
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Со собир, историско потсетување и положување на цвеќе претпладнево во Гостивар, пред спомен плочата близу црквата на градскиот плоштад, беа одбележани 80 години од стрелањето на шестмината активисти од Народноослободителната борба. На настанот што го организираше гостиварскиот општински одбор на Сојузот на борци, присуствуваа членови на организацијата, почитувачи на слободарските традиции и ученици. „Во услови кога привршуваа завршните акции за ...
СВР Тетово информира дека вчера (7.11.2024) во 16.30 часот во населба „Фазанерија 2“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Б.З.(69) од Гостивар, кој бил пријавен дека во 15.30 часот со дрвен предмет го нападнал Ќ.С.(63) од Гостивар и агресивно се однесувал кон неговата сопруга и неговиот син. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата. ...
Времето денеска (петок) изутрина ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 1 до 17 степени Целзиусови. Утре (сабота), според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има ...
Бананата не е само едно од најпопуларните овошја, туку е и вистински извор на хранливи материи кои можат значително да придонесат за подобрување на целокупното здравје. Со својата лесна достапност и сладок вкус, бананите се омилени на луѓето од сите возрасти, а нивната разноврсност ги прави идеални за употреба во различни јадења, десерти, пијалоци и смуди. Освен што се лесни за консумирање, бананите нудат и бројни здравствени придобивки – од ...
Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД, јавија руските медиуми. „Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам (Трамп) за неговиот избор на функцијата претседател на САД“, рече Путин за време на говорот на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“. „Зборовите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за украинската криза заслужуваат внимание“, рече Путин. „Она ...
Во октомври 1.530 компании во Германија прогласија банкрот, тоа највисока бројка во изминатите 20 години, соопшти денеска Институтот за економски истражувања во Хале. Банкротот на фирмите се должи на неколку фактори – постојаниот економски пад, зголемувањето на расходите за плати и енергија и дополнителните ефекти од времето на пандемијата, посебно компаниите со помала финансиска состојба кои добиваа државна помош. Тој додаде дека најпогодени се ...
Американскиот долар значително зајакна откако стана јасно дека Доналд Трамп ќе биде избран за следен претседател на САД, а биткоинот достигна рекордна вредност, во услови кога инвеститорите очекуваат потенцијални даночни олеснувања, зголемување на тарифите и пораст на инфлацијата во неговиот втор мандат, јави Би-Би-Си. Вредноста на доларот се зголеми за околу 1,5% во однос на неколку валути, меѓу кои британската фунта, еврото и јапонскиот јен. ...
На 6 ноември 2024 година, околу 23:50 часот, кај местото Здуњска крстосница во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Л.Ј. (20) од Гостивар. Лицето претходно неколкупати не застанало на знак за запирање даден од полицијата. Пред влезот на Гостивар, од возилото „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми. Тој е задржан во полициска станица и, по целосно документирање ...
Младата пејачка Тамара Грујеска од Гостивар која неуморно го гради својот пат во светот на музиката, повторно ја израдува публиката со нова песна која носи наслов „Насмевни се“, а со видеозапис беше промовирана попладнево. Музиката и аранжманот за синглот се дело на Роберт Билбилов, додека текстот го напиша Робин Зимбаков. Видео спотот е во режија на Огнен Шапковски и Мелем продукција, а е снимен на повеќе локации во Скопје и дел во студиото ...
„Владата веќе го честиташе изборот на претседател на САД, и би било несоодветно јас да шпекулирам за политиките на друга Влада кон оваа земја. Но, секако што се однесува до соработката со Амбасадата на САД овде, имаме одлична соработка на многу проекти, вклучувајќи и проекти кои се однесуваат на превенција на насилство врз девојчиња и жени“, ова беше краткиот и дипломатски одговор што Британскиот Амбасадор, Метју Лосон го даде на прашањето на ...
Нашиот имунолошки систем е првата линија на одбрана од штетните патогени кои можат да придонесат за развој на акутни и хронични болести. Тоа е широка мрежа на органи, клетки и протеини кои работат заедно за да го заштитат телото од вируси, бактерии, габи и други микроорганизми. А доколку „напаѓачите“ навлезат во телото и предизвикаат штета, имунолошкиот систем е одговорен да ја залечи таа штета и да се прилагоди на идните зaкани. Постојат многу ...
Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време, бара Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ова, како што му беше предочено денеска на премиерот Христијан Мицкоски, се поволности кои во светот се применуваат со години. Како што изјави претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева по средбата со Мицкоски, ИТ индустријата се надева дека ...
Министерот Борко Ристовски во име на Министерството за спорт и генералниот директор на Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, Костадин Каракабаков, денеска потпишаа меморандум за соработка во дејноста спорт. Според меморандумот, во иднина нема да има спортски ликови на рекламите за обложување. Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, се обврзува да се воздржи од ангажирање на општествено ...
Амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон денешниот ден го поминува во Гостивар на настани од проекти за кои Амбасадата дава поддршка и средби со претставници на организации и здруженија. Проектите се фокусирани на родовата еднаквост и борбата против насилството врз девојчиња и жени. „Многу сум среќен да бидам тука во Гостивар, да бидам дел од настани на организации со кои соработуваме на проекти за родова еднаквост и борба против ...
