
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Цената на криптовалутата Биткоин значително порасна и достигна речиси 90.000 долари во понеделникот вечерта, како реакција на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Овој скок од над 25% по објавувањето на изборните резултати е дел од поширокиот позитивен тренд во крипто-пазарот. Оптимизмот на инвеститорите е предизвикан од ветувањата на Трамп дека ќе ги поддржи дигиталните валути и ќе ја претвори Америка во „крипто капитал“, ...
Од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како зимска опрема на моторните возила ...
Околу 350 деца Роми, на возраст од три до шест години, ќе престојуваат бесплатно во јавните градинки во 21 општина во државава, меѓу кои и Општина Гостивар. Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општински установи – детски градинки“, денеска беа потпишани договори за соработка меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и градинките на нивна територија каде што ќе бидат згрижени децата од таа ...
На 11.11.2024 во 12.40 часот во Долно Палчиште, општина Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од Селце Кеч. Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле ...
Високопреработената храна, како што се грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо – сѐ тоа е поврзано со забрзаното биолошко стареење. Тоа, поради високата содржина на калории, шеќер, масти и сол во намирниците, посочува ново истражување на Медитеранскиот невролошки институт „Неуромед“ во Поцили, Италија. Староста на човековите клетки и ткива е под влијание и на генетиката, навиките за животен ...
Проблемите со сонот не се предизвикани само од прекумерната употреба на мобилни телефони пред спиење, зголеменото ниво на стрес во текот на денот или прекумерното внесување на кофеин пред спиење, туку може да бидат предизвикани и од ‘рчењето на партнерот. Добрата вест е што може да се намали со помош на една намирница. Доволна е само една кафена лажичка пред спиење Иако на пазарот има бројни препарати и уреди кои ветуваат дека ќе престанете со ...
На иницијатива на мото-клубот Go Bikers од Гостивар, денска успешно беше организирана нивната прва крводарителска акција, на која беа собрани над 20 единици крв. Со оваа акција, Go-Bikers покажаа висока свест за значењето на хуманитарните активности и дадоа пример за солидарност и грижа за заедницата. Од мото-клубот изразуваат голема благодарност до сите учесници кои одвоија време да дадат крв и ја поддржаа оваа акција, особено до тимот на ...
Редовната замена на четката за заби е од суштинско значење за одржување на оптимална орална хигиена. Со текот на времето, бактериите, нечистотијата и остатоците од храна се акумулираат на влакната, додека секојдневната употреба предизвикува четката да се истроши. Експертите препорачуваат четката да се менува на секои три месеци, но знак дека треба порано да се смени се истрошените влакна, што често е предизвикано од преголем притисок при миењето ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ да се зголеми цената на горивата. Непроменета останува само цената на дизелот. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а за денар ипол поскапува Екстра лесното масло за домаќинство. Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 76 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 78 денари за литар. Дизелот оваа недела ќе биде со ...
Гостивар страда од ниска свест за зачувување на јавните добра и недостиг на одговорност кога станува збор за јавните површини. Многу често, парковите и другите простори кои се уредени како место за релаксација, прошетки и одмор, стануваат мета на деструктивни поединци, па може да наидете на искршени клупи, уништени корпи за отпад, соборени канделабри и слично. Од вандализам не се поштедени ниту детските катчиња. Наместо да бидат весели места за ...
Општина Гостивар информира дека во тек се инфраструктурни зафати во населбата Малеарди и Кеј Вардар, кадешто се работи на уредување улици. „Станува збор за целосно асфалтирање на улицата во Малеарди кај старите гробишта на Гостивар од 300 метри со широчина од 6,5 метри. Тука спаѓаат тротоарите како и покривањето на каналот што претставуваше опасност за граѓаните. На улицата Кеј Вардар работите опфаќаат асфалтирање во должина од 303 метри со ...
Овој потаж од тиква и морков е совршен за ладните денови кога ни треба нешто топло, вкусно и хранливо. Комбинацијата од тиква и морков создава кремаст, сладок и богат вкус, а супата е лесна за подготовка и со минимални состојки. Одличен избор за семеен оброк. Потребни состојки: (за 6 лица) Подготовка: Во тенџере со 1,5 литри вода ставете ги тиквата, морковот, кромидот и компирот и варете ги 20 до 25 минути. Кога зеленчукот ќе се свари, исцедете ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 8 степени. Утре (вторник) рано наутро понекаде ќе има појава на слаб дожд, а на планините од слаб снег. Преку денот променливо ...
Кремљ го демантираше извештајот на американски медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп разговарале по телефон минатата недела за конфликтот во Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите за тоа се „целосно лажна информација“, негирајќи дека имало каков било телефонски повик. „Вашингтон пост“ во неделата објави дека Трамп телефонски разговарал во четвртокот со ...
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на повеќе извори. Весникот наведува дека Трамп разговарал со Путин во четвртокот, што бил нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина. Според изворите, Трамп му се јавил на Путин од неговото ...
Природата и човекот – човекот и природата. Величествена врска. Преку овој прекрасен простор низ кој води мојот пат, се чувствувам како вечен следбеник на сонцето и месечината, како значаен сведок за убавината исткаена од флора, фауна и фолклорно наследство, се запознавам со окружувањето, а дел од него останува тајна за мене и мојата љубопитност. Секогаш наидувам на топло „добредојде“, на качамак и кисело млеко, пријателски муабет. Да ти е мерак ...
