Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
На 02.10.2025 во 09:00 часот во ОВР Гостивар, 61-годишник од гостиварско село пријавил дека во текот на април 2025 година бил измамен од Ш.Ф. од Тетово за сума од 17.740 евра. Според пријавеното, тие се договориле да купи стан од него во Тетово и му ги дал парите како капар за станот. „Како што е пријавено, од тој ден до пријавувањето не потпишале купопродажен договор за станот, а лицето го избегнувало и сфатил дека бил измамен. Се преземаат ...
Со „Мтел“ како генерален спонзор, викендов започнува 34. сезона во најсилната кошаркарска лига во земјава – Супер лигата. Во натпреварувањето ќе настапат 12 клубови, меѓу кои нови прволигаши се Маџари и Ангели. По 22 одиграни кола, лигата ќе се подели на две групи – првите шест екипи ќе продолжат во плеј-офот за титулата, а останатите шест ќе се борат за опстанок. Три тима што ќе завршат на најдолните позиции ќе ја напуштат Супер лигата. КК ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. На некои од повисоките места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 3 до 7 степени. Според УХМР, под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од ...
Германската репрезентација синоќа во Рига ја победи Турција во финалето на Европското кошаркарско првенство — 88:83 (24:22, 16:24, 26:21, 22:16). Најефикасен играч во германскиот тим беше Исак Бонга, кој постигна 20 поени, имаше пет скока и три асистенции. Најдобар во поразената селекција беше Алперен Шенгун — 28 поени, 3 скока, 3 асистенции. Овој трофеј на Евробаскетот е втор во историјата на Германија. Претходно, Германците го освоија златото ...
Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец од синоќа, од 23:20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...
Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец од синоќа, од 23:20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...
По дождот, кој се уште врне во пониските делови од дебарскиот поширок регион, забележани се првите снежни врнежи во повисоките населени места, како Лазарополе, Броштица, подрачјето на Горна Жупа, како и во Маврово. Сообраќајот во овој дел од државата се одвива непречено, но, се препорачува внимателно возење поради влажни коловози и помали, но, чести одрони, поради што се препорачува внимателно возење. -На патните правци под наша надлежност има ...
Многумина ќе речат дека нема подобро чувство од моментот кога ќе легнеме во кревет, а надвор врне. Овој природен звук во позадина е најдобрата приспивна песна за многумина, и не е само впечаток – науката потврдува дека звукот на дождот всушност може да го подобри квалитетот на сонот. Причината лежи во неговото влијание врз хормонот на стрес и нашиот циркадијален ритам. Звукот на дождот има монотон и предвидлив ритам што го смирува мозокот и го ...
Од денес во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември 2025 година). По пријавите на граѓаните, како што информираат од Канцеларијата на Народниот правобранител, ...
Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80 000 вакцини против сезонски грип и дека се очекува да пристигнат во текот на следната недела, по што вакцинирањето ќе почне од втората половина на октомври. -Традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов. Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот ...
Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање недозволена трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациски единици во текот на септември, во повеќе различни случаи, лишиле од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кои поседувале наркотични средства. Како што соопшти МВР, при извршени лични прегледи и прегледи на возила, кај нив биле откриени и запленети поголема количина марихуана, ...
Дигитализацијата, интероперабилноста, сајбер безбедноста, поврзување на институциите, како и предизвиците на новото време, од вештачката интелигенција до учеството на бизнис секторот и академската задница се темите на кои денеска ќе разговараат учесниците на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, регионален настан кој ги обединува носителите на дигиталната трансформација од Западен Балкан, ЕУ и пошироко, а кој се одржува во Скопје. ...
Односот меѓу родителите и децата е една од најважните врски во животот – тој се гради врз љубов, доверба и разбирање. Сепак, и најдобронамерните родители понекогаш прават грешки што оставаат длабоки траги во детското срце. За разлика од играчка што може да се поправи или изгубено време што може да се надополни, постојат искуства што децата тешко ги забораваат и уште потешко ги простуваат. Ваквите ситуации не само што влијаат на детството, туку ...
Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во рамки на регионалната работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае до 5 октомври 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и ...
На 1 октомври 2025 година во 01:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К. (18) и М.Ј. (19), двајцата државјани на Република Турција со привремен престој во Гостивар, кај кои била пронајдена и одземена марихуана. Според информациите од полицијата, во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска наредба бил извршен претрес во домот каде што престојувале, при што била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Лицата ...
