Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за определување мерки претпазливост, вчера (14.05.2026 година), судот донел решение со кое го уважил предлогот на обвинителството и на лицето Е.А. вработен како в.д. претседател на Основен суд Гостивар и му определил мерки на претпазливост. За осомничениот Елјеса Алији определени се следните мерки: обврска да се јавува повремено на службено лице, ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 21 степен. Утре (сабота) нѐ очекува заладување со температура во интервал од 6 до 18 степени. Ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела времето ќе биде променливо ...
Денеска предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. „Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и Судски администратор, барале и примиле парична награда во ...
Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, граѓаните во Македонија во просек внесуваат околу 11 грама сол дневно. Тоа е повеќе од двојно над препорачаната количина на Светската здравствена организација, која советува внесот да биде помал од 5 грама дневно кај возрасните. Од Институтот предупредуваат дека прекумерниот внес на сол е значаен ризик-фактор за појава на покачен крвен притисок, мозочни удари, срцево-садови и бубрежни ...
Речиси и да нема човек денес што не користи емотикони во пораките. Насмеано лице, срце, кренат палец, солзи од смеење или нервозно превртување со очите, малите симболи станаа неизбежен дел од секојдневната комуникација. Ги користиме за да ја ублажиме пораката, да покажеме емоција, да избегнеме недоразбирање или едноставно да внесеме малку топлина во разговорот. А изборот е огромен, постојат емотикони за речиси секое расположение, реакција и ...
Вчера (13.05.2026) во ОВР Гостивар, од Ургентен центар во Гостивар во 19:00 часот пријавиле дека дека кај нив со повреди било донесено петгодишно дете. „Според пријавеното, детето паднало од балкон во семејната куќа во Гостивар. Детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.“, извести СВР Тетово. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. Вчера (13.05.2026) во ОВР Гостивар, од Ургентен центар во Гостивар во 19:00 часот ...
Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства. „Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените кои постепено ќе се заменуваат, што ќе значи олеснување на административната работа на училиштата, намалување на трошоците за печатење и онлајн достапност на ...
Управата за јавни приходи извести дека започна исплатата на средствата за скенираните фискални сметки за првото тримесечје од 2026 година, којашто се врши етапно, согласно обработката на налозите. „Кон 528.447 корисници ќе бидат исплатени близу 836 милиони денари. Кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира се додека податоците не се коригираат. Кај 7.560 корисници износот ...
„Од вкупно анализираните 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската Комисија кај четири пациенти констатираше дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со прифатените стандарди на клиничка пракса. Додека, кај останатите девет пациенти документација укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, на пример ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на националната репрезентација, со дизајн кој, според нив, ја отсликува гордоста, единството и идентитетот на земјата. Од ФФМ посочуваат дека секој елемент од дресот има симболично значење, при што линиите и деталите асоцираат на патот и амбицијата на репрезентацијата на меѓународната сцена. Дресовите се изработени во соработка со Adidas, во рамки на програмата UEFA Kit ...
Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани денеска му додели благодарница на Албон Реџепи од Чегране, како признание за неговиот придонес во науката и технологијата на меѓународната сцена. Реџепи е претседател на компанија, која има важна улога во тестирањето и надзорот на капсулата Орион од вселенската мисија Артемис II на НАСА. „Посебна чест ми е да му доделам признание на Албон Реџепи од Чегране, за неговиот придонес во науката и ...
Вредноста на најпопуларната криптовалута денеска во попладневните часови се движи околу 81.200 долари, што е знак за благ дневен раст и стабилизирање на крипто-пазарот. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа останува висок. Аналитичките крипто-портали наведуваат дека на глобалните пазари и понатаму преовладува претпазливост поради геополитичките тензии, но истовремено расте оптимизмот во технолошкиот сектор, особено околу ...
Нов онлајн водич треба да им помогне на деветтоодделенците полесно да изберат средно училиште и професија. Станува збор за платформата kvalifikacii.crso.gov.mk, која денеска ја промовираа Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарија. На едно место учениците и родителите можат да најдат информации за струките, училиштата, квалификациите и можностите за понатамошно образование и ...
Институтот за јавно здравје почна кампања во училиштата со наслов: „Пубертетот и менстуалниот циклус кај девојчињата” со цел подобра едукација и информираност на младата популација на овие теми. Стручни лица од ИЈЗ предавањата ги посветуваат на темата пубертет и што опфаќа тој период, со посебен осврт на менструалниот циклус, при што девојчињата имаат можност да се информираат за промените што ги носи овој период, на начин прилагоден на ...
Агенцијата за администрација објави огласи за вработување на државни службеници во Министерството за култура и туризам, односно во Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик. Отворени се работни места за инспектори, помошници инспектори и помлади инспектори по македонски јазик за инспекциски надзор по региони: скопски и полошки, југозападен и пелагонски, североисточен и источен. Освен општините услови за вработување во државна ...
