Природата страда заради климатските промени, но многу повеќе заради човековите активности. Урбанизацијата, фрагментирањето на природните живеалишта, узурпацијата, загрозувањето на дивите видови и многу други активности се постојана закана за биолошката разновидност и природата. Активностите за заштита многупати досега се покажале како недоволни, а надлежните и институциите како недоволно екипирани и подготвени. Државниот инспекторат за животна ...
По повод осумнаесеттото издание на Италијанскиот ден на современата уметност, Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот Институт за култура во Белград, во соработка со Музејот за современа уметност во Скопје, организираат уметничка изложба под наслов „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“,информираа од италјанската амбасада. Изложбата на овој иновативен уметнички проект на италијанските ...
Централната лабораторија за животна средина ниту зимава нема да биде подготвена да го следи квалитетот на воздухот што ќе го дишеме. Иако деновиве и министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека нè очекува тешка зима во која ќе се користат нечисти горива за производство на електрична енергија и за затоплување на домовите и дека може да очекуваме и зголемено загадување на воздухот, сепак, мерењата на емисиите во воздухот ќе можат да се ...
Додека е на пат кон прогласување на споменик на природата, Кањонот Матка се гуши во смет по завршувањето на летната сезона. За скопјани, но и за другите граѓани на државава посетата на селото и Кањонот како простор за рекреација беше можност за ладење од топлиот асфалт во текот на летото и за одмор во природа со чист воздух. Сепак, при посетата на подножјето во пределот што води кон патеките за пешачење има многу отпадоци оставени од несовесни ...
Правото на живот како витална основа за уживање на сите други човекови права, го вклучува и правото на заштита на животната средина, а зачуваната и заштитена животна средина е основа за уживање на правото на живот. „Ја сменивме нашата околина толку радикално што сега, за да постоиме во неа, мора да се промениме себеси“– Norbert Wiener подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА Животната средина, нејзината заштита и зачувување е една од најактуелните ...
На „зелената“ конференција под наслов „Зелено општество за сите“ во организација на ЦИВИЛ ќе се говори за зелените вредности, антинационализмот, социјалната правда, медиумите и дезинформациите. Се работи за годишна конференција за зелените вредности што се одржува веќе пет години по ред на крајот на октомври. Овогодишното издание на конференцијата ќе се одржи во четврток, 28 октомври, со почеток во 12 часот, хотел „Парк Резиденс“ (зад ...
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети згрижувачкото семејство Гошеви кое има згрижено три деца, на возраст од четири, четиринаесет и осумнаесет години, со различни социјални и здравствени ризици. „Со вистинска посветеност, љубов и грижа згрижувачкото семејство Гошеви, целосно успеале да создадат семејна атмосфера која е од големо значење за психо-физичкиот развој на децата. Како Министерство за труд и ...
Хармонијата која била присутна низ подолг период од историјата на релација човек – природа, ја пореметил самиот човек со неконтролираниот урбан и индустриски развој, насочен кон неограничено акумулирање на добра и профит. Со безумното и прекумерно девастирање на биосферта, директно се загрозувал опстанокот на човечката популација, но и на останатиот жив свет. Во шеесеттите години на минатиот век почнала да се буди свеста на луѓето (најмногу во ...
“Човекот на оваа планета може да се спаси само доколку води сметка, освен за својот живот, и за се’ живо, почитувајќи го својот живот колку и животот околу себе”, рекол Херберт Грул (германски политичар, екологист и писател. Тој е најпознат како автор по неговата книга од 1975 година „Планетата е ограбена – хорор на нашата политика (A Planet is plundered – The horror of our politics). Длабоката екологија (Deep ecology) е еколошка филозофија која ...
Речиси и да не постои човек кој не слушнал за феноменот наречен ефект на стаклена градина. Ставајќи го скоро секогаш во негативна конотација, многумина и не знаат дека тоа е природен феномен, кој речиси четири милијарди години е присутен во нашиот универзум. Неговото присуство претставува предуслов и го овозможува целокупниот живот на нашата планета Земја. Природната појава – ефект на стаклена градина, која се одвива со посредство на ...
Македонските власти наредната година треба особено да се посветат на спроведувањето на мерките за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион. Општина Свети Николе е експлицитно наведена дека го кочи процесот за изградба на современата регионална депонија за двата региона, за која веќе се обезбедени финансиски средства од ЕУ. „Започнаа активности за изградба на регионален систем за ...
Северна Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Во текот на наредната година земјата особено треба да ги забрза напорите за намалување на загаденоста на воздухот на локално и национално ниво, како и за намалување на дифузното загадување на слатководните ресурси. Да се спроведат мерки за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, ...
Во извештајот на Европската комисија, во Поглавјето , Основи за пристапниот процес, во делот „Економски критериуми“, се вели дека Владата обезбедува низа финансиски иницијативи за поддршка на приватниот сектор во неговите напори за позеленување, вклучувајќи го неодамна усвоениот План за забрзан раст (2022-2026), кој предвидува два фонда за финансирање проекти за зелена економија. Планот за забрзан раст 2022-2026, што Владата го усвои во октомври ...
Поставена е првата ветерна турбина во првиот приватен ветрен парк кај светниколското село Богословец. По една година од официјалниот старт на ветерниот парк веќе се гледа првата ветерна турбина, како и столбовите на останатите ветерници. Граѓаните од Општините Свети Николе и Штип ја снимаат и фотографираат локацијата и ветерницата и ги споделуваат на социјалните мрежи. Во источна Македонија ова е прв ветерен парк, инвестиција е во вредност од 61 ...
Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак упати видео порака како дел од напорите на Обединетите нации за зголемување на свеста за потребата од поголемо внимание кон климатските промени и заштитата на животната средина. Дуџак испраќа апел до сите граѓани, групи, организации и институции активно да се вклучат во Акцијата за справување со климатските промени, како и во заштита на животната средина. „Со ...