Времето денеска (четврток) ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура во гостиварскиот регион ќе биде 3 степени, додека максималната ќе достигне од 7 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од 12 октомври 2025 година Европската Унија започнува со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), со целосна имплементација до 10 април 2026 година, со што печатите во пасоши се заменуваат со биометриски евиденции на надворешните граници на Шенген. Системот EES е автоматизиран ИТ-регистар што при секој влез и излез електронски ги запишува личните податоци и биометриските ...
Калинката е едно од најздравите и највкусните овошја што се појавува во рана есен. Нејзината сезона им носи вистинско задоволство на љубителите на природни вкусови, но и бројни здравствени придобивки поради богатата содржина на антиоксиданси, витамини и минерали. Ова супер овошје го заслужува своето место во секојдневната исхрана бидејќи може значително да го подобри здравјето и да му обезбеди виталност на телото. Дознајте подолу зошто калинките ...
Вчеравечер, на првиот официјален датум на почеток на изборната кампања за Локалните избори 2025, независниот кандидат за градоначалник на Гостивар Висар Адеми организираше настан на кој беа повторени приоритетните заложби во фокусот на предизборната програма и визијата за општината. „Ме прашуваа „Висар ти даваш знаење низ цел свет, зошто не се кандидираш за градоначалник на Гостивар?“. Јас мислев дека не е дојдено време да има независен ...
Германската полиција утринава соопшти дека Октоберфест во Минхен останува затворен најмалку до 17 часот, поради голема безбедносна акција во северниот дел на градот. Специјални полициски единици, противпожарни екипи и експерти за деактивирање експлозиви се на терен откако рано изутрина беа пријавени експлозии, пожар во станбена зграда и пронајдено тело на маж со прострелни рани. Според полицијата, сторителот оставил писмо кое се смета за ...
Вчера (29.09.2025) во 16:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар, на место викано Ростушко Анче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,фолксваген бора“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(51) од Дебар, товарно возило ,,мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(59) од Скопје и патничко возило ,,мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од Б.А.(43) ...
Министерството за култура ги објави годишните конкурси за финансирање проекти од културата за 2026 година. Право на поддршка на конкурсите имаат правни лица регистрирани во Македонија во согласност со закон и физички лица, македонски државјани. Како што наведуваат од Министерството, целта на конкурсите е афирмација и унапредување на културата во сите уметнички области и дејности, презентација и промоција на македонската култура и на културата на ...
Меѓурелигискиот совет на Албанија одржа состанок на кој беа разгледани одредби од нацрт-законот за правна еднаквост, што се очекува да биде ставен на усвојување во албанското Собрание. Петте верски заедници – Муслиманската заедница, Католичката црква, Православната црква, Бекташката светска патријаршија и Евангелистичкото братство – изразија загриженост околу терминологијата во документот. Фокусот на нивните забелешки е употребата на поими како ...
Секојдневието денес почнува со алармот на телефонот, продолжува со часови пред компјутер и завршува со телевизор или таблет. Речиси незабележливо, нашите очи живеат во дигитална средина од утро до вечер. Просечно, човек денес гледа во екрани повеќе од 11 часа дневно – бројка што нашите очи едноставно не можат природно да ја поднесат без последици. Кога е премногу? Истражувањата покажуваат дека оние што поминуваат над 9 часа пред екрани имаат ...
Американската компанија за развој на вештачка интелигенција OpenAI денеска најави нови мерки за заштита на тинејџерите кои ја користат алатката ChatGPT. Новите опции им овозможуваат на родителите да го поврзат својот профил со профилот на своето дете и да ги прилагодуваат поставките за побезбедно користење. Тие ќе можат да поставуваат временски ограничувања, да исклучуваат гласовен режим или генерирање слики и да ја контролираат употребата на ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди НАТО и Европската Унија дека „секоја агресија против мојата земја ќе биде пречекана со решителна реакција“, објави Ројтерс. Додека војната на Русија во Украина продолжува, тензиите по источната граница на НАТО ескалираа во последните недели откако Естонија ја обвини Москва дека испратила три борбени авиони во нејзиниот воздушен простор, а авионите на НАТО собориле руски беспилотни ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го посети Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет-Скопје по повод успесите на учениците и нивните ментори на две олимпијади по хемија оваа година од кои се вратија со медали. На Меѓународната олимпијада по хемија во Дубаи, матурантите Марио Ванчоски и Петар Мирчевски освоија сребрен односно бронзен медал, како и една пофалница – за Теона Ана Георгиевска, а на најстарата ...
Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025. -Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, ...
На 28 септември 2025 година во 19:10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.А. (20) и 17-годишник, двајцата од Гостивар, кај кои била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, по судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошните простории кај малолетникот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата се ...