„Кафез кај кокони“ утре вечер во Драмскиот театар

На сцената на Драмскиот театар во Скопје утре вечер ќе се одржи претставата „Кафез кај кокони“, во режија на Димче Николовски.

Во претставата играат Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Стефан Вујисиќ, Предраг Павловски, Димитрија Доксевски, Маја Вељковиќ – Пановска, Дамјан Цветановски, Соња Стамболџиоска, Златко Митрески, Нела Павловска, Емилија Мицевска и Бранко Атанасов.

Автор на претставата е Жан Пуаре. Како што велат од Драмскиот театар, француската фарса „Кафез кај кокони“ („La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз.

Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет.

Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави