Традиционалното македонско „Селското месо“ е 19. најдобра „манџа“ во светот

Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да ја презентира една земја. Македонската храна заедно со обичаите, јазикот и културата  претставува непроценливо богатство во македонската традиција. И покрај тоа што во минатото на овие простори имало големи влијанија од надвор, сепак уникатноста и мудроста на нашите предци ги сочувале од заборав и оставиле до ден денес да говорат дека на овие простори има автентични и уникатни корени за чиј опстанок треба да се грижат денешните и сите идни генерации.

Македонија е земја во која минатото оставило скапоцени траги, а сегашноста уште повеќе го разубавила и оплеменила. Во Македонија, старата и богата македонска традиција на најубав можен начин се измешала со напредокот и современиот живот, па така сплотени заедно претставуваат една успешна целина која во себе ги содржи сите елементи на една култура која се темели на своите вековни обичаи.

За македонската храна се вели дека е разновидна и уникатна за што во голема мера придонесуваат намирниците. Нашиот зеленчук е совршенство. Како македонската пиперка и доматот јабучар нема друго место и секоја манџа зготвена со нив е највкусна.

Според TasteAtlas, искуствен патувачки онлајн водич за традиционална храна што ги собира автентичните рецепти, критиките на критичарите за храна и истражувачките написи за популарни состојки и јадења македонскиот специјалитет познат како „Селско месо“ се најде на 19-тото месот во светот на листата на најдоби „манџи“. Од Балканските земји на оваа листа е пред нас е само Грција со специјалитетот „Kouneli stifado“ но е со иста оценка 4.5 како и нашиот специјалитет „селско месо“

Ианку „Селско месо“ е традиционално македонско јадење од месо и печурки. Најчесто се користат следниве состојки: свинско месо, парчиња кромид, сушено месо, говедско, домати, крем сирење или кашкавал, печурки, пиперки, зачини, вино и сол. Традиционално се подготвува во земјен сад. Постојат варијанти на селско месо, а една од тие варијанти се нарекува селска тава. Во некои краишта. се додава и пилешко месо.

Ова е еден од традиционалните специјалитети кои покрај тавче-гравчето најмногу го сакаат странците во нашите ресторани.

Г.Р.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави