
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



ЈП Лајка ве поканува на забава под маски вас и вашето милениче. Маскембалот ќе се одржи на 14 април во 12 часот на Школка во Градски Парк, Скопје. Ќе се избира најдобро маскирано куче и најдобро маскирани сопственик и куче, а за најдобрите и најинвентивни учесници нашите спонзори обезбедија возбудливи и вредни награди. Како и сите настани на ЈП Лајка и овој има за цел да го насочи вниманието на важноста на посвојувањето на бездомно куче. „Без ...
Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18.30 часот на улица Македонија во центарот на Скопје по повод Светскиот ден на уметноста ќе се постават неколку актови со улични живи статуи, каде што истите ќе ја раскажат својата улична приказна, отсликана во само една смрзната слика. Музички настап ќе има Емил Ејупи квартет. Настанот е дел од програмата за култура на Општина Центар за 2024 година. – Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која ...
Големен буџетски дефицит и инфлација која што има тренд на намалување – ова е сликата за нашата земја во најновиот 21. редовен извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан наречен Заживување на растот. Ваквите економски перформанси, според Светска банка, се должат на влошените економски активности кај нашите главни трговски партнери, пред сѐ во Германија, но и поради неусогласеноста на растот на платите и на продуктивноста на трудот. ...
Проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на 8 и 9 април беше во работна посета на Факултетот за хуманистика при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Деканот Мартиновски беше гостин на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, што го води Златко Панзов и имаше можност лично да се запознае со Лекторатот, состојбата и предизвиците со кои се соочува. Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта бележи ...
Како што се наближува летото, сите почнуваме да размислуваме на одмор и кое место би сакале да го посетиме. Оваа статија е токму за тоа. Најпосетените градови во светот според Форбс. 1. Бангкок – главниот град на Тајланд е моментално најпосетениот град во светот. Се смета дека само од посетителите овој град заработува околу 14 билиони долари. 2. Лондон – главниот град на Англија долго време го држеше првото место на табелата како најпосетениот ...
На 10.04.2024 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.Т.(68) од Скопје. На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на товарното возило бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за ...
Со изведба на програмата „Паралели“ во Националната опера и балет вечер во 20 часот почнува јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц-фест Скопје 2024. Фестивалското мото е „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Програмата „Паралели“ ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и опфаќа три современи кореографии на домашни автори. -„Паралели“ претставува една ...
Деценискиот сон на штипјани за изградба на брана која ќе го реши проблемот со водноснабдувањето во градот станува реалност. Интензивно се работи на камено земјената брана која со висина од 33 метри која ќе формира вештачко езеро. Акумулациската вода пред сè, ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во Штип и интервентно дополнување на водоводниот систем. Проектот за кој сите власти констатираа потреба, но само на ...
Книгата за деца „Љубов во топка“ на авторката Ана Јовковска, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. За делото ќе зборува Владимир Мартиновски. Ова е седма книга на Јовковска, а воедно и втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“. „’Љубов во топка’ е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.“ – информираат ...
Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии. Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство. „Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме ...
Под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“, Танц-фест Скопје го прославува јубилејот – 20 години постоење. Јубилејното издание започнува со програмата „Паралели“, која се остварува во соработка со Националната опера и балет, а Фестивалот ќе се отвори на денеска, 11 април со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ во кореографија на Олга Панго, на музика на Калиопи Букле. Веќе на 16 април ќе се изведе ...
Речиси секојдневно по скопските улици се регистрираат инциденти со тротинети, кои како предизвикувач некогаш се појавуваат и самите возачи на тротинети кои возат по несоодветни простории, некогаш нема патеки за нив, а таму каде што ги има е блокирано е од паркирани коли, а најчесто вината никој не ја презема. Најголемите инциденти се случуваат токму од малолетни деца кои не само што ги возат туку на тротинети се качуваат и по двајца. Во неколку ...
Остануваме под влијание на стабилна и топла воздушна маса, па и утрешнот ден ни носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а дневната од 22 до 29 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Информации од ова утро: 11.4.2024 год. МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во ...
Моника Зајкова е храбра млада дама кој умешно плови во политичките води години наназад, а како лидерка на политичка партија вели дека одговорноста за напредокот на земјава е уште поголем и со бројни предизвици. Во јавност може да забележиме дека секогаш е средена и дотерана за приликата во која се појавува и најмногу сака да поминува време со најблиските, особено за празниците кои носат една посебна топлина, Јас си ја сакам Македонија. Во ...
На средба со лицата со дијабетес од Радовиш и околните региони, д-р Венко Филипче информираше за плановите предвидени за оваа важна категорија на пациенти во насока на подигнување на квалитетот на нивниот живот преку подобрување на терапијата што ја добиваат. Д-р Филипче е носител на листата на кандидати за пратеници од СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4 и пред лицата со дијабетес ги презентираше мерките предвидени во ...
Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците број „2“, „4“, „6“, „10“, „12“, „16“, „18“, „32“, „34“, „46“, „54“, „62“, „64“ и „84“ во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров. Од 11.30 до 13 часот без струја ќе ...
Денеска во 18.30 часот во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи промоција на првата книга на Ана Василевска, „Дискретниот шарм на македонскиот филм“. Промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски. Книгата на новинарката Василевска дава опис на разојот на кинематографијата и е илустрирана со плакатите од филмовите. Како што вели авторката е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната продукција и оние што ...
Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Овој празник муслиманите го слават по завршување на постите кои траеја цел месец, а во кој тие не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Месецот Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар, а воедно се смета за месец на почетокот на објавата на светата книга за муслиманите – Куранот. Денеска празникот се означува со утринска молитва во ...
Во објава на својата Фејсбук страница партијата Левица тврди дека СДСМ потрошил милионски суми за рекламирање на социјалната мрежа. Меѓу оние што трошеле партиски пари за реклами на Фејсбук се посочуваат и експремиерот Заев, вицепремиерот Битиќи, како и редица онлајн портали. Доколку се проверат бројките што Левица ги цитира, не само што сумата потрошена за рекламирање е помала за неколку милиони, туку Заев и Битиќи се рекламирале од свој џеб, ...
Денеска изгоре страрата конструкција на Универзална сала, нема жртви, освен две жени кои завршија на Токсикологија поради вдишан чад додека од тераса го набљудувале огнот, на полициски разговор се повикани троја градежни работници, а компанијата која е одговорна за реконструкцијата се надева дека не е оштетен одној нов дел на кој работат откако градежните работи ги презеде Министерството за култура. Истрагата треба да утврди зошто точно настанал ...
„Поради пожарот, екипи на ЕВН го прекинале снабдувањето на електричната енергија во целата околина на салата. Во лифт во зграда на улицата ‘Петар Поп Арсов’ имало заглавени две жени, кои биле извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција“, велат од МВР Поради вдишување чад од пожарот кој утрово изби во Универзалната сала во Скопје, две жени со возило на Итната медицинска помош биле однесени на Клиниката за токсикологија. Ова денеска ...
Сите паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, како и паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д за кои е надлежен ЈП „Градски паркинг“ во текот на утрешниот ден, на празникот Рамазан Бајрам, ќе бидат бесплатни за паркирање за сите граѓани. Како што информираат од „Градски паркинг“ утре наплата за паркирање ќе се врши само во зоната АО на Водно, потоа во катни гаражи „Беко“ и „26ти Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо ...
Во пожар денеска изгореа дел од старата конструкција на Универзалната сала и внатрешноста, а новата челична конструкција, од реновирањето кое го прави Министерството за кулутра, остана недопрена и ги издржа пламените јазици. Новата челична конструкција со која се реновира Универзалата сала гарантира зголемена безбедност и е отпорна на пожари, бидејќи може да издржи температура до 1600 степени. Од друга страна, останува нејасно зошто Универзална ...
Пожарот во Универзалната сала се случил во стариот дел и гореле стари материјали, иверки, плочки, новиот дел не е зафатен, изјави Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“-Скопје, фирмата изведувач што го реконструира објектот. Претпоставува дека е можно да бил предизвикан од стар кабел или од старата инсталација и рече дека во моментот на пожарот внатре немало нивни инженери и работници зашто денеска немале градежни активности. -Имаме ...
По информациите за избувнувањето на пожарот во Универзална Сала градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски веднаш се упати на терен. Пожарот е локализиран и не постои опасност за другите објекти, сподели тој. Герасимовски на социјалните мрежи известува дека според првичните информации во зградата немало никој и апелира да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации која е причината за настанување на пожарот. ...
Тетовската полиција секојдневно, неправедно ги праќа камионите на компанијата „Заубермахер“, на технички преглед, само за да ја попречи работата на оваа компанија која го собира сметот низ градот, а тоа се случува на само два дена пред празникот Бајрам, обвинија денеска од Општина Тетово, пишува Слободен печат“. „Оваа акција на полицијата против Општина Тетово и компанијата се случува секојдневно без никакво објаснување и јасно е дека ...
Милиони луѓе од Мексико, Канада и САД го гледаа реткиот феномен на целосно затемнување на Сонцето. Месечината прво го блокираше сонцето за набљудувачите во Мексико, а потоа и во американската држава Тексас. Во Тексас, оркестар изведе музика од филмот „Војна на ѕвездите“ додека гледачите аплаудираа додека небото се расчистуваше за да им даде јасен поглед на затемнувањето на Сонцето. Стотици вработени во Белата куќа го гледаа затемнувањето во ...
Британската мајка на седум деца Мелиса Слоун откри дека и е забрането да оди во локална црква поради нејзините 800 тетоважи. Слоун (46) од Пауис, Велс, ги критикуваше свештениците што не и дозволиле да присуствува на црковната служба, објави „Дејли мејл“. Ова не е првпат мајката на седум деца да изјави дека е социјално исклучена, минатата година призна дека никогаш не била поканета на забави за Ноќта на вештерките бидејќи, иронично, би ги ...
Болните од мултипла склероза два месеци се без неопходната терапија која ја спречува прогресијата на оваа сериозна болест. Секој ден се молат да ги добијат потребните лекови кои им го продолжуваат животот. Стравуваат дека состојбата драстично ќе им се влоши ако не го добијат, додека пак од неврологија, претходниот месец ни рекоа дека постапката е во тек и дека терапијата пациентите ќе ја добијат наскоро, а сега директорот да рече дека тендерот е ...
„Еј! Не можам да дишам!“ – се слуша на видеото во моментот кога Салиу е соборен наземи од страна на специјален полициски службеник, додека неколку други специјалци се околу него. Видеоснимката на која одблизу се гледа моментот пред приведувањето на новинарот Фуркан Салиу е направена од возачкото седиште на автомобилот паркиран во близина. Порталот „Икс“, чиј главен уредник е новинарот Фуркан Салиу, а кој деновиве е актуелен во јавноста поради ...