Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во периодот од 1 јануари до 31 јануаруи 2026 година во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 15.943 издадени платни налози, 3.683 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Како што информира денеска МВР, лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од ...
Во рамки на активностите за унапредување на јавната хигиена, Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар изврши расчистување на дива депонија во близина на градскиот стадион. Со оваа интервенција, просторот беше вратен во чиста и безбедна состојба. Од претпријатието истакнуваат дека ефикасноста и долгорочниот успех на ваквите активности во голема мера зависат од нивото на еколошка свест кај граѓаните. Без одговорно однесување и почитување на ...
Вчера (31.01.2026) во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Ш.(51), М.Х.(23), Ф.Ш. (53) од Чегране и 17-годишна малолетничка од Волковија. „По претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, извршен е претрес во угостителскиот објект во Чегране, сопственост на првопријавениот, при што кај М.Х. се пронајдени и одземени шест паковки со кокаин. Во помошна просторија на објектот бил ...
Нема ништо пофрустрирачки од паметен телефон кој закочува на средина од текстуална порака или му треба цела вечност за да отвори апликација. Пред да ја обвинувате староста на вашиот уред и да одите на сметка на купување нов, важно е да знаете дека повеќето проблеми со перформансите произлегуваат од лошо дигитално одржување, а не од хардверски дефекти. Забавувањето на телефонот обично е симптом на пренатрупаност: недостаток на простор за ...
СВР Тетово соопшти дека вчера (1.02.2026) во 19:25 часот во ОВР Гостивар, Б.М.(48) и нејзиниот син Д.С.(20) од Гостивар пријавиле дека на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, по кратка расправија за паркинг место, биле физички нападнати од нивниот сосед И.Ќ.(66), кој употребил и тврд предмет. „Окoлу 19.45 часот, И.Ќ. сам се пријавил во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот и против него ќе ...
Ракометната репрезентација на Македонија доби поволен противник во баражот за пласман на Светското првенство 2027 година, кое ќе се одржи во Германија. Ждрепката, која денеска се одржа во Хернинг, одлучи македонските ракометари да се соочат со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка. Благодарение на освоеното трето место во групата на Европското првенство во Данска, Македонија обезбеди статус на носител и ќе настапи во само еден бараж, ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 68, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67 денари за ...
Интернет-измамите и класичните измами со користење на дигитални канали бележат значителен пораст, а граѓаните сè почесто остануваат без поголеми суми пари поради наивност и доверба во лажни информации и манипулативни сценарија. На подрачјето на Гостивар и Тетово во текот на 2025 година е евидентирано зголемување од дури 54% на пријавени кривични дела „измами“ во споредба со 2024 година. Според податоците од СВР Тетово, во 2025 година се ...
Независен синдикат за образование и наука излезе со став во кој се изразува незадоволство од најавениот раст на платите за вработените во училиштата од 7,5%. „Како синдикат кој претставува над 4.700 вработени во секторот образование, по спроведена сондажа на мислењето на нашите членови, изразуваме незадоволство од планираниот раст на платите од 7,5% за 2026 година. Сметаме дека ваквиот процент не е доволен за суштинско подобрување на ...
Денеска е понеделник, 2 февруари 2026 година, 33-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 332 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 49 минути, а ќе зајде во 16 часот и 52 минути. Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег во крајните западни делови, каде ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ...
Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на казните, клучното прашање е – како функционира системот откако ќе се регистрира прекршок и што точно можат да „видат“ и измерaт овие камери. Камерите автоматски ги детектираат прекршоците штом возилото ќе ја надмине ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае до 5 февруари 2026 (четврток). -Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
Со силна визуелна порака од медицински експерти од целиот свет, денеска официјално се отвора осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2026“. Според организаторите на кампањата, постојат дијагнози кои се ретки, но надежта и солидарноста мора да бидат сеприсутни. -Оваа година, кампањата започнува со моќен меѓународен поттик. Во официјалното видео, доктори од различни земји, со дланки обоени во симболичните бои на ...
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца е воведена од 9.40 часот поради врнежи од снег. Како што претходно соопшти ЈП „Македонијапат“, од 9.20 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка, а од 5.45 часот е забранет сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. ...
Тешко е да се замисли мирисот на домашна супа без меки, воздушести кнедли што се топат во устата. Иако изгледаат едноставни, добрите кнедли бараат соодветна количина на труд и малку трпение. Со овој рецепт, ќе добиете кнедли кои се лесни, не се распаѓаат и совршено го апсорбираат вкусот на супата. Освен што се вкусни, супите со кнедли се и вистински сојузник кога сме настинати или чувствуваме слабост. Топлата течност помага во хидратација, го ...
Според научно истражување објавено во списанието Сајенс (Science) генетиката одредува дури до 55 отсто од животниот век на човекот. Во него се наведува дека гените имаат значително големо влијание врз животниот век отколку што се мисли. „Меѓународен тим истражувачи користел податоци од анализи на близнаци за да ги разграничи надворешните причини за смрт: несреќи, убиства, инфекции, од внатрешните, биолошки фактори: генетски мутации и болести ...
