Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Денеска во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по улицата 3-та МУБ, обиколница за Свети Николе, магистрален пат Куманово – Крива Паланка и по регионален пат Куманово граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин. Интензитетот на ...
Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во проституција. Интервенцијата се случила околу 14:35 часот, по пријава од лице со иницијали Л.К., кое пријавило недоразбирање со женско лице кое не сакало да го напушти мотелот. Кога полицијата пристигнала на терен, било утврдено дека девојката стоела на работ од прозорецот во собата, заканувајќи се дека ќе скокне ...
Но и за нив ова зголемување не е ништо повеќе од она што би им следувало по моменталната формула, или помалку од сто денари. Сите останати речиси 320 илјади пензионери со актуелната пресметка треба да добијат повеќе од 1.000 денари колку што предвидува линеарното зголемување. И универзитетскиот професор Ванчо Узунов, смета дека промената на пресметката може да доведе до уривање на пензискиот систем, кој со децении се градел и развивал. ...
ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави ништо за подобар живот на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус” на Канал 5 телевизија. -Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на ...
На 22.07.2025 во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(57) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.15 часот во хостел на подрачјето на Центар во Скопје, се самозадоволувал пред две 24-годишни девојки од Турција, им се заканувал и се обидел да ги нападне со остар предмет. Кај него бил пронајден остриот предмет, а тој бил задржан во полицискa станица. По целосно документирање на ...
Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот што е за три повеќе отколку лани. Со тоа според рангирањето на „The Henley Passport Index“, македонскиот пасош е на 38. место во светот и бележи скок за седум места во споредба со минатата година. На листата за 2025 година сме пред Србија која го зазема 32. место, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 43. место, Турција на 46. и Косово на 61-во место. Најмоќниот ...
Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го понижи трудот и достоинството на македонскиот земјоделец. Со кратењето на парите за земјоделство во ребалансот, власта удри по грбот на земјоделците и покажа дека и овој сектор не ѝ е важен, истакна на прес-конференција Александар Димитриевски од СДСМ. Земјоделството, кое, како што рече, е еден од двигателите на економијата, а истовремено и извор на егзистенција на многу семејства, денес е жртва на ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.А.(42) од Крива Паланка и правно лице од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. При извршена контрола од Државен пазарен инспекторат и Царинска управа во продажен објект на второпријавеното правно лице било констатирано дека има изложено за продажба поголема количина на текстил и ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој владејачката партијата го избра да одржува серија на театрални патриотски прес конференции невешто извежбани пред огледало, сам си падна во јамата што им ја копаше на други, пишува на социјалните мрежи поранешниот амбасадор Андреј Жерновски. „Откако параноично бараше инсталации на странски служби во државата, трагикомично посочувајќи го СДСМ како партија која е “целосно финансирана од бугарски фондови”, а мене ме ...
Нова научна студија покажува дека честото консумирање на вештачки засладувачи – како оние што се наоѓаат во безалкохолните пијалоци и гумата за џвакање – може да влијае на пораниот почеток на пубертетот кај децата, што исто така повлекува голем број здравствени ризици. Студија спроведена од научници од Медицинскиот универзитет во Тајпеј во Тајван укажува на можна врска помеѓу внесувањето засладувачи како што се аспартам и сукралоза и појавата на ...
Министерството за внатрешни работи информира дека на социјалните мрежи во последните денови има лажна објава во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма” поради оштетена амбалажа. – Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е задржан на болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, поради преплет на цревата. Информацијата ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, кој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија. „Пациентот е примен поради преплет на цревата. Ја следиме состојбата и ...
По успешната „Ломи ме“, која излезе пред околу еден месец и наиде на одличен прием од публиката, Огнен Здравковски повторно допира до емоциите – овој пат со својата најнова песна „Нема те“. Во време кога паралелно работи на нови песни наменети за пазарот во соседството и активно учествува во продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, Огнен уште еднаш докажува дека неговата инспирација не запира. „Нема те“ е повеќе од песна – тоа ...
Легендата на хеви метал музиката Ози Озборн почина. Озборн со „Блек Сабат“, го имаше својот проштален настап на почетокот на јули, пред повеќе од 40.000 луѓе. Неговото семејство објави соопштение во кое се вели дека починал „опкружен со љубов“. „Со поголема тага отколку што можат да пренесат само зборови, мораме да соопштиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов“, се вели во соопштението. На ...
Несоодветното складирање на лековите, особено во летниот период, може сериозно да ја намали нивната ефикасност и безбедност, предупредуваат фармацевтите. Повеќето лекови не поднесуваат температури повисоки од 25 степени, а топлината може да предизвика промена на активните супстанции, како и на бојата, мирисот, вкусот или конзистентноста на препаратот. Во екстремни случаи, доаѓа до процес на распаѓање на лекот, велат од „Хемофарм“. Истражувањата ...
