Генерацијата гимназијалци од Гостивар, која своето средно образование го завршила во далечната 1966 година, годинава одбележува 60 години од матурата, уште еднаш покажувајќи дека годините можат да променат многу нешта, но не и вистинската блискост. За нив ова не е само јубилеј, ниту обична средба на поранешни ученици. Ова е враќање кон младоста, кон времето кога во училниците се граделе не само знаења, туку и карактери, пријателства и чувство ...

Во манастирот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана во Гостивар, во вторник и среда ќе се одбележи празникот Преображение Христово, со духовна и празнична програма. Одбележувањето започнува на 18 август, вторник, со општонародна веселба, на кој ќе настапат Дарко Стојаноски и Василија Петрова. Концертот ќе започне во 20:00 часот. Централното одбележување е предвидено за 19 август, среда, кога од 08:00 часот ќе биде отслужена Света ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од вечерва се зголемуваат цените на бензините, дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. Најголемо поскапување има кај дизелот. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 денари за литар, па еден литар ќе чини 98 денари. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за по 4,50 денари за литар. Со новата одлука, цената на БС-95 ќе изнесува 91,50 денари, ...

Институтот за јавно здравје даде препораки до ЈП „Комуналец“ Гостивар за безбедноста и квалитетот на водата за пиење. Една од клучните препораки е континуирано следење на количината на хлор во водата, од извориштето до крајните корисници. ИЈЗ препорачува поставување автоматизиран систем кој континуирано ќе ги мери, следи и графички ќе ги регистрира параметрите поврзани со дезинфекцијата, вклучително и дозирањето на хлор. Дополнително, ...

На 20 август нема да бидат објавени поединечните анализи и резултати од испитувањата на водата во Гостивар, туку епидемиолошкиот извештај за појавената епидемија, кој ќе содржи информации за текот на епидемијата, релевантните резултати од испитувањата, како и податоци за тоа што и како постапувале надлежните институции, појасни денеска министерот за здравство Сашо Клековски. „Сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога ...

Јавното претпријатие Комуналец Гостивар информираше дека утре ќе има привремен прекин на водоснабдувањето, почнувајќи од 4:00 часот наутро. „Планираниот прекин е заради неопходна поправка на дефекти на три различни локации на главната цевка на водоводната мрежа и истиот ќе трае до нивно целосно санирање. Ви благодариме на трпението и разбирањето.“, соопшти Комуналец. Јавното претпријатие Комуналец Гостивар информираше дека утре ќе има ...

Вчера (16.08.2026) во 22:45 часот во ОВР Гостивар, 52-годишна жена од Гостивар пријавила дека нејзиниот син В.Д., со кого не живеат во исто домаќинство, во текот на денот телефонски ѝ упатувал закани, а претходно неколку пати физички ја напаѓал, информира СВР Тетово. Полицијата додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера (16.08.2026) во 22:45 часот во ОВР Гостивар, 52-годишна жена од Гостивар пријавила дека нејзиниот ...

И во текот на новата работна седмица ќе продолжат да владеат високи температури. Денес (понеделник) времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе се искачи до 31 степен. Метеоролозите за утре (вторник) најавуваат услови за дожд. Поточно претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне ...

Основното јавно обвинителство Гостивар ќе бара продолжување на мерката притвор за тројцата осомничени во случајот со загадувањето на водата во гостиварскит водовод, потврдија од обвинителството за Gostivarpress.mk. Судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар им одреди 30 дневен притвор на Артана Асани, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши на 21 јули, што значи дека мерката завршува неделава и по добивање на најавеното барање за ...

Ноќеска околу 3:00 часот после полноќ на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Мара Угринова“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 16-годишна гостиварка. „Претходо, таа со мопед со гостиварски регистарски ознаки удрила во паркиран минибус со гостиварски регистарски ознаки. При увидот било утврдено дека малолетничката го управувала мопедот без возачка дозвола. По консултација со јавен обвинител, мопедот е ...

Вчера (15.08.2026 година) во 23:20 часот, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Д. (37) од Гостивар поради тоа што околу 23:20 часот влегол во домот на неговата 32 годишна девојка, вербално ја нападнал, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон, информира СВР Тетово. „Набрзо потоа, пред зградата и физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ телесни повреди констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Тој е задржан во ...

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Пациентот бил примен во тешка општа состојба, со изразена невролошка симптоматологија и тешка форма на менингоенцефалитис, воспаление на мозокот и мозочните обвивки. И покрај интензивното лекување, неговата состојба продолжила да се влошува. „За жал, кај пациент на 72-годишна ...

Ноќеска во 3:15 часот после полноќ, на регионалниот пат Гостивар – Градец, се случила сообраќајна несреќа со материјална штета, без повредени лица, во кое патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Ј. (30) од Република Турција, удрило во паркирано патничко моторно возило. „При извршено алкотестирање, кај возачот биле измерени 1,9 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода во 03:50 часот поради ...

Августовското небо знае да биде чудо. Особено кога ќе се оддалечите од градските светла, ќе му дадете на погледот малку време да се навикне на темнината и сведочите како „паѓаат ѕвезди“. Овие августовски ноќи се резервирани за Персеидите, еден од најубавите метеорски дождови во годината. Метеорскиот дожд е активен од средината на јули до крајот на август, а ноќта меѓу 12 и 13 август ја достигнува најголемата активност. Годинава условите се ...

