Вчера (3.01.2026) во 18:25 часот во СВР Тетово е пријавено дека на делницата помеѓу Митрови Крсти и Симница, гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, оквири за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства. Обезбедено е местото и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 5 до 10 степени. Под влијание на нестабилна воздушна маса до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат над 20 l/m². До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ...

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во новата седмица којашто следува има два неработни денови. Вторник (6 јануари) кога се слави Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Среда, пак (7 јануари) Божиќ, Христовото раѓање е државен празник и е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во новата седмица којашто следува има два неработни ...

Повреденото дете во новогодишната ноќ кое беше примено на Клиниката за неврохирургија во Скопје, утрово почина како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело, изјавија од Клиниката за МИА. -За понатамошни толкувања ќе почекаме резултати од судско-медицинските испитувања и иследувањата од страна на МВР, пишува во одговорот на прашањата на МИА. Претходно денеска, Јавното обвинителство издаде наредба за ...

Човечкиот ум е предмет на научно проучување долго време и со сигурност знаеме дека е многу сложен и различен за секој од нас. Еден интересен аспект на оваа разновидност е внатрешниот говор. Додека повеќето од нас го имаат ова искуство, сè уште има луѓе кои едноставно го немаат. Психолозите измислија термин за овој феномен – „анендофија“ – и сега се обидуваат да разберат колку е чест овој феномен. Внатрешен глас Ако некогаш сте имале мисли што ...

Вчера (2.01.2026) во 16:15 часот во ОВР Гостивар, 53 годишниот гостиварец Б.А. пријавил дека околу 14:30 часот на ул.,,Иво Лола Рибар” во Гостивар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, извести СВР Тетово. Вчера (2.01.2026) во 16:15 часот во ОВР Гостивар, 53 годишниот гостиварец Б.А. пријавил дека околу 14:30 часот на ул.,,Иво Лола Рибар” ...

Мигрената е многу повеќе од силна главоболка и предизвикува онеспособувачка, пулсирачка болка на едната страна од главата што може да го остави лицето во кревет со денови. Движењето, светлината, звуците и другите предизвикувачи можат да предизвикаат симптоми како што се замор, гадење, промени во видот, раздразливост. Тој силен и болен притисок во главата, не е само главоболка, туку комплексна невролошка состојба, чии напади можат да бидат ...

Поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата во текот на изминатото деноноќие. Беа примени поголем број пријави од возачи и граѓани, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Од ПС Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Две на автопатот Тетово – Гостивар – една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила, потоа една на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нацрт-рамката за мир за ставање крај на војната предвидува безбедносни гаранции од САД за Украина во траење од 15 години, но нагласи дека од американскиот претседател Доналд Трамп побарал гаранциите да важат многу подолг период – до 50 години. „Навистина, тоа не е засекогаш. Му кажав дека веќе сме во војна речиси 15 години и затоа гаранциите мора да бидат подолги“, изјави Зеленски во ...

Ноќеска во 2:35 часот после полноќ во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувно од Л.Б.(27) од Градец, општина Врапчиште, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Е.С.(19) од Здуње, гостиварско. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник В.А.(27) од Градец, а со телесни повреди се ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани денеска на прес-конференција ги претстави мерките од изборната програма кои се насочени кон финансиска поддршка на млади, жени и пензионери коишто се грижат за своите внуци. „Општина Гостивар ќе ги поддржи стартапите на младите до 30 годишна возраст со по 60.000 денари. Секоја година ќе поддржиме 30 нови младински иницијативи, инвестирајќи директно во идеите, креативноста и ...

Во Гостивар течат подготовките за традиционалната Бадникова поворка 2026. Утрово во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се одржа проба на дечињата коишто ќе учествуваат во настанот на Бадник и со искрена радост и возбуда го очекуваат. Свештениците од гостиварското архијерејско намесништво ги информираа децата и родителите околку деталите за организацијата и текот на Бадниковата поворка во Гостивар и им го поделија текстот на песната ...

Две лица го загубија животот во несреќата која се случи вчера (2.01.2026) во близина на Бигорски манастир. Несреќата била пријавена во ОВР Гостивар во 15.50 часот. Патничко возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Животот го загубиле А.Ф. и М.Ф. од Видуше. По насоки на јавен обвинител патничкото возило ќе биде задржано во Полициска станица Гостивар за вонреден технички преглед, ...

Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“. Пријавата за сообраќајната незгода ја примил дежурниот центар Е-112 Охрид. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката. За настанот веднаш биле известени полициските ...

Она што го јадеме или пиеме навечер има големо влијание врз квалитетот на сонот. Иако некои намирници делуваат безопасно, тие можат да го разбудат организмот токму кога треба да се одмора. Нутриционистите и здравствените експерти предупредуваат дека одредена храна и пијалоци пред легнување можат да го нарушат сонот и да доведат до низа здравствени проблеми. Кафе Ефектите од попладневното кафе траат подолго отколку што мислите. Кофеинот ...