Судскиот совет на денешната 504-та седница ги избра Јетмир Хамзаи и Абдула Азари за судии на Апелационен суд Гостивар за граѓанска област и Сузана Милевска, Анита Јовановска и Љупчо Спировски за судии на Апелационен суд Штип за граѓанска област. Членот на Судскиот совет, Ханиф Зендели информираше дека сите петмина кандидати на кандидатската листа за избор на судии во Апелациониот суд Гостивар ги исполнуваат условите согласно закон. Прв на ...
Мото клубот “GO BIKERS GOSTIVAR” со задоволство најавува дека на 11 ноември ќе се одржи нивната прва крводарителска акција. Овој хуманитарен настан има за цел да ја поттикне свеста за важноста на крводарителството и да помогне на оние кои имаат потреба од трансфузија. Сите заинтересирани се поканети да се придружат на акцијата, која ќе се одржи од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Трансфузиологија Гостивар. “Вашата хуманост може да спаси ...
Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Тој им се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич на кои им вети дека „ќе ги поправи границите“, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина. Тој му се заблагодари на американскиот народ за „извонредната чест да биде избран за 47-ми претседател и 45-ти претседател“. Тој истакна дека „Бог со причина го поштедил ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини утре почнува со доделување вредносни ваучери на домаќинства за купување и поставување инвертер клими. Како што соопшти, мерката е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето. Според Министерството, вкупно 6 182 домаќинства ќе добијат ваучери. Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата ...
Последните неколку дена, особено во утринските и доцните вечерни часови, во тетовско-гостиварскиот регион има релативно ниски температури, кои ја интензивираа грејната сезона, не само во домовите, туку и во стопанските, јавните и други објекти. Поради ова, значително се зголемува можноста за пожари, пред се како резултат на човечко невнимание, застарени и дотраени електрични инсталации во зградите, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во ...
Американците избираат претседател по 60-ти пат во историјата, а целиот свет го чека исходот кој ќе влијае на голем број глобални конфликти и кризи. Во исто време се избира и нов состав на Конгресот и третина од Сенатот. Резултатите главно се во согласност со очекувањата. Трамп ја задржа контролата врз традиционално републиканските држави, додека Харис ги освои демократските упоришта. Трамп, кој според проекциите на Си-Ен-Ен досега освои 246 ...
Мозочните игри и вежбите за помнење ги стимулираат нервните патишта и поттикнуваат тн. „невропластицитет“, т.е. способност на мозокот да учи и да се менува. Ова помага во зајакнувањето на нервните врски, што пак, ги зацврстува мозочните и умствените вештини. Дакари Квимби, клинички доцент по психијатрија на Медицинскиот факултет УСЦ во Лос Анџелес, САД, смета дека овие когнитивни предизвици ги подобруваат когнитивните функции и потенцијално го ...
Катедра на ромски јазик на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, културни центри во Скопје и во четири други поважни градови, 30.000 граматики, буквари и исто толку речници на ромски јазик, се само дел од барањата што денеска ги соопшти министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик. Во изјава за медиумите, Салиу рече дека ...
Денеска (5-ноември) во 14.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на надвозникот за тетовска Брвеница, патничко возило ,,сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(22) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П.(22) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, информира ...
Брусницата е позната по својата живописна црвена боја и слатко-кисел вкус. Овие рубин-црвени чуда на природата имаат остар, кисел вкус, па затоа ретко се јадат сирови и најчесто се консумираат сушени или цедени. Преполни со хранливи материи како витамините Ц и А, како и антиоксиданси како флавоноиди и фенолни киселини, брусницата може да се пофали и со импресивна низа на здравствени придобивки. Од спречување на инфекции на уринарниот тракт до ...
СВР Тетово информира дека вчера (4.11.2024) во 18.00 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(34) од Вруток, гостиварско, поради основано сомнение дека извршил кражба на велосипед. Кај него бил пронајден велосипедот и бил вратен на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, извести ...
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно постави лажни очекувања во врска со пребројувањето на гласовите за американските избори, инсистирајќи на резултат во изборната ноќ, јави ДПА. Трамп веќе ги разбранува своите поддржувачи во претходните денови со неосновани наводи за изборна измама. Републиканецот се кандидира против демократката Камала Харис и засега изгледа дека трката ќе биде тесна. Се смета дека е малку ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2024 година. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 ноември 2024 година, соопшти ...
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски рече дека се откочени одредени процеси и дека во наредните четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д. „Откако успеавме одредени процеси да ги откочиме, одредени неопходни работи да почнат да работат, веќе сме во предност. Прилеп – Битола некаде би требало да биде две до две и пол години, да речеме за три максимум да биде завршен. Слична е ситуацијата ...
Вечерната глад е чест проблем за сите оние кои внимаваат на својата фигура. Многумина веруваат дека јадењето доцна во ноќта може да и наштети на вашата фигура или здравје, но не секоја храна го прави тоа. Постојат намирници кои можете безбедно да ги консумирате пред спиење, без да ги загрозите вашите цели за одржување на здрава телесна тежина. Ви продолжение пет намирници кои можете да ги јадете навечер, а кои нема да ви го оптоварат варењето ...
На 1 и 2 ноември 2024 година во Југословенската кинотека во Белград, Србија се одржа Brave New Media Forum 2024 (BNMF), значаен собир во медиумската сфера кој ги обединува новинарите, активистите и експертите од регионот и Европа. Настанот годинава се фокусираше на клучни теми за медиумската индустрија во иднина, како што се иновациите во медиумите, етиката и безбедноста на новинарите, како и употребата на вештачка интелигенција (ВИ) во ...