Вчера (30.01.2026 година) во 16:00 часот, во Полициската станица Гостивар е задржан албанскиот државјанин Б.И.(58), информира СВР Тетово. Лицето претходно било лишено од слобода на граничниот премин „Блато“ врз основа на распис издаден од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на 05.01.2026 година во врска со сторени кривично дела “кражба” и “тешка кражба”. Во 19:30 часот, истиот е изведен пред Основен суд Гостивар, каде ...
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени ...
Зимските месеци често носат намалена мотивација за физичка активност, поради студот, кратките денови и заморот. Токму затоа, бројни стручњаци препорачуваат тренингот да се прилагоди и да се практикува во домашни услови. Одржувањето континуитет во физичката активност е важно и за физичкото и за менталното здравје. Тренерите посочуваат дека со правилен пристап, тренингот дома може да даде подеднакво добри резултати како и вежбањето во теретана. ...
На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од утре стартува санкционирањето преку проектот „Безбеден град“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци -непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. – Системот ...
На Европскиот шампионат во ракомет попладнево се играат дуелите за „големото“ финале и со тоа стартува завршниот викенд на првенството. Со големо внимание се очекува дуелот Хрватска – Германија. Актуелниот светски вицешампион Хрватска, преку нивниот селектор Дагур Сигурдсон искажаа многу критики кон ЕХФ и организирањето, особено што во два дена играа два натпревара, а вчера имаа патување од Малме до Хернинг и притоа се сместени во Силкеборг ...
Вчера (30.01.2026 година) во 18:15 часот, во ОВР Гостивар, С.Р. од село Дебреше пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ.(75). Извршен бил увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и криминалистичка полиција од Гостивар. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Вчера (30.01.2026 година) во 18:15 часот, во ОВР Гостивар, С.Р. од село Дебреше ...
Вработените во средните училишта во Гостивар ќе го добијат регресот за годишен одмор К-15, чија исплата доцнеше. Општина Гостивар и Синдикатот за образование и наука постигнаа договор исплатата да се изврши во текот на март и април месец, според определен распоред по училишта. „Остваривме состанок со градоначалникот Ваљбон Лимани, одговорната од секторот за образование Аслијан Снопче, одговорниот за финасии и сите претседатели на СОНК ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска го потврди покачувањето на платите на наставниците во март во согласност со четиригодишниот договор меѓу Владата и Синдикатот за образование и наука. – Така како што сме се договориле, не само за оваа година, туку во сите четири години, наставниците ќе добиваат зголемување на платата – мартовската плата, всушност во април, ќе биде покачена за 7,5 проценти – рече Јаневска. Таа истакна и дека ...
Се прошируваат зелените површини долж Кејот на Вардар во Гостивар. Општина Гостивар спроведува проект за намалување на загадувањето, поддржан од УНДП, кој предвидува уредување на вкупно 1.700 метри зелени површини, со пешачки и велосипедски патеки покрај Кејот на Вардар. Проектот опфаќа делница од 700 метри од зградата со социјални станови до Дутлок, како и два сегменти од по 500 метри од маркетот „Монтенегро“ до мостот. „Во фаза на ...
Времето за вечера кај секој човек зависи од многу фактори работни смени, секојдневни обврски, физичка активност, семејни активности и замор. Затоа, не постои едно „совршено“ време што би им одговарало на сите. Нутриционистите посочуваат дека не постои универзално правило кога точно треба да се вечера. За просечна, здрава личност, нема голема разлика дали вечерата е во 17 или во 18:30 часот. Најважно е времето да одговара на личниот распоред и ...
Здружението на приватните гинеколози и акушери предупреди дека примарната гинеколошко-акушерска здравствена заштита се соочува со сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Лекарите истакнаа дека ваквата состојба создава хаос и неправедно ја префрла одговорноста врз нив наместо институционално да се уреди. – Недефинирани се стандардите за бројот на потребни прегледи, индикациите за прегледи. Прегледи има ...
Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и ќе примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон. – Понудивме зголемување на платите на административните службеници за 40-ина проценти, ССМ го одби покачувањето! А во делот на минималната плата ние мораме да постапуваме според законот. Ќе има зголемување и нивелирање. Првиот ...
Следната недела, Сојузот на синдикати на Македонија почнува со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите. Оттаму упатија отворен повик до Владата да дојдат во понеделник во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор со кој платите ќе се зголемат веќе од февруари. – Го повикуваме претставникот на Владата во понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува ...
Македонските превозници вечер во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево на состанок Aсоцијацијата Макам-транс“, откако Европската комисија донесе одлука за носење нова стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, за престојот 90 во 180 дена во шенген-зоната. Со тоа, по речиси четиридневен застој ќе се нормализира товарниот сообраќај на ...