Пожарите на Шара мируваат само кога се спуштаат температурите и при поројни дождови како изминативе неколку дена кога временските прилики за среќа успеаја целосно да ги ликвидираат пожарите на шарпланинскиот масив. За еден месец на планината од пожарите се изгубени повеќе од 400 хектари шумска површина. – Од почетокот на април до пред неколку дена имавме летни температури, вегетацијата се уште не беше разлистана, а денес имаме снег. Зимата е ...

На наградите за архитектура „Биг си“ (Big See), зграда во Кутина, Хрватска, го доби престижното признание „Најубава станбена зграда во светот“ – од сите регистрирани во 2024 година. Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен ...

Од “прв“ борец против Ковид 19, преку гласен поборник за родова рамноправност до кандидат за пратеник на СДСМ за претстојните парламентарни избори. Доктор Милена Стевановиќ после седум годни на чело на клиниката за Инфективни болести, својата битка за подобри политики во здравството сака да ја продолжи во Законодавниот Дом. Вели никогаш нема да ја напушти својата професија. Доколку биде дел од новиот собраниски состав ќе остане посветена на ...

Неработните денови за претстојните избори, 24 април и 8 мај училиштата ќе ги одработат во две саботи. Министерството за образование и наука веќе ги известило училиштата дека часовите од 24 април ќе бидат одработени во сабота, на 18 мај, а часовите предвидени за 8 мај ќе бидат одработени во сабота, на 1 јуни. Ќе биде одработен и неработниот ден даден на 30 ноември поради одржувањето на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Овој ден училштата ќе го одработат ...

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е меѓу 100-те највлијателни личности во светот за годинава, според најновиот избор на американскиот магазин „Тајм“. Таа се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, меѓу други влијателни ...

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени. За време на викендот ќе се ...

Доживотна затворска казна му изрече Основниот суд во Оочани на 59 годишниот кочанчанец кој лани во септември ја уби 46 годишната сограѓанка. Тој пред судот признал вина а обвинтелството го товареше за убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин. Од обвинителството информираат дека со обвинението на товар му се ставало и кривично дело уцена, што било сторено пред убиството, но обвинетиот не го признал делото и постапката за ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во име на Социјалдемократската партија на Германија, упати порака во која искажа поддршка за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на претседателот на партијата Димитар Ковачевски и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за претстојните избори и за натамошниот европски пат на Македонија кон полноправно членство во Европската унија. „Изборот е во ваши раце“, порача Шолц во видео пораката која беше ...

Гордана Силјановска Давкова како и останатите кандидати ја претстави својата програма пред гласачите. Покрај точките што Силјановска Давкова и јавно ги искажува како заложби, во нејзината програма има еден неочекуван детал. Имено, во програмата на Силјановска Давкова е наведено дека Македонија е кредибилна НАТО членка. Давкова слично постапува и во спотовите каде што вели дека нашата држава е почитуван НАТО сојузник, со што самата оддава ...

Денес почнува најголемиот книжевен настан Саем на книга на кој ќе се претстават повеќе од 60 издавачи, со богата програма од преку 30 промоции, детски работилници, настани, дискусии. Саемот на книга 2024 е отворен за посетители од 10:00 часот, додека официјалното отворање на кое ќе се обрати и Министерката за култура, г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчева, ќе се одржи денес во 13:00 часот. Годинава Саемот воведува поинаков концепт на изложување со ...

Иако Владата ги прогласни 24 април и 8 мај за неработни денови за цела држава поради изборите, деновите пред гласањето (23 април и 7 мај) ќе бидат работни денови за сите, соопшти Министерството за образование и наука. Многумина сè прашуваа дали 7 мај ќе се спои со пролетниот распуст кој завршува заклучно со 6 мај, а 8 мај е веќе неработен ден. – Иако гласањето е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат ...

„МКЦ ни ги отвори вратите за претставата ‘Вистинскиот запад’ кога ја спремавме, не оставија три месеци во Денсинг сала работевме без проблем. Потоа стана малку голема гужва во МКЦ, па и сега што се случува, па се тргнавме од таму. Повеќе наидуваме на затворени врати, отколку на отворени“ рече актерот Томислав Давидовски од независниот театар „Штрих“ во утринската програма на Слободен печат. Тој, заедно со неговиот колега Марјан Наумов објаснија ...

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, синоќа доби награда од Вработување.ком за најпосакуван работодавач во 2023 година На манифестацијата „Работодавач на годината“ организирана од страна на Vrabotuvanje.com, вчеравечер, 17 април, ТАВ Македонија ja прими наградата за „Најпосакуван работодавач во 2023“ во категоријата ...

Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ исчистија неколку диви депонии лоцирани во општина Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 100 кубни метри претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 метри кубни отпад од обемна дива депонија на улицата Црногорска во близина на автобуската постојка, како и 40 метри кубни отпад од неколку помали диви депонии ...

Битолчанец од балконот на неговата куќа на најамбиенталната улица Широк Сокак со воздушна пушка пукал кон куче скитник кое било на улицата, соопштија од Битолската полиција. Настанот се случил вчера, а полицијата му ја одзела воздушната пушка. -На 17.04.2024 во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Широк Сокак” во Битола, З.Л.(63) од балконот на неговиот дом од воздушна пушка пукал кон куче скитник. За настанот бил запознаен јавен ...

