Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ). Станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер. Извозникот не е производител, пиперот го купил од други правни субјекти ...

Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место , немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во ...

Есента пристигна, а со пониските температури и пократките денови, плодовите на природата пристигнаа во светли и топли бои. И токму во овие бои може да се најдат бројни причини за здравствените придобивки од есенските плодови. Нема поубави бои од есента – од природата до храната, кога изобилство од убави плодови пристигнува на трпезата. Совршената шареност на јаболка, круши, мандарини, калинки, пченка, костени и друго овошје и зеленчук, кои се ...

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци ...

Нема достоинствена работа без достоинствени плати кои ќе ги задоволат реалните егзистенцијални потреби на работниците и нивните семејства, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод 7 Октомври – Светскиот ден на достоинствената работа. Од ССМ укажуваат дека платите во државата значително заостануваат зад реалните животни трошоци, дека според нив, истите создаваат сиромаштија, поттикнуваат масовна миграција и дека затоа нивното ...

Њоки ала сорентина е италијански специјалитет од регионот Кампанија, поточно од Соренто. Тоа се меки њоки од компир подготвени во доматен сос, со додавање на моцарела и свеж босилек. Јадењето е едноставно, но исклучително вкусно и е едно од оние што плени со топлината и аромите на јужна Италија. Ова јадење има свои корени во традиционалната „кучина повера“ (сиромашна кујна) на полуостровот Соренто, каде што се користеле едноставни, но ...

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во угостителството по ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од Национална алијанса за интеграција, Ваљбон Лимани и носителот на листата за советници, Ваљдет Џафери попладнево беа на средба со млади, на која ги претставија проектите и активностите во изборната програма предвидени за младата популација. „Една од точките во нашата програма е поддршка за сите млади до 30 годишна возраст кои ќе отворат нови бизниси, општината ќе ги субвенционира со по 60.000 ...

Силното невреме што зафати денеска делови од Европа предизвика прекини во снабдувањето со електрична енерегија, откажување на летови, соборени дрвја и блокада на некои сообраќајници. Во неколку европски земји, припадници на противпожарните служби се ангажирани во санација, јави ДПА. Во белгискиот главен град Брисел, противпожарната служба одговори на околу 90 повици, претежно за паднати дрвја или скршени гранки. Бројни повици и материјална штета ...

Откако пред неколку дена блокираа пратка од 8 тони црвени лути пиперки од Албанија, хрватските власти повторно запреа уште еден албански производ на границата. Овој пат станува збор за крем (паста) од фстаци, за која се покажало дека содржи високо ниво на токсин опасен по здравјето. Додаваат дека на 3 октомври, било поднесено официјално известување во системот РАСФФ, за да се информираат другите земји-членки на ЕУ, за да можат да ја запрат ...

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Историскиот чекор којшто се направи кога Европскиот совет за плаќањата го прифати барањето на нашата земја за приклучување кон СЕПА им овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји, ...

Роми од Гостивар, предводени од Кашмир Салиу, актуелен заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување најавија формирање на нова политичка партија. На собир пред присутните граѓани и поддржувачи беше официјално претставен кандидатот за член на Советот на Општина Гостивар — Ерџан Рушани, кој се наоѓа на листата на ВМРО-ДПМНЕ. Во своето обраќање, Рушани ја претстави својата програма и заложби за подобрување на условите и поголема инклузија ...

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ ќе стапат во сила новите, пониски цени на нафтените деривати. Според најновата одлука, малопродажната цена на Еуросупер-95 се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари за литар. За ист износ поевтинува и Еуросупер-98, кој од утре ќе се продава по 76 денари за литар. Цената на дизелот се намалува за 1 денар и ќе изнесува 68,5 денари за литар, додека екстралесното масло за ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми на денешната прес конференција кажа видување за состојбите во образованието и условите во училиштата. „Имаме големи проблеми со партизација на образованието. Во Гостивар без да се знаеш со некого од партијата, без да имаш партиски или семејни врски со градоначалникот или претседателот на партијата не можеш да бидеш вработен. Таа партизација мора да престане, затоа што не ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 60 километри на час. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 5 до 11 степени. Според прогнозата на УХМР, утре (вторник) и во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. -Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 ...

Општинската организација на Демократските сили на Ромите (ДСР) во Гостивар на работен состанок со локалните координатори на партијата ја разгледа подготовката за претстојните локални избори, координацијата на активностите на терен и донесе одлука за поддршка на листата на ВМРО-ДПМНЕ. „Тргнувајќи од колективниот интерес и потребите на ромската заедница во Гостивар, Општинската организација на ДСР ја дава својата поддршка за листата на советници ...

Националното студентско тело информира дека денеска официјално го испрати до Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи Барањето за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката за субвенциониран студентски оброк. – Со ова барање се укажува на потребата институциите да направат јасна разлика меѓу реален приход и прилив на средства на студентските сметки со цел да се спречи неправедното одбивање на ...

Розов Пикник во чест на сите жени што се борат со ракот на дојка за поддршка на сите оние кои секојдневно се соочуваат со болеста организираа денеска во Градскиот парк во Скопје ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели со поддршка на Mediсus Help. На настанот присуствуваа жени од повеќе градови во земјата. – Имаме многу работа. Се уште немаме направено исчекори во промените и во здравствениот систем и во Законот ...

