
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Во предизборниот период повторно анкетите за рејтинзите на политичките партии се главна тема, а од СДСМ деновиве обвинија дека на Националната телевизија МТВ се објавени лажни анкети нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а кои наводно за партијата ги изработил Владимир Божиновски, координатор на Центарот за истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), кој пак се декларира за независен аналитичар. Оваа тема ...
Нашата основна цел е пред сè да бидеме достапни и близу до сите млади од различни региони во нашата држава, а овој Инфо центар ќе биде безбедно место за младите, за нивните идеи и креативност, вели Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за Умно.мк. Во централното градско подрачје во Битола или место кое битолчани го знаат како поранешно „Кафе чао“ денеска во 18 часот ќе биде отворен Еразмус+ инфо центар. Локацијата ја отвора ...
Еден патник бил задржан во болница додека пак другите 11 патници биле пуштени дома, во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на автобусот со македонски туристи во Италија. -Во врска со вчерашната сообраќајка во Италија, Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Северна Македонија во ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува агресивниот однос и вербалните закани кон новинарката Елизабета Дамјановска и нејзиниот колега снимател од ТВ 24, кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ВМРО ДПМНЕ пред владата од страна на непознато лице. Бараме од политичката партија ВМРО ДПМНЕ како и до останатите учесници во изборната кампања, да го осудат нападот кон колегите од ТВ 24 и вакви инциденти да не се ...
Наплатата за посети на Венеција во Италија ќе започне на 25 април. Ова го потврди градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро на средба со странски новинари. Системот засега ќе биде во тест режим. Туристите кои ќе го посетат градот без да преноќат таму ќе треба да платат пет евра. Проверките ќе бидат случајни. За првпат, градската администрација на Венеција ќе започне со платен влезен систем помеѓу 25 април и 5 мај, кога Италија го слави ...
„Водачот на главната опозициска партија во Северна Македонија изјави дека доколку биде избран за премиер земјата ќе ја нарекува единствено како ‘Македонија‘, без оглед на договорот од Преспа од 2018 година со кој се реши спорот со Грција за името на земјата“, пишува грчкиот весник, кој важи за близок до владејачката Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис, пренесува порталот 360 степени. Изборната кампања за претстојните претседателски ...
Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре. „Ваквите депонии мора да бидат расчистени од ...
Додека јавноста е фокусирана на изборната кампања, општините продолжуваат со своите редовни активности. А една од редовните активности се и времените вработувања во единиците на локалната самоуправа, пишува 24 Инфо. Пред една недела Општина Ѓорче Петров склучила еден таков договор за услуги за привремени вработувања. Вредноста на договорот со ДДВ е 10,6 милиони денари или над 170.000 евра со времетраење од една година. Тоа е за речиси 25% ...
Два дена Скопје беше со блокирани улици и редица автомобили кои чекаат, блокирани булевар со полицикси автомобили, полицајци го регулираа сообраќајот поради организацијата на митингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во блиизна на зградата на Владата. Дел од граѓаните велат дека им пречи вревата од собирите, кога тие се одржуваат на улици и во близина на зградите каде што живеат. Сепак можеби ова беше многу врева за ништо. Фотографиите и видеата од ...
Целиот концепт на еколошки прифатлив град стана сè поприсутен со текот на годините, а еден таков пример на мегаград во Малезија наречен „Forest City“ со години е „град на духови“. Мегаградот требало да биде голема кинеска инвестиција кога проектот бил за првпат претставен, но таму не живее речиси никој. Крајбрежниот град во Малезија – чија изградба чинела 100 милијарди долари – е дизајниран да смести до милион луѓе, заедно со терен за голф, ...
Претседателот на Боцвана, Мокгвеци Масиси се закани дека ќе испрати 20.000 слонови во Германија, во период кога двете земји се расправаат околу увозот на ловечки трофеи. „Не се шегувам. Многу е лесно да се седи во Берлин и да се има мислење за нашите работи во Боцвана. Ние ја плаќаме цената за зачувување на овие животни за светот“, изјави Масиси за германскиот таблоид Билд, пренесува Политико. Масиси ја нападна германската влада, а особено ...
