На Локалните избори граѓаните гласаат за членови во Советот на општината и за градоначалник. Според Законот за локална самоуправа, надлежности на Советот се: Законот ги определува следните права и должности на членовите на советот: (1) Членовите на советот имаат право и должност да присуствуваат и да учествуваат во работата на советот и на неговите постојани или повремени комисии. (2) Членовите имаат право на седницата на советот да даваат ...

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови. Гласање во дијаспората нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас. Во Градот Скопје вкупната ...

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници. Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање а се во куќен притвор. Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови ...

Заврши изборната кампања за Локалните избори 2025 и на полноќ почна молкот пред гласањето в недела на 19 октомври. Правилата за изборен молк важат од 18 октомври, заклучно со 19:00 часот на 19 октомври. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се ...

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Левица, Дарко Грујоски во завршната објава од изборната кампања подвлече: „Педесет илјади иселени, град претворен во руина, град преполовен во број на жители. Пријатели, роднини и соседи чии лица веќе не ги гледаме и гласови не ги слушаме, освен преку социјални мрежи. Беда и сиромаштија… Тоа е сликата од нивната „грижа“ за нас во овие 30 години. Зошто Левица? Затоа што Левица е пркос, а не занес. ...

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Ваљбон Лимани преку завршно видео обраќање во кампањата за Локалните избори упати повик до граѓаните со право на глас да не се двоумат да го искористат, при што истакна: „Гостиварци мои!Кампањата заврши. Одлуката е ваша. Ве поканувам оваа одлука да ја изразите со вашиот глас во недела. Сите вие што имате право на глас, искористете го без двоумење! Колку повеќе ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми во завршното обраќање од кампањата ги повика граѓаните да го искористат своето уставно право да гласаат и како што рече да ја изберат иднината на својот град. „Дали денес сме подобро отколку пред осум години кога размислуваме за отпадот, кучињата скитници, корупцијата, економијата и перспективите за нашата младина?. Време е за вистинска промена и за лидер кој работи за ...

Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, од вкупно 309 кандидати за градоначалници низ Македонија, само 32 се жени, што претставува само 10,4 отсто. Ова ја отсликува ниската застапеност на жените на највисоките позиции во локалната власт и покажува дека во повеќе од две третини од општините нема ниту една жена кандидат за градоначалник, соопшти денеска Националниот совет за родова рамноправност (НСРР). Од НСРР изразуваат ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде се одвива имунизацијата против грип на населението и тој прими вакцина. -Денес сум во мојот роден Гостивар, каде се вакцинирав и преку личен пример сакам да ја истакнам важноста од навремената вакцинација, како најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето. Апелирам граѓаните навреме да се заштитат од сезонскиот грип, посебно ги ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај на телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот ...

Во пресрет на „Локалните избори 2025“ Министерството за внатрешни работи соопшти дека континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. „Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ...

Времето денеска (петок) ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 9 до 12. Според прогнозата на УХМР, во сабота времето ќе биде променливо ...

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние ...

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар. Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во ...

СВР Тетово информира дека вчера (15.10.2025) во 23:50 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате лишија од слобода 44-годишник од истото село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна сопруга дека околу 20:00 во домот физички ја нападнал нивната малолетна ќерка, при што ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по целосно ...

Американската компанија „Опен-АИ“, создателот на „Чет-ГПТ“, најави дека во декември ќе понуди верзија на својот четбот со содржина ориентирана кон возрасни корисници. Според изјавата на извршниот директор Сем Алтман, новитетот ќе биде достапен за верификувани возрасни и ќе вклучува материјали како еротика, во рамките на принципот „третирај ги возрасните корисници како возрасни“. Со оваа промена, „Чет-ГПТ“ ќе се приближи до конкурентите како ...

ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска упатија повик за отворање на сите премини во Појасот Газа за да се овозможи испорака на повеќе хуманитарна помош, откако ќе стапи на сила прекинот на огнот. -Според информациите што ми се достапни, не сите премини во Газа се отворени за хуманитарна помош. Ова е главниот проблем во моментов и ова е она што хуманитарните работници, вклучително и Црвениот крст, го бараат во последните часови, ...

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред осумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 18-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на ...

