Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Предлог Законот за заштита од пушење, кој во вторник ќе се најде на владина седница предвидува дозвола за пушење на тераси со најмалку две отворени страни (или отворен покрив), задолжително одвојување на пушачки и непушачки зони и нови инфраструктурни услови за угостителските објекти. „Дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни просторот, терасите, може да бидат места каде што може да се ...
Откупот на јагне почна, а првите количини се извезени на пазарите во Италија и Албанија вели потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Тој додава дека откупната цена на јагнето изнесува од 260 до 280 денари и според сточарите е ниска. -Цената се уште е ниска од 260-280 денари макисмум, а овчарите сакаат да не биде под пет евра, под 300 денари, затоа што и млекото сега е намалено, бидејќи млекото беше до скоро 65 денари, ...
Зголемувањето на вредноста на Синдикалната минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Според нивните пресметки вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67.818 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 год. која изнесува 67.382 денари е зголемена за 436 денари. ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалниците на десет општини, потпиша 11 договори за грант, со што се реализира уште една значајна мерка за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата. Договорите се потпишани со општините Гостивар, Пробиштип, Босилово за населените места Иловица и Радово, Штип, Бутел, Росоман, Чешиново-Облешево, Зелениково, Велес и ...
Групацијата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Македонија изразија сериозна загриженост и разочарување по денешната изјава на министерот за здравство Азир Алиу, во врска со Предлог-законот за заштита од пушење. Од индустријата велат дека дополнетиот и изменет текст на законот, доставен на 17 март од Министерството за здравство, не ги зема предвид нивните претходно ...
На 20.03.2026 полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода В.А.(41) од Кочани и против него до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по чл.357 од КЗ. „В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел ...
Денес (20 март), во 15:46 часот, на северната хемисфера официјално пристигнува пролетта со пролетната рамноденица. Во овој момент денот и ноќта се речиси еднакви, а Сонцето се наоѓа точно над екваторот. Ова е почеток на период кога деновите стануваат подолги, природата се буди и започнува нов циклус на раст, светлина и живот. Иако често се мисли дека пролетта почнува на 21 март, најчесто е на 20 март, а понекогаш може да биде и 19 или 21 ...
Црквата на Светиот Гроб во Стариот дел на Ерусалим е затворена од 28 февруари 2026 година, во рамки на безбедносните мерки што израелските власти ги воведоа по ескалацијата на конфликтот во регионот, пренесуваат странски и црковни извори. Според достапните информации, израелската цивилна администрација донела одлука за затворање на светите места во Стариот Ерусалим, меѓу кои се Западниот ѕид, Храмовниот рид (Ал-Акса) пренесува Arabnews.jp и ...
СВР Тетово информира дека вчера (17.03.2026) во 21.55 часот во село Боговиње, тетовско, полициски службеници СВР Тетово го лишија од слобода З.М.(65) од Боговиње поради сомнение дека на 14.03.2026 извршил кражба во џамија во Врапчиште. Полицијата наведува дека по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. СВР Тетово информира дека вчера (17.03.2026) во 21.55 часот во село Боговиње, тетовско, полициски ...
Собранието денеска на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Изборот на Савески го поддржаа 66 пратеници, „против“ гласаа двајца, а осум беа воздржани. Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег кој не се задржува на коловозот се бележат на Попова Шапка и Крушево како и на планинските премини Стража, Ѓавато и Буково, информира утрово Автомото Сојузот на Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Екипи на Електродистрибуција денес (среда, 18 март) ќе вршат работи за реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа во регион на Гостивар поради што планирани се прекини на електричната енергија. Од 9 до 15 часот струја ќе нема во делот на детската градинка „Пролет“ како и самата градинка, ул „Беличица“ и ул „Мара Угриновска“ во градот. Прекин на електричната енергија во истиот период е планиран и во селата Речане, Ново Село, ...
Вашингтон, 16 март 2026 (МИА) – Суровата нафта „Брент“ денеска достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 отсто од почетокот на војната во Иран. Цената на барел „Брент“, кој важи за меѓународен стандард, порасна за 1,6 отсто и денеска изнесува 104,73 долари, пренесуваат светските агенции. Американската референтна сурова нафта порасна за еден отсто на 99,68 долари за барел, што претставува пораст од речиси 50 ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година во согласност со важечката методологија за формирање на цените. – Цените на лековите претставуваат клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и одржливост на здравствениот систем поради што нивното утврдување е стратешка одлука со директно влијание врз јавните здравствени расходи – ...
Нов случај на управување возило без положен возачки испот во Гостивар. Како што информира полицијата, ноќеска 40 минути после полноќ на бул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Џ.Е.(41) од Нистрово. „При контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без ...
Хељдата е одличен пример како една стара намирница повторно се враќа во модерната кујна. Со својот богат состав, лесна подготовка и разновидна употреба, таа може да биде едноставен начин да внесеме повеќе хранливи материи во секојдневната исхрана. Иако често ја сметаме за житарка, хељдата всушност не е вистинско жито, туку е семе од растение, а поради начинот на употреба се вбројува меѓу т.н. „псевдожитарки“. Хељдата е вистинска нутритивна ...
