Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Иако не можете целосно да спречите појава на настинка, постојат начини да ги ублажите симптомите и да го скратите времетраењето на болеста. Обидете се да пиете топла вода со лимон и мед, одмарајте се доволно и останете топли и суви. Кога ќе ги почувствувате првите знаци на болест, лековите и исхраната богата со хранливи материи исто така можат да помогнат. Во просек, возрасните настинуваат два до три пати годишно, а секоја трае околу седум ...
Минатата година трајно беа уништени светски шуми со големина од приближно половина Англија, покажува извештајот, при што загубата се зголеми за 1,7 милиони хектари од 2022 година на вкупно 8,3 милиони хектари, јави ДПА. Оценката на Декларацијата за шуми, објавена вчера од истражувачки и невладини организации, наведува дека во 2022 година биле изгубени 6,6 милиони хектари шума. И покрај заложбите на повеќе од 140 земји на климатската ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска информираше за поднесените извештаи од учесниците на изборите за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања за Локални избори 2025, коишто се поднесуваат на 11-от ден од изборната кампања. Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборната кампања, посочуваат од ДКСК. Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања ...
На 12 октомври 2025 година, околу 19:50 часот, на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ѓ.М.(24), С.Т.(39) и Р.Т.(19), сите од Гостивар. СВР Тетово соопшти дека претходно, во 15:00 часот, во ОВР Гостивар, А.Т.(43) од Гостивар пријавила дека по семејна расправија настанала физичка пресметка, при што нејзината ќерка Ј.Т. се здобила со тешки телесни повреди, потврдени во ...
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во однос на последниот квартал лани, а зголемен од 0,62 проценти во однос на истиот квартал од претходната година. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) заклучно со март годинава имале 1.588.395 претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации. ...
1492.- Прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три бродови: “Санта Марија”, “Ниња” и “Пинта”. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања. 1518.- ...
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално ги измами и излажа граѓаните, ниту се горди, ниту имаат повеќе пари, ниту подобро живеат, оваа влада за година и пол донесе хаос и сиромаштија“, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа вчеравечер во Виница. Филипче посочи дека најголемата измама им се случи на граѓаните на парламентарните избори лани. – ...
Во Албанија од денеска воведена е привремена забрана за употреба на електрични тротинети, кои се сметаат за опасност и извор на несреќи и доколку тоа не се почитува, овие средства ќе бидат одземени. Веста ја објавија министерката за внатрешни работи Албана Кочиу и директорот на државната полиција Илир Прода. „Спроведовме детална анализа на овој феномен и заклучивме дека употребата на овие возила предизвикува непосреден ризик за јавната ...
Коалицијата ВРЕДИ вчеравечер го одржа централниот митинг во Гостивар од кој беа упатени критики за работата на локалната власт и беше побарана поддршка за кандидатот за градоначалник, Сабедин Даутин и листата на советници од коалицијата. „Митингот докажа дека Гостивар одлучил за нов правец, по осум години пропадната локална власт, која го удави Гостивар во долгови со недостаток на транспарентност. Огнената атмосфера, навивањата и знамињата во ...
Во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола веќе се печатат гласачките ливчиња за Локалните избори 2025 закажани за в недела 19 октомври. Дистрибуцијата на недоверливиот и доверливиот материјал за гласањeто до Општинските изборни комисии, а потоа и до Избирачките одбори ќе се спроведе до крајот на неделава. Во сабота први гласаат болните и немоќни лица, лицата во домашен притвор, затворениците и лицата во странските домови. Од Државната изборна ...
Станицата „Лизиба“ во Чонгкинг, Кина, е веројатно единствената железничка станица во светот сместена сред станбена зграда. И тоа, таа се наоѓа меѓу шестиот и осмиот кат на 19-катната зграда – и, според многумина, навистина е неверојатно да се гледаат возовите како минуваат низ „утробата“ на облакодерот. Возот бил планиран кога самата зграда била изградена. Шините, притоа, биле провлекувани низ постоечкиот облакодер, иако често се верува дека ...
Според податоците објавени од Државната изборна комисија, на Локалните избори 2025 во Општина Гостивар ќе гласаат 185 болни и немоќни лица. Најголемиот дел од нив, 78 се од градот Гостивар, по што следуваат Чегране со 27 и Равен, Долна Бањица и Дебреше по 10, додека во други населени места ги има по неколку. До Општинската изборна комисија биле доставени вкупно 198 барања за гласање на болни и немоќни, од кои 13 биле одбиени. Во Општина ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните избори 2025, може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на првиот круг од изборите, односно најдоцна до 24:00 часот на 13 октомври 2025 година. Како што информираат од АВМУ, при објавување на резултатите од испитувањата на ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ...
Националната алијанса за интеграција во рамки на кампањата за Локалните избори 2025, вчеравечер одржа централен митинг во Гостивар. Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, меѓудругото кажа дека во Гостивар очекуваат победа на кандидатот за градоначалник и освојување на 14-15 советнички места. „Како универзитетски професор и лекар најголема среќа ми било кога некој мој студент ќе стане подобар од мене. Во политиката бев ...
Преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) државава во август годинава исплатила 1.200.875.741 денари (19,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, 18 километри), (Гостивар-Букојчани, 30 километри) и (Прилеп-Битола, 40 километри). Од почетокот на годинава, кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од 599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, ...