Од буџетските резерви на Србија се префрлаат 1,8 милиони евра на Министерството за семејна грижа и демографија, со цел да се обезбедат средства што недостасуваат и се потребни за исплата на пари како помош на мајките за купување стан врз основа на раѓање дете, одлучи српската Влада. Од ноември 2024 година до крајот на февруари 2025 година, тоа Министерство додели вкупно 279 субвенции за купување прв стан или куќа на брачни парови со деца при што ...
Ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол. При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево. Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе ...
Едногодишно дете од липковското село Отља се затруло со лекови, соопшти денеска кумановската полиција. Случајот во СВР Куманово го пријавиле надлежните од Општата болница вчера во 18:31 часот. Во Општата болница било донесено едногодишно дете од село Отља, општина Липково, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, информираат од полицијата. СВР Куманово работи ...
Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен ...
Немало и никогаш повеќе нема да има поголеми шалабајзери и политички аналфабети од овие бандити во Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ, слугите на ВЛЕН. Надворешна политика, тапа – пораз до пораз на дневна основа. Безбедносната состојба никогаш полоша – убиства, криминал, насилства, пожари, безредие и хаос како во најдобрите денови на Дивиот Запад. Енормни и досега невидени финансиски задолжувања кои се закануваат со банкрот на државата. Скандалозна ...
рагедија на албанското крајбрежје – 66-годишен македонски државјанин вчера го загуби животот во морето кај Драч, на плажата во близина на Каваја. Според информациите објавени од албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот, кога мажот, веднаш по влегувањето во морето, доживеал срцев удар, по што се удавил. „Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето“, соопштија надлежните служби. ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен. Како што соопшти Управата за ...
Од министер за здравство, до министер за надворешни работи, до кандидат за претседател на државата – и сега, доктор Бујар Османи како кандидат за градоначалник на општина Чаир од редовите на ДУИ. Во Фејсбук статус што го објави, Османи објави дека по „голем број консултации и сериозно преиспитување“, одлучил да ја побара довербата на граѓаните на Чаир, за – како што вели – да понуди искрена, целосна и професионална посветеност. „Не се работи за ...
Македонските ученички – информатичарки трета година по ред се оние коишто го успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На петтата по ред Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2025), која од 14-ти до 20-ти јули се одржува во Бон, Германија, нашите ученички остварија уште еден одличен резултат, освојувајќи еден бронзен медал. Бронзениот медал за Македонија на ова значајно меѓународно ...
Австриската полиција уапсила 18-годишник со потекло од Македонија осомничен за планирање терористички напад. Се верува дека тинејџерот е поддржувач на исламистичката терористичка организација Исламска држава (ИД). Според пишувањата на австриските медиуми, лицето веќе истражувало планови за напади против западното општество, објави во вторникот Управата на покраинската полиција во Австрија. Истрагата е покрената по дојава од странство. Според ...
На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови, биле информирани дека „80-годишен странски државјанин на (државјанин на Република Северна Македонија) бил извлечен во бессознание од плажата“, му била укажана прва помош, а потоа со амбулантно возило на ...
Граѓаните од месец во месец се посиромашни – трошоците за живот растат, а платите стагнираат, рече на прес-конференција потпретседателката на СДСМ Кристина Костова. Според последните податоци, на едно четиричлено семејство во јули му се потребни над 65.000 денари само за основни трошоци. Само за храна, им требаат речиси 24.000 денари. Тоа е повеќе од минималната плата која стои ниско во место, додека цените пробиваат плафон. За само три месеци, ...
Ребалансот на Буџетот за 2025 година е фискално нереален, социјално штетен и целосно без развојна компонента. Овој ребаланс е скроен по мерка на власта, а не по мерка на граѓаните. Сведоци сме на невидено галопирање на основните трошоци за живот. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, инфлацијата во јуни изнесува 4,5%, а Владата продолжува да прогнозира нереални 2,8%. Истовремено, основните трошоци за живот енормно се ...
Ребалансот на буџетот што го предлага власта претставува сериозен удар врз македонското земјоделство. За првпат во историјата, со ребалансот се намалуваат субвенциите за земјоделците, што директно ја намалува финансиската поддршка која тие ја добиваат. Ова е целосен преседан, бидејќи досега секогаш со ребалансот се додаваа дополнителни средства, а сега, напротив, се кратат, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на седница за ребаланс на ...
Денеска (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот. Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на ...