СВР Тетово информира дека денеска (16.08.2026 година) полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Т.(45) од Гостивар. „По претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, кај него се измерени 1,01 промил алкохол во крвта. Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека истиот подолг период под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и ...

Земјотрес со магнитуда 2,8 степени е регистриран денеска во 16:10 часот, во близина на Гостивар. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 8 километри северно од Гостивар, на длабочина од 5 километри. Податоците на EMSC за овој настан се потврдени од повеќе сеизмолошки институции, меѓу кои Сеизмолошкиот завод на Србија, EMSC и Институтот за геонауки при Политехничкиот универзитет ...

Растот на цените е последица на неповолните временски услови во повеќе земјоделски региони, како и на геополитичките тензии што влијаат врз производството и транспортот на земјоделските производи, покажуваат најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Најголем пораст на цените е регистриран кај житарките, шеќерот и растителните масла, додека месото и млечните производи бележат благо поевтинување. ...

Околу четири пати неделно требало да се земаат мостри за контрола на водата во Гостивар, ако се земат предвид двете одделни основи за контрола на квалитетот на водата: Националната програма на ИЈЗ-Центарот за јавно здравје Тетово и договорот на ЈКП „Комуналец“ со лабораторијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово. Според Националната програма, за Гостивар е предвидена проверка на 400 мостри вода годишно. Ако примероците се земаат од 4 ...

СВР Тетово извести дека вчера (14.08.2026 година) во 22:40 часот, А.З. од Гостивар пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат пред угостителски објект од страна на друг малолетник, при што се здобил со видливи повреди на лицето. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, наведува полицијата. СВР Тетово извести дека вчера (14.08.2026 година) во 22:40 часот, А.З. од Гостивар пријавил дека неговиот малолетен ...

Итно обезбедување вода за пиење, конкретен рок за конечно решавање на проблемот со водоводот и јавно објавување на реалната состојба на проектот за подобрување на водоснабдувањето, ова се дел од барањата што жителите на гостиварско Дебреше ги упатуваат до надлежните институции. Во отворено писмо, Здружението за развој и напредок „Дебреше“, Младинскиот форум на селото и Советот на џамии бараат институциите да одговорат со конкретни мерки, ...

Агенцијата за храна и ветеринарство ја одобри водата во Гостивар за пиење и готвење, но за голем дел од граѓаните останува проблемот што немаат никаква вода. Речиси еден месец водата беше забранета за пиење, а во истиот период дел од граѓаните се соочуваат со суви чешми или со намален притисок. Најпогодени се повисоките населби и домовите на повисоките катови, речиси во сите делови од градот. Дел од жителите велат дека не паметат толку долго ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Според метеоролошката прогноза во југоисточните и југозападните делови од земјава попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Во гостиварскиот регион нѐ се очекува нестабилност, а максималната дневна температура ќе достигне 31 степен. ...

На прес конференцијата во Гостивар претходно директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, ги објасни чекорите кои биле преземани пред укинувањето на забраната на водата за пиење. „Во саботата АХВ побара да се намали додавањето на течен хлор во водата и да се земат дополнителни примероци за лабораториско испитување, со цел континуирано следење на состојбата и потврдување на безбедноста на водата за пиење. ЈКП „Комуналец“ ...

АХВ ја укина забраната за користење на водата од градскиот водовод на Гостивар за пиење и подготовка на храна. Одлуката е донесена врз основа на резултатите добиени од анализите правени во изминатите денови, кои покажале микробиолошка и физичко-хемиска исправност на мострите вода, три пати по ред. Ова беше соопштено на прес конференција на Централниот кризен штаб во Гостивар, којашто се уште е во тек. Забраната беше издадена на 17 јули поради ...

Вчера (13.08.2026) во 16:00 часот во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, В.С.(41) од Дебреше пријавила дека на 12.08.2026 нејзиното малолетно дете, управувајќи четирицикл без возачка дозвола, учествувало во сообраќајна незгода со патничко возило на патот Гостивар–Градец и го напуштило местото, по што таа во полициска станица го донела четрициклот, соопшти СВР Тетово. По насоки на Јавен обвинител, четирициклот ...

Главниот штаб за управување со кризи најави дека денеска ќе излезе со најнови информации за водата за пиење во Гостивар. Според најавата, кризниот штаб попладне ќе одржи прес конфереција пред објектот на Општина Гостивар на која ќе ги изнесеме најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот градски водовод. Информациите кои медиумите ги добиваа деновиве од главниот и локалниот штаб беа дека состојбата со водата се подобрува ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. „Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...

Вчера (12.08.2026) во 22:45 часот во Неготино полошко, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Џ.К.(63) од Добридол, кој бил затекнат како управува патничко моторно возило „опел зафира“ без возачка дозвола. Полицијата наведува дека возилото му е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера (12.08.2026) во 22:45 часот во Неготино полошко, полициски службеници од Полициското ...

Православните верници денеска го почнуваат двонеделниот Богородичен пост, посветен на Успението на Пресвета Богородица. По времетраењето тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на празникот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август). Богородичниот, односно Успенскиот пост настапува еден месец по празнувањето ...

Во Полошкиот Регион во јуни годинава се издадени најмногу одобренија за градење во споредба со останатите региони во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во полошко се издадени 70 одобренија, од вкупно 296 на ниво на државата. Вкупниот број одобренија за градење во јуни 2026 година е зголемен за 39% во однос на истиот месец лани. Во јуни се издадени 296 одобренија, додека предвидената вредност на објектите изнесува 6 ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Кобалт

33.53