Најголемата вредност на пашканатот лежи во неговата ниска калорична вредност, високата содржина на витамин Ц и богатството на минерали, но и во неговите исклучителни лековити својства, кои се потврдени и во народната медицина и во современите истражувања. Витамини, минерали, низок ГИ: Пашканатот е погоден и за луѓе со висок шеќер во крвта Листовите од пашканат се особено богати со витамин Ц. Дури и мала количина може да обезбеди до 50 ...

Денеска почна имунизацијата против сезонски грип во Гостивар, која се спроведува во просториите на гостиварската епидемиолошка служба од подрачното одделение на Центарот за јавно здравје. За ризичните групи обезбедени се бесплатни вакцини, а закажувањето се врши преку апликацијата vakcinacija.mk и матичните лекари. „Од утрово почнавме со вакцинација, интерес има. За денес се закажани 120 лица, од кои половината веќе дојдоа и примија вакцини. ...

Во рамки на предизборната кампања за Локалните избори 2025, СДСМ вечерва одржа централен митинг во Гостивар. „За Гостивар немаме кандидат за градоначалник, но имаме нешто еднакво важно, чесна, посветена и силна листа за советници. Некој ќе каже, немаат кандидат за градоначалник, зошто сега советничката листа е важна. Затоа што советот на општината е срцето на локалната демократија, таму се носат одлуки за секојдневниот живот на граѓаните, ...

Во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар почна изведување на ортопедски операции во ортопедски оддел. За таа намена обезбедена е и опремена нова хируршка сала според современи стандарди. „Денеска е историски ден за гостиварската болница и за сите граѓани на нашиот регион. За првпат овде започнуваат операции на ортопедскиот оддел, што е огромен чекор напред во здравствената заштита што ја нудиме на нашата заедница. Со отворањето на ...

Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, и почнува зимското сметање. Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми, денеска во центарот на градот ги претстави петте главни ветувања со кои, како што рече, ќе се определи новиот правец на развој на општината. Петте ветувања што ги претстави Адеми се: „Чистење од корупција – воспоставување транспарентна и професионална општинска администрација, дигитализација на процесите и замена на партиските вработувања со стручни кадри. Чистење од отпад – итно ...

Средношколци од сите делови на државата до 26 октомври можат да се пријавуваат за главната награда за најдобрата бизнис идеја во Македонија – „Средношколец милионер“. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта, кои можат да се пријават самостојно, во пар или во тим до шест члена. Од „Бреинстер“ информираат дека стотици средношколци од сите делови на државата веќе ја пријавиле ...

Потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за транспорт и врски, Александар Николоски денеска беше во Гостивар, на увид во градежните работи на ул„Мара Угриновска“ во делот каде се врши реконструкција со средства од владиниот повик за поддршка на општините. „Драго ми е што проектот за поддршка на локалната самоуправа се одвива добро. Имаме сериозна поддршка за Општина Гостивар, од првиот повик минатата година вкупната ...

Секојдневниот живот денес вклучува постојано префрлување помеѓу различни дигитални платформи и апликации – од читање и испраќање е-пошта, известувања, видео повици, до следење на училишните и личните обврски користејќи го вашиот телефон или компјутер. Таквиот постојан тек на прекини и транзиции помеѓу мислите и апликациите го исцрпува мозокот бидејќи не е еволутивно прилагоден за брзо префрлување на фокусот од еднo на другo. Иако лесно можеме ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (13.10.2025) во 17:40 часот на ул.„Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода 69 годишниот гостиварец С.Т.. -Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со неговото патничко моторно возило „нисан” со гостиварски регистарски таблички и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека е под дејство ...

Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК. Доставата на доверливиот изборен материјал, како што ...

Членот на музичкото дуо ДНК, Владимир Блажев – Панчо, почина денеска по долгата борба со тешките повреди здобиени во пожарот што се случи на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Смртта на Панчо ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде информираа дека ќе биде издадена наредба за обдукција, имајќи предвид дека постапката за него беше привремено прекината поради неговата здравствена состојба. – Длабоко сочувствуваме до ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
69%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
73%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
71%
1020
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
1.59
95%
1022
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1009
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.45
73%
1020
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1015
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
100%
1016
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
2.24
72%
1023
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
95%
1012
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
75%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.06

Платина

83354.78

Родиум

339190.38

Сребро

3663.67

Бакар

12.10

Цинк

3.37

Калај

49.78

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04