Културното наследство на Скопје и неговата околина е историски извор за слоевите различни цивилизации во минатото, но и потенцијал за туристичка промоција и економски развој во иднина. Неговото значење од повеќе аспекти беше актуализирано со научни трудови на конференција што ја организира Институтот за македонска литература во соработка со градот Скопје. Културното наследство е еден од најсилните адути и за привлекување туристи во земјава, без ...

Денеска нè очекува променливо облачно и посвежо време со повремен дожд, особено во северозападните делови од земјата. Дождот, според прогнозата на УХМР, постепено ќе преминуваат во снег на повисоките планини. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 1 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 19 ...

АТС ГРУП со гордост го претстави својот советодавен одбор сочинет од истакнати членови, докажани професионалци во светски рамки. Дел од членовите на одборот ги граделе своите престижни кариери како носители на високи економскии и политички државни функции, а друг дел се високо одликувани во армиите на нивните респективни земји. Секој член на одборот носи карактеристичен сет на знаења и вештини, кои јасно може да се воочат од нивните богати ...

Возачите на моторни возила кои сакаат да возат во самиот центар на Менхетен во Њујорк ќе мора да платат најмалку 15 долари, објави порталот Аксиос. На патничките автомобили ќе им се наплаќа по 15 долари дневно за да влезат во таканаречениот „централен деловен кварт“ на Менхетен, со неколку исклучоци, што во суштина го прави целиот Менхетен јужно од 60-та улица со патарини. Градските власти велат дека целта на мерката, која треба да стапи на сила ...

На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Антон Андов, уредник на постпродукција и графика во „Слободен печат“. Нашиот колега Антон остави белег во македонската продукција со својата богата професионална кариера. Тој претходно беше дел од екипите на А1 телевизија, Канал 5 телевизија и продукциите „Видео лаб“ и „Прва продукција“. Погребот ќе се изврши утре, 18 април 2024, на Градските гробишта „Бутел“. Посмртните останки ќе бидат изложени во ...

Бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу за време на еден натпревар од Третата македонска лига се најде и на седницата на Владата. Таа, на предлог на премиерот Талат Џафери, го задожи Министерството за внатрешни работи да достави комплетна информација што сѐ се случуваше и зошто дојде до апсењето на Салиу, а подоцна и до поднесување кривична пријава за него до обвинителството од страна на МВР. Според соопштението од седницата на Владата имало ...

Општина Центар ја започна првата фаза од проектот „Смарт сити“ со инсталација на паметни светилки низ цела територија на општината. Системот го имплементира А1 Македонија преку целосна реконструкција на постоечкото улично осветлување и паралелна имплементација на светилките и паметните ормари. Станува збор за замена на 3982 улични светилки со нова технологија на ЛЕД светилки за паметно мерење и управување со електричната енергија. Инсталацијата ...

Изминуваат последните денови од мандатот на претседателот на државата Стево Пендаровски. Во досегашните пет години, извршувајќи ги своите законски и уставни надлежности, Пендаровски успеа да се сети на голем број заслужни граѓани кои ги одликуваше со државни награди и признанија. Кон крајот на минатата година, Пендаровски додели Повелба на Република Северна Македонија на Албански театар – Скопје, Орден за заслуги на актерите Коле Ангеловски, ...

Училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори ќе работат во вторник, ден пред изборите. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе биде сместен избирачкиот материјал. – Тоа е веќе договорено и мислам дека е ставено на веб страницата. Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи, изјави денеска претседателот на ...

Силно невреме и обилни дождови, поплавени автопати, улици, домови и аеродроми, прекинати летови и напуштени возила низ улиците е новата слика што во последното деноноќие се појави во луксузниот град Дубаи. Според Националниот центар за метеорологија на Обединетите арапски емирати, за 24 часа Дуаби е натопен со дожд од 25 сантиметри односно со количина на дожд што овој пустински град ја добива во период од речиси две години. Експертите ...

Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во осум општини во државата открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила коишто би овозможиле избор на најповолните понуди. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи Министерството за образование и наука (МОН) за нив има донесено процедури во 2014 година. ...

Нема да дозволам Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска, изјави денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска како реакција на вчерашните обвинувања од страна на градоначалничката Данела Арсовска. Министерката најави и правни дејствија кон градоначалничката на Град Скопје поради, како што рече, инсинуациите и небулозите дека „знаела за пожарот, но не пријавила веднаш“. ...

Европа се чини дека овие денови е „игралиште“ на секој дигитален номад, не само поради разновидните култури и многубројните опции на градови, туку и во потрага по пониските трошоци за живот во некои области во споредба со поголемиот дел од САД, импресивните нивоа на безбедност и повисокиот квалитет на животот. За жал, низ поголемиот дел од добро познатите жаришта на континентот, номадите се соочуваат со некои проблеми, како што се цените ...

На 23 април со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов од поетот Ацо Шопов. Балетскиот триптих ќе се изведе во рамките на јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024. Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата се на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи ...

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30л/м2) грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
39%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
57%
1017
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
0.51
59%
1019
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
56%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.75
39%
1015
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.51
68%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
45%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
42%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
31%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
51%
1013
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
48%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
64%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75