Новиот power bank на Xiaomi со долгото име UltraThin Magnetic Power Bank 5000 15 W има батерија со капацитет од 5.000 mAh во исклучително тенко куќиште. Xiaomi претстави нов ултратенок power bank кој носи капацитет од 5.000 mAh во куќиште од алуминиумска легура со дебелина од само шест милиметри и тежина од 98 грама. Имено, и покрај компактните димензии (98,5 × 71,5 × 6 мм), power bank-от може истовремено да полни два уреди – еден безжично ...

Корисниците имаат пристап до новата ера на аудио иновациите на “Samsung”, кои имаат високо квалитетен звук и може да се адаптираат во секоја средина Samsung Electronics денес ги претстави најновите Galaxy Buds4 Pro и Galaxy Buds4, редефинирајќи што премиум слушалките може да овозможат во насока на супериорно hi-fi аудио и секојдневна употреба. Создадени да звучат добро колку и што се удобни, Galaxy Buds4 серијата е комбинација на извонреден ...

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега Samsung Electronics денес ја претстави Galaxy S26 серијата, поддржана од најинтуитивното, проактивното и прилагодливо Galaxy AI искуство, дизајнирана за да ги поедностави задачите кои луѓето секојдневно ги извршуваат на своите телефони. Од менаџирање ...

Претстојните модели iPhone 18 Pro и Pro Max ќе имаат помал Dynamic Island, според информациите на Bloomberg. Во изминатата година имаше спротивставени гласини околу тоа дали Pro моделите од iPhone 18 ќе продолжат да имаат Dynamic Island или ќе добијат „hole-punch“ камера со Face ID под екранот и без Dynamic Island, но најновите информации сугерираат дека засега Dynamic Island нема да биде отстранет. Покрај Bloomberg, неколку познати ...

Обединувајќи ги децата, институциите, приватниот сектор и граѓанското општество, настанот покажа како акцијата предводена од врсници, поддржана со силни партнерства, може да придонесе за побезбеден и поинклузивен онлајн простор и да помогне во градењето дигитална култура заснована на емпатија, почит и одговорност Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и ...

Со новата мобилна апликација, ПроКредит Банка воведува едно од најнапредните дигитални банкарски решенија на македонскиот пазар, поставувајќи нов стандард за брзина, функционалност и целосна контрола на своите финансии. Брзо и лесно управување со сите сметки Користењето на сметките во банка сега е полесно од кога било. Нема потреба од посета на филијала или чекање на шалтер. Новата апликација овозможува единствена можност за управување преку ...

Instagram ја проширува својата апликација Instagram for TV на Google TV уредите во САД, два месеци откако беше претставена на Amazon Fire TV во декември. Апликацијата првично беше лансирана како начин за проширување на можностите за гледање Reels видеа надвор од мобилните уреди, а сега корисниците можат да ги прегледуваат објавите од својот Instagram feed директно на своите ТВ уреди. Со носењето на Reels на телевизор, Instagram сака подобро ...

Google гради уште еден дата-центар во Texas и тврди дека овој ќе користи „напредна технологија за воздушно ладење“ со цел да ја ограничи потрошувачката на вода. Компанијата наведува дека употребата на вода ќе биде сведена само на „критични операции во кампусот“, како што се кујните. Овие детали следуваат по претходно најавената двегодишна инвестиција од 40 милијарди долари што компанијата му ја вети на Тексас. Google исто така посочува околу ...

Разговаравме со Иван Ивановски, CEO и основач на Prime Class и ко-основач на Prime Capital by Adora, за тоа како дисциплинираниот, системски пристап и технологијата ја трансформираат улогата на инвеститорот во современиот финансиски свет. Разговараше: НИКОЛА БУРАГЕВ Во време на алгоритми, AI и постојан информациски шум, вистинската конкурентска предност не е само пристапот до податоци, туку способноста тие да се структурираат, анализираат и ...

Долгонајавуваниот OLED MacBook Pro со екран на допир, кој Apple го развива веќе подолго време, ќе го усвои Dynamic Island од iPhone и ќе пристигне со селфи камера со „hole-punch“ отвор, пренесува Bloomberg. Dynamic Island ќе го замени „notch“-от, оставајќи повеќе достапен простор на екранот за содржина. Како и кај iPhone, Dynamic Island на Mac ќе биде интерактивен и контекстуално ќе се проширува во зависност од апликацијата или функцијата што ...

Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година е изработен од Асоцијацијата за е-трговија и беше традиционално презентиран на 8-та регионална конференција за е-трговија во Скопје. Во Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година изработен од Асоцијацијата за е-трговија, анализирани се податоците од Евростат, 2024, кои покажуваат дека 63,2% од македонските интернет корисниците купуваат онлајн, што ја позиционира земјата ...

Како што и се очекуваше, единствениот телефон во новата фегшип серија на Samsung што има зголемен капацитет на батерија во однос на претходникот е основниот Galaxy S26. Само еден ден пред официјалното претставување, задолжителните енергетски ознаки на ЕУ ги откриваат капацитетите на батериите за Galaxy S26+ и Galaxy S26 Ultra. Според ознаките, единствениот модел што носи зголемување на капацитетот на батеријата во однос на претходникот е ...

Видео сервисот YouTube повторно ја активираше претплатата YouTube Premium Lite пред речиси една година, поточно во март 2025 година, а сега најави неколку возбудливи нови функции за овој план. Додека досега YouTube Premium Lite нудеше „поголем дел од видеата“ без реклами и ништо повеќе од тоа, отсега ќе има и поддршка за репродукција во позадина, како и можност за преземање (download) за „поголем дел од видеата“. Овие две функции ќе бидат ...

HarmonyOS 6 developer beta носи нов изглед на виџети за заклучениот екран на Huawei телефоните, со standby режим, полесна интеракција и визуелни подобрувања. Huawei во рамки на HarmonyOS 6 API 23 developer beta верзијата претстави нова функција за своите паметни телефони: виџети за заклучениот екран, интерно наречени „feature widgets“ или „lock screen cards“. Оваа новина носи дополнителна функционалност на заклучениот екран, со фокус на ...

Apple се подготвува за претстојното претставување на нови MacBook модели и iPhone 17e на настанот закажан за 4 март, но во меѓувреме пристигнуваат и првите информации за следната генерација премиум iPhone уреди. Според најновиот билтен на новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, Apple тестира нова боја за претстојната Pro серија. Имено, Apple размислува iPhone 18 Pro моделите да бидат достапни во длабока црвена нијанса. Оваа црвена варијанта би ...

Претстојниот Edge 70 Fusion на Motorola во последно време често се појавуваше во протечени информации, а пред неколку дена компанијата ги прикажа задните завршни обработки на трите варијанти во боја и откри дека уредот ќе има главен сензор за камера произведен од Sony. Денес Motorola открива уште повеќе детали, почнувајќи од главната камера од 50MP која го користи Sony Lytia 710 сензорот. Во меѓувреме, микросајтот на Flipkart за Edge 70 ...

Дојче Телеком постигна климатска неутралност во своето работење во целата Групација, опфаќајќи ги директно предизвиканите емисии и оние што произлегуваат од купената електрична енергија. На овој начин, Групацијата дава активен придонес во ограничувањето на климатските промени во светот преку: Зелена електрична енергија: Телеком потпиша долгорочни договори за купување електрична енергија што овозможува стабилност на цените и поддржува изградба ...

Electronic Arts користи вештачка интелигенција за да помогне во изградбата на системот за коментари во својата игра EA Sports FC 26, вклучувајќи го и реплицирањето на имињата на одредени играчи со гласот на коментаторот Гај Моубреј, со негова дозвола. Се вели дека технологијата наводно помага во справувањето со огромните размери на модерната игра, но главниот коментар на натпреварите и натаму го снимаат луѓе. „Вештачката интелигенција долго ...

Првиот човек на OpenAI тврди дека вештачката интелигенција често се користи како изговор за кратења што и онака би се случиле, иако признава дека вистинскиот ефект од технологијата допрва ќе стане видлив. Извршниот директор на OpenAI, Sam Altman, во разговор за CNBC на India AI Impact Summit изјави дека вештачката интелигенција во јавниот дискурс станала своевиден „жртвен јарец“ за масовните отпуштања што во последните години ги погодуваат ...

Realme го претстави моделот 16 Pro за Индија уште во јануари, а сега на официјалната веб-страница е наведен и европскиот модел, откривајќи неколку клучни разлики. Додека индискиот модел има батерија со капацитет од 7.000 mAh, европскиот доби батерија од 6.500 mAh. Покрај тоа, индискиот модел поддржува жично полнење од 80W, додека европскиот поддржува само 45W. На европските пазари телефонот се нуди исклучиво со 8 GB RAM во комбинација со 256 ...

iPhone 17e и нови iPad модели, а во фокусот се и долгоочекуваниот поевтин MacBook со A18 Pro чипсет, како и освежените модели на MacBook Air и MacBook Pro. Apple во среда, на 4 март, ќе организира специјални Apple Experience настани во Њујорк, Лондон и Шангај, но нема да станува збор за класична keynote презентација. Наместо тоа, претставниците на медиумите ќе можат од прва рака да ги испробаат новите уреди, а Apple ќе ги најави во деновите ...

Nvidia развива систем-на-чип процесори базирани на Arm архитектура, прилагодени за преносливи компјутери. Компанијата се позиционира за директна конкуренција со Intel, AMD и Qualcomm. Nvidia се подготвува повторно да влезе на пазарот на потрошувачки персонални компјутери со лаптопи напојувани од сопствени процесори, можеби и пред крајот на оваа година. Компанијата се позиционира за директно натпреварување со Intel, AMD и Qualcomm. Nvidia ...

Nothing во пресрет на претставувањето го откри дизајнот на Phone (4a), потврдувајќи дека го задржува препознатливиот транспарентен изглед, но со додавање на новата лента Glyph Bar. Nothing на 5 март официјално ќе ја претстави својата нова серија смартфони од средната класа, Phone (4a), а по бројните гласини и протечени спецификации, сега објавија и како ќе изгледа еден од претстојните модели. Станува збор за моделот Phone (4a) кој, како што и ...

Научници го создадоа најмалиот QR-код во светот, толку ситен што може да се види исклучиво под електронски микроскоп. QR-кодот е квадратен бар-код што складира дигитални информации, како интернет-линкови, во мрежа од црно-бели пиксели, а може да се прочита со камера од телефон. Новата минијатурна верзија влезе во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи е дури 37% помала од претходниот рекордер. QR-кодот зафаќа површина од само 1,98 квадратни ...

Honor потврди дека на Светскиот Мобилен конгрес (MWC 2026) во Баселона ќе ги донесе преклопниот телефон Magic V6 и Honor Robot Phone – а сега компанијата откри и дополнителни уреди што ќе бидат претставени на конференцијата, вклучувајќи и уште еден робот! Honor Magic V6 ќе ја понесе титулата за преклопен телефон со најголема батерија. Покрај тоа, компанијата ќе ги претстави и таблетот Honor MagicPad 4 и лаптопот Honor MagicBook Pro 14, кои ќе ...

Доколку информациите се точни, новиот сензор треба да овозможи подобри перформанси за селфи-фотографии, видео повици и фотографирање во услови на слаба осветленост. Уште во ноември минатата година, се појавија информации дека Apple ќе ја унапреди селфи-камерата кај целата iPhone 18 серија. Нов гласина сега ја потврдува оваа информација, но сугерира дека подобрената предна камера можеби ќе биде достапна само кај Pro моделите. Според ...

Meta ја затвора самостојната веб-страница на Messenger, официјално потврдија од компанијата. Веб-страницата ќе исчезне во април, иако веб-корисниците сè уште ќе може да испраќаат и примаат пораки во рамките на Facebook. „Откако messenger.com ќе исчезне, автоматски ќе бидете пренасочени кон користење на facebook.com/messages за испраќање пораки на вашиот компјутер. Можете да ги продолжите вашите разговори таму или преку мобилната апликација ...

Се чини дека WhatsApp подготвува функција која ќе им овозможи на корисниците испраќање пораки во точно одредено време, како во индивидуални, така и во групни разговори. WhatsApp наскоро би можел да добие нова практична функција што ќе им овозможи на корисниците автоматско испраќање пораки во однапред одредено време. Станува збор за функцијата за закажување пораки, која, барем според информациите што ги објавува WABetaInfo, треба да биде ...

Американската вселенска агенција NASA му даде на својот ровер Perseverance нова моќна способност за одредување на точната локација на Црвената планета без да чека инструкции од Земјата, со што практично му овозможи сопствена верзија на GPS. За разлика од Земјата, Марс нема мрежа од навигациски сателити. Наместо тоа, роботските мисии, вклучително и Perseverance, долго време зависеа од сензори и камери на самиот ровер, од снимки од вселенски ...

Samsung продолжува да го развива своето искуство со вештачката интелигенција (ВИ) преку додавање на нов ВИ агент низ целиот Galaxy екосистем, со цел да ги олесни секојдневните интеракции. Компанијата Samsung Electronics денес најави продолжување на експанзијата на “Galaxy AI”, зајакнувајќи ја својата визија за богат, отворен и интегриран екосистем со повеќе агенти. Изграден околу идејата на “Samsung” за вештачка интелигенција која го намалува ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32