
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Според унгарски експерти со кои комуницираше Рацин.мк, во последните години Орбан вложува значителен напор и унгарски јавни пари во градењето сојузи не преку институции, туку со политички лидери и партии во други земји, главно врз основа на заедничката идеологија и меѓусебните политички интереси, за да создаде соодветна надворешна политичка средина за да се спротивстави на критиките за уривање на владеењето на правото и за системската корупција ...
Новата Влада на ДПМНЕ и ЗНАМ продолжуваат ‘како до сега‘, па наместо изнаоѓање на решенија за проблемите, добиваме кадровски решенија кои ги продлабочуваат истите, реагираат од Левица. „По предлог на в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов (кој противзаконски е назначен на оваа функција), предложен е Ибрахим Ељези за в.д заменик директор на КПД Идризово. Ова лице било осудено и лежело повеќе од 4 години затвор за ...
Поранешната манекенка Кејт Мос, која порано беше ѕвезда на модните писти и пленеше со природниот изглед и витката фигура. Се водеше од строги ставови кои ја доведоа до успех. „Никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“ е мотото што го усвои на почетокот на нејзината кариера. Таа отворено зборуваше за суровиот свет на модата, а го опиша и своето лично искуство. Познато е дека многу предатори ја користат можноста да ги искористат предностите на ...
Тешко болната пејачка Селин Дион блесна на Олимпијадата во Париз. Свеченото отворање на Летните олимписки игри се одржи вчера, на 26 јули во Париз. На гала настанот беше присутна и Селин Дион која блесна во светкав бел тесен фустан од француската луксузна марка Диор. Пејачката изведе една песна и за неа ќе добие неверојатни 2 милиони долари, објави TMZ. Во декември 2022 година, на Селин Дион ѝ беше дијагностицирано невролошко нарушување наречено ...
Многу луѓе страдаат од главоболки за време на временските промени и за време на влажни и топли летни денови, кои најчесто се манифестираат како досадна болка или притисок во горниот дел од главата. Обично е придружена со замор, поспаност и недостаток на концентрација и бавност во извршувањето на секојдневните задачи. За среќа, постои начин да се ублажи болката, па не мора веднаш да посегнувате по апчето. Обидете се прво да се туширате со ладно, ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. Тројцата браќа од селото Дебреше, на 23 јули, со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања. На критичниот ден, најпрво настанала физичка ...
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“. До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 22.7.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,072 %, кај дизелот 1,940 %, ...
Занаетчиите што купиле нов алат, машини или имале нов производ во 2023 и 2024 година ќе може да се пријават за субвенција во износ од најмногу 200.000 денари или 40 отсто од трошокот што ќе докажат дека го направиле. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, извести дека за субвенции на занаетчиите се одвоени 6,5 милиони денари од буџетот на Министерството за економија. „На јавниот повик може да се пријват активни и регистрирани занаетчии и ...
Струмичките пожарникари утринава учествувале во гасењето на опожарен автомобил. ,,Денес, (петок) 26.07.2024 година, во 01.00 часот на локацијата викано Двата пата на ридот над Струмица, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило. Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше сопрено неговото натамошно ширење. Во ...
МакедонијаТри девојки синоќа барале помош поради диви свињи на ВодноОбјавено пред 21 минута – 26 јули, 2024Од Е. Т. / Макфакс Три девојки, кои синоќа по 23 часот се симнувале од врвот на Водно кон Средно Водно, имале непријатна средба со диви свињи. На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу исплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, ...
Mакедонскиoт амбасадор, Влатко Стефановски, вечерва на Античкиот театар ќе прослави половина век музичка кариера во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе започне во 21 часот. Стефановски е основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и автор на текстови. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, ...
Триесет и двегодишен скопјанец доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „полово вознемирување“. „На 19.07.2024 во продажен објект во Драчево во Скопје, пријавениот физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото. Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите“, информираат од МВР. Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода. ...
„Со овој ребаланс јавниот долг ќе стане „чудовишен“ сам по себе. Во делот на приходната страна на Буџетот, кај задолжувањата во странство од првично проектираните 44.810.566.000 (728,6 милиони евра) има зголемување на нови 50.813.540.000 денари (826,2 милиони евра)“тоа е зголемување на јавниот долг кон надвор за околу 100 милиони евра“ рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на кој се ...
Метео анализа на Славчо Попоски: За време на овој викенд територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов топол бран од Африка, но истиот ќе биде со нешто помал интензитет за разлика од минатиот кога беше екстремно топло. Температурите за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со ...
Непотребно е да се претставува Ирина Шајк – веќе е познато дека оваа суперманекенка се уште важи за една од најубавите и најнегувани жени во светот. Тешко е да се поверува дека ја делат само две години од округлиот број – 40 години, особено кога во овие летни денови послужува жешка доза од своето затегнато тело. Позирајќи во црн костим за капење, таа покажа дека влијанието на здравиот живот се уште е видливо на нејзините витки нозе, а особено на ...
