
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



До крајот на денот, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде до 40 степени. – Во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална ...
Вчера околу 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Славка Динкова“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(35) од Скопје, товарно возило „„ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од с.Цветово, скопско и велосипед управуван од М.С.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., ...
Хуманитарната организација „Happy Doggo“, основана во 2021 година, неодамна спасила кутре на работ на смртта, откако основачот Ниал Харбисон забележал огромен број на напуштени и болни кучиња во Тајланд. Видеото од кученцето без влакна, во очајна состојба, скриено во ќош одекна меѓу следбениците на ТикТок. Кутрето го нарекле Родни, а кога го пронашле не биле сигурни дали ќе преживее. Кога го донеле во сместувањето, Родни се тресел и тешко дишел, ...
Во пресрет на 2-ри октомври, денот кога Марк Руте и официјално ќе го преземе водечкото место во Северноатланската Алијанса – НАТО, во бриселските кулоари се погласно се зборува за кој ќе биде негов заменик. Според еминентниот бриселски магазин „Политико“, за позицијата десна рака на Руте најголеми шанси имаат жени, откако Алијансата не успеа да постави жена за генерален секретар. Шпекулациите во седиштето на НАТО се фокусирани на две поранешни ...
Познатата американска актерка Џина Роуландс почина на 94-годишна возраст на 14 август 2024 година, пишува TMZ. Двократната добитничка на Златен глобус почина во својот дом во Индијан Велс, Калифорнија. Роуландс беше опкружена со семејството, нејзиниот сопруг Роберт Форест и најстарата ќерка Александра Касаветес. Причината за смртта сè уште не е позната, но претходно беше објавено дека ѕвездата се борела со Алцхајмерова болест. Џина Роуландс ја ...
Британскиот крал им се врати на неговите должности, но извор од палатата за локалните медиуми открил дека тој се уште се бори со болеста и не е во најдобра форма. „Кралот Чарлс направи „значителен напредок“ во борбата со ракот, но се уште не е добро. Тој фантастично се справува со сè за да остави впечаток дека сè е во ред, но тоа е видливо за нас, кои сме свесни за работите и знаеме дека ангажманите се пократки и внимателно распоредени“, вели ...
Над 610 Французи со 190 автомобили попладнево ќе пристигнат во Крива Паланка, како единствен град – домаќин на “Ероп ред” (Europ’Raid), првата авантуристичка обиколка со автомобили „Пежо 205“ низ 20 земји во Европа. Годинава по деветти пат караванот во име на меѓународната солидарност на 3 август тргна од Париз, носејќи училишна и спортска опрема што организаторите ја донираат на училишта во Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и во Северна ...
Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата Министер за внатрешни работи. Откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне, велат од СДСМ. Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата. Прашуваме како е можно да се дозволи ...
Мултимилијардерот Марк Цукерберг си постави статуа со ликот на својата сопруга Присила Чан во нивниот двор. Зад уметничкото дело, поголемо од природната човекова величина, стои вајарот Даниел Аршам. „Ја враќам римската традиција на правење скулптури на сопругите“, напиша американскиот милијардер на својот интернет-простор, покрај фотографија од Чан како пие кафе покрај „нејзината“ статуа којашто ја прикажува како некаква „самовила“. View this ...
Само дел од настаните во месец Август кои што ја движат Крива Паланка и ја ставаат на мапата на градови со најбогата културна понуда и најпосакувана дестинација! За најмладите Фудбал за сите 19.08.2024 до 23.08.2024 Меѓународен фолклорен фестивал св.Јоаким Осоговски и Фестивал на храна и ракотворби 20.08.2024 до 22.08.2024 ✔️ Пауза за ракија 20.21.08.2024 ✔️Елена Андоновска 22.08.2024 11–то издание на Joyfest ✔️Суперхикс 23.08.2024 ✔️Калиопи ...
Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината. Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури. Навечер може да се види и пламен на врвовите на планината во близина на границата кон Албанија, додека во текот на денот погледот кон ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.С. – полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар поради постоење на основи ...
Владата со ребалансот на буџетот крати на најуспешната програма за земјоделството – ИПАРД, за кое досега, според податоците, сме лидери во регионот по процентот на искористување на средствата за што бевме и како држава наградени преку зголемување на средствата за последната ИПАРД 3 програма. Според пратеникот Љупчо Николовски, ребалансот на Буџетот е усвоен во отсуство на аргументи и факти и со непродуктивни за граѓаните дебати и исти говори од ...
Горан С.(61) од Врачево Гај кај Бела Црква (Србија) во четвртокот беше уапсен под сомнение дека го убил сегашниот сопруг на неговата поранешна сопруга Бобан П.(61), државјанин на Македонија. Обдукцијата на безживотното тело на Бобан кој почина на 8 август по тепачка со Горан С.(62) покажала дека неговата смрт настанала како резултат на срцев удар, а не претрпен удар, пишуваат српските медиуми. Поради ваквите резултати, адвокатот на Горан С. кому ...
Горан С.(61) од Врачево Гај кај Бела Црква (Србија) во четвртокот беше уапсен под сомнение дека го убил сегашниот сопруг на неговата поранешна сопруга Бобан П.(61), државјанин на Македонија. Обдукцијата на безживотното тело на Бобан кој почина на 8 август по тепачка со Горан С.(62) покажала дека неговата смрт настанала како резултат на срцев удар, а не претрпен удар, пишуваат српските медиуми. Поради ваквите резултати, адвокатот на Горан С. кому ...