Изборните активности на учесниците на Локалните избори 2025 продолжуваат и денеска, неработен ден за граѓаните, но активен за кандидатите за советници и градоначалници во 80 општини во државава. И седмиот ден од кампањата за изборите на 19 октомври како во делник, митинзи и средби со граѓани во повеќе делови од земјата. Кандидатите ги презентираат своите изборни програми со приоритетни проекти кои се предвидени во нив и со кои ја бараат ...

Ситуација во регионот на Бургас постепено се нормализира по големите поплави преизвикани од поројните дождови што ја зафатија Бугарија во изминатите денови. Во североисточниот дел од земјата и денеска е прогласен жолт аларлм за можно невреме, а се следат и тековите во сливот на реките Тунџа, Јантра и Марица. Бугарските власти соопштија дека во текот на изминатите 24 часа, одговорено е на 340 повици за предизвикана штета од невремето. Од нив 218 ...

Американското хемиско друштво (ACS) објави резултати од неколку нови истражувања кои откриваат интересни факти за пивото и виното, пијалаци присутни во човековата историја со милениуми. Според наодите, екстрактите од квасец може да предизвикаат заматеност кај пивата, што досега најчесто се поврзуваше со протеини од јачмен и полифеноли од хмељ. Експериментите покажале дека рибонуклеинските киселини во екстрактите од квасец реагираат со протеините ...

Ноќеска во 03:10 часот после полноќ на улица ,,Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Џ.Ш.(24) од Р. Турција, кој се движел со патничко моторно возило ,,голф” со скопски регистерски ознаки, затоа што во возилото била пронајдена и одземена марихуана, соопшти СВР Тетово. „По добиена судска наредба, во 09:30 часот утрово извршен е и претрес во дом и помошни простории во Гостивар, каде тој ...

Локалниот огранок на Левица во Гостивар во рамки на предизборната кампања денеска организираше средба со граѓани, на која беа претставени главните поенти во изборната програма. „Политиката во последните 30 години во Гостивар е на многу лошо ниво. Знаеме дека младите и младите брачни парови заминуваат, се иселуваат. Изминатите 10 години од 80.000 жители Гостивар дојде на ниво од 50.000, што е алармантна бројка. Јас како кандидат за градоначалник ...

Станувате, појадувате и веќе по еден или два часа чувствувате силно чувство на глад и празнина во стомакот? Ако чувствувате потреба повторно да јадете веднаш по појадокот, тоа може да ви го отежни контролирањето и одржувањето на здрава тежина… Постојат неколку причини зошто чувствувате глад многу брзо по појадокот: Појадокот не содржи доволно калории Првиот оброк во денот треба да биде во опсег од 300 до 400 калории. Ако се обидувате да ...

Хрватските власти блокирале повеќе тони зеленчук, увезен од Албанија, откако било утврдено присуство на три забранети земјоделски препарати, објави Топ чанел. -Блокирани се осум тони црвени лути пиперки, произведени на подрачјето на Дивјак, кои содржеле престициди штетни по здравјето на луѓето. Блокираното количество зеленчук ќе биде уништено во Хрватска, наведува телевизијата. Ова не е првпат, зеленчук и овошје произведени во Албанија, да бидат ...

За по два сантиметра се зголемени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е повисоко за еден снатиметар во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Дојранското Езеро е за 54 сантиметри повисок од просекот за октомври, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се пониски од просечните и ...

Вчера (2.10.2025) во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионален пат Маврови Анови – Дебар, во близина на Ростушко Анче, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од Х.Б.(49) од Трново, гостиварско, излетало од коловозот. Притоа, со повреди се здобил возачот Х.Б. и поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје, информира полицијата. Увид на местото извршила ...

Многу од нас повремено посегнуваат по газирани пијалоци, додека за некои тие се дел од нивната дневна рутина. Сепак, добро е познато дека тие не се најздравиот избор. Нивната консумација може да предизвика разни проблеми, од зголемување на телесната тежина и кариес до немир и несоница. Газираните пијалоци се „многу кисели“ и можат да предизвикаат ерозија на забната глеѓ, односно постепено растворање на заштитниот слој на нашите заби. За разлика ...

Машината за перење го олеснува секојдневниот живот и ослободува време за други обврски, но понекогаш предизвикува и неочекувани проблеми што се повторуваат од циклус до циклус. Еве ги најчестите „мистерии“ кои што може да се случат. Чорапите исчезнуваат од време на време Прво секогаш проверете дали се заглавени во друга облека или чаршафи. Ако не, можеби се заглавени во гумата на вратата кај машините со предно полнење или под централниот дел кај ...

Инфраструктурни проекти, паркинзи, зелен плоштад, поддршка за млади, жени и повозрасни лица. Ова се главните делови во изборната програма на кандидатот за градоначалник на Гостивар од НАИ (Национална алијанса за интеграција), Ваљбон Лимани која денес беше презентирана под мотото „Со Гостивар во срцето“. „Првиот проект со кој се гордееме и кој ќе го претставам е новиот мост над Вардар. Вистинско урбано дело дизајнирано со современо инженерство. ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
79%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
83%
1015
weather icon

Софија

11ᴼ / 5ᴼ
0.51
54%
1019
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.71
86%
1017
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
92%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
1.79
88%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
100%
1018
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.13
90%
1017
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
85%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 12ᴼ
2.57
100%
1019
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.59844