Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Силен земјотрес со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Баликесир во Турција. Земјотресот беше почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4.2 степени. Според податоците објавени на веб-страницата на Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД) потресот од 6.1 степен ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за ...
Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој се тврди дека од 2020 година речиси 4.500 луѓе биле сексуално злоупотребени од католички лица. Во извештајот се наведуваат изјави на жртвите, судски документи и медиумски извештаи. „Рете л’Абусо“ наведува дека поголемиот број од жртвите се помлади од 18 години односно 4.451 жртва била малолетна. Додека 4.108 жртви биле мажи, пет ...
Научници од Универзитетот Монаш во Австралија спровеле истражување за начинот на кој отровните змии го напаѓаат и убодуваат својот плен. Поради нивната екстремна брзина, за снимање на нападите била потребна специјална камера што снима илјада кадрови во секунда. Истражувачите Силке Клеурен и Алистер Еванс, во соработка со колеги од Франција, ги проучувале движењата на 36 видови змии — од западни дијамантски ѕвечарки до смртоносни видови со ...
Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата. -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до ...
Државната изборна комисија денеска ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање. Меѓу приговорите три беа за Општина Гостивар, поднесени од Националната алијанса за интергација. -Завршивме со разгледувањето на поднесените приговори. Со тоа констатирам дека и за точката ...
Врнежите од дожд се добредојдени во овој период, ја надополнуваат влагата во почвата и ги снабдуваaт земјоделските култури со потребното количество вода, велат агрометеоролозите. Овие временски услови, нагласуваат, се поволни за сеидба на есенските култури која е во тек. -Многу е важно да се запазат оптималните услови за сеидба: избор на сорта, квалитет на семе, временски услови, квалитет на почва, влага и прихрана. Само на тој начин сеидбата ...
Времето денеска (понеделник) претпладне ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Утре (вторник) ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, ќе дува ...
Денеска е недела, 26 октомври 2025 година, 299-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 66 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 39 минути. Денов трае 10 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 10 часот и 58 минути, а ќе зајде во 19 часот и 21 минута. Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови ...
Повеќето од нас имаат алкохолен и јаболков оцет во оставата, како и вински и балсамико оцет. Покрај вообичаените навики како зачинување салати, маринирање зеленчук, правење разни преливи за салати и секако користење алкохолен оцет за чистење, постојат многу други начини на кои можеме да ги користиме овие состојки во готвењето кои не се толку добро познати. Пробајте некои од овие совети и ќе бидете воодушевени, а оцетот потоа ќе стане ...
Јавното претпријатие Комуналец Гостивар извести дека во последните денови е забележано значително намалување на волуменот на изворите на реката Вардар, од каде се врши снабдувањето со вода за пиење. „Оваа ситуација е резултат на продолжениот период на суша и недостигот на врнежи во текот на оваа година, фактори кои директно влијаеле врз намалувањето на нивото на водата. Како последица, во некои области се регистрирани тешкотии во снабдувањето ...
Не секој спие на ист начин, а тоа би можело да открие многу за нашето здравје и психа, според направените студии. Научниците анализирале податоци за спиењето, мозокот и начинот на живот и откриле дека постојат пет различни профили на спиење, секој поврзан со специфични модели на однесување, емоции и когнитивни способности. Првиот профил ги претставува луѓето кои имаат тешкотии да заспијат, често се будат и генерално се незадоволни од ...
На 63-годишна возраст денеска по кратко и тешко боледување почина политичкиот аналитичар и колумнист Агим Јонуз. Јонуз беше активен учесник во политичкиот живот, беше поранешен советник на претседателот на Собранието, Љубчо Јордановски, и на поранешниот премиер Владо Бучковски, како и портпарол на владата. Тој беше активен во политичкиот живот во земјава и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите. Погребот на Агим Јонуз ...
Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година стапува во сила викендов. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. ...
Во последно време, се повеќе луѓе бараат природни начини за подобрување на здравјето, а содата бикарбона често се спомнува како едноставно и достапно решение. Иако многумина ја имаат во својата кујна, прашањето е дали е навистина здраво секојдневно да се пие вода со сода бикарбона. Се верува дека умерената употреба може да донесе одредени придобивки. Најпознато дејство ѝ е неутрализирањето на киселоста, што може да помогне во одржување на pH ...
