиштето, намалување на изрезот на екранот и освежување на палетата на ...

Европратениците изгласаа поддршка за воведување на дигиталното евро, истакнувајќи ја важноста на монетарниот суверенитет и дигиталната отпорност, но Европската централна банка нагласува дека готовината и понатаму останува примарна. Продолжува законодавниот процес за воведување на дигиталното евро во институциите на ЕУ, а сега на ред беше Европскиот парламент. Неговите пратеници оваа недела официјално го поддржаа проектот што се развива веќе ...

Компанијата Insta360 засега потврди само дека Luna ќе пристигне пред крајот на јуни. Неверојатниот успех на vlog камерата DJI Osmo Pocket 3 ги мотивираше и другите компании да произведат сопствени уреди од овој тип. Vivo неодамна потврди дека работи на своја vlog камера, а сега Insta360 ја најави Luna, која ќе се натпреварува на истиот пазар. Insta360 Luna има две камери, слично како и претстојната DJI Osmo Pocket 4 Pro, при што едната од нив ...

Благодарение на позрелиот хардвер и поширокиот спектар на модели, преклопните паметни телефони оваа година би можеле да се наметнат кај поголем број корисници од кога било досега. Пазарот на склопливи мобилни телефони би можел во текот на 2026 година да влезе во нова и поодржлива фаза на раст, тврдат аналитичарите од истражувачката куќа Counterpoint Research. Имено, додека 2025 година за многу производители беше година на нормализација на ...

Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) и Министерството за дигитална трансформација потпишаа Меморандум за соработка, со кој Министерството официјално пристапува како почесен член на Асоцијацијата. Меморандумот воспоставува рамка за институционална соработка во областите на е-трговијата, дигитализацијата, вештачката интелигенција, дигиталните вештини и иновациите, со цел забрзување на дигиталната трансформација и развојот ...

Здружението за развој на Технологија, Роботика и Иновации – CTRI донираше LEGO® Education SPIKE™ Essential роботски едукативен сет на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, како конкретна инвестиција во инклузивно и современо STEM образование. Донацијата има јасна образовна цел – да овозможи практична примена на роботиката во наставата и да придонесе кон развој на логичко ...

Motorola на почетокот на јануари го претстави паметниот телефон Motorola Razr 60 FIFA World Cup 26 Edition, кој сега е достапен за купување преку официјалната веб-страница на компанијата. Цената на уредот изнесува 699,99 долари и доаѓа со 256 GB простор за складирање. Што се однесува до спецификациите, тој е идентичен со кој било друг модел Razr 60, но доаѓа во специјална боја инспирирана од фудбалот, со златни логоа „Motorola“ и FIFA World ...

Новиот флегшип на кинескиот производител, Huawei Mate 80 Pro, пристигнува и на глобалниот пазар по претставувањето што ќе се одржи во Мадрид на 26 февруари. Huawei најави големо глобално претставување што ќе се одржи на 26 февруари во Madrid. Покрај новиот паметен часовник Watch GT Runner, на настанот глобално ќе биде претставен и Mate 80 Pro, телефон кој досега беше достапен само на кинескиот пазар. Станува збор за уред кој доаѓа со ...

Apple се соочува со сериозни технички проблеми во развојот на новата верзија на личниот асистент Siri, поради што напредните функции може да бидат одложени за iOS 26.5 и iOS 27. Apple наиде на сериозни пречки за време на тестирањето на унапредената, персонализирана верзија на Siri, која првично беше планирана за iOS 26.4. Поради тие проблеми, новите функции на Siri нема да пристигнат одеднаш, туку ќе бидат распоредени низ неколку претстојни ...

Nvidia разгледува нов Shield TV кој би донел поддршка за AV1, нови Dolby Vision профили и Samsung HDR10+ за подобро и поквалитетно гејминг и мултимедијално искуство. Компанијата Nvidia размислува за лансирање нова верзија на својот популарен Android TV уред Shield TV, кој конечно би можел да добие поддршка за Samsung HDR10+ форматот. Иако Shield TV првпат беше претставен пред речиси десет години, и натаму важи за еден од најмоќните Android TV ...

Во однос на моделот WF-1000X5, новите Sony слушалки ќе имаат повеќе микрофони, а со тоа и подобрено активно поништување на бучавата. Sony на 12 февруари официјално ќе ги претстави своите нови flagship TWS слушалки, моделот WF-1000XM6, а во пресрет на самото претставување протекоа детали за нивните главни технички спецификации. Според информациите, WF-1000XM6 ќе користат нов QN3e процесор, кој би требало да биде до три пати побрз од оној во ...

Мониторите ViewFinity S8 и Odyssey Ark им помагаат на судиите и ТВ екипите јасно и сигурно да ги прегледаат најбрзите моменти од натпреварите. Samsung Electronics, Светски Олимписки и Параолимписки партнер, обезбеди професионални монитори за судење и пренос во живо за одредени дисциплини во брзо лизгање на кратки патеки на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026. „Во средини каде што клучните одлуки зависат од она што луѓето го гледаат, ...

Xiaomi официјално ги откри дизајнот и цената на Xiaomi Tag, својот нов Bluetooth тракер наменет за корисници кои сакаат достапен начин за следење клучеви, чанти, багаж и други предмети од секојдневната употреба. Уредот е наведен во онлајн продавницата на Xiaomi во Франција по препорачана цена од 17,99 евра. Иако засега официјално се потврдени само дизајнот и цената, клучните спецификации како поврзливоста и деталите за батеријата веќе ...

Во Лос Анџелес започна историски судски процес во кој Google и Meta се товарат за свесно дизајнирање платформи што предизвикуваат зависност, додека одбраната тврди дека услугите се само „извор на забава“. На суд во Лос Анџелес започна клучен судски процес против технолошките компании Google (сопственик на YouTube) и Meta (сопственик на Instagram). Тужбата, поднесена од 20-годишната Кејли Г. М., тврди дека наведените платформи биле намерно ...

Google наскоро ќе ја објави Android 17 Beta 1 верзијата за Pixel уреди, со фокус на адаптивни апликации, подобрени перформанси и напредни медиумски API-ја. Google планираше вчера да започне јавно тестирање на новата верзија на мобилниот систем, со објавување на Android 17 Beta 1 изданието, кое во последен момент беше одложено, но наскоро ќе биде достапно за голем број Pixel телефони. За разлика од претходните години, Google сега се потпира на ...

Стартапот Deep Space Energy од Латвија развива компактен радиоизотопски генератор на енергија за кој тврди дека може да испорача иста моќност како постојните вселенски нуклеарни системи, а при тоа да користи пет пати помалку гориво. Компанијата обезбеди 350.000 евра предфинансирање и дополнителни 580.000 евра преку јавни договори и грантови со цел да ја доближи технологијата до комерцијализација. Системот ја претвора топлината од ...

T-glass, специјална стаклена ткаенина клучна за AI чиповите, стана тесно грло на глобалната индустрија и влијае врз Apple, Nvidia и други гиганти Глобалната индустрија на полупроводници се соочува со ново сериозно ограничување: недостиг на специјална стаклена ткаенина позната како T-glass – материјал без кој практично е невозможно да се произведуваат најнапредните AI чипови и печатени плочки. Оваа исклучително тенка ткаенина од микро-стаклени ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07