„Арсовска да предвидеше рабат на договорот за нафта на ЈСП сега ќе имаше пари за годишната рата за автобусите. Арсовска брзаше да го потпише договорот со Пуцко Петрол за набавка на нафта без попуст, и го оштети градот и ЈСП“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје. „Арсовска нема ништо во главата освен тендери. Откако ги ограби ЈСП Комунална хигиена и другите претпријатија, сега ги пушта низ вода, а Скопје го остава целосно ...
Министерството за образование и наука денеска објави Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година и ги повика студентите што ги исполнуваат условите да се пријават. Студентите што ќе аплицираат треба да се државјани на Република Северна Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како ...
„Александар Николоски е уште еден политичар кој е новиот Чак Норис во владата на Мицкоски. За време на изборнат камапња Александар Николоски жестоко критикуваше дека патот Градско-Дреново не е до никаде, за денес да објави фотографија дека е речиси готов“, велат од СДСМ. „Кога СДСМ објави видео од речиси завршениот пат а министерот Бочварски и противкандидатот на Николоски, претседателот Филипче се возеа по делницата, Николоски објави слики од ...
Телото на белграѓанецот Александар М., кој беше убиен во понеделникот, е пронајдено во луксузна вила кај Марбела за која постои сомневање дека ја изнајмил. Според првите резултати од истрагата, како што пренесуваат шпанските медиуми, постои сомневање дека тој е убиен со еден истрел од пиштол кој бил испукан во неговиот грб. „Телото е испратено на обдукција, која треба да биде завршена денеска. Оштетениот имал една прострелна рана од истрел во ...
Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од Богданци кон Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот К.К. од Богданци, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Љ.Ѓ. од село Бунарџик, скопско и трактор со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот Б.Ш. од ...
На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, вечерва, 14 август, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења“ која традиционално ја организира НУ Центар за култура од Крива Паланка. Годинава, на поетската манифестација ќе настапат искусни и современи поети од Штип, Струмица, Скопје, Крива Паланка и Ќустендил, Бугарија, како и млади локални автори кои ќе ја збогатат лирската вечер исполнета ...
Автобус со патници денеска се преврте во турската област Малати, при што 26 лица се повредени, но ничиј живот не е загрозен, соопшти локалниот гувернер. Автобусот се движел од Бодрум кон градот Ван кога слетал во канал на патот Д-300 и се превртел, јавува турската НТВ. На местото на настанот излегле итни служби, полиција и пожарникари. Во автобусот имало 36 патници, а 26 лица се повредени и пренесени во две локални болници. Гувернерот на ...
Кејти Пери е под истрага поради снимање музички видеоспот на Балеарските Острови. Одделот за заштита на животната средина на Регионална влада истражува дали пејачката и нејзиниот тим можеби ги оштетиле заштитените дини на островот С’Еспалмадор. Дините на овој мал шпански остров важат за најдобро зачуваната верига дини на Балеарските Острови. Во видеото, пејачката танцува на повеќе места, меѓу коишто и дина на островот каде што важи забранет или ...
Дијагнозата за каков ни е градот, секојдневно е сѐ пострашна. Град Скопје има свој градоначалник, градоначалник кој не е случаен, туку својата импровизација од извршувањето на функцијата ја користи, благодарение на јасната политичка, логистичка, а веројатно и финансиска поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа да не се отвараат лажни дилеми, или поставуваат непотребни реторички прашања. Одговорноста за состојбата денес има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. ...
Управата за јавни приходи (УЈП) почна со доставување опомени за неплатен долг на даночните обврзници – физички лица кои должат по основ на утврдена обврска за плаќање во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход (ДЛД ГДП) за 2023 година. УЈП информира дека со состојба на денешен ден, по овој основ 3.042 физички лица должат 52.997.721 денар. Посочуваат дека во изминатиот период преку персонализирани пораки ги потсетиле ...
Македонското Собрание во текот на вчерашниот ден усвои Закони со кои три природни локалитети во земјава добија посебен, заштитен статус. Охридското Езеро и Кањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, а Студенчишко Блато кај Охрид, доби статус парк на природата. Владата уште минатата година донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитно подрачје од трета категорија, додека ваква одлука за Охридското Езеро беше донесена на ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе биде 8. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до ...
Крива Паланка традиционално се подготвува за богатата музичка програма кон крајот на август кога се слави Денот на Свети Јоаким Осоговски – закрилникот на градот, како и Денот на рударите. Годинава, на радост на кривопаланчани, доаѓа мега популарната хрватска пејачка и регионална ѕвезда Северина. – Покажавме како мала општина, дека имаме и капацитет, но и понуда да се носиме со огранизација на големи културни случувања. Позади нас има убави ...
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во своето обраќање на денешната свечена академија по повод одбележувањето на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор порача дека сопственоста на држава за која се размислувало во 90тите години треба да се заборави затоа што како што рече, заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото. „Македонците како нација можат да напредуваат само во добра комуникација, хармонија и однос со ...
– Имав толку многу брилијантни и смешни нешта подготвени за тебе кои, просто, требаше „да ве покосат“… Но, знаеш, девојко, јас сум едноставно премногу уморна, се пошегува на почетокот Булок која наполни 60 години на 26 јули годинава. Таа потоа раскажува како морала „да се искачи на таа планина“, за пореално да го погледне теренот за да види каде би е вклопила и самата таа, но и нејзината соговорничка, која исто така влегла во седмото десетлетие ...