Северна Македонија е во Европа. Треба да биде во ЕУ. Заслужува целосна евроатлантска интеграција. Потребни и се поотворени пазари. ЕУ е светлата иднина на државава, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, која се надева дека ова прашање ќе биде поставено за време на изборите. Агелер во интервју за Клик Плус на ТВ 21 рече дека тие будно ќе ги следат изборите, но исто така будно ќе следат и дали има мешање од странство. – Искрено немам ...
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени“, велат од ...
Нема култура без публика, вели директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, која најавува неколку културни настани во месец април кои може да се проследат во Националната опера и балет и Драмскиот театар во Скопје, но и во „Света Софија“ во Охрид. -На 11 април во НОБ во Скопје е претставата „Госпоѓиците од Авињон“, на 6 и 8 април во МНТ се игра претставата „Бесачи“, на 6 април во Драмскиот театар ја имате претставата „Кафез кај кокони“. На 30 ...
Претседателството на Советот на ЕУ и претставници на Европскиот парламент постигнаа договор за Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, која е централен инструмент за финансиска поддршка на Планот за раст на регионот што го промовира Еврокомисијата во ноември 2023 година, јави дописникот на МИА од Брисел. Со овој инструмент се обезбедуваат финансии за реализација на Планот за раст на Западниот Балкан за ...
Неопходно е вложување на максимални напори за заштита на животната средина преку интегриран систем за управување, селекција и третман на сите видови на отпад. Иако државата има стратегија на национално ниво, работите во пракса тешко се спроведуваат, беше речено на регионалната средба во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“. Целта на настанот беше да обезбеди поддршка на регионалниот систем за управување со отпад ...
Маргарита Арсова, филмски уредник во МКЦ, ни ја раскажа приказната за тоа како дошле до идеја да го снимаат филмот „ Ефтеркланг: Македониум бенд“, со данскиот бенд Ефтерланг, и објасни зошто го одбрале токму споменикот Македониум. Таа од блиску го раскажа целото искуство за читателите на Трн и за тоа како поминал филмот на премиерата во Данска. Режијата на филмот е на на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од ...
Собранието како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во Северна Македонија, според Уставот може да биде составено од 120 до 140 пратеници, но во сите досегашни состави биле избирани по 120 пратеници. По парламентарните избори од 2011 година, бројот на пратеници се зголемил на 123 пратеници, поради изборот на тројца пратеници од дијаспората, но во најновиот пратенички состав од 2016 година повторно има само 120 ...
Два автомобили, вчера, биле опожарени во скопската населба Црниче во Општина Кисела Вода. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека опожарувањето на возилата било пријавено вчера, во 01:55 часот и оти станува збор за возила „фолксваген џета“ со скопски регистарски ознаки и „форд фокус“ со српски национални ознаки. Возилото „фолксваген џета“, како што информираат од МВР, било сопственост на правно лице од Скопје, додека „форд ...
Администрацијата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ острани 10 метри кубни отпад од излетничките места Водно и Матка, каде неделава се реализираше тридневна акција за чистење . Од претпријатието посочуваат дека во акцијата учествувале околу 70 административци кои ги собирале расфрланите отпадоци од паркингот на средно Водно, како и од падините на парк-шумата сè до врвот, каде што целосно е исчистен просторот околу Милениумскиот крст и ...
Инспирирани од последните случувања во Македонска пошта, Центарот за современи уметности постави скулптура на полжав пред Поштата во Скопје со порака „Поштата е брза, само споро стигнува“. – Идејата за акцијата „Поштата е брза, само споро стигнува“ е инспирирана од фактот дека иако веќе помина и 1 Април многу граѓани сè уште добиваат новогодишни честитки, а на некои и тие им доцнат. Состојбите во кои се наоѓа акционерското друштво во државна ...