потребата на клима уреди се јавува како најголем фаворит, со оглед на тоа што е практично и брзо решение кое им е достапно на сите станари. Сепак, многумина избегнуваат да го вклучат уредот и тоа го прават периодично само неколку часа или минути за да искористат што е можно помалку електрична енергија и на тој начин да заштедат пари. Но, ова е токму една од најголемите заблуди за користење на клима уредите – многу е поевтино да го оставите ...
Странските медиуми објавија за заработката на принцот Вилијам. Пипл пишува дека тој заработил 27 милиони евра од Војводството Корнвол во текот на финансиската година 2023-2024 година. Според годишниот извештај, Војводството Корнвол, кое Вилијам (42) го наследил од својот татко, кралот Чарлс Трети, во септември 2022 година, остварило профит од 23,6 милиони фунти (околу 27 милиони евра) од инвестиции. Инаку, покрај имотот, Вилијам од својот татко ...
Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој Архангел во една ќелија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон ...
Aктерката ја доби ласкавата титула благодарение на оценката на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој раководи со Центарот за напредна естетска и пластична хирургија во Лондон. Оваа одлука е донесена врз основа на компјутерско скенирање на лицето. View this post on Instagram A post shared by Anya Taylor-Joy (@anyataylorjoy) Тоа е најпопуларниот метод во светот на естетските процедури. Се заснова на „златниот пресек“, кој е познат и ...
Во Скопје денеска со изложба и филмски проекции ќе биде одбележана 61. годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. Во Музејот на град Скопје вечерва во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот. Во Кинотека на ...
Ајфеловата кула го добила името по нејзиниот дизајнер Александар Густав Ајфел, кој е роден на 15 декември 1832 година во Дижон. 1. Ајфеловата кула има форма на тенка пирамида со четири решетки потпори кои се издигаат 324 метри. Металот се шири на сонце, па кулата расте до 15 сантиметри во топлиот дел од годината и се намалува во текот на постудените месеци. 2. Кулата се состои од три дела, првиот дел е висок 57 метри, вториот е висок 115 метри, ...
Магнезиумот е многу важен за многу витални процеси во нашето тело. Сепак, пред да купите суплементи со магнезиум, има некои работи што треба да ги знаете. 1. Колку магнезиум ни е потребен? Природно се наоѓа во коските, мускулите и клетките, а ни требаат 310 до 420 милиграми магнезиум дневно. 2. Зошто да земате суплементи? „Тоа е клучен електролит кој му е потребен на телото и кој влијае на речиси сите функции во телото. Ги активира ензимите кои ...
СДСМ е стабилизирана и активна на политичкиот простор, изјави на првиот брифинг со новинари, претседателот на опозициската партија Венко Филипче. На прашање кога може да се очекува ново раководство на партијата, Филипче наброја неколку чекори до финализирањето на највисоките партиски органи. „Наша цел е да се формираат работни групи во кои ќе членуваат не само официјалните во моментот општински раководства туку и овие луѓе коишто на некој начин ...
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска изјави дека сите пожари се изгаснати, освен пожарот на териорија на Македонски Брод кој покажува се уште одредена активност. Ангелов упатува и апел до сточарите и земјоделците, од следната недела кога се очекува зголемување на температурите, да бидат внимателни со палењето на стрништа. – Во Македонски Брод на некои места се уште може да се забележи чадење, а некаде и жешки ...
Тројца полицајци заработија кривична пријава откако со службено оружје пукале во шумски предел и се снимале. Како што информираат од МВР, А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, ќе одговараат за „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 ...
ВМРО-ДПМНЕ ја враќа старата политика во која Македонија е рај за евтина работна сила, а каде вработените се секогаш на второ место. Ова го изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиумите на кој меѓу другото се осврна и на, како што рече, лошите економски политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува уште на почетокот од својот мандат, а кои само го намалуваат стандардот на граѓаните. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не ...
Мајката на убиеното девојче Данка Илиќ се породи и роди момче. Како што дознава Информер.рс, мајката и бебето се добро, а тоа го потврдила и Ивана Илиќ, мајката на Данка. – Што се однесува до случајот со Данка, не знаеме апсолутно ништо. Немаме информации, се породив, родив син, и бебето и јас сме добро – изјавила кратко Ивана. За потсетување, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март кај Бор, а полицијата по десетдневна потрага и детални ...
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје доставил известување за завршена истрага до Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, информираат денеска од Јавното обвинителство. Откако ќе помине законскиот рок од 15 дена на одбраната да изврши увид во доказите, ОЈО Скопје ќе предложи спојување на постапките за обвинетите за двојното ...
На 24.07.2024 во 22.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од регионален со локален пат, помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, управуван од малолетник од с.Лабуништа и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.Н.(53) од с.Лабуништа, двете со струшки регистарски ознаки, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на ...