Вчера (12.05.2026) во 20:00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека настанал пожар во напуштен објект (стар културен дом) во Врапчиште. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Гостивар и пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Вчера (12.05.2026) во 20:00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека настанал пожар во напуштен објект (стар ...
Денес, во западните делови од земјава ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува, наведува Управата за хидрометеоролошки работи во најновото утринско метео предупредување. Според временската прогноза денеска ќе владее променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во ...
Волка со синџир и каиш чуван како домашен миленик вчеравечер бил заловен во населбата Козле во Скопје. Веста ја пренесоа од скопската Зоолошка градина, од каде информираа дека по пријава од загрижени граѓани, на местото интервенирало МВР, а веднаш потоа пристигнала и стручната служба од ЗОО и претставници од градот Скопје, а волкот бил успешно и безбедно заловен. „Волкот е безбедно транспортиран до градината, а ЗОО Скопје ќе го згрижи и ќе му ...
Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, кој во наредниот период ќе биде испратен во собраниска процедура. Портпаролката на Владата, Венера Азизи, нагласи дека со законските измени започнува нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите на штета врз граѓаните, особено врз младите, ...
СВР Тетово информира дека откако на ул.„Питарница“ во Гостивар, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, возачот ги предал документите за увид, но во моментот кога полициските службеници ја проверувале сообраќајната дозвола, која е во сопственост на неговата сопруга, тој го стартувал возилото и со голема брзина се упатил кон Форино. „По преземени мерки, утврдено е дека возилото го управувал ...
Во март 2026 година во Македонија престојувале значително повеќе странски отколку домашни туристи. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, од вкупниот број туристи, 73.921, домашни биле 19,7%, а дури 80,3 % биле странски. Најголем број странци кои туристички биле во земјава минатиот месец, дошле од Германија 9.645, следуваат Турција со 9.090 туристи, Франција со 4.945 и Србија со 3.955 туристи. Во текот на март биле ...
Јубилејното 70. издание на Евровизија започнува вечерва во Виена, Австрија, со првата полуфинална вечер и настапи на дел од земјите учеснички. Овогодишното издание се одржува под слоганот „United in Music“ – „Обединети во музиката“, а во натпреварувањето учествуваат вкупно 35 земји. Финалето е закажано за сабота, 16 мај. Настанот годинава се одржува во атмосфера на засилени безбедносни мерки и политички тензии поради учеството на Израел. Дел ...
Во тек е јавниот повик на Министерството за социјална политика, демографија и млади за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација наменета за деца во социјален ризик. Поконкретно, бесплатното летување опфаќа: корисници на детски додаток, додаток за образование, гарантирана минимална помош, деца корисници на посебен додаток до 26 години и деца без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2011 до 2015 година, редовни ученици ...
Државната изборна комисија (ДИК) на вчера на седница донесе Одлука за доделување финансиски средства во 11 општини со блокирани жиро-сметки со цел исплата на заостанатите надоместоци за изборните органи. Како што информираше претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, средствата се наменети за надоместоците на изборните органи за Локалните избори 2025 и повторните избори за градоначалници спроведени во 2026 година. Одлуката е донесена врз основа на ...
Денешниот датум, 12-ти мај е Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари, а се одбележува секоја година во знак на сеќавање на роденденот на Флоренс Најтингеjл, која се смета за пионер на модерното сестринство во светот Флоренс Најтингеjл е родена во Фиренца, Италија на 12 мај 1820 година. Целиот свој живот се борела за унапредување на својата професија и правата на жените. По завршување на школувањето се пријавила за заминување во ...
Вчера (11.05.2026) во 13:25 часот во ОВР Гостивар, 53- годишен маж од Гостивар пријавил дека бил измамен од М.Д. од Кавадарци, со престој во Скопје, за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, на 24.04.2026 контактирале преку социјална мрежа и се договориле да му извади пасош по брза постапка, по што по автобус му ги пуштил парите, а откако ги примил го блокирал и не можел да стапи во контакт со него. СВР Тетово наведува дека се преземаат ...
Градежните активности на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се одвиваат со засилена динамика, констатираа надлежните по денешниот увид во реализацијата на инфраструктурните проекти на западниот дел од Коридор 8. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека на терен се реализираат сложени инженерски зафати и дека сите предизвици се надминуваат преку добра координација меѓу институциите и ...
Русија денеска со воена парада на Црвениот плоштад во Москва ја одбележа 81-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, а рускиот претседател Владимир Путин порача дека земјата останува уверена во победата и покрај актуелните глобални тензии и војната во Украина. Во обраќањето пред војниците и присутните странски делегации, Путин изјави дека Денот на победата е „свет и најважен празник“ за Русија и нагласи дека ...
Регулаторната комисија донесе одлука за утврдување на цените на горивата. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво 85,00 ден/лит. ЕУРОСУПЕР БС-98, поевтинува за 0,50 ден/лит, и ќе се продава по 86,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 4,00 ден/лит, и ќе изнесува 89,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за ...