Викендот кој доаѓа, територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов топол бран од Африка кој ќе услови нов значителен пораст на тмпературите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, со појава на мала локална облачност, се вели во метео прогнозата на Славчо Попоски. Сепак во недела, особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува ...
Најсилниот земјотрес во последните 25 години предизвика пустош во делови на Тајван. Ден подоцна, спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по затрупани и исчезнати лица. Земјата денеска се тресеше и во Јапонија. Работите за спасување и расчистување на урнатините продолжуваат по силниот земјотрес во Тајван во кој загинаа најмалку девет лица, а стотици беа повредени. Службите за итни случаи успеаја да извлечат шест рудари заробени во затрупаниот ...
Потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) имаше трагичен крај. Утринава се уапсени две лица осомничени дека го убиле девојчето, а потоа и го фрлиле телото во дива депонија покрај „Старобањски пат“ кај Бор, објави АТВ. Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“, С.Ј.(50) од селото Лука и Д.Д.(50) од селото Злот. „С.Ј. е осомничен дека со службеното возило „фиат ...
Во нашето раздвижено Скопје, темпото на живот ретко е бавно, сепак постои светилиште на мислата и истражувањето што годишно ги повикува љубопитните и вљубениците во пишаниот збор. Саемот на книгата во арената Борис Трајковски, е почитувана институција на книжевната традиција, зборува за непопустливата моќ на пишаниот збор и неговиот капацитет да обедини многу различни луѓе под знамето на знаењето и имагинацијата. Тоа е настан што, од година во ...
Денес, 4 април, на Светскиот ден на бездомни животни, од ЈП „Лајка“ потсетуваат дека во светот има 600 милиони бездомни животни кои секојдневно се соочуваат со борба за опстанок, се соочуваат со глад, болести, изложени се на екстремни горештини, студови и жега и што е уште почесто, тие се бркани од непријателски расположени и насилни луѓе. Овој ден не поттикнува да размислиме за нашите одговорности кон овие ранливи суштества. Тоа нѐ поттикнува ...
И утрово тешко се вози низ низ Скопје и ретко кој успеа да стигне до потребната дестинација. Делот на булеварот Илинден пред зградата на Владата е затворен во двата правци а сообраќајот се пренасочува кон околните сообраќајници. Делот од „Илинденска“ беше затворен ненадејно вчера попладне затоа што се поставува бина за претстојниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што се одржува вечерва, па така со сигурност градот и попладнево ќе биде ...
Без голема тензија со веќе познати ставови многу пати елаборирани во јавноста, а малку за тоа што може да ја очекува државата во иднината помина првата телевизиска дебата меѓу лидерите на двете најголеми партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во студиото на Канал 5. Најголем дел од дебатата се вртеше околу францускиот предлог, преговарачката рамка, измените на Уставот, се повторуваа работите што се одамна познати, се зборуваше за ...
Многумина денеска беа зачудени зошто додека се враќаа од своите работни места заглавија во сообраќаен хаос по улиците на Скопје. Причината за тоа беше затворањето на булеварот Илинден пред зградата на Владата каде се поставуваше бина за утрешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Поради затворање на оваа фреквентна делница низ центарот на Скопје се случуваше сообраќаен хаос што резултираше и со неколку помали сообраќајни несреќи кои дополнително го ...
Аеродромци пролетва треба да добијат неколку нови зелени површини, односно паркови како што тврдат од Општината. Од нив еден ќе се наоѓа во Стар Аеродром, вториот во Лисиче, а третиот во Ново Лисиче. Всушност ова е нова најава за парковите кои претходно беа промовирани, поточно за паркот на влезот во населбата Лисиче Муцунски објави уште пред две недели, додека пак во Стар Аеродром се садат нови дрвја и трева, а не се гради нов парк. „Заедно ...