Времето денес (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 5 до 18 степени. Според метеоролошката прогноза слични временски услови ќе владеат и утре (вторник). Во среда се очекува поголема облачност, заладување и услови за врнежи од дожд. Во четврток времето ќе биде ...
Народниот правобранител, преку Одделот за заштита на правата на детето и на лицата со попреченост, упати јавен апел до сите учесници во Локалните избори 2025 да се воздржат од вклучување деца во политички активности. -Вклучувањето на децата во какви било политички активности, претставува неприфатлива форма на инструментализација на детето и повреда на неговото достоинство и правото на заштита од политичко влијание, гарантирано со Конвенцијата ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гент го игра еден од најзначајните натпревари во квалификациите за Светското првенство 2026, против фаворитот во групата – селекцијата на Белгија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски пристигнаа во Гент во средата, а синоќа одржаа официјален тренинг на стадионот каде што ќе се игра мечот. Македонија во дуелот влегува како првопласирана на табелата со 11 бодови од пет натпревари, додека ...
Џемот од сливи е омилен сладок овошен намаз на многу луѓе кој е совршен појадок со леб и путер, и одличен домашен десерт или слатка закуска на палачинки. Состојки за џем од сливи: Постапка – џем од сливи: Измијте ги свежите сливи и отстранете ги семките. Префрлете ги во тенџере со дебело дно и ставете ги на средна температура. Промешајте ги сливите во оваа фаза за да не се залепат за површината на тенџерето. Сливите наскоро ќе почнат да ...
Октомври ширум светот е познат како Месец на подигнување на свеста и превенција од рак на дојка. Во овој период се организираат бројни кампањи и активности кои потсетуваат дека редовните прегледи, информираноста и грижата за сопственото здравје се најмоќното оружје во борбата против болеста. Ракот на дојка не е само медицинска дијагноза, туку и тема опкружена со бројни заблуди и стравови. За секоја жена да има можност да донесува информирани ...
Вчера (10.10.2025) во 21:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј.(30) од Волковија, постапувајќи по пријава од менаџерка во казино во Гостивар дека при контрола во казиното констатирала дека во касата фали промет од 816.297 денари и дека вработената М.П.Ј. си префрлила електронски кредит и ги потрошила парите со кои играла на апаратите, информира СВР Тетово. Полицијата извести дека таа е задржана ...
Многумина од нас ја фрлаат кората од овошјето и зеленчукот, мислејќи дека е безвредна или не е за јадење. Сепак, токму во овој дел од овошјето и зеленчукот се скриени витамини и минерали кои не треба да се занемаруваат. Затоа, пред следниот пат да ја фрлите кората, запомнете дека токму таму се крие дел од најголемото богатство што ни го нуди природата. Без разлика дали станува збор за овошје или зеленчук, многу од нивните кори се вистински ...
Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Халил ел-Хаја, соопшти дека е постигнат договор за траен прекин на огнот и завршување на војната со Израел, кој вклучува отворање на граничниот премин Рафа, влез на хуманитарна помош и размена на затвореници. Во вонредно обраќање, ел-Хаја изјави дека палестинскиот народ покажал „истрајност и трпение во војна без преседан“, обвинувајќи го Израел за одолговлекување на преговорите и „повторувачки масакри“. ...
Тридневните настани и активности кои во Гостивар ги организира Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ започнаа вчера со крводарителна акција, а продолжија денеска со забава за деца на градскиот плоштад. Дечињата се забавуваа и се веселеа со маскотата на Еднорог и музиката од диџеј Боно, а потоа уживаа во театарска претстава Галенка. Денешните активности ќе се заокружат со вечерна музичка забава во Боа бар. „Целта на овие ...
СВР Тетово денеска информира дека во разбојништво во златарницата вчеравече во Гостивар, сопственост на С.Ж. било украдено околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. „По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило “бмв х3” без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница – с.Маврово пронајдено е опожарено патничко возило „бмв х3“ без ...
Полицијата сѐ уште трага по четворицата максирани разбојници кои вчеравечер извршија филмски грабеж во златара во централниот дел на Гостивар. Како што соопшти СВР Тетово, случајот бил пријавен во 18.45 часот. „В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило “бмв” без регистарски таблички побегнале. Веднаш е ...
Македонија го празнува Денот на народното востание, 11 Октомври. На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското ...
Модринка е „обоена точка“ на кожата што се јавува кога мали крвни садови пукнуваат, но кожата останува недопрена. Кога овие крвни садови се оштетени, крвта протекува под површината на кожата и може да биде болна и придружена со оток. Времето на заздравување може да варира во зависност од голем број фактори, вклучувајќи го видот, сериозноста и локацијата на модринката, но обично трае околу две недели. Сепак, некои модринки може да потраат ...
Во пресрет на Денот на народното востание и Ден на борецот, 11 Октомври денеска во Гостивар се одржа настан со свечена програма и историски осврт за овој значаен датум од македонската историја. Одбележувањето го организираше Општинскиот одбор на сојузот на борци, во соработка со основното училиште „Единство“ чии ученици под водство на наставниците ја подготвија културно-уметничката програма. „11 Октомври во далечната, но и многу блиска 1941 ...