Во Македонија денеска 17 март, се одбележува Денот на формирање на Црвениот крст и Денот на крводарителството, кога се оддава почит на луѓето кои без многу зборови, но со многу срце, спасуваат животи-крводарителите. Според податоците кои ги објави Црвениот крст на Македонија во 2025 година биле спроведени 811 крводарителски акции во кои се собрани 61.778 крвни единици, што е 112,3% реализација на предвидениот план. Исто така биле организирани ...
Вчера (16.03.2026) во 15:45 часот во ОВР Гостивар, полициски службеници извршиле службен разговор со И.Ф.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за извршена „тешка кражба“. „Имено, тој се сомничи дека од домот на С.С. одзел предмети кои се пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.“, информира МВР. Вчера (16.03.2026) во 15:45 часот во ОВР Гостивар, ...
Националиот парк „Шар Планина“ пренесе добра вест-забележани се две нови единки на балкански рис, еден од најретките и најзагрозени видови во Европа. Како што информираа од паркот, овие животни се регистрирани преку трап-камери при редовен мониторинг на подрачје што административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани рисови на оваа планина се зголемува од 3 на 5-мал, но значаен чекор за еден вид кој со децении се ...
Подружницата на Водостопанство во Гостивар периодов активно се подготвува за претстојната сезона на наводнување. Екипи секојдневно се на терен и работат на расчистување на каналската мрежа, со цел земјоделските површини навреме да добијат доволно чиста вода. „Започнавме со чистење на каналите за наводнување, рачно го чистиме каналот Бањичко поле. Почнавме од Бањица бидејќи таму порано ќе започне сеидбата, некаде на почетокот на април, за да ...
Викендот што е пред нас ќе биде продолжен викенд, со оглед дека петокот е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Согласно Законот за празници и Програмата за неработни денови за 2026-та година, петок (20 март) кога муслиманските верници го слават празникот Рамазан Бајрам, спаѓа во државни празници и е неработен ден за сите. Следен државен празник и неработен ден со продолжен викенд е 13 април (вториот ден од православниот празник ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред. „Од 18 март 2026 година до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да се обратат во меѓуопштинските центри за социјална работа во ...
Изминатиот период се работеше на целосна реконструкција на една од најоштетените улици во гостиварска Долна Бањица, со што условите за движење на возилата се подобрени. Зафатот денеска го промовираше градоначалникот Ваљбон Лимани. „Се работи за реконструкција на улицата во Долна Бањица, на место наречено „кај чешмичето“. Навистина имаше потреба од реконструкција, со години оваа улица беше во многу лоша состојба. Се надевам дека овој зафат ќе ...
Репрезентативниот бек, гостиварецот Виктор Ефремовски, кој настапува за КК Работнички, одигра натпревар за паметење и постави личен рекорд во кариерата, постигнувајќи 50 поени во дуелот Работнички – Маџари (97:74) во рамките на 18. коло од „МТЕЛ“ Супер лигата. Ефремовски на паркетот помина 37 минути, а до рекордниот учинок стигна со одлична шутерска вечер. Погоди девет тројки од 17 обиди (52%), имаше 6/8 за два поени, како и 11/12 од линијата ...
Бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 7 денари за литар, а „евродизелот“ (Д-Е V) поскапува за 6,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на „евросупер БС-95“ изнесува 86,5 денари за литар, 88,5 денари ќе чини „евросупер БС-98“, 92 денара евродизел“ (Д-Е V), а 89,5 денари екстра-лесното масло за ...
Времето денеска (понеделник) претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 16 степени. Утре (вторник) и во среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат ...
Една година по најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, Кочани и понатаму живее со сенката на пожарот во дискотеката „Пулс“ кој засекогаш го подели времето на „пред“ и „потоа“. Повеќе од 60 изгубени животи и над 200 повредени оставија лузна што не избледува. И денес, градот и семејствата на жртвите ја чувствуваат тишината што остана зад нив, но и тежината на невидливата борба за вистината и правдата. Таа вечер Македонија беше ...
Техеран/Тел Авив, 13 март 2026 (МИА) – Војната на Блискиот Исток влезе во својот 14-ти ден. САД и Израел од една страна, а Иран од друга страна, продолжуваат да разменуваат удари. Израел и Иран повторно разменија оган рано утрово. Израелската војска соопшти дека околу 6 часот утрово идентификувала ракети лансирани од Иран кон израелска територија. Израел го започна својот последен „бран напади од големи размери“ врз Иран во 7 часот наутро, ...
Вчера (14.03.2026) во 17:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода М.М.(19) од Чајле, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај на ул. „Илинденска“, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки, кое таа го управувала и по преземени мерки било констатирано дека М.М. нема возачка дозвола. Исто така вчера, во 19:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ...
Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите. Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта (64,0%), Холандија (57,9%) и Луксембург (51,4%). ...