Вчера (1.01.2026) во 17:45 часот на наплатна рампа на патот Тетово-Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.А.(31) од Челопек, тетовско. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час, соопшти СВР Тетово. По целосно документирање на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува, но во моментов не се здржува на коловозите на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Како што информираат од ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Од Јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -6 до 3 степени. Под влијание на циклонска активност за време на викендот што следува времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени ...

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Ваљбон Лимани денеска на прес конференција претстави дел од главните проекти предвидени во неговата изборна програма, кои се однесуваат на инфраструктурата. Лимани подвлече дека во текот на мандатот со својот тим докажале дека работата вродува со конкретни резултати и дека ќе продолжат со реализаицја на проекти за подобри услови на сите граѓани. „Ја споделувам со ...

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае до 5 јануари 2026 година. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...

Бурна новогодишна ноќ имале лекарите на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Примени се пациенти од сообраќајни незгоди, пациенти со повреди здобиени од пад од висина, повредени од пиротехника, пациенти во алкохолизирана состојба, како и едно двегодишно дете со повреда во главата од огнено оружје. Дежурните екипи денеска оценија дека бројот на повредени за време на новогодишната ноќ е значително зголемен во споредба со претходните ...

Неколку случаи на физички напади се регистрирани во Гостивар ноќеска на новогодишната ноќ и рано наутро. Во 4:30 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар-Гостивар било пријавено дека за укажување лекарска помош го примиле 51 годишниот гостиварец З.М., кој бил физички нападнат во угостителски објект во Гостивар. Според пријавеното, по кратка расправија во објектот со други лица, тој бил физички нападнат од сопственикот на објектот, кој потоа ...

Гастроентерохепатологот од Гостивар, д-р Јусуф Вејсели информираше дека во болницата „8 Септември“ во Скопје, кадешто работи за прв пат била извршена успешна ERCP процедура кај дете со камења во главниот жолчен канал. „Историски момент во болницата 8 Септември!. За прв пат во болницата, успешно беше изведена ERCP процедура кај 10-годишен педијатриски пациент со дијагноза холедохолитијаза, без никакви компликации. Искрени честитки до ...

Половина од домашниот буџет лани се трошел на храна и безалкохолни пијалоци, додека на алкохолни пијалаци и тутун се трошеле повеќе отколку за здравје, рекреација, култура и образование заедно. За облека и обувки се издвојувале повеќе средства околку за покуќнина, опрема за куќа и одржување. Во просек од тројца членови на домаќинството во работен однос бил еден. Најголемиот дел од расположливите средства 66,7% биле приходи од редовен работен ...

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, кој е од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик, соопшти Царинската управа на Македонија. „Делото е откриено на граничен ...

Вчера (30.12.2025) околу 15:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во Долна Бањица, гостиварско, М.К.(69) од с.Долна Бањица, управувајќи трактор „имт“ со приколка, изгубил контрола и се превртел со тракторот. „Од здобиените повреди, М.К. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош Гостивар, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР ...

И во новата 2026 година според грегоријанскиот календар, на 6-ти јануари во Гостивар најмалите повторно ќе го најават Христовото Рождество со традиционалната Бадникова поворка низ градот. По тој повод, гостиварското Архијерејско намесништво информира дека на третиот ден од новата година, во сабота (03.01.2026) со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата проба за Бадниковата поворка 2026. „Со благослов на Митрополитот тетовско-гостиварски г. ...

Во пресрет на новогодишните празници, министерот за здравство Азир Алиу и директорот на болницата во Гостивар, Емри Бајрами го посетија педијатриското одделение во установата и поделија новогодишни пакетчиња на децата кои се згрижени на одделот. Алиу и Бајрами, заедно со медицинскиот персонал упатија зборови на поддршка и охрабрување за побрзо закрепнување. „Со овој симболичен, но искрен гест, ја споделуваме празничната радост и испраќаме ...

За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 за почетокот на второто полугодие. Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска настава со која досега се опфатени 200 училишта. На крајот на учебната година, во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, согласно видот ...

Во ноември 2025 година просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 4,80%, што претставува пад и на месечно и на годишно ниво. Просечната каматна стапка на вкупните депозити била 2,18% – речиси непроменета месечно, но малку повисока споредено со лани, соопшти Народната банка. Кај новоодобрените кредити каматната стапка изнесува 4,54%, а кај новопримените депозити 2,27%. Кај домаќинствата каматата на вкупните кредити е 5,19%, а на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1019
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
67%
1014
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1009
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1019
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
2.26
81%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
1009
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
61%
1020
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
54%
1016
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1018
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
3.09
56%
1022
weather icon

Будимпешта

-1ᴼ / -1ᴼ
6.17
94%
1014
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
75%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

348835.60

Злато

150834.91

Кобалт

64.04

Калај

54.20

Бакар

11.71

Алуминиум

3.15

Цинк

3.34

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Паладиум

5433.48

Сребро

3663.67