На радост на дечињата, денес беше пуштено во употреба целосно обновеното детско игралиште во гостиварската населба Малеарди. Новите лулашки, лизгалки и други реквизити на општината ги донираше Хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“, а ова убаво детско катче е сместено веднаш до муралот со неговиот лик. „Целта на оваа донација да создадеме едно забавно катче за децата од оваа населба, меѓутоа и од другите делови на градот. Да ...
Со златен медал и одбрана на европската титула од пред две години, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши Европското сениорско првенство во Атина, откако во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска, јави дописничката на МИА од Атина. Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот. Македонскиот кикбоксер се пласираше во финалето откако вчера со нокаут пред крајот на првата рунда беше ...
Да се биде родител не е лесно бидејќи има многу работи за коишто тој / таа треба да се грижи. Меѓутоа, понекогаш родителите не се свесни дека децата ги забележуваат малите нешта што ги правиме за нив или пред нив. Ниту еден родител не може да му понуди совршено детство на своето дете, но малечкото, обично, е природно интуитивно, што значи дека забележува ситници во однесувањето и емоционални реакции многу повеќе отколку што родителите си мислат. ...
Лечат дигестивни и менструални проблеми, гасови, го зајакнуваат имунитетот, помагаат за здравјето и виталноста на мозокот, одлични се за цревни инфекции и воспаленија, а сето тоа е само дел од придобивките од мушмулата, моќното есенско овошје од семејството Rosaceae, на кое припаѓаат и јаболката, крушите и дуњите. Меѓутоа, за разлика од нив, мушмулите се берат во доцна есен и се консумираат само кога плодот ќе стане мек и кашест. Нивниот сладок ...
СВР Тетово информира дека вчера (8.11.2024) во 10.50 часот во ОВР Гостивар, Н.Ш. (45) од Гостивар која на 06.11.2024 ја пријавила нејзината малолетна ќерка на возраст од 14 години дека се оддалечила од домот, пријавила дека на 07.11.2024 година ќерката била пронајдена во Битола и во ПС Битола изјавила дека била кај лицето С.Д. од Битола и дека истиот имал сексуален однос со неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,наведува полицијата. ...
ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше девет пожари вкупно на отворен простор во последното деноноќие, од коишто еден се уште се води како активен, во Општина Крушево, а осум се целосно изгаснати. Активниот пожар започнал на 03.11.2024 година при што гори букова шума на м.в.,,Белушки ледини“ над с.Белушино (Општина Крушево), а на 08.11.2024 бил повторно се активирал. Горела букова шума и сува трева. Вчера на гаснење се упатиле 3 ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид ги претстави најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот регион. Откритијата, датирани од архајскиот период, од пред околу 2500 години, се значаен придонес кон историјата на Македонија и нејзиното место во европското и светското археолошко наследство. „Пред нас и пред целата ...
Movember е глобална иницијатива за подигнување на свеста за машкото здравје, која се одржува секој ноември. Името „Movember“ доаѓа од комбинацијата на зборовите „moustache“ (мустаќи) и „November“ (ноември). За време на овој месец, мажите ширум светот пуштаат мустаќи како симбол на поддршка и посветеност на кампањата за машко здравје. Целта на Movember е да се подигне свеста за неколку сериозни здравствени проблеми кои ги засегаат мажите, како ...
Православние верници денес одбележуваат празник Митровден, посветен на Св. великомаченик Димитриј. Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за ...
Луѓето, кои се борат со губењето маснотии и тежина, често ги прават следниве грешки коишто, всушност, ве спречуваат да ја губите несаканата тежина. Внесувате премногу калории Тоа, вообичаено, е поради напитоците, меѓу другото. Вашето утринско „Лате“, енергетските пијалаци, алкохол, па дури и „здравите“ сокови и комбинации се на овој список. Повеќето од нив содржат многу шеќер и дополнителни калории. Исто така, понекогаш самото џвакање и варење ...
Швајцарија повторно повлекува од пазарите пченкарно брашно со потекло од Србија – овојпат станува збор само за жолто брашно, а причината е значително поголема количина на афлатоксин од дозволеното со закон, објави РАСФФ, европскиот систем за брзо алармирање и информирање за храната. Според веб-страницата на РАСФФ, дозволената количина на афлатоксин во пченкарното брашно е 2 µg/kg – ppb (два микрограми на килограм). Во примерок од брашно земен на ...
Кон крајот на месецов во Гостивар ќе се одржи хуманитарен концерт со настап на македонски изведувачи, со цел да се соберат средства како донација за помош на гостиварецот Ивица Срезоски. Срезоски боледува од спиноцеребрална атаксија, болест која му создава бројни здравствени проблеми и му го отежнува секојдневното живеење. Надеж за подобрување и можност самостојни да застане на нозе и да се движи гледа во третмен и лекување во клиника во Ниш, ...
Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Тендерите се уште не се завршени, дел од нив не се ни почнати, така што во овој момент би било некоректно да шпекулирам какви би биле цените, но не верувам дека би имале некои проблематични одлуки коишто би влијаеле на буџетот на домаќинствата, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Посочи дека РКЕ во овој ...
Министерот Борко Ристовски го појасни процесот и критериумите Националните спортски федерации, клубовите и спортистите во наредните денови ќе ги добијат средствата од државните субвенции коишто ги доделува Министерството за спорт. Административниот процес е завршен и се очекува да започне исплатата на средствата, по новата поефикасна и поедноставена процедура, најави министерот за спорт Борко Ристовски на вчерашното гостување во емисијата ...