Минатата недела (13-19.10.2025), во Македонија пријавени се 83 случаи на заболени од грип што претставува зголемување од 5,1% во споредба со минатата недела, објави Институтот за јавно здравје. Според податоците од ИЈЗ, најголем број на заразените, вкупно 30 се од Гостивар, по што следуваат Тетово – 12, Куманово – 11, Прилеп и Македонски Брод – по 9, Струмица – 7… Сезонава до сега регистрирани се 188 случаи на грип и бројот е зголемен за ...
Сода бикарбона е база, а оцетот е киселина – нивната реакција произведува само вода и малку сол, кои не можат да го растворат маслото и маснотијата што се акумулираат во цевките секој ден. Таквата мешавина може да ја исчисти површината на одводот, но не и да ги раствори тврдокорните затнувања. Покрај тоа, ако се користи премногу сода бикарбона, може да се случи спротивен ефект – затнувањето се влошува. Главни причини за затнати одводи ...
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец, кој ќе достигне над 70 километри на час. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 10 до 20 степени. Како што информира УХМР, утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, ...
Вчера (23 октомври) во попладневните часови на патот Гостивар-Тетово, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар ги лишија од слобода Ј.Љ.(35) од Желино, Х.Л.(58) од Равен, гостиварско и В.Б.(44) од Скопје. „При контрола со радар констатирано е дека Ј.Љ. управувал патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 162 километри на час надвор од населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 ...
Според податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, за изборите во Општина Гостивар поднесени се три приговори, сите од Националната алијанса за интеграција. Приговорите се за заштита на избирачко право на подносителите на листи, повреда во постапка за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето. Еден приговор е за избирачките места 0394, 0407/1, 0517, за каде стои дека податоците што се внесени во дел III ...
По повод денешниот празник, 23 Октомври-Ден на македонската револуционерна борба во Гостивар се одржа собир со положување на цвеќе. Одбележувањето го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци пред споменикот на паднатите борци во НОВ во градскиот парк. Во потсетувањето на историските текови на формирањето на македонската револуционерна организација и нејзиното значење, професорот по историја Горан Павлоски меѓудругото истакна: ...
Ученици од гостиварските училишта денес имаа можност да се запознаат со создавањето на детски афоризми, епиграми како и изработка на нивни илустрации на работилницата којашто се организираше во Конзерваторскиот центар во Гостивар. Учениците добија и инспирација и самите да смислат по некој интересен афоризам врзан со нивното секојдневно живеење и детскиот свет и на таков креативен начин да ја изразат својата духовитост и досетливост. ...
Во периодот од 2017 до 2025 година, бројот на неважечки ливчиња на локалните избори во Македонија расте, со особено нагласен пораст во последниот изборен циклус. Во 2017 година, во првиот круг од локалните избори за градоначалници биле регистрирани 45.551 неважечки ливчиња. Овој број се намалил во 2021 година, кога беа евидентирани 19.127 неважечки ливчиња за градоначалници, но истовремено имало 37 959 неважечки ливчиња за советнички листи. ...
Избрани се деветтемина студентски претставници во Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чиј мандат ќе почне на 1 ноември. Универзитетското студентско собрание (УСС на УКИМ) соопшти дека за сенатори се избрани студентите: Адам Стојановски од Природно-математичкиот факултет; Филип Питулков и Борјан Велјановски од Економскиот факултет; Сергеј Пуриќ и Александар Бојчовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“; Александар ...
Стравот е еден од најстарите и најважни еволутивни механизми за преживување. Тој го подготвува телото да реагира на опасност преку познатиот одговор „бори се или бегај“. Но, што се случува кога човек воопшто не чувствува страв? Неколку ретки медицински состојби можат целосно да го елиминираат ова чувство. Најпозната меѓу нив е Урбах-Вит болеста, генетско нарушување предизвикано од мутација во генот ECM1. Овој ген е одговорен за одржување на ...
Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување од 10,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.6 %, Образование за 14.5 ...
Вчера (20.10.2025) во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат Гостивар-Србиново, на влез за Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од Беловиште, гостиварско, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира полицијата. Увид на место извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Лабораториските испитувања на чешката организација на потрошувачи „dTest“ открија присуство на хемикалијата бисфенол А (БПА), поврзана со нарушување на половите хормони, дебелина и зголемен ризик од рак, во цуцлите за бебиња, произведени од трите големи европски брендови „Philips“, „Curaprox“ и „Sophie la Girafe“, како и „Foshan City Saidah“, пишува британскиот весник „Гардијан“. Иако сите цуцли се означени дека се